1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јеховини сведоци

Дискусија во 'Религија' започната од pikolino, 3 ноември 2012.

  1. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Таму нека му е и на овие,ни за најголемото богатство не би си ја сменила или продала православната христијанска вера. Познавам луѓе кои за пари преминале кај Јеховините сведоци, ми нуделе и мене разни некои нивни книги ,пари,ама ноу веј
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Иако не се сложувам со учењето (теологијата) на Јеховините сведоци, сепак ги почитувам како луѓе кои навистина се истакнуваат со висок морал и добар углед меѓу луѓето и не само во земјава, туку и во странство. Единствено „неморално“ нешто што го прават е тоа што ѕвонат и чукаат по врати, раздаваат литература (стражарска кула, разбудете се) и се обидуваат да иницираат духовен разговор. Јас не би го нарекол ова зло или неморално, затоа што тие го прават ова со најдобри намери, бидејќи тие навистина се убедени дека со тоа ќе ги спасат луѓето од нивните гревови со тоа што ќе им дадат шанса да го запознаат Бог и спасението што Тој го понудил. Лага е тоа што некои велат дека нив ги плаќаат за да одат и да проповедаат и лага е тоа што зборуваат за нив дека им нудат пари на луѓето за да станат Јеховини сведоци. Сведоците не би си дозволиле таков срамен скандал да им го наруши светскиот имиџ. Јас лично познавам еден брачен пар кои активно проповедаат по куѓи и станови и никогаш и никому не понудиле пари. А и очигледно е дека не ги плаќаат, затоа што и двајцата работат (чистачи се, мијат прозори по фирми, продавници) и живеат доста скромно.

    Ако некого тие помогаат финансиски, претпоставувам дека тоа би биле сиромашните луѓе од нивната заедница (кои се претежно роми). Тоа е исто како некој да ја обвини МПЦ дека ги поткупува луѓето да станат православни преку хуманитарните кујни што се организираат понекогаш во некои од црквите.
    Нормално и очекувано е од една верска заедница (а особено од христијанските!) оние што се побогати да ги помагаат оние кои се посиромашни, бидејќи во Христовата Црква не смее некој да се луксузира, а некој друг да гладува. Па и во протестантските цркви често пати се случува да се прават акции за собирање финансиски средства за некоја операција или за некој што е во некаква финансиска криза или имал некаква трагедија.
     
    На pikolino му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    ц ц ц ц , не е секта, нити пак имаат некакви ритуали нити пак се клањат на нешто, освен што го слават ЈЕХОВА БОГ, тие се тие од милијардите религии а само таа е вистинита, некој што се нарекува христијанин а појма нема од библијата ниту најмал дел од целата приказна од Адам и Ева до сега, тие се грешници, здружете се со такви Јеховини сведоци па ке видите кој е грешник, они или пак вие
     
  5. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    ако не се секта тогаш зошто се обидуваат да придобијат нови луѓе? А да, уствари не се секта туку организација - нешто што ќе звучи помалце страшно...

    Мене ми се како испрограмирани, посебно кога на врата ќе ми тропне некоја девојка што најверојатно избегала од дома и ја прибрале овде, целосно ја испрограмирале и ја натерале да верува дека Исус бил прободен на стап, и забрануваат да слави роденден, Велигден и Божиќ, и забрануваат да се дружи со луѓето со кои се дружела, да се образува и тоа одењето врата на врата е само делче од она што го бараат од тебе во нивната служба...

    Според мене тоа е тотално промашено верување, збир на збунети луѓе ...
     
    На Meckicja и bridetobebt им се допаѓа ова.
  6. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    јас имам роднини јеховини сведоци не сум ги прашувала многу што како, ама по она што прават се тотално без врска, одат на состаноци два пати неделно ај ок, ама луге бе не честитаат/слават празници, родендени, нова года, 8март, 1 април било што. Да ти е роденден,слава нема да ти честитаат, не наздравуваат, абе свадба правев не наздравија со мене нити во црква ми влегоа, а имам другарка муслиманка таја влезе во црква овие не :fubar: бога да чува, најлошо е за детето нивно од 9 годинки што го мкнат по тој пат, па сирото тоа кога во школо изработуваат нешто за 8ми март за мајките за 1 април сите маскирани тоа како изгубено на страна, гревови нема ни едно другарче :worried:

