1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Кога тргаме некоја пара на страна,секогаш е со причина.
    Причината е некое задоволство.Штедењето најчесто е за некое вкусно задоволство,облека,патување,подарок и итн.Сепак патувањето е блиску до она наречено вечно паметење.Се` останато е кратко,слатко.
    Пред некој ден,кога почнав да читам книга случајно ми светна една идеја во мозочето мое.
    Да почнам да штедам за книга.Колачот ќе го изедам,блузата ќе ја изнаносам,подарокот ќе го подарам,но моментите во книгата и нејзините ликови никогаш нема да исчезнат од моите сеќавања.
    Патувањето е исто така вредно,но повредно од книгата не е.За мене.За други не знам.
    Другиот дел од светот,би ми се насмеал на идејава,но ако не ми смета.
    Штедењето ми е стокмено во една тегла,на која пишува книги.И си се полни.Од ден на ден.
    Ама каков список сум подготвила и најголемиот зависник од книги ќе ми љубомори.
     
    На Ivy89, AnaKarenina, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  2. ivana63

    ivana63 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    229
    Зошто секогаш преку неделата едвај чекам да дојде викенд, а кога ќе дојде го трошам залудно и непромислено? :^) Така ми лета времето, а ја го трошам ко да го имам складирано во буриња, па сеедно дали отишло или не, секогаш има резерва нели? :^)
    Е НЕ! Нема резерва! Резервно време немало и никогаш нема ни да има! Не можеме само така да го пуштиме да оди, кога знаеме дека веќе не се враќа. И свесно или не, сите понекогаш го правиме тоа. :wasntme: И покрај тоа шо имаме купови од обврски ние лежерно си седиме пред телевизор божем се сме средиле. :fubar: А највеќе го мразам тоа, кога дремам и чекам да стане прекасно за да завршам некоја работа шо требало да биде завршена пред 45 минути. :headbang: :@
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Абе до кога ќе се води демократска битка да не можеш мислење да си пишеш???
    Сега ми е јасно зошто повеќето членки си отидоа.
     
    На feminium и ivana63 им се допаѓа ова.
  4. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.255
    Допаѓања:
    124.735
    Прекрасен ден исполнет со многу,многу љубов,од најважните за мене,внуците.Сакам кога денот го поминувам со нив,ми ја наполнаа душичката.Вечер помината со саканиот и за крај топла постела и звукот на дождовите капки.Исполнета сум,дај Боже да трае.
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Ххахахахаха :rofl: ами те следат небаре ќе крадеш |( пратња :D ами и да имаат камери, па ќе те следат, ако наумиле :D ама само за да ти појаснат за производите :lol: Нервозно е тоа, само да не ме фатат мајките, па да им преречам нешто, иначе ако ме фатат, готови се :D тоа е, некогаш и тоа се дешава, не е пријатно, ама што да прајш, колку и да се тргаш од нив, тие па по тебе ќе идат :D
     
    На Lella, Someonespecial, k.i.m и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Чувствувам носталгија... а по што ни сама не знам :|
     
    На blueeparadise и lovemme им се допаѓа ова.
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    моментот кога сите мислат дека си трудна и никој не ти дозволува ништо да мрднеш или пак нешто да подигнеш :lol: хахаха мене сето ова ми е смешно бидејки јас знам дека не сум трудна ама ете дома нешто работивме и се собраа на веренкот другари и мене ме измаваа да не работам хах и ајде јас ова ке го кренам и сите во еден глас нееееее хахаха сигорно предпоста :lol: вуваат дека сум у друго стање ај згора на тоа незнам дали вирус ме фатил и кога ми дојде нагон за повраќање само ставив рака на уста повраќам и трчам низ скали до купатило хахаха :tmi: ај оправдано е сигорно си мислат трудна сум :lol:
    си отидоа луѓето се заврши работа и свекрвата ми вика оди одмори се легни си викам не бе супер сум и вика веке ништо тешко да не си кренала и викам ахам добро :lol: и ми вика а тебе ти доаѓаше овој месец :?: хаххаа да да ми дојде не сум трудна !
    од шо сите околу мене мислат и јас почнав да мислам дека сум трудна дури и симптоми имам ама добив мс :D
    ај гуд најт
     
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Толку многу сум уморна а очиве ширум отворени, не можам да заспијам со часови. Понекогаш сакам да имаше полесен пат, да спијам со денови, се додека не се реши се она што ми тежи на душа, ама знам.. И ете, несоници ме фаќаат. И страв од обврските што ме чекаат утре, дека ќе станам порано уште поуморна без волја за ништо.

