1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. endlesslove

    endlesslove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Не трезната состојба и одењето со секого нема ништо добро да ти донесат..само лошо..ем ќе се гадиш повеќе од себеси си ем твоето бившо момче ќе се гади од тебе..Си побарала решение таму каде што нема решение.Мораш да прекинеш со ова што го правиш во најбрз можен рок.Мораш да се потрудиш да се збилижиш со него повторно,но нека помине време,да легнат работите.Промени се.Направи ги тестовите да видиш да не си закачила нешто а потоа почни да се мењаш.Почни да живееш здраво,за телото да се потруди да го заборави алкохолот,дај си време на себе.Самоубиството е многу кукавичка и глупава мисла,затоа што бегаш од проблемите кои можеш да ги решиш.Размисли малце,твоите ќе бидат уништени,не само твоите и луѓето кои те сакаат,ем проблемот ќе остане нерешен.Не бегај.Промени се.Секој ден може да се случи некое ново чудо.Поздрав! :* Можеш во секое време да ми пишеш во ЛП што си направила :)
     
  2. endlesslove

    endlesslove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Одма фрли ги лековите,разведи се,почни да работиш,заштеди нешто и запиши се на факултет.Биди си свој човек.21век сме,почни од почеток.Потоа можеби ќе се заљубиш и ќе бидеш среќна.Поздрав :*
     
    На kimmi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    541
    Премногу си млада...помлада и од мене,незнам од кои причини си стапила во брак меѓутоа факт е дека ни самата не си била свесна дека не си спремна за таков чекор а сепак си се впуштила...не осудувам ниту оспорувам дека успеваат тие бракови па и моите се имаат земено скоро во тие години,па еве сеуште се во среќен брак...јас нема да те советувам да се разведеш тоа е твоја лична одлука,единствено што би ти кажала е супер што си се одлучила да одиш на психолог,имам и самата идено,меѓутоа ме чуди зошто ти дава лекови на толку млади години,тоа не е лек за твоите проблеми,според ова што си го пишала како да создаваат завист испаѓа а зошто да се навлечеш на такво нешто толку млада,треба да поработиш на самата себе,терапиите односно разговорите со твојот психолог треба да бидат во тој правец,најбитно е тоа,и сметам дека е мноогу битно незнам дали ова го имаш споделено со твојот сопруг или не ,но мислам дека е многу битно да кажеш низ што поминуваш...разговарајте и ако не си среќна нема што повеќе тука подобро излези од тој брак,не си ни прва ни последна а и млада си цел живот е пред тебе,не застанал животот тука,ќе се посветиш сама на себе првенствено да си ја вратиш самодовербата,чекор по чекор,ако имаш силна желба ќе успееш верувај ми,никогаш не е касно :)
     
  4. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Некоја слободна за лп? :)
     
  5. kimmi

    kimmi Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    На почетокот си мислев ке се навикнам како сите така и јас не сум ни прва ни последна ама не било баш така :| психологот ни предложи да пробаме да се иставиме некое време настрана и да видиме како ке ни биде ама незнам дали е тоа решение бидејки неговите родители не не оставаат ништо да направиме сами во се ни се мешаат и понекогаш дури претерано!Не сум запознаена со тоа каде има добар психолог па ако знаете кажете :worried:
     
  6. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Noname35 си направила голема грешка. Не ти судам ама ти повторувам за да знаеш и да не ја повториш. Да го заборавиш момчето само поради тоа што си со други го има само во филмовите, животот не е филм. Секогаш има шанса, само треба да ја заслужиш. Обиди се да се смениш прво дај си шанса на себе и промени се. Остави зад себе се што се случило и почни да водиш нормален живот. Оди во болница и провери се, дај боже да немаш ништо. Не размилувај за смрт и самоубиство оти за секој проблем во животот постои решение смао треба да имаш трпение и да веруваш. Докажи си пред се себе а потоа на твоето бившо момче дека можеш подобро, можеш да бидеш подбра личност и да се смениш. Минатото остави го зад себе и гледај само напред.
     
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Може некој поискусен или позапознаен со психологијата да ми пише ЛП? Не сакам да кажувам тука, не сакам секој да знае за овој проблем...
     
