Моментот кога во автобус ќе слушнеш песна, пардон песниште, љубов на прво слушање, си ја потпевнуваш по пат и едвај чекаш дома да ја побараш... И после неколку часа, таман кога ќе стигнеш дома лириксот магично испарил од меморијата, а ко за инат памтиш само колку била јака и мелодијата ти останува врежана у глава, а патем истата можеш да ја опишеш некому само со неартикулисани звуци. Aх бе Марфиии...
Couldn't agree more Јас вчера бев депре дерпе, и ај накај школо целата уплакана во лицето,и од нервоза не се ни дочешлав убаво,облеков што прво ми прдна,една маица како за урда цедење,износена,толку широка што ми стои како од породилно да сум излегла,главата наведната,ми тежеше од што ми беше маслосана косата,ме мрзеше во огледало да се погледнам и одвај чекав само да се вратам и да се оптегнам дома да одморам А кога сум си весела,сијам џоа винкс самовила Затоа,смеј се пеј и ќе изгледаш океј,јас кога сум тажна сум лелелеј,Франкенштајн не ми е рамен еј,кога сум тажна подобро не ме глеј А тој Марфи,да го фатам и за опаш да го скратам Цела работна недела сонце грее,како за инает додека си во школо или на тренинг или на курс,на работа,било каде... Доаѓа викенд,и одма врне истура
Кога доаѓа период во кој моите позитивни мисли се „селат на југ“ и ме дрмаат преголеми депресии, сум приметила дека секогаш „страда“ мојата коса. Ми делува како антидепресив, како бустер-инјекција со позитивизам, дури се чувствувам како нова личност и кога се гледам во огледало се прашувам што толку ме терало да ја носам косата долга, а не вака. Епа, на здравје коса до раменици, периодов и онака немам нерви да се справувам со непослушните прамени, а вака е рај. Дали сум излегла од пубертетско-адолесцентските размислувања и теории на заговор против кратките фризури не знам, ама повеќе од јасно е дека напуштањата на фризерскиот салон со нервоза до гуша за скратена коса два сантима повеќе од кажаното заминале во историјата.
Грч на нога, солзливо око, матен поглед, но чист ум. Мирис на ситен дождец, свеж воздух и чувство на слобода. Во мисла бројни дилеми, многу нешта, но и неколку решенија на не толку големи проблеми и психичко олеснување. Спремни серии на лаптопот, а какаото се лади во шолјата подарок од него. За првпат после три месеци, моите омилени црвени пижами со долги ракави на мене, а на креветот едно подебело ќебе покрај тенката фротирка и покривач. Саботна вечер создадена за време сама со себе. Се' што ми треба во моментов.
Ја денеска дојдов тука да си се пофалам колку јака домаќинка сум Сум осукала зелник, сама, да, да, не ве лажат очите, осукав зелник потполно САМА. Ми беше онака досадно дома, сама, немаше што да правам и викам ќе си ја пробам среќата, иако првите два пати не ми успеа. Ама нели, упорноста се исплаќа, а ем трет пат, среќен пат Ко за чудо ми излезе овој пат. Среќна сум бе, можеби целата се напрајв брашно, се помачив со то сукалото, сучи, сучи, сучи па запоти се малку, стави урдичка, попрскај малку масло и пак одново Ама резултатот беше прекрасен, псоебно мојата реакција и реакцијата на баба ми. Конечно некој ќе ја заменел неа, а кој друг ако не бабината маза Уште ми има останато во глава мислењето од anabel-a за суќната ко играла танци ко индијанец пред неа, е така правев овај пат јас. Го извадив од рерна, притоа не заборавајќи ја финтата од Ана со вратата од рерната да замириса куќава, па го зедов го ставив на масата, завртев два три пати околу него, ко Сандра Булок во Запросување, промрморев нешто и индијанциве мои дојдоја, и тоа во истиот момент. Не ни успеав да се свртам тие веќе го имаа нападнато. А планирав да го сликам Ама ајде важно му се бендиса на сите, убав бил, почесто да сум правела вакви работи, е само бараа и десерт, ама за то, правец во продавница, толку имав време денеска. Би ве поканила на зелник ама ништо не остана, ни трошките, се изедоа. Ајде, нареден пат девојки и за вас, ја научив финтата. Поздрав и имајте убава вечер
Се молат сите поголеми продавници/бутици што немаат камери, да си стават во најбрз можен рок, наместо продавачките/продавачите да ме следат наоколу додека разгледувам, да ми дишат во врат и морничаво да се појавуваат низ рафтовите. Толку.
