1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за да ја најдеме Дениса Маркоска

Дискусија во 'Политика и настани' започната од MorbGoth.666, 19 септември 2014.

  1. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Дениса Маркоска има 23 години и како и многу други Македонци тргнала во потрага по работа и егзистенција на туристички брод. Две години успешно работела на истиот брод и оваа година потпишала договор по трет пат. Била пресреќна поради сето тоа, ја споделувала радоста со блиските, со пријателите… Но, кратко време по тоа оваа девојка исчезнува.

    Дениса мистериозно исчезнала од брод што плови на отворено море, во раните утрински часови на 13 септември. Бродот Serenissima пловел под руско знаме во територијалните води на Грција. И никој не видел што се случило… Спроведена е истрага со многу празнини и недоследности од страна на грчката полиција на Крит. Родителите се уште не добиле официјален извештај ниту од капетанот на бродот, ниту од грчката полиција, ниту пак од некоја надлежна македонска институција. Родителите се очајни. Молат за помош како и за притисок врз надлежните органи од сите инволвирани земји за да се дознае што се случило со Дениса и каде е таа. Можеби девојката е киднапирана или не дај Боже убиена….

    Драги феминки,
    доколку знаете нешто ве молам да пробаме да и помогнеме.

    Се извинувам доколку не е во соодветна тема, но неможев да ја преместам.




    http://www.press24.mk/semejstvoto-ja-ba ... ischeznala
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    ;( ;( ;( Да даде господ да се најде што побрзо или ако не нека се дознае што се случило со неа ако е убиена не дај боже да се удостои и Дениса и семејството со погреб како што доликува ;( ;( ;(
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Темава нема смисла, каква помош би имало од форумов.
    Инаку од старт се гледа дека некој сака да ја закашка истрагата, така да се знае како ќе заврши случајов.
     
    На Kacjushka и tessie им се допаѓа ова.
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.164
    Допаѓања:
    23.019
    Пол:
    Женски
    Мене во сево ова не ми е јасно како никој не виде што се случи со Дениса?
    Барем некој детал, нешто, многу ми е чудно вака, на тој бродот немало луѓе? Некој мора да знај нешто, и ништо досега не се откри? Барем нешто? Како е то мистериозно да исчезни? Јас освен во морето, на друго место идеа немам каде би можело да биди, и никој да не ја види и да не ја најди во бродот.
    Дај боже да е здрава и жива и ако е нека се врати дома, се да биди во најдобар ред.

    Иако не е за темава, краток текст, прочитајте го вреди :)
    http://grid.mk/read/news/508576501/8563 ... shite-deca
     
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Кога на самите власти им одговара ланецот на проституција, по која логика, ќе го разоткриваат?
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Девојчето е можеби живо, кој знае во чиви канџи :worried: .. Морници ме лазат, камерите биле исклучени ??? Можеби форум не може да помогне, ама заинтересираноста на пошироката јавност, особено на странските новинари за тоа што се случува со мистериозно исчезнатите лица на крузерите може ќе ја стави лупата на јавност и надлежните врз овие монструозни луѓе.. Ако не за Дениса за некоја друга девојка. Јас сум сигурна дека се работи за организирана група и дека Дениса не се фрлила од бродот.
     
    На tessie и Arthur им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Вчера дознав за девојкава, иако мислам од пред неколку дена се збори за неа.Многу ми е језиво кога ќе слушнам дека некој исчезнал, за девојкава туку така да исчезне, не ми се верува, да извршила самоубиство, не ми е за верување, освен случајно да паднала од бродот или некој и направил нешто.Страшно е, а и се на светов има, секакви луѓе има по светов, во никого не може да се има доверба, опасности од секаде може да има.Колку што начув, дали агенцијата преку која одела била лажна или како демек бродот застанал на некој остров, колку што ми кажале, која е вистината, којзнае. Белким ќе ја најдат жива и здрава, се надевам, а читам по нетов и странци се заинтересирале да ја пронајдат.

    А и има смисла темава, доволно што е отворена, ако не друго ќе прочита некој за девојкава.