  8. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Мила ти можеш да се вклопиш во средината да ама да живеете оделно со твојот сопруг.И за град село што вика Игор Џамбазов македоничкава наша таа е и вград да си и во село да си што е толку различно?Еве на пример тој се пресели во село поради тоа што во Скопје не гледал живот за него,едноставно секој како му одговара.Во селата сега не е како порано ,има инернет имаш све ако сакаш на кафе да одиш пали колата оди вград градовите барем во државичкава не се далеку.И што е толку градско во градовите?А во селото барем ке имаш мир ,не се будали познатите што имаат куќи далеку од градот во кои уживаат ,ако ти се сета за викенд илзези во град тоа е тоа.А тука сите на куп собрани.Види денеска Ленка по пижами во двор цел ден ,после некој комшија на карши цел ден те прати во двор што правиш ,трет од сабајле ја пуштил правосмукалката , е тоа е градот на купче собрани сите .
     
    На kimmi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Навистина незнам што ми се случува...
    Бидејќи се префрлив во друго школо сега веќе поминаа 2 недели јас сеуште неможам да се вклопам у новиот клас.Им приоѓам едноставно сите се здружени и како да меотфрлаат.Незнам што да правам толку ми њ тешко што мислам дека никој не ме разбира.Незнам веќе како да им пријдам и дали грешката е во мене или вп сите останати...Едноставно кога ќе ми текне за во школо ми се згадува животот.Срам ми е што ви пишав ама морав некаде бидејќи дома ми викаат ќе се фклопиш има вреже а стварно досеа требаше :(
     
  10. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Префрлување во друго школо,може да биде малце стресно. Мислам дека е до нив проблемот, зошто би бил до тебе. Пробај така да бидеш малце по кул,и постепено да се здружуваш. Еве на пример, кога сте на час, види која седи сама, оди до кај неа, прашај дали може да седнеш до неа, почни со некој од клас, каде гледаш дека немаат многу другарки или едвај кажуваат 2 збора. Така лека полека ќе си најдеш другарка или па другар.
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски

    A што прават тие кога се здружени заедно? Прави го истото и ти. Зависи за што разговараат гледај да се вклопиш во разговорот се надевам ме сфаќаш што сакам да ти кажам. Не се дели од нив на одмор излезете заедно ако видиш дека со некоја сокласничка имате нешто заедничко пријди и и разговарајте за истото. Не се срами. Ако сега на почеток не се вклопиш нема никогаш. Ако мислиш дека знаеш нешто повеќе или имаш домашна покажи му на отј што незнае или нема. Има многу начини да се зближиш со сокласниците само пронајди ги. Јас во 1 година не бев ич блиска со едно девојче сега сме шајка во 3 година ја сакам како сестра. Ама тоа што сакам да ти го потенцирам е дека ако сега не им пријдеш тие како група ќе мислат дека ти се делиш од нив, направи го првиот чекор ти.
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Секој човек е различен и секому му е потребен одреден период да се вклопи. Вклопувањето можеби за некој трае два-три дена, некому неколку недели, можеби еден месец.
    Не се разочарувај. Потполно знам како се чувствуваш. И јас се чуствував така минатата недела. Едноставно муабетот мора да тргне. И јас постојано пријдував, на едниот одмор овде, на другиот таму. Не секогаш ми одговараа на прашањата. Се обесхрабрував кога некој не ми одговараше на прашањето, но не требаше така. Наеднаш ми стана напорно постојано јас да пријдувам и јас да зборувам прва.


    И не, грешката не е во тебе. Потребно е време за да се прилагодиш.

    Најпрво почни да разговараш со тој што седи до тебе. Почни од најпростиот муабет, како се викаш, колку години си, како оди школото, што мислиш, тешко ли е или лесно. Прашувај такви секојдневни прашања. Повикај некој со тебе да отиде до тоалет, па на патот до таму разговарај, прашај нешто.
    Кога другите деца ќе видат дека си дружељубива и не си повлечена, сакаш да разговараш, полека тие ќе почнат да разговараат со тебе.
    Верувај ми дека ќе се зближите. Муабетот ќе тргне наеднаш. Учењето ќе ве здружи.
    Знам како се чувствуваш. Јас една цела недела не бев расположена, не сакав да јадам, ниту да пијам, постојано плакав. Не сакав воопшто да одам на училиште. Едвај чекав да си одам дома.
    Уште со кој не разговарав на оваа тема. Сите велеа дека се ќе се среди, и сега навистина се среди.
    Верувај во себе. Ова е тежок период, кој мора да го поминеш и ќе го поминеш.

