Na listot za ziranti, treba li da ima pecat od firmite vo koi se vraboteni zirantite ili samo nivni potpis??
Зошто на некого му се потребни жиранти а на некои не ? И како тоа може бесплатно да седиш во студентски ?
^ Не живеам во студентски, ама по некоја логика, оние што немаат никакви финансиски примања или минимални примања во семејството сместувањето им е бесплатно.
Можеш да се вселиш веднаш по објавувањето на резултатите до 10 дена најдоцна. Најрано сега што можеш ти е понеделник.
Дали може некој да ми го каже бројот од Стив Наумов и бројот на сметката на која треба да се уплатат парите?
Епа значи имам неколку прашања.Најпрво сакам да престојувам во студенстскиот дом Кузман па ме интересира колку е одалечен од ФИНКИ,исто така сакам да знам какви се условите таму и по колку цимерки се во соба
=Кузман ти е центар, сега проверив на гугл мапс и од ФИНКИ до Рекорд ( строг центар) има 2.3 км или пешки значи 30 мин. Јас сум била на посета . Таму се по двајца во собите, не знам дали и кај девојкиве е така, на спрат нема определување видов дали машки комшии имаш или женски. Сега не знам дали кај сите се исти собите, на спратот се вц. Ваму каде што бев собата е мала, одма кога влегуваш лево има еден регал голем, заеднички за со тој што ќе седиш, десно имаш огледало зависи какво ќе најдеш, лабаво и рафт за да си оставиш таму сапун, четка. Многу е мал просторот само насредина се поминува, до едниот кревет е од едната страна на ѕидот, другиот ма другата и имаш по две маси исто од таа страна што се креветите и голем прозорец. Сега имаш и соби со тераси, не знам не сум влегла и не знам какви се ти соби. За храната колку што сум информирана имало редовно, исто како и кај сите домови е со бонови.
Јас имам одено во Стив студентскиот и Гоце. Во Гоце во машкиот дел е руини. Сега ги реновираат па ваљда ќе се подобри. А во Стив во женскиот сум бил и многу посредено и подобро е. а во Кузман немам идено. Немам никој од таму.
Кој студентски е најблиску до медицински факултет во Скопје? И какви се условите ако има некој таму што престојувал или знае како е?
Кузман е најблиску, таму е најдобра храната, но собите се малечки по 2ца во соба(што е подобро, отколку по 4ца во Стив и Пелагонија) и како најголем недостаток е што има вц на спрат. После Кузман по близина е Пелагонија, а Гоце и Стив се подалеку.
Некој да не има место во Гоце студентскиот што не го користи, по можност остава, кујна, цртална, апсолвентска... Да направиме некој договор?
Од септември сум со намера да престојувам во Стив во бараките, па имам прашања во врска со примањето таму,дали би ме примиле без ''врски'' и дали се смета и тоа ако имам добар просек од предходната година на факс ? Благодарам.