1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поделба на имот по развод

Дискусија во 'Правни совети' започната од vesna, 28 април 2011.

  1. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали доколку во брак, мажот кој наследил стан од неговите родители, доколку се разведат и следува нешто на жената или тој имот односно стан треба да биде заеднички стекнат за да се случи поделба?
     
  2. avongirl

    avongirl Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    14
    Не и следува ништо на жената бидејќи не е имот стекнат од заеднички средства туку мажот го добил од неговите родители.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lmon

    Lmon Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Дали постои рок за покренување на постапка за делба на имот стекнат во брачна заедница после завршена бракоразводна парница? Дали застарува ова право?
     
  4. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    7.959
    Пол:
    Женски
    Станот во кој живееме е на име на свекорот, а ние комплетно го реновиравме и опремивме со наши пари. Е сега треба кај и да е да го префрли на име на сопругот. Ме интересира дали кога ќе го префрли на име на сопругот тој се смета како имот стекнат во брак и врз основа на тоа недај Боже понатака во случај на развод дали можам јас да си барам дел? Ви благодарам однапред на одговорот :) Како и да е се што купивме за да го опремиме (зборувам за после брак) е сепак стекнато во брак нели :^)
     
  5. trambolina

    trambolina Нов член

    Се зачлени на:
    17 септември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    kukata vo koja ziveeme mu e dadena na poklon na soprugot od strana na negoviot tatko.Vo taa kuka ucestvuvavme i jas i soprugot so finansiski del za koj nemame crno na belo.Vo dogovorot za poklon stoi stavka toj i svekrva mi da ziveat vo kukata do nivnata smrt.Prvo prasanje :Dali moze taa kuka sporugot da ja prodade dodeka se zivi starite?Vtoro prasanje:Pri razvod sto dobivam jas kako negova sopruga?
     
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Согласно законот, се она што брачниот другар го имал пред влегување во брак, го стекнал во брак врз основа на подарок или наследство, како и оние ствари кои се стекнати во бракот, а служат исклучиво за неговите лични потреби претставува негов посебен имот и не се смета заеднички.
    Тоа значи дека ти немаш право на тој имот.
    Во делот каде двајцата сте учествувале финански, ако се работи за подвижни предмети (мебел, апарати) може спогодбено да ги поделите доколку постои согласност од двете страни.
    Имот добиен на подарок додека давателот е жив, примателот нема право на продажба.
     
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Комшиите мои се во брак и тоа солиден, ама за секој случај го имаат ставено пола стан на име од мажот и пола стан на име од жената. Вакво нешто прв пат кај нив видов. И го сметам за паметна опција и зрело од нивна страна бидејќи денес и мед и млеко да тече не знаеш каде ќе те однесе животот. А во случаи каде девојката ќе оди да живее во куќа од мажот, најпаметно е да си има имот на страна, секако од нејзините родители кој ќе припадне на неа. Или во случај на две деца, пола-пола. Братска делба. :D Тоа ќе биде нејзината сигурност.

    А за поделба по развод... не се разбирам баш, знам само дека тоа што се стекнува во брак само се дели, но јас сум за ова прашање да е решено уште пред брак, а не после заедно со болните ситуации што ги носи разводот уште со тоа да се занимаваме, нервираме/потресуваме/расправаме. Секако зависи и од партнерот, ако е фер нема проблем, ама што е сигурно сигурно е. Затоа што сметам дека во случај на разделба за вас човекот кој сте го знаеле и сакале веќе нема да биде истиот, како и неговото однесување кон вас, така да нема потпирање на тоа колку бил мил додека сте биле заедно. Ова е моето мислење.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.224
    Допаѓања:
    124.279
    Предбрачни договори немаме, бидејќи е спротивно на законите, не само во Македонија, туку скоро секаде на Балканот. причината е неможноста за располагање со имот кој не постои или кој не го поседуваш - на пример, не можеш да пишеш во тестамент имот кој не ти е сопственост а би го наследил законски.ЗНачи, не можеш уште пред да настане предметот или сопственоста, да договараш чиј ке биде.

