1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Ништо не е случајно :) едноставно ги правиме оние работи, кои треба, без разлика дали мислиме дека е погрешно она што го правиме или не, мора да се случи и нема бегање.Најчесто се мисли дека човекот го креира својот живот, но не може да креира нешто што не би сакал да му се случи, тоа е она кое укажува дека можеби животот си игра играчки со човека, како што милува, во сооднос на ова, човек се лаже ако мисли дека го креира животот.
     
    На ozbilnazena, vinozito1 и julie77 им се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто но во последно време многу размислувам што ќе биде со мене после факултетот. Имам уште многу за учење ама ете јас секогаш за иднината си размислувам. Татко ми пред некој ден ме прашуваше дали кога ќе завршам факултет ќе останам во Скопје или ќе си се вратам назад. Искрено ќе си одам дома. Не мора да плаќам сметки за вода, за струја, за интернет... луѓето што ми значат ми се во родниот град. Од друга страна па, платата во Скопје може да биде повисока, а што па ако заминам некаде ?
    Ете со вакви глупости се занимава секој студент... како што ми летна во средно најубавото време во животот сакам сега и ова измачување така да ми помине. Дали некогаш ќе сакам некого како што го сакав него... како може да бидам толку ладна некогаш :tmi: Јарец сум, не искажувам чувства не сакам да бидам повредена како и секое друго суштество.
    Сакам да си легнам во мојот кревет. Нема поубаво чувство од доаѓање дома и спиење во ТВОЈОТ кревет. I miss my bed.
     
    На duffi, Mishela, Ivy89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Ако сега не ме стрефеше срце, нема кога. :rofl:

    Дома црна темница - сите спијат. Стигнувам пред вратата во веце (уште темница) и почнува некој да ми тропа. Ја штрафта у кревет, директива. Срцево ми лупа четрсто триесет и триста у секунда. :o Забораив дека сестра ми била излезена бре, каква глупа коресподенција, у исто време док идам у веце, она да тропа на врата, дека немала клуч. :D Ова све е ХАААААРП, деца мои. Однапред све смислено. :fubar:

    А пред недела дена зборевме со другарките нешто паранормалност, воа ноа. И уште ме држи стравот. :tmi:

    Друго.
    Вечна дилема ми е - дали сега да учам или пак утре да си навијам аларм, да станам порано, за да учам.
    А секој ден станувам во 5:54. И сеа у колку да станам? У 4?

    Многу ја мрзам дилемава! И на крај излегува да си легнам и ич да не учам. :D
    Евентуално ич да не спијам и ич да учам. :D

    А во последно време и си се восхитувам колку малку спијам, до 3-4 часа на ден и функционирам таман. :wasntme:

    И сеа знаете шо? Ќе си глеам К-15. Шооо ги еам, ќе ги сечам. :wasntme:
    И ондак то. :rofl:
     
    На Barbie20, Yowannty, AziskaStrslenka и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Мирис на пот, корумпирани полицајци на царина и вирови на улица. Брчење на југо, пропаднати продавници, намрштени ликови.

    Така знаев дека сум во татковината. Сакаа да ми земат нешто мое, лично заработено со чистење лајна, пардон на израз. Пукнете, лакоми газови ненаситни, од студенти ќе крадете.

    Уште 20 години сигурна сум дека ќе се прашувам оти не се омажив за првиот што ми понуди. Едино ако ми се оствари една фина вест и моја желба, па да кукам само уште 10 години.

    Џет лагот стварно постои, се оставив на вц шолјата. Свежа сум во 2 по полноќ како штотуку станата, а 10 наутро ми е среде ноќ. Јадење помирисувам строго од далеку, иначе отидоа цревата. Тие што преживеаја де...

    Ај добро ве најдов, па година на америчка свадба да ве канам, оти вака не ја бива.
     