    Што е најлошо, не е важно ветувањето дадено на друг туку она дадено самата на себе. Боли кога ќе изневериш друг, ама најмногу кога веќе ни сам не можеш да си веруваш. Од оваа година ќе биде поинаку.. Ќе си го средам животот, ќе се скрасам (иако тоа не е до мене) ,ќе учам на време, ќе бидам среќна и уште пет реда празни ветувања. :) Браво. На моменти се гордеам со себе си колку сум (не)исполнителна и кога не си верувам на себе веќе, како да бидам среќна?

    Од друга страна, се чувствувам толку тажно и осамено што изгледам дотолку иронично среќно пред другите. :) Се смеам повеќе од било кога, а самата знам дека ми отупавела смислата за хумор, истите шеги и дешавки одново и одново.. Истата музика, истата поезија се врти во круг, веќе не ни пишувам, секој ден недостиг на инспирација. Тој ми фали многу што дури се прашувам како е можно човек што практички не го знаеш да ти е цели денови на мисла.. Не знам стварно.

    Луѓе, Скопјево не ме остава да дишам.. Само да заврши годинава и ќе бидам надвор од него што е можно подолго. А еден ден, еднаш засекогаш.
     
    На Seashell31 и Hinebrra им се допаѓа ова.
  9. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    глупо е кога некој стекне погрешно мислење за тебе, а не те ни познава...
     
    На anggell, Nimai, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Ништо не ми ја опушта психата како филџан кафе пред лап...
    Сите грижи ,сите работни обрски ,сите ст..ња за момент испариле .
    Бујрум на утринско !
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      10,8 KB
      Прегледи:
      142
    На bittersweet, blueeparadise, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  11. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Сдк, јас сум бре сестро летно дете, родено во лето. :)
    Есента ми носи нови обврски, нови почетоци, а и нови задоволства.
    Си ги сакам чизмите, џемперињата, марамите, панталоните. Ма се сакам.
    Си сакам некој вкусен чај кој шири убав мирис. Си сакам надвор кога врне ситен дожд а јас стуткани под топло ќебе си пијам од вкусното чајче. Си ги сакам овошките свежи не прскани од нашиот овоштарник која пред неколку години го обновивме со нови садници кои даваат добар род.
    Онака ко за своја душа, и за душа на сите кои седнале на летната маса во двор, секогаш имаше свежа салата од мојата градина во која ученички од мерак и наопаку семето да го фрлев на лице излегуваше.
    Краставичките по Европаски барања, прави и долги :)
    А доматите од западот ги влечев и по пат ме караа, зборови си јадев како кај нас да нема:D Бла, бла...
    Ама после без прочуен јабучара салата не им се фаќаше .Е така, ко носи не проси велеше баба ми :)
    Греано винце и ракија има, е ако стегнам малку повеќе после се рамно ми е.
    Ама, па и на рамното не сум проблематична, само малку природно црвена :D
    Уживам во есенското сонце што срамежливо подѕирнува во текот на есенските денови.
    Единствено што ми смета е тоа што мојот зелен тепих, колку и да го чистам пак под нозе лисја има.
    А сакам тревникот да ми е онака зелен, ниско покосн и чист :)
    Есента е богата а тиквата е кралица, вели баба Даница :)
    Ајде свежа роба, мора да се проба :* :hai:

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Vikica.cuci, Ivy89 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Џабе се и камери, така им е наредено да се однесуваат. Еве на пример во Евроазија, продавачките а ги има многу, те силуваат одејќи по тебе, не можеш блузичка да си разгледаш а камоли да прокоментираш нешто со другарката/мажот, а јас уживам да си давам критики за облеката која ја разгледувам :D
    Обично не ни продолжувам со шопинг во таква продавница, немам слобода од такви продавачки, не дека ми се нешто страшни од зад рафтовите, туку напорни се.

    Некој се пожали дека не можело мислење слободно да се напише на форумов, епа не е проблемот во слободата на изразување, туку треба човек да биде подготвен и на критика на напишаното. Нели за секоја книга има и критики, лоши-добри, зависи од книгата. Учете се да прифаќате критики и совети, а не само јас напишав-и готово, не смееш да ме цитираш. Така само во личен дневник може, си пишуваш и никој не ти чита ниту приговара.
     