    Јас сум против предбрачни договори и мислам дека е американски производ, поради мажењето и женењето за кеш. Нешто слично има и кај нас, и мислам дека треба одредени години да си во брак, за да можеш да го наследиш партнерот, како последица на бројните бракови на старци во старачки домови, каде си ја наследуваат пензијата...или тоа беше само за наследување на пензија. Не се сеќавам, одамна не сум читала наследно право и трудово право.

    Во никој случај не поддржувам љубов која пред да е официјална е полна со пресметки за материјални ствари, ама тоа е друга тема.

    Во однос на имотот по разводот, нормално дека не може наследениот имот да го делат двајцата, на пример, мажот наследил се, жената живеела таму, и сега сака половина од свекрвата. Или пак да бара половина, а не била никогаш вработена, и со ништо (дури ни чување деца) не допринела за материјалните ствари во семејството.

    Сепак, во случаи кога жената е заинатена и расположена за да земе било што од мажот како одмазда оти ја изневерил, во тој случај судот бара вештак кој ке се обиде да пресмета колку пари донела жената со нејзината плата колку мажот, колку работи биле купени и во колкав процент имаат двајцата сопственост. На пример, купиле фрижидер, а мажот земал 2000 евра плата а жената 200. Не можат во ист процент да го поседуваат фрижидерот. Затоа, мажот ке и доплати на жената за него. АКо се работи за градба, се бара градежен инжинер, вешто лице, кој ке каже колку пари чинела градбата и доградбата, од кој материјал и колку треба да се доплати за да се намири жената што вложила таму плус амортизација. На пример, фрижидерот ви е 20 години, вредноста му се намалува секоја година поради амортизација, па не е повеќе 20 000 денари, туку 5 000. Ама тоа е супер тешко да се премета, па адвокатите за да се наполнат пари, бараат и супер вештачење и се жалат. После се жалат пак а точната вредност не се пресметува. На крај, повеќе пари се дадени по адвокати кои ве лажат дека имате право на нешто, а вие и да добиете, ке биде доволно да го исплатите адвокатот и да се намирите со тоа - му земав седумнаестина имот.

    Братска делба не, оти не вложиле исто. Да вложиле, во ред. Ама еден да е лежи леби да те јадам, а другиот да работи по 12 саати и на крај да земе едниот пола, не е фер.

    Од делбата на имот по развод, досега само адвокатите се збогатиле, децата се нанервирале, а сопржуниците створиле ужасна средина и омраза кај децата кон некој од родителите.
     
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    ^ Знам дека не постојат предбрачни договори и и мене ми е тоа глупост. Кога ќе помислам на тоа да го немам саканиот не ми е важно ништо материјално, какво договарање и оптеретување, но секако тоа е друга тема... Јас кажав од практична природа дека за жал има се повеќе разводи и дека човек никогаш не може да биде доволно претпазлив. Не зборам за мене, туку за она што го гледам околу мене. Како што кажав, луѓето си имаат прекрасен брак но за доброто на сите ја презеле таа мерка на претпазливост. Мајка ми секогаш ми вика јас сакам да сте среќни да се сакате и дај Боже до крајот на животот да ви е така, но јас сакам да имаш имот на твое име, за не дај Боже. Како твоја лична сигурност. А лежи лебу да те јадам сигурно не е ситуација со моите комшии, веројатно си го имаат купено станот по пола. Значи да не бидам погрешно сфатена, и ние сме од тие парови што се гледаме како заедничко и не ни разговараме за такви не дај Боже теми, тоа е нормално кога не сакаш да си го замислиш животот без некого. Но работата е кога има начин зашто да не? Секако нема мајка ми во гроб да го носи тој стан. А кога сум веќе на таа тема, бидејќи станот ни се продава јас имам размислувано и за опција место со мојата половина да купам стан, да средам нешто во нашата идна куќа место да се влечка со години нели дел по дел и останатите пари на сметка орочени. Пак тоа е друга тема, но сакав да кажам не сум од оние кои мислат на најлошото па чекај јас да си имам сигурност. Ова беше повеќе општо кажано отколку за мене, бидејќи јас конкретно си ја знам ситуацијата, но во околината има разни ситуации. Секако додека е мед и млеко никој не сака да мисли на најлошото, тоа е од една страна можеби добро, но од друга во случај да дојде до таа несакана ситуација, сметам дека разводот ќе биде побрз, полесен и побезболен за дечињата. Отколку „што ти е ма на тебе, јас волку онолку имам вложено“ или пак „ова е моја куќа, го нема никаде твоето име“. И да се работи за душа човек мислам дека не постои човек кој нема да го извадат од такт ваквите ситуации кои ќе донесат кинење на нерви за сите.