    На WarriorAngel, cooll, bittersweet и 35 други им се допаѓа ова.
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Зошто ли си мислам дека се` знам и никогаш не читам упатства? Зоошто? ]:)
     
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Ми недостига времето кога одев некаде со татко ми и во автомобилот ги слушавме Simply Red... Ете тоа ми е еден од омилените детски спомени. Од секогаш сум се восхитувала на прекрасните песни кои те релаксираат. Порано не ги разбирав зборовите толку но сега, сега гледам колку многу чувства крие секој стих... не верувам дека некој современ музичат ќе може да компонира такво нешто. Убави времиња :angel:
    Да си се спремам за на факултет јас не ќе беше лошо. Поздрав и имајте убав ден
    https://www.youtube.com/watch?v=89wgAdJ ... F9B34CA236
     
  7. Sedmica

    Sedmica Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    149
    кој ги е*е сите сакам среќен да се будам.
     
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Среќа... апстрактност, идеал на разумот или талкање во просторот по сопствената насока...

    Многу дефинирања што водат кон единствено нешто, предозирано задоволство кон кое сите трагаме.
    Понекогаш имаме чувство дека се вртиме во круг, нештата ни бегаат од контрола и ништо не се случува како што посакуваме.Наместо да погледнеме во себе и покрај себе, ја бараме некаде далеку, ја чекаме од некој друг, а толку ја посакуваме како далечна желба.
    Таа не е лист детелина кој треба да го пронајдеме на патот по кој чекориме, туку сетило што треба да го разбудиме некаде длабоко во нас, импулс кој ќе не трогне како никогаш дотогаш, чувство на длабоко задоволство со надворешен израз.
    Можеби се движиме по иста патека, но во обратен правец.Понекогаш одиме и во ист правец, бараме знак, ама залудно чекориме.
    Гледаме отстрана, нетрпеливо сакаме да препознаеме некои значајни моменти, но никогаш доволно блиску за да се случат.
    Така е и со луѓето.Покрај нас минуваат и оние кои ни се потребни.
    Понекогаш жалиме дека не сме ја доживеале или не сме ја нашле сродната душа.Всушност, секогаш може да ја најдеме, но некогаш не ја препознаваме.

    Успех, љубов, судбина, пресрет.
    Во се има среќа.
     
    На vinozito1 и Giovanna им се допаѓа ова.
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Искрено се трудам во секојдневието да не глумам паметњакович и да не сервирам информации коишто најверојатно многумина и не ги интересираат и иако имам многу што да кажам и да дискутирам едноставно сум се навикнала на тоа дека не секогаш се наоѓа соодветен соговорник и поштено се повлекувам и правам тра-ла-ла муабет, секојдневен и вообичаен колку да се утепа време. Не е проблем, ќе елаборираме колку сакате за најновите шеми во градот, за штикли, за прслуци, за спорт, за луѓе...се додека не почне да се оговара на велико немам проблем апсолутно никаков.
    Не ми е поентата да се изнафалам колку сум паметна, има и многу попаметни, поинформирани и пообразовани од мене, туку онака, ме здоболуваат некои работи.

    Мислам дека одамна требаше да ги пребродиме оние детски тинејџ улавеења каде што натпревар беше кој посочно ќе опцуе, ќе повика некој да му го испуши к*рот, кој поголема глупост ќе истреска и бунтовнички ќе глуми тотално незаинтересиран за светот и случувањата во него. Не дај боже да се убациш со некоја рандом информација за којашто во најмала рака треба да прочиташ весник, или да споделиш нешто со малку подлабока суштина, одма следи поглед што те стрела, нешто од прилика вака |( :^) и добиваш коментар „А бе од кај ти вака паметна?“.

    Не, не сум јас толку паметна, колку што ти си тотално индиферентен за се' она што се случува пред твоите очи и немаш ни најмалку желба да впиеш барем нешто од тоа у мозок и малку барем да го размислиш. Развиени се рецепторите само за она што е тежок шунд и кич, а оние другите рудиметирале некаде уште додека се играше жмурка во маало.
    И да срамота е при волку технологија, смартфони, ајфони и слични гаџети да не се сака да си погледне подалеку од носот, па згора на се' и уште да се дрзнува да се омаловажуваат оние другите, ко божем уште сме во основно па некој ќе ви искуца поенче за фраерлукот и дрскоста.
    Фуј!

