"Пинк ѕвезди" е ново музичко шоу, продуцирано од телевизија Пинк, а ќе се емитува до мај во сите земји во регионот. Жирито го сочинуваат Цеца Ражњатовиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Џорџевиќ, Харис Џиновиќ и Мирослав Илиќ. Во секоја емисија ќе се натпреваруваат дваесет кандидати од кои жирито бира десет кои одат понатаму, а другите десет испаѓаат. Изборот на кандидатите се базира само на гласот, затоа што жирито не ги гледа кандидатите туку само ги слуша а откако одбира преку тастер дали кандидатот оди понатаму, тогаш столиците на кои седат се креваат во воздух, жирито се врти и ги гледа кандидатите во лице. Доколку тројца членови од жирито го притиснат тастерот и нивните столици се кренат, тогаш кандидатот ја поминува првата препрека. Потоа следи уште една препрека, односно уште една песна која новата ѕвезда треба да ја испее. Во секој момент, жирито може да се предомисли и да не го пушти кандидатот понатаму. Во одлуката на жирито не се меша никој, а доколку тие изберат повеќе од десет тогаш на сцена се става стаклената соба во која жирито тајно се договора кои ќе бидат финалните десет.
ја гледав првата епизода на нет и ми се допадна шоуто поразлично е од идол или ѕвезде гранда, а од кога ќе почне дА се емитува на алфа?
Шоуто на Алфа почна да се емитува од овој вторник од 22.00 часот и трае по еден час.Мене ми е многу интересно и забавно и затоа ќе продолжам да си го гледам и понатаму на Алфа!И мислам дека е многу поразлично и поинакво од другите забавни музички емисии што сме ги гледале досега на телевизија!
оваа недела ја гледав секоја епизода и многу ми се допадна интересно шоу е и ќе продолжам да го гледам само не ми се допадна што помина таа женската во последната епизода последна или претпоследна што пееше ич не пееше убаво
На Алфа го кратат, на јутуб ги има двете епизоди до сега што се искочени, по 2 ипол саати траат.Не е лошо, не е толку сељачко како Ѕвезде Гранда, а има луѓе што стварно убаво пеат.
Супер си е шоуто, Милан Калиниќ епен добро го води, судиите се супер а и навистина добри кандидати има.
Не знам дали го гледате Пинкове Ѕвездички, мене то ми е многу поинтересно од другото со големите, децата се невeроватни таленти. Детето е феноменално
Gi gledam i malite i golemite interesni mi se...osebono zakackite pomegu Hari i Miki Kalinik e super voditel,zabaven,interesen.