    И конкретно за моите комшии и мене малце ми беше глупаво кога дознав дека станот е на две имиња, но ако погледнеш од другата страна, тоа е вистински зрел потег за образовани и модерни луѓе како што се тие.
    (Ова не важи за мојот став кон различните презимиња :lol: )
    Сведоци сме на ситуации каде што жената седи во несреќен брак затоа што нема кај да оди, од нејзините се припаднало нели на машкото, а кај што живее со мажот е куќа или на мажот или на свекорот и свекрвата. Познавам и таков пример, жално е... А нејзините имаа опција тоа да го сменат но ете, секакви родители има. Тоа ми беше муабетот. Ако сме еманципирани на толку многу теми денес, да не бидеме затуцани во поглед „ние сме вљубени и нема шанси ништо лошо да се случи“ и слично. Се се случува во животот. Барем од тебе очекував да размислуваш така бидејќи се имаш изјаснето на други теми дека не сакаш од никого да зависиш или да живееш во куќа на свекорот и свекрвата. Сакаш да бидеш независна жена, таков впечаток ми имаш оставено. И ова што го зборев јас е далеку од предбрачен договор. :) А ако има будали дедовци што мислат дека 20-годишна со два метра нога се мажи од нив од љубов, нека повелат нека им препишуваат се. :D
     
    На Lolo5 и okcenzi им се допаѓа ова.
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Lovely93 нашиот стан е пишан на име на двајцата, односно двете имиња ги има во катастар. Не е некој каприц или незнам што, едноставно е. При купувањето на станот пари дадовме по пола, па некако логички ми е да ме има со име и презиме. Ние сега сме верени, наскоро ќе се земеме, но станот го купувавме претходно. Па што знам, да уплатам пари и никаде да не фигурирам некако ми нема логика.
    Да го купуваше само он, да, само на негово име нормално да си е, ама вака.
     
    На okcenzi и fighter им се допаѓа ова.
  11. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Исто е и кај мене,Се што со свои средства купивме во брак, е запишано на име на двајцата, освен за моторните возила, каде што ваква опција нема.
    Она што ни е наследено си е башка.
     
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Моите родители уште пред 20 години (со солиден брачен стаж, деца и се останато пред тоа) кога купуваа стан ги ставија двете имиња бидејќи вложуваа заедно и го сметаа за нешто заедничко - не гледам ништо спорно во тоа. Е сега, бидејќи јас еден ден (се надевам има години до тогаш) ќе го наследам тој стан, тие инсистираат, а и мене ми е логично, да биде само на мое име, а не мое+на сопругот (инаку во тој стан ние двајца живееме). Истото важи за имотот кој тој ќе го има од неговите родители - јас не го сметам за мој, и не се ни мешам во одлуките околу тоа, а таман работа да мислам моето име таму да се напише.
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со тебе.
    Моите родители во брак се повеќе од 30 год. и имаат стекнато стан и куќа.
    И двајцата се сопственици на имотот затоа што заедно учествувале со финансиски средства.Ова не е ништо ново и непознато, но можеби е реткост.Околу поделбата на наследството, логично е тоа да биде само на име на тој што наследува.Во мојот случај, тоа го решивме со договор меѓу родителите, јас и брат ми за тоа на кој што ќе му припадне.
    Така е најдобро, иако недоразбирањата меѓу поколението (децата) се најчест случај.
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.224
    Допаѓања:
    124.279
    Видете, има разумни и неразумни луѓе по развод.