    И после зошто ми се крева коса кога ќе почнат да буцкаат повозрасниве околу мене „Ајде па уште малку и брак, деца те чекаат“ ? Кои црни деца, нозе ми се тресат на самата помисла, баш од овие причини, зошто треба да одгледаш и изградиш едно мало човече и да му го покажеш патот, да го направиш човек и да му дадеш некој патоказ за да не го гази секој опинок на којшто ќе наиде.

    Многу сериозни муабети си имам денес во главава, башка притисок за она што ме очекува после и со душа го чекам попладнето за малку да се олабавам во добро друштво.
     
    На Yowannty, Captain-Omni, Tiki-lolipop и 5 други им се допаѓа ова.
  10. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    Сакам да кажам дека за околу 2 недели ќе се мажам....Леле каква трема ме пука...Убава трема...Кога ќе помислам цревава во стомаков ми танцуваат..де лево де десно :lol:
    И така си одбројувам, а времево си лета се побрзо и побрзо...
    Убав е овој период...Среќен...Хармоничен...Мистичен...
    Кој поминал низ ова знае, а кој не поминал од се срце му посакувам да си проживее ваков период... :inlove:
     
    На Barbie20, sweet-star, gothchick и 13 други им се допаѓа ова.
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Се` што сакам да слушнам денес е тивка, кобна музика. Не ми требаат зборови, ниту нечие присуство.
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    На маживе им се крева коса од постојаните повици, љубоморните сцени, покажувањето на слабост од страна на жените....а не се свесни дека со отворен разговор, во најголем дел од случаите истото може да се среди и да се доведе во мерки подносливи и за двајцата.

    А всушност, кога на жените се` ќе им е рамно, со насмевка ќе ве дочекуваат дома колку и да сте задоцниле без пропратни прашања и нема да се замараат за која сте мислеле дека била згодна во шорцеви ... е тогаш и за кубење коси и за плачење е доцна. Кога нема да можете да ја натерате да се кара со вас, ете тогаш е навистина многу МНОГУ доцна. Затоа што се додека на жената и` е гајле (ма на каков и да е начинот на којшто го покажува тоа), има шанси. Потоа, се` е залудно.
     
    На bittersweet, Marossa, vinozito1 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Убав сончев ден.
     
  14. Ultimate.Shopper

    Ultimate.Shopper Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2014
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    380
    Тешко е да заборавиш некој кој ти дал толку многу за сеќавање.. :|
     
    На Dream-Girl, Reachel, cheetah.girl и 4 други им се допаѓа ова.
  15. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Океј е да ти дадат втора шанса, но жално е да ја злоупотребуваш. :!:
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Останавме само странци, дури и пријателството го загубивме.
    Секој ден го гледам од далеку и не можам да се освестам дека веќе не е мој. Тврд како карпа, агресивен, безчувствителен и без парче емоција поминува покрај мене како да не се познаваме. Ме игнорира... И не може да ме гледа во очи. Ќе ни се сретне погледот и одма го трга неговиот поглед. Таков поглед како него, такви очи, никој друг нема. :inlove: На секој човек можам да му ги почувствувам емоциите, мислите и намерите. Освен на него. :!: Неговите чувства и мисли се блокирани за мене. Тој е како затворена кутија. Изгледа како да нема чувства. Вчера прв пат почувствував вибрација од него, емоција. Тага... И само толку. И само јас го знам тоа, затоа што тој совршено ја прекрива секоја емоција. Зошто ли е тажен? :?: До него не може да допре ништо, или барем така мислат другите, ама јас го знам како дише, како срцето му ја пумпа крфта. Кога ќе има друга, таа нема да ги знае неговите маани, лоши страни, слаби точки, работи што го нервираат, што сака, што не сака. Нема да знае ништо од тоа што јас го знам. Ќе ги тражи ли моите особини кај неа? Како долгата коса, парфемот, карактерот, тоа што сум ниска...?
    Да знае дека и јас сум тажна ќе се загрижи ли и тој за мене, како што јас сум загрижена за него? Факт е дека нема. И тој факт ме тера да кренам раце од него. Како ли успеа толку брзо да ме заборави. Дури сакам да му дадам рака за тоа, да му симнам капа и да му речам Master teach me.
    Ама како што се вели во песната „Оној што силно љуби, мора да губи...“
    Сепак, зошто ли е тажен?
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    дека сега ќе му ја дувнам од работа (саат време порано) ;)
     
