Ја отварам оваа тема за да поставувате исклучиво ВАШИ мислења кои сега ви се смешни.Знам дека јас треба да го скршам мразот но бидејќи не сум долго време на форумов ке го отстапам тоа на оние кои имаат повеќе мислења и се подолго време на форумов.(ако има ваква тема или пак не ви се допаѓа клуч)
Ајде јас да почнам прва. Повеќе од очигледно дека сум била опседната со оваа Емилиа (па поради тоа и така сум се потпишала на форумов). Хахахах смешно ми падна кога видов дека сум барала перика со суканици. Сега нема шанси да помислам да носам суканици, погадно од тоа нема.
Не да ми е смешно туку се нервирам. Никој демек не знае, јас сум нашла да кажам од што се прават паштетите.
Мене само ова ми е смешно, со оглед на тоа дека сеуште истото го правам. Ама сигурна сум дека тие 3-4 дена легнував порано и вежбав и после пак стара песна
Одлична тема, браво за идејата на авторот. Во моментов не ми текнува на некое мое мислење што ми е смешно, а да барам ме мрзи зашто ми се спие. Се читкаме во темава кога ќе најдам такво мислење/мислења.
Сум пишувала за тоа што одгледуваме во село,во куќата каде што живеат баба ми и дедо ми.Ова повеќе ми личи како некоја продавачка на пазар што им кажува на муштериите "имаме ова,имаме она..."
Ова дури сега го забележувам. Паднав од стол. Сум се избацила со „Аналитет“. Не можам да дишам од смеа. АНИТАЛЕНТ МУРИ МИЛОО!!!
Првин кога незнаев каде да пишувам за коса пишував во кафемуабети Исто и со мојата шшшшшшш кога незнаев да ја пишам од др ком има уше знам
На форумов сум од 2012 ама тогаш сум пишувала и после не бев активна, е мислењата од тогаш се глава да фатиш и да удираш в ѕид, ама има и многу што ме натераа да се изнасмеам онака убаво,гласно, еве едно од многуте
Темата е големина на плодот. Значи во бременоста по недели, колку е тешко бебето. А јас сум си напишала колку сум се породила