    Пример, чичко ми по разводот, иако сам ја заработил куќата, а жена му немала ни ден работно искуство, тој не се расправаше, туку им рече на децата - останете со мајка ви, немам намера да ве влечам по судови, и еве ви ја куќата - таму сте навикнале, живеете, имате пријатели и ви е до школо/факс.
    Во куќата си живее жената со децата, тој си зема една вреќа со алишта и отиде под кирија. Има плата и си плаќа сам кирија, а жена му мораше да се вработи за да плаќа сметки. Тој им го плаќа школувањето на децата, жената јадењето. Кога оди да ги земе, најчесто помалото од дома, си влегува и јаде од ручекот, без врискотници и мразења. Едноставно решиле дека не се заедно оти умрела љубовта, но не и човечноста. Целиот имот им го подари на децата, на жената ништо, но не и направи ни грам проблем за да си оди од куќата. Свесен дека ако ја избрка, таа нема каде да оди - нема родители, нема браќа и сестри и нема работа. И свесен дека ако мајка им пати, ке патат и децата. Дека ке се мразат и ке речат лоши зборови, а најмногу ке патат децата.

    Друг пример е една комшика, која си отиде кај мајка и, си ги зема децата, и сите живеат во 2 соби - вкупно шестмина. Таа невработена, тој вработен. Се отепа од влечење по судови за колата чија била - тоа купиле заедно. Дадоа 1000 евра по судови, за на крај маж и да исплати само 300 евра за колата. Судски трошоци делеа. Децата измалтретирани и понижени, со плачење и секојдневно слушање - немам пари за патики, идиотот татко ти не дава, по жени троши. За минимален имот, страдаат.

    И јас сум за заедничка сопственост, тоа не е ништо ново. Ако сум работела и сум купила, ќе сакам да ми стои името, не за друго, туку за кеиф дека ете, сум купила нешто на мое име.

    По разводот треба луѓето да мислат на децата, а почесто мислат на имотот отколку на тоа дали некој пати, што е навистина тажно. Секоја чест на исклучоците.
     
    На senza.parole, Me_Beatrix, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Да де да, токму и јас тоа сакав да кажам. И со другите мислења над мене се согласувам, на една тема се најдовме конечно скоро сите со иста поента. :lol:
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. unwritten

    unwritten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    12
    Сакам да прашам дали при поделба на имот после развод, се дели и фирма која е ДООЕЛ? Моите се разведени и направија поделба на имотот, освен фирмата бидејќи велат дека таа е јавен предмет и дека не може да се дели така, но сепак има судска постапка.
    Знае ли некој нешто ?
     
  17. Izabel95

    Izabel95 Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Moze li da mi preporacate dobar advokat za razvod? Nasiot brak trae 6-7 meseci, imam bebe od 1.5 meseci, poradi losata situacija na moite roditeli (majka mi boleduva od psihoza) i ne kontaktiram so niv voopsto nitu imam podrska od tatko mi, mi e strav da ne go izgubam staratelstvoto nad kerka mi. Stanuva zbor za semejno nasilstvo sto postepeno se pocesto i pocesto se slucuva. Sigurno nema da se vratam kaj moite ke ziveam sama so deteto, sepak sum vrabotena, a momentalno na trudnicko. Neznam kako da go dokazam toa sto me pretepuva, i koi prava gi imam. Ve
    Molam za sovet...
     
  18. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Да се јавиш на Македонски Центар за Женски Права – Шелтер Центар Скопје? Обезбедуваат бесплатна правна помош и сместување ако е потребно.
    тел. +389 2 2772 400
    тел. +389 70 520 639
    порано им функционираше СОС линија 15700, не знам дали сеуште функционира.
     
    На Izabel95 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Izabel95

    Izabel95 Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    LollySky a dali moze licno da se pojde da se razgovara ili isklucivo telefonski? Btw fala ti :)
     
  20. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Веројатно може и лично, само што не знам точно каде се наоѓаат. Освен кај нив можеш да се обратиш и кај било кои невладини кои работат со жени и деца жртви на насилство, можеш исто и преку СОЖМ (сојуз на жени) кои се наоѓаат во зградата позади стара Градска болница, кај било која невладина да се обратиш, дури и да не работат во таа област, тие се поврзани меѓу себе па ќе те упатат каде што треба. Не се обесхрабрувај само, со самото тоа што си свесна дека можеш и заслужуваш подобро за тебе и детето, веќе си го направила првиот чекор.
    Ако евентуално се сместите во шелтер центар, да знаеш дека тие се на тајна адреса и нема шанси да ве пронајде било кој.
    Телефонот на сос линија е 141-700, напред префиксот е во зависност од кој оператор се јавуваш.
     
    На Izabel95 му/ѝ се допаѓа ова.