1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    541
    Јас кога прашував пред месец дена во една ординација беа околу 1400е за горна и долна точно не ми текнува ама мислам толку беше,докторката ми кажа дека се најнов модел и дека е најдобар од сите баш поради принципот што се како копчиња така бар она ми ги опиша и напомена дека најбрзо може да се добие ефект ( за 10 месеци може да се исправат забите ) не се евтини ама се добри,инаку ординацијата е дентал арт :)
     
  2. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Носев година и пол отрпилика, извадив 4 заба и мислам дека тоа ми беа најдобро потрошените пари и истрпена болка. Ако добро се сеќавам протезата беше 250Е и се на се околу 400Е, али тоа зависи и колку долго ќе се носи протезата и колку е голема аномалијата. Инаку одев на државна, стоматолошки клинички центар. После фиксната се носи таа мобилна протеза дома (таа што се вади), за да ги држи уште некое време и да не се изгуби ефектот. Се тоа оди со плави картони. Искрено не би дала толку пари за приватен доктор, посебно пошто најчесто тоа се доктори од државна клиника кои потоа си отвориле свои ординации, односно исто толку се стручни. А и цената е далеку поголема.
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    541
    Можеш ли да ми кажеш каков вид на протези си носела,еве и јас треба да ставам малку ми се одолжи тој процес и сега прво треба да ги извадам умниците односно они препорачаа една ама јас сакам и другите зошто и онака немам простор па сигурна сум дека ќе прават проблем,во приватниве секако се поскапи ...јас бев заинтересирана за тие керамичките,па ме интересира како одат цените во државна и ако можеш да ми препорачаш некој доктор/докторка што навистина се разбира :) Фала
     
  4. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Јас извадив два умника и две четворки бидејќи немав простор доле (на долната вилица носев), не знам стручно како се викаат, али вака изгледаа http://zdravjeiubavina.com/wp-content/uploads/2013/06/protezi-s1.jpg, си ставив бели гумички, имаш која боја сакаш. Докторката Павлина се викаше мислам. Најдобро е да одиш прво на контрола (ќе си побараш упат од матичната) и таму ќе ти објасни и за цена и за апарат. Јас сепак ја носев пред пет-шест години, сега сигурно има поголем избор и некои што помалце се познаваат. :)
     
  5. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    Јас носам горе и доле скоро една година и задоволна сум од Др.Манева ортодонција на клиника.
     
  6. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    541
    Можеш да ми кажеш одприлика како им се движат цените на протезите ? Фала :)
     
  7. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    Двете ги платив околу 25 000 денари во готово мислам дека може и на рати прашај си,контрола обавезно еднаш месечно и зависи што ти менува од 300 до 1000 денари од прилика.
     
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Кала керамичките се поскапи и јас бев заинтересирана тие да ги ставам зошто помалку се познаваат ама ме предомисли докторот бидејки тие не може да се затегаат колку обичните и напредокот одел поспоро. Плус една другарка влијаеше на изборот велејќи дека протезата секако ќе се познава, само што со едната ќе се гледа дека се срамиш што ја носиш, а другата не.
    :D
    Јас ја носам 10 месеци и забите на горната вилица се скоро совршени и пред нова година треба да ми ја извади (значи една година вкупно). Платив 400 евра приватно со бесплатни прегледи.
     
  9. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    541
    Па судејки по коментарите сите некако го викаат тоа да бев малку бар помала па да си ставам такви ахх ама ништо чудно и јас да се предомислам,стварно сакам да ги средам веќе забиве па ако веќе треба подобро нешто што побрзо делува :D
     
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Ако ти се точни годините на профилот сметај јас сум неколку години постара од тебе :lol:
    Тоа нека не ти претставува проблем, времето како така ќе летне и после ќе имаш одлична насмевка. Плус кај развиени непца и израснати заби, плус добра хигиена и одржување, периодот на носење е двојно пократок.
     
  11. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    541
    Сега ме утеши :D Не сум единствена :D Фала ти многу баш ми требаше мислење од некој за полесно да се одлучам
     
  12. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Треба да носам фиксни протези, прв пат ќе носам па имам неколку прашања:
    1. Дали боли кога ги ставаат?
    2. Што треба да јадеш од кога ќе ти ги стават и колку време?
    3. Дали може да се јави некоја инфекција поради протезите?
    4. На колку време се оди на преглед?
    :D
     
  13. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Кога ги ставаат не боли, али после тоа да, исто и кога ќе ти ги стегаат на контрола, сепак треба да ги влече забите, нормално е. Можеш да јадеш скоро се, само не многу тврдо нешто и мастики е малце потешко и одма после забите на миење пошто влегува храна во брикетите. Контролите се најчесто еднаш месечно.
     
  14. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Благодарам :) :*
    И уште нешто: Колку време отприлика ги ставаат?
     
  15. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Ау не се сеќавам али 20 мин минимум, али контролите брзо одат, само проверка, стега тоа што треба и менува ластичиња можеби. :)
     
  16. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Женски
    Пртези носам веќе 1 и пол година, во Февруар 2 години ..
    Сега кога бев последно на контрола докторката ми рече дека може да ги извадам..
    Но дали откако ќе ги извадам може да се искриват дури и ако почесто носам мобилна протеза?

    Вие што имавте протези, колку време ги носевте ?
    Дали повторно се враќаа забите како што беа или остануваат прави ? :?:
     
  17. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Ако ја носиш после мобилната онолку колку што треба тогаш остануваат. Мобилната мислам ја носев пола година, а фиксната година и пол отприлика. Поминаа повеќе од 5 години и не ми се искривија. :)
     
    На kala21 и Lovy1 им се допаѓа ова.
  18. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Женски
    Е фала мн :*
    А само уште нешто.. На колку години ти ги извади ?
    Затоа што ми имаат кажано можеле да се искриват забите заради умниците што покасно растат .. :|
     
  19. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    8мо одд мислам бев, инаку како што пишав претходно јас ги извадив умниците и две четворки, так ашто немав таков проблем после. :)
     
  20. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    Нема посебна тема за мобилни протези па тука ке прашам.
    Феминки, имате ли позитивно искуство со мобилни протези?