Утрово бев депресивна, попладнето изнервирана, па преска скокав од среќа, а сега не чувствувам ништо освен умор...
Се чувствувам како повторно да си ја вратив силата. Моето расположение не зависи од никој. Не ми треба никој за да успеам. Многу сум сменета и баш заприметив дека таа промена позитивно ми влијае на повеќе полиња од животов
Искрено без врска, ми се смачи за празници и слични семејни денови да сум сама дома... Тоа е моето чудесно семејство.
Дали тоа јас почнав почесто да го користам велосипедот, или само така ми се чини? Ќе појде човек еднаш на вежбање и мисли дека е спремен за Top Shape Contest (појма немам дали постои вакво такмичење, I just made that up ). Се чувствувам полно со енергија. Не е ни до вежбањето, ни до сонцево... до психата е. Кога ќе си начукаш нешто во глава, се‘ е полесно. Се чувствувам прекрасно и весело, си гледам клипчиња од Friends, си славам 20 години и така Сунчам заби, насмеана од шестка до шестка