    мегу себе се викат брака/сестри и дома само им доагаат некои брака си седат со денови си јадат пијат :lol: иако они викат дека не , јас мислам им дават пари нешто за ова..како и да е луге без работа се дефинитивно :!:
     
    На СноуБол90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    остај леле... страв да те фати... и јас познавав едно девојка од мој влез, па на 20 години некако влезе во таа секта, нејзините никако не ја повратија таа вистинска девојка :( . Имам слушано доста за нив, но веројатно и они бараат некои полабилни личности кои можат лесно да ги привлечат. И зошто веруваат во такви работи, полесен им е нешто животот? Без врска :tmi:
     
    На bridetobebt му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    изгледа не сте многу учени за тоа, каде во библијата пишува дека трева да се славе!?! најди таков стих те молам ПА ПИШИ
     
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Сме добиле и членка припадничка на Јеховините сведоци. :) Сакам само да ти посакам добредојде.
     
    На Cvekjence и bridetobebt им се допаѓа ова.
  10. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Имам вакви комшии кои делат вакви книги, листови, зборувааш нешто без врска многу често доаѓаат и овде кај нас на врата ама тие книги ги фрламе. Инаку некој погре пиша дека не славеле празници тоа да 1 април, нова година, 8 март, родендени и такви работи не слават. Дури со чашите ние кога пиеме нешто нели викаме на здравје или да живее тие не го прават тоа лично го слушнав човекот кога кажуваше дури се вознемирува ако во негово присуство се прави така или се честита нешто.
     
  11. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    да да така никако не честитаат или наздравуваат :lol: абе смешни се, родени се како православни КРСТЕНИ се во црква на 30 години им текнало да влагаат во организации (читај секти) и сега бегаат од црква како вампир од лук |( и ај кажи дека имаат памет :lol: :rofl:
    и јас си имам свое верување ама не ми е проблем да влезам во џамија, исто ко на другарка ми што не и беше да влези во црква кога се венчавав, ама овие ти се на господ бељата, и во тоа организацијата нивна 80 посто се роми и албанци :D
    a, да и некои од нив што се сметат таму како водници како водачи што ти знам не смеат деца да имаат, последен случај една забремени така и ги избркаа и нејзе и маж и :rofl: :emo:
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Еј да готичарка ти си најупатената овде, па те молам просветли не.

    Значи сите споделуваме мислење и сите (и ти исто) можеме само лаички да си разговараме на вакви теми. Ама гледам дека и по други теми за Исус и Бог, говориш и кога некој ќе каже мислење поинакво од твоето, одма со твоето знаење и книги се истураш дека си читала и многу си знаела....

    Па ајде повели, образложи ни зошто Јеховините сведоци следат такви правила? Зошто не слават родендени и празници? Зошто имаат притисок да немаат деца, да не се дружат со луѓе кои веруваат во други религии, да не припаѓаат на никакви здруженија, да не следат политика, да не се образуваат, да не спортуваат?

    Мене тие правила едноставно ми се косат со се што е нормално - и не треба да читам книги за да знам што е нормално, а што не!
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    89

    Секта е секоја ново-создадена религиска организација, која како таква се одвоила/оттргнала/одцепила од друга поголема религиска организација, а истата има иста, слична или потполно различна религиска философија.
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    И соодветно на ова бидејќи Јеховините сведоци не се одвоиле од никаква друга поголема религиска организација, тие не се секта.

    Инаку и тука да повториме ( :!: а повторувањето е мајка на знаењето) дека зборот секта значи следба а не „отцепување„ од некоја религија.

    п.с. не сум Јеховин сведок, не се согласувам со тоа учење.
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Се што е надвор од црквата е секта.Кога се мисли на секта, не се мисли на група на политичари и сл., како што мислам дека имаш кажано некаде низ форумот.Значи, кога се мисли на секта се мисли за религија, а не за нешто што е надвор од религија.

    Инаку, секта ( лат. secta) помала група на верници што се одвоила од главната верска заедница ( црквата ) дел од речникот Вујаклија.Значи, се потенцира како првично значење на зборот секта, но она што ти го велиш као одреден затворен круг на луѓе, со свои посебни сваќања и интереси, го дава ко можно значење на самиот збор.

    Впрочем, не знам зошто, толку нервозно реагираш, кога ќе стане збор за секта, кога повеќе е од јасно што е секта.Јеховините сведоци, нивното учење, не се поклопува со христијанското учење.

    Не треба да си Јеховин сведок, за да знаеш за нив.
     