    На Mama25, XstrongerX, Marossa и 6 други им се допаѓа ова.
  13. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Мајка ми се враќа од Русија и прво нешто што сестра ми ја праша е: Мамо,дали донесе крокодил? :sun:
     
    На Barbie20, sweet-star, Marossa и 7 други им се допаѓа ова.
  14. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Денес е голем ден.Денес е Мала Богородица.Нека денешниов ден на сите ни донесе здравје,мир,бериќет.За многу години! :)
     
    На Mama25, Barbie20, Srckata28 и 14 други им се допаѓа ова.
  15. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Не мислам стварно незнам шо е работата со мене оваа недела замислете си се дотерав фино за на акфе си појдов, си се прошетав низ пола град и цел локал и кога да видам мајцата обратно сум ја носела! Ај у земја пропаднав еј
    И нишо си седев така ја пуштив само косата да не се гледа етикетата од зади и си терав филм-не бе таква ми е мајцата па на поаѓање кршнав до вцто и ја обрнав :)

    Бруки ненормални...
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Оној што си ја има мувата на капата, ќе си ја ишка цело време.

    Некогаш работите не се онака како што му изгледаат на човекот, односно како што сака да ги види.Смешно е да се убедува себе си во нешто за кое мисли дека е „сигурен“ за истото, токму заради тоа што го реков претходно, не за друго, изгледа како сам себе да се лаже.

    Некогаш луѓето немаат граници во своето однесување, едноставно не знаат за доста, се држат цврсто за некои работи, кои патем мислат дека ќе ги придобијат истите или се убедени дека се во право.Човек не може да биде убеден за нешто што не знае.Тоа е како човек да гради куќа без темел, мисли дека ја знае површината на работите, но не и нивната суштина, бидејки и воопшто не си дозволил комплетно да ги спознае иницијативно.

    Ко ќе ме мавне некоја нервоза од напорни луѓе, ќе ми пукне филм, па кој сака нека ми се појави пред очи, нема да го приметам, па и луѓево, нит со арно не се разбираат.Мене човек може на глава да ми се качи, до сто и едно и назад, ама ми пукне ли филм, крај, нема назад.
     
    На Lella, vinozito1, Marossa и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Каков ден луѓе, што да ви зборам... :rofl:
    Излеговме со другарка ми денес и седнавме на клупа, до нас доаѓа една баба и вика девојки можам да седнам, ова е МОЈА клупа и ние еден поглед. :^) И вика хахаха се шалам, туку ова е мојот влез тука и ни покажува со прст, и секогаш кога ќе седнам до моите другарки ( :lol: ) ми викаат седи си ти на таа клупа ТВОЈА Е и ај се насмеавме. Ааа само да напоменам зборуваше на српско-хрватски-црногорско-македонски речник (ако ги имате гледано клиповите на Марјан Георгиевски, епа зборуваше ко чичко Милован :rofl: ).
    И кога ни почна муабети, ко 100 години да се знаеме, другаЧки бре. 8)
    Ајде после неколку минути да станеме веќе непријатно ни беше, само и кажавме пријатно, си одиме сега да учиме и она така паметни да бидете, син ми да видите 52 испити на машински заврши, одличен беше од мал, сега и внук ми така... :rock:
    Се ни изнакажа, уште да ни кажеше колку пати бил син и по нужда тој ден и крај немаше да издржам и така едвај се воздржав да не се изнасмеам. :$
    She made my day! :!: :emo: :D
     
    На sweet-star, Lella, WaffleGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.255
    Допаѓања:
    124.735
    Му завидувам на оние кои уживаат сами дома и кои со душа ги чекаат тие моменти...абе збеснав луѓе,цел ден на интернет го поминав од што незнам што треба да правам кога сум сама дома,ова ми се случува 1 на неколку години :?: Со душа чекам моите да се приберат дома :rofl:
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Повторно се ми се сруши врз глава...претпоставувам беше премногу добро за да биде вистина...
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    И така јас решив за прв пат годинава да ги разгледувам старите семејни фотографии. :geek: Го земав првиот албум, тресејќи се целата, мислев ме има мене некаде. Слика по слика, до темел ги разгледав, ма јок бре. Ууф. Ајде вториот. Мора некаде да ме има. Е, таму увидов дека всушност од секогаш сум мразела фотографирање. На ниту една слика не сум насмеана. Де бре, што дете ќе бев. Ајде, си велам, да стискам заби, можеби до крајот ќе се најдам некаде насмеана. Ма нее, јас абер сум немала за фотографирање.
    Ни сега не е нешто поразлично. Некој зема телефон да се фотка, јас бегам ко лудача. Да бе да, некој мене ќе ме слика, ахам, да, знаеш, сите ме сакаат мене на нивните фотки. 8) :fubar:
    Со стравовите сум најголема лудача по природа.
    Не е само сликањето... да кажам на некој дека се плашам од муви :swear: (додека сите од змии и гуштери скокаат во воздух, јас кога ме допира мува одам триста метри под земја :emo: ) има да се дави од смеење.
    И така, останувам фрикот од фриковите. Фрик форевер. 8) :tmi: