Camera roll нема туку има специјална папка за последните неколку месеци... Камерата има self-timer, некои нови брзи начини за звонење кај луѓе што комуницираш повеќе... Во глобала тоа.
Апликацијата за тастатурата ја симнав така нешто ново демек. Aма у глобала ништо посебно, а со какво нетрпение го инсталирав.. И Health апликацијата не е лоша...
Да ти кажам не сум баш почнала да ја користам, само ја разгледав, тоа е уствари како водење евиденција на целото здравје, имаш опција на пример, денес колку км си одел, колку си трчал... такви работи. Има и други нови апликации, само немав време да ги разгледам,кога ќе симнам некоја ќе пишам.
Имам напишано во друга тема ама еве и тука ќе пишам Копиите на iPhone (Корејски Кинески Дубајски какви и да се) за ништо не ги бива катастрофа се или купи си оргинал или барај друг телефон Јас ти препорачувам iPhone 5s (оргинал нормално) го имам предобар е
Имам Ајфон 5ка, пред неколку дена зафркаваше ми се гасеше од ништо, батеријата ми е ослабната побрзо ми се троши но сега ич не се ни уклучува. Т.е ако можат да доловам добро изгледа како да се пали се појавува белата позадина со јаболкото но потоа пак се гаси и цело време така до бескрај.. Да не знае некој што би можело да биде? Благодарам
Пробај вклучи го на полнач, стави го и така вклучи го. Нека постои 5-6 минути. Мене кога ми стаса неотпакуван не ми се вклучуваше и збеснав, и претходно имав нешто проблеми со нарачката и на Епл им се јавив петсто пати... Спремнав бев пак да ѕвонам и да се карам. После ми текна вака да пробам, и се вклучи. И ако правите апдејт на иос8 (за тие со отклучени телефони, нехакнати и слично, значи регуларни ), од тоа може на велико да почнат да прават работи што не треба, мене ме нервира, ми светка 1 на Сетингс, ама не се давам, нека средат багс па после.
Не е до тоа, еве 5 саата ми стои на полнач и постојано исто ко да се вклучува ама не се вклучува. читав малку и уствари искача дека заради јеилбреакот ми прави така ама пак сега не знам како да го уклучам
КАде има добар сервис за Смартфоне? Ми препорачаа на едно место да му направам ристор? Ама не сакам да избрзам зошто не сакам да ми се избришат сите податоци
Батеријата ти е расипана. Купи си нова и ќе го решиш проблемот, ем пократко време ќе се полни, ем подолго ќе ти трае. Само кога ќе ја смениш за прв пат остави ја да се полни со исклучен телефон и кога ќе се наполни 100% тогаш вклучи го телефонот.
^^ WomanInRed, однеси го или во Duna или во iStyle. Т.е оди таму и прашај ги дали имаат сервис и што би ти препорачале, на друго место ни под точка разно. Освен, ако ти е од T-Mobile, ама гледам дека ти е со r/x-sim, такa да ништо. Они не примаат тел. шо не се купени од кај нив.
Да истото и јас им го кажав на овие во сервисот кај Палма, Аеродром. Но тие ми викаат нема врска батеријата со ова ама знам дека е до батеирјата бидејќи многу слабо ми држеше батерија телефонот во последно време ми се гасеше, имајќи 40% и ми паѓаше одма од 30% на 5% Инаку каде препорачувате да идам за прво да го лоцираат проблемот па послем да одлучам што да направам? Благодарам
Дај кажете добри бесплатни апликации за сликање за Ајфон, сакам хдр ефекти нешто интересно ама ниту едно не ми се погоди до сега