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Знам дека на тоа се мисли, но таквото мислење е погрешно.
    Бидејќи зборот е со латинско потекло, меродавен е речникот по латински јазик а не Вујаклија. Додуша, тој иако го спомнува латинскиот извор зборот не го објаснува коренот, а тоа sequi=следам некого или нешто па оттаму secta=следба.
    Не се нервирам :) Реакцијата ми е превентивно - едукативна, затоа што утре кога ќе пораснеме, можеби некој од нас на форумов ќе напише или препише (скраја да е) некој од нас некоја македонска верзија на Вујаклија без да се потруди да додје до проверени сознанија и тогаш истите грешки ќе се повторат.
    A тоа на црковните теолози па многу се поклопува со христијанското учење?! :D
    Би било многу попрецизно ако кажеш: учењето на Јеховините сведоци не се поклопува со црковното христијанско учење.

    И што се тогаш Јеховините сведоци? Хиндуси? ;) Во нивните списанија „Стражарска Кула„ и „Разбуди се„ пишува јасно дека издавач е Христијанска верска заедница на Јеховините сведоци. Е сега тоа што јас и ти не се согласуваме со нивното учење е друга приказна...
     
  17. Nimai

    Nimai Нов член

    Се зачлени на:
    8 август 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    19
    :D

    Која им е омилена група на Јеховините сведоци?
    - The Doors.
     
    На mrvlx, Meckicja, AziskaStrslenka и 4 други им се допаѓа ова.
  18. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    89
    DAYLIGHT, го знам буквалниот превот на зборот секта, но често пати секта се меша со култ - каде што нема одтргнување од друга религиска организација, туку е ново создадена религија/пракса. Инаку колку што имам читано Јеховини Сведоци спаѓаат во група на христијански религии, поради нивно целосно прифаќање на библијата,зошто ја сметаат за апсолутен божји збор, немам информација каде и кога за прв пат започнало движењето оти никогаш не сум бил многу заинтересиран да истражувам. инаку првото име им било Истражувачи на Библија , а после некаде во 1930/40 го смениле името во Јеховини Сведоци.

    Gordana10, велиш дека се што е надвор од црквата е секта, па по тоа мислиш и дека Хиндуизмот кој е најстара задржана религија е секта??
     
    На Defiant му/ѝ се допаѓа ова.
  19. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Мене кога ми се појавија на врата, викам чао, јас сум православна :)
     
    На Meckicja и meckicka им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Од една страна иако повеќето христијани ја прифаќаат библијата, штом централен столб на верувањето е дека Библијата е апсолутен божји збор, според мене тоа е повеќе некаква библијска религија, отколку христијанска. Но од друга страна не сите христијани ја прифаќаат веродостојноста на Библијата. На пр. пред околу 10 века богомилите на Балканот велеле дека Библијата ја напишал ѓаволот. Или денес прахристијаните во Универзален живот исто не ја прифаќаат веродостојноста на Библијата... Би било поточно да се каже дека христијани се оние кои веруваат во Христос. А пак соодветно Исусовите зборови кои дури ги има и во самата Библија, испаѓа дека христијани се оние кои живеат според неговото учење.
    Започнало со проповедникот Чарлс Тејз Расел во втората половина на 19. век. Тој сметал дека има недоследност на црковните практики (бил член на презбитеријанската а подоцна на конгрегационата црква) и она што го пишува во Библијата. Затоа решил да направи своевидно истражување заедно со извесна група на луѓе, по некое време формираат здружение наречено „Синајска стражарска кула„
    (Синај или Зион е местото каде според библијското предание Мојсеј ги примил десетте заповеди од Бога)
    кое издава списание каде ги изнесуваат своите сознанија, заклучоци и дискусии во врска со Библијата.

    [​IMG]
    Да, бидејќи во еден момент на истражување на Библијата тие дошле до сознание (или барем така тие мислат) дека Бог имал лично име кое гласело Јехова. Бидејќи тие сакале да им сведочат за постоењето на Јехова на другите луѓе ширум светот, се нарекле себе си Јеховини сведоци.

    Интересен куриозитет е дека според нивното верување некои од оние родени 1914 година ќе го дочекале Јеховиното царство на Земјата и тогаш наводно сите починати праведници (значи не само Јехов.Сведоци) ќе воскреснале телесно. Сега е 2014 год. што значи оние кои се родени 1914 год. а се сеуште живи, најдоцна на 31. декември ќе наполнат рамно 100 години.

    [​IMG]