    Се надевам дека помогнав.
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Девојки во последните неколку дена незнам што ми се случува и ни самата себе незнам како да си помогнам во моето семејство имав проблеми и се случија мн непријатни ситуации поради тоа сега често имам несоница за све сум на штрек :(се чуствувам тажно депресивно,немоќно чуствувам гнев и бес заради моите чуства со сите се искарав како сите да ми се криви цел ден плачам и неможам да се контролорам воопшто едноставно тоа што го чуствувам во мене е пресилно и како да имам потреба да се испразнам па лек најдов малку да пешачам навечер на воздух да ја испразнам малку негативната енергија и да можам да заспијам :( не чуствувам вистинска подршка од никој дури ни од дечкоми на кој најмногу се потпирав и сите тие денови само караници само недоразбирања неможев да се контролирам толку неубаво се чуствував што сите ми сметаја ;( незнам што да правам сега...
     
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Трпение, почекај малку за некој ден се ќе си легне на брашното, ти ќе се приземјиш и ќе сватиш дека не ти се сите криви, а и тие ќе сватат дека не си се карала намерно. Инаку нема човек без проблеми и без непријатни ситуации, луѓе сме и научени сме да пребродиме све. Добро ти е тоа со пешачењето, движи се сама размислувај малку, диши свеж воздух и ќе сватиш дека животот и не е толку лош. :*
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Работата е што наместо да ми помогнат со нивносто понашање ми одмогнуват со игнорирање незборање, ;( денес наместо подобро полошо сум незнам како да си помогнам на самата себе навистина имав мн лоши моменти и стресој се чуствувам осамено и то ми прај уште полошо да ми биди ќе се исклучам неколку дена од све и сите нема да се замарам со нивното понашање спрема мене или било што се надевам подобро ќе ми биди...
     
  16. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Е па прави како што мислиш, игнорирај ги и ти, и не се замарај со нивното (не)внимание. Најди некоја другарка, пријателка одите на кафе или оди нагости некаде смени амбиент, муабет. Не се нервирај за неколку дена сите ќе се вратат во нормала.
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Некој за ЛП? Ми треба совет...
     
  18. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Кој те игнорира? Родители? Брат, сестра? Кој?
    Дали можеш да го решиш проблемот или е прилично сериозен? Мораш да поработиш на него, не смееш да дозволиш да потпаднеш во подлабока депресија.
    Ако не можеш да го решиш, немој да се затвараш туку дружи се повеќе со луге за кои мислиш дека ќе направат да ти биде подобро. Исклучувањето од се може само да ја влоши ситуацијата во која се наогаш.
    Соочи се со се, со сите околу тебе.. Немој да бегаш од ништо, ниту од проблемите затоа што ќе те стигнат кога и да е.
    Не се предавај, не дозволувај нештото да те уништи, туку погледни им на проблемите во лице. Кога тогаш, мораш да се соочиш.

    Ако ти е се уште тешко, оди на ден два некаде на виќенд. Релаксирај се, одмори го мозокот и секако кога ќе се вратиш назад размисли како да го решиш тоа што ти пречи.
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Ми треба совет, ќе може ли некој да ми пише во ЛП? :)
     
  20. ozbilnadevojka

    ozbilnadevojka Нов член

    Се зачлени на:
    29 септември 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Здраво девојки нова сум тука и сакам да прашам за еден совет.
    Сега сум прва година средно, при крајот на осмо со моите другарки многу се дружевме бевме блиски, но летото се одалечивме многу, јас ретко излегував со нив поради x причини, и потоа со текот на времето и јас немав желба за излегување, ниту пишував со нив на фб, многу ретко комунициравме. Сега некако пак се зближивме но осеќам празнина. Ве молам за совет како пак да се зближам со нив едноставно сум многу антикомуникативна личност, тешко се вклопувам со други деца, срамот не е во прашање туку до карактерот сум таква??