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Leave me in peace, што би реко Изет :d: :d: |-)
     
    На Elennaa, Sunshine.Sunshine и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Сакам кажам незнам речам. Игнорантни и ограничени. Гледаат само право, никако лево десно, нешто назад да се свртиш да погледнеш или слично, само право-напред ко заузданите коњи. Како може, како?
    Дали љубопитноста ви е само во границите на трачот и малограѓанските муабети?
    Значи луѓето мора да се разбираат во се, да имаат некои минимални или да кажам основни познавање од секоја област. Секоја информација ни е на дланка.
    Општа култура малце, ама не ме чуди кога повеќето ни оној бон тон за првачиња го немаат прочитано во животот.
    Не треба да е секој генијалец, интелектуалец, начитан, философ, доктор на науки или подвижна енциклопедија, ама да се немало никакви основни познавања од ниедна друга област која не ја опфаќа вашето високо образование ми е несфатливо.
    Греота е и срамота е еден млад маж и една млада девојка или повозрасни луѓе кои се нарекуваат еманципирани да не знаат да кажат нешто подалеку од опсегот на нивната работа или образование.
    Нема врска што си студирал и како и зошто, ама треба и убаво е и корисно да се знаат битни работи и од други области. Не за друго, ајде да речеме дека утре може ќе се најдеш во ситуација каде што ќе биде срамота да истрескаш некоја глупост или може ќе те фатат на некоја анкета, квиз или скриена камера па ќе те прашаат нешто основно и општо и ќе се избрукаш нема да знаеш. Е баш ко онаа пејачкана што истреска толку сигурно дека Питагорова теорема важела за Бермудскиот триаголник. Не е ни смешно разбирате?
    Значи треба да се има познавање од се, основно познавање, површно било какво. Срамота е да незнаеш кога била првата и втората светска војна, да незнаеш кои се главни градови на државите, да незнаеш кој ја насликал Мона Лиза или да незнаеш што е инфлација.
    Незнаеш во какво друштво ќе се најдеш утре, можеби ќе треба на некого да му привлечеш внимание со разговор на одредена тема или можеби ќе се најдеш на бизнис состанок каде што ќе се дискутира за архитектурата или класичната музика и ќе ти пропадне зделката или работата само затоа што незнаеш да споделиш никаква информација во врска со темата.
    На никој нема да му штетат екстра информации и во области кои не ги интересираат. Мора да се знаат најбитните факти за планетата, човекот, историјата, народите. Географски карактеристики, најголем град, најнаселен град, растенија, животни. Уметност, кој ја насликал „Тајната Вечера„, „Злостроство и казна„ кој ја напишал, кој е Бах, Моцарт, Чајковски. Како звучи „Ода на радоста„.
    Светската економија, основни термини, светски јазици, политика, шоу бизнис. Музика и филм, мода, светски познати дизајнери. Легендарни имиња во сите области. Хемија, физика, нобелови награди. Аристотел, Сократ, Њутн, Тесла, Марија Кири. Познавања од медицината, внатрешните органи, здравјето, храната и готвењето. Познавање на религиите, античките цивилизации и светските чуда.
    За почеток наместо турски серии почнете да гледате Дискавери, Анимал Планет и слично па и прочитајте некоја книга. Историска добро ќе ви дојде или некој учебник по географија од средно, доволно е и толку. Барем нешто да се знае.
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, sweet-star и 15 други им се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    СДК ... најлоша карактеристика кај некоја личност е да биде напорен/на константно. Да не сфаќа дека е напорен и уште толку да напнува.
    Значи, немојте да напнувате, да бидете напорни ... никој тоа не може да поднесе.
     
    На bittersweet, Mahidevranfan, Reachel и 7 други им се допаѓа ова.