    Инаку, Ади, исто, се чудам како тоа исчезнуваат, ни живи, ни мртви, никаде ги нема, барем по она што гледав на ID телевизијата, порано, но имало и случаеви кај нас, не е само во странство тоа.Како е можно тоа, да не ги најдат воопшто, се да превртат и ништо да не најдат, пак и да се убиени, ќе имало некаква трага, нешто, ама вака, ни траг, ни глас :?: језиво, премногу.
     
    На BabyyBoo, Adi888 и babaDara им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Горде и јас се потсетив на емисиите на ID Disappeard премногу е језиво какви не случаеви имаше. Баш и вакви случаеви имам гледано за луѓе кои исчезнале на бродови и слично. Најчесто не ги пронаоѓаа никогаш и случаите до ден денес се отворени затоа што нема никаква трага, ни дали се работи за убиство или самата личност сакала едноставно да исчезне. Летово кога бев на одмор во Хрватска по градовите имаше залепено многу плакати со наслов Disappeard in Croatia и слика од ликот. :sweat:
    Во Македонија да исчезне некој има шанси да го најдат колку толку у 2 милиона народ има некакви шанси, ама пак странски државјанин во туѓа земја која е доста голема или на отворено море искрено шансите се многу многу мали.
    Според мене постојат две можности, или девојката е вмешана во ланец на проституција па одкако и завршила „работата„ на бродот си ја повлекле на друго место или пак некој ја убил и ја фрлил од бродот. Ако е фрлена во вода шансите да се пронајде телото се никакви, затоа што тоа нема да седи и да плови туку така ами ќе го изедат ајкули и слични животни.
    Ако е во мрежата на проституцијата шанси да се најде се исто така мали, ама не е и невозможни секако ако ја исклучиме можноста дека зад оваа работа стои и полиција и политика и се.
    Незнам жално е премногу ама ако девојката беше жива и здрава ќе им се јавеше на нејзините до сега...
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Девојки се извинувам доколку темава пречи, но сепак сакав да ја ставам за колку толку да се види, освен тоа Дениса е внука на пријател и член на бендот што го има мм, па се надевам дека ќе се најде.Сакав да помогнам, па се надевам ќе се најде :(

    Инаку не ми се верува да е вмешана во проституција, девојчето замина на брод за да ги види Карибите и за да земе некој денар, не и е ни прв пат да оди, ова беше 3 пат.Сепак се надевам дека ќе се најде..
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Па добро јас не мислев на тоа дека по своја волја е вмешана. Сигурно не отишла со таа цел, како и секој млад човек отишла да го види светот и да заработи пари.
     
    На duffi и tessie им се допаѓа ова.
  11. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Јас се сомневам дека видела нешто што не терба да биде видено,дилерите и макрота се бесчуствителни па брзопотесно ја префрлиле преку оградата. А да паднеш од таков голем брод сигурно кршиш рака, нога, ребро, па колку и да знаеш да пливаш џабе е. Плус што барала таму во таа глува доба?
     
    На friendy и tessie им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Да, па за таа емисија зборам, не знам дали ја има уште, не сум видела, дури мислев и ако им е сменет идентитетот, односно да се некаде само под други лични податоци, барем по лик ќе ги препознаат, значи дури и да се со друго име, ликот доволно говори за тоа која личност е.А и штознам, донекаде и тоа, не ми изгледа веројатно да барем по лик ги препознаат, во зависност, ако им е сменет тотално физичкиот изглед.Инаку, не знам дали се сеќава некој на тоа девојчето што исчезна од Португалија, мислам дека и тоа не го пронајдоа, така си остана отворен случајот.