Песнава кога и да ја слушнам плачам иако нема некоја посебна причина. Ме потсеќа на времето кога бев малечка, безгрижна. https://www.youtube.com/watch?v=mZ2jkoWQwO8
А онда сам се ја појавила као да сам магарица Ја немам ни единице ни петке,никако не могу да поправим оценке Мозок сам повредила Од себе сам била најстрашнијаааа (Чисто онака инспиративно за Ѕвезде Гранда,ми е жал шо не се пријавив,ама то е то) Иначе луѓенца зграпчете го времето!Шо ќе денгубиме кога можеме да си фантазираме(еве на пример јас со горенапишаната ’’песна“)Ајде,колку да се дешава нешто.
Денес лутајќи низ темиве се навратив на детството , на првите училишни денови,првата љубов, првиот бакнеж,еуфоријата и пеперутките во стомакот .. како што спомнав некаде,мислев дека ќе трае засекогаш,но тоа е само збор па и од моето ЗАСЕКОГАШ не остана ништо.. повеќе не давам ветувања .. зборчето ЗАСЕКОГАШ го исфрлам од речникот .. дефинитивно ..
Отсекогаш ми оделе и сум сакала да знам многу странски јазици, а покрај сите тие добри и неодоливи прилики кои ми ги пружил животов, многу искористени и неискористени шанси кои се малку во однос на оние кои сум ги поминала и ме поминале, оние на кои никако не успевам да одолеам и не дозволувам само да се разминеме. Деновиве пробав се и сешто, се трудев, се препотував по цели ноќи како да сум трчала маратон и на крај заклучив дека Тајландскиот јазик не ми оди, со професорот успеав да научам само една реченица - Ајде сега плесни ме по газето, и максимално се напнувам и нервирам бидејќи многу тешко ми влегуваат овие големи тајландски... зборови во глава. Се чувствувам како со чекан да ме удриле по глава, разочарана и недоволна, паднав болна бидејќи ниту еднаш не успеав да завршам... со лекциите по Тајландски на време, па секое утро се враќам дома со главоболка за која лекарот денес го смени рецептот и ми препиша проверена терапија со Факингтол, вечерва почнувам со ударна, дупла доза бидејќи веќе сум во критична состојба, целата сум наелектризирана и растревожена, ми се темни пред очи и ми паѓа притисокот... очајно ми треба и морам да се смирам малку, се надевам сега ќе биде толку добро за да ми држи влага до наредниот пат.
Мислам дека сум трудна. Размислувам за иднината за прв пат во мојот живот! Ако не сум, ќе живеам максимално, ќе направам се што не сум направила, ќе ужувам во младоста... А ако сум, јебига се мажам, и чао слободо, чао животе... Сепак децата се нашето најголемо богатство!
Добредојде назад лудо откачена девојко Ужасната сум од мислењево. Ти како да не знаеш што сакаш. Размислуваш за иднината за прв пат во животот само поради "стравот" дека си трудна? А ако не си трудна ќе живееш максимално и ќе уживаш? Значи ти сакаш да не си трудна само за да не му кажеш - чао животе, чао слободо? За тебе детето би претставувало крај на животот, уживањето и слободата? За да некаде меѓу зборови кажеш дека децата се нашето најголемо богатство. Е нека оди некој нека му најде нзс на мислењево. Многу луѓе едвај чекаат да имаат дете и да го остварат својот сон, да остават свој потомок, нивниот живот да добие смисла, да УЖИВААТ со своето семејство во среќа и радост. А некој си мисли дека добивањето дете било - чао на уживањето.
Плачам кога гледам снашки. Плачам кога ќе слушнам звук на авион како прелетува над нашата куќа. Кога правам ручек и чекам да се врати од работа да јадеме. Се се случи мноогу брзо и ненадејно. Не верувам дека е мртов, одам по улица и очекувам дека ќе го сретнам, дека ќе се отвори вратата и тој ќе влезе. Кога ќе ја видам колата во гаража мислам дека се вратил од работа. Да знаев барем да го прегрнам уште еднаш, ќе му речев те сакам, те сакам татко, Знам дека едвај чекаше да му речам татко. Жал ми е што моето дете никогаш нема да може да го види. Што нема да слушне кога ќе чукаат тапани кога ќе се мажам, кога ќе му се роди внуче. Да можеше барем малку да си го поживее сонот. Да го вози новиот мотор, да дочека пензија, да се радува кога се запишав на факултет... Зошто кога највеќе му се радуваше на животот тој му згасна?