    Инаку, да, кај нас ќе го најдат и тоа што викаш, друго е странство, само човек да се пази, на се може да налета, не дај Боже.Во врска со останатото, да и за тоа си во право, можеби и да е тоа, имаше скоро, за една девојка од Србија, мислам која заминала на одмор или на работа во странство, па била вмешана во проституција, па после ја извлекле некако.Не знам, колку време е исчезната нашава девојка.Страв да го фати човека, луѓето во странство знаат да бидат лукави и на секаков начин може да пробаат да наседнат некако ако имаат лоши намери, само треба да се знае во вакви случаеви или слични, дали е сигурна таа работа, со какви луѓе би дошла таа во комуникација, односно со какви луѓе ќе си има работа, многу е важно тоа секој да гледа, оти не сите луѓе на светов се пријателски настроени према некого, затоа е битно да се види тоа, па тек да се реализира таа работа, односно да се донесе одлука за истата, дали девојкава ќе ја прифати работата.Особено , секому не се дава лична документација за работа, оти нели постои можност за нејзина злоупотреба, иако читам девојкава веќе две години или три , го продолжува договорот со компанијава, за сега наеднаш да исчезне, што значи не може да не знаат како ја снемало од бродот, сигурно дека имаат нејзини податоци, мене ми е невозможно, да нема некаква контрола кој влегол на бродот, што правел во одредено време, каде се движел и сл.Па на аеродромите имаат јака контрола, нема шанси таму човек да се изгуби, ќе го пронајдат, ама може пак друго се аеродроми, но зборот ми е барем некаква контрола.Како тоа, знаат дека била на бродот, а не знаат како ја снемало од него? И што испарила од лице место, па за да не ја виделе, нема шанси, веројатно знаат нешто :wasntme: Ко инспектор го разработив случајов :D :wasntme:

    Обично вака кога исчезнуваат луѓе, ме ставаат во мисла, што им се десило.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    За што зборам да се пази. Девојчево стварно е убаво. Ама кога ќе паднеш од брод како е можно капетанот да не ја видел? Зарем никој не управува со бродот во текот на ноќта, мора да имало капетан,офицер? Некој кој е задолжен да гледа преку ноќ. Мора некој да ја видел. Мене тоа ми е чудно, никој да не видела дека паднала од бродот, баш од толкав брод.
     
  14. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Девојчето живее во моето мало.
    Не сакам да коментирам каква беше....ќе ме сфатите погрешно,сепак жално за неа.
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
  16. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам дека можеби Дениса Маркоска е заплеткана во ланецот на проституција против нејзина волја и дека не знаела во што се вплеткува бидејќи не е првпат млади луѓе што тргнале да бараат работа на брод да бидат вмешани од незнаење со присила против нивна волја во оваа лоша и неморална професија!Не ја исклучувам можноста дури и да била убиена бидејќи не може туку така некоју да исчезне без трага ни глас во брод преполн со луѓе,а да не биде забележан од никој!Се надевам дека овој случај што побргу ќе се реши и навистина јас сум многу шокирана поради оваа лоша вест бидејќи девојката не била воопшто лоша за да биде вака сурово казнета! ;( :( :worried:
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    http://press24.mk/istraga-deniza-bila-ubiena

    Значи пазете го насловот! Нашиве портали се одвратни, никаква врска нема тестот со насловот, ама ќе направат се за да бидат читани! :puke:

    Зошто и кажала на мајката дека нема да контактираат неколку дена? Од каде знаела дека ќе нема интернет на бродот? :^) А од компанијава велат дека имало интернет на бродот?
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    А што можеби имала повеќе дечковци отколку што комшиите сметале дека треба да има? :^)

    Луѓе за младо девојче се работи, нејзиниот приватен живот си е нејзина работа. Не значи дека нејзиниот живот е помалку вреден. Нема зошто да ја блатите по форуми. Важно е дека едно девојче исчезна и нејзините блиски кој знае во каква болка се.

    Мене тој капетан ми е сомнителен, како така утврдил дека е самоубиство? И зошто прво чекал да се симнат патниците па да пријави исчезнат човек? Зар нема поморска полиција, веднаш да пријави ? Како тоа патниците не биле испрашани? Божем куфер се загубил а не човек. :swear:
    И како си дозволил да плови без вклучени камери, кога на брод тоа е најважно. Или купувале време да прикријат се па да пријават во полиција. :sweat:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    И каква и да била ова не го заслужила. Да не сте во кожата на родителите во моментот.
     
  20. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Не сакам да звучам бесчувствително, ама јас мислам дека е побегната. Преку глава веќе од тоа да жалиме некој што којзнае каде решил да замине со цел подобар живот. Така се соживеав со сопругата на тој што ја снемало после работа, па испадна дека се превртува во некој кревет со швалерот. Ако се притресуваме во се кажано на медиумите а е 100 пати извртено и преточено додека да стигне информацијата, кај ни е крајот...