1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Исто како и вие женските играте топло-ладно, и ние машките некад можеме, но тоа е реткост. Е сега ако сакаш да не го расипеш другарството со него не превземај ништо, ако сакаш, иди на ризи, и направи чекор. Пробај си ја среќата, но види дали другарството со него ти значи повеќе/
     
  2. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    Можеби се оладил, а пред тоа да бил повеќе загреан, можеби и си го налутила со некоја твоја несвесна постапка, па да сака на тој начин да ти врати, можеби му излегла некоја друга прилика, па затоа и така се однесува. Незнам, се е можеби, доколку би можел преку камера да видам што се случувало, одма јасно ќе ми станело дали знаците ти што ги гледаш се вистински или само ти се причинуваат, но ете, ако ти говори интуицијата дека имас фидбек, тогаш пробај, зошто полошо ќе ти е да останеш со него другарка ко и до сеа, ми изгледа дека работите уште повеќе ќе се заплеткуваат, вака додека не си отишла предалеку ќе си видиш дали има навистина нешто меѓу вас или не, зошто подоцна кога ќе се навлечеш уште повеќе, е тогаш и евентуалниот неуспехот ќе боли многу повеќе. Време ти е :)
     
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    rebekar а како го заклучи тоа дека тој тебе те свиѓал? Тоа што сте се зближиле во друштво незначи дека човекот те свиѓал. Може ти го свиѓаш него па си претпоставуваше дека и тој те свиѓал па тој приметил дека и ти го свиѓаш и несакал да ти даде лажна надеж и се однесува ладно. Си размислувала за ова? И не се машките во вакви ситуацијии ни најмалку виновни. На некои девојки ако некој ги погледне или им намигне доаѓаат до заклучок дека ги свиѓал. Епа чисто за информација јас кога се движам низ ходник во школо може 5 души ќе ме сретнат и ќе ми намигнат, ќе ми се насмеат, дадат некој коментар срцка, душа, убавица или слично и небитно и кажи ми дали тоа значи дека сите тие 5 машки мене ме свиѓат??? :^) Немојте да ги преовиличувате некои работи. Ако треба нешто да се случи ќе се случи со тек на времето однесувај се другарски како тој така и ти. И не се надевај премногу оти на крај ти ќе излезеш разочарана. И ако денес комшијата ми помогнал во продавница да го дофатам шампонот на највисокиот рафт незначи дека ме свиѓа, значи дека е љубезен. Прави разлика околу некои работи и размисли два пати пред да донесеш заклучок.
     
  4. osmatetratka

    osmatetratka Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    11
    Значи ми треба машко за ЛП кое ќе биде достапно за разговор околу една тема нема да биде многу замаран само ми треба мал совет поточно очајно ми треба тој мал совет! Ве молам!! :sweat:
     
  5. Shayk

    Shayk Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    И јас имам едно прашање до некој машки член од форумов, само незнам кој ке биде љубезен да ми одговори, кого ли да прашам во ЛП?? :^)
     
  6. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Ме интересира какво мислење имате за девојка што прва ве прашува дали сакате да бидете со неа во врска?
     
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Кај сите е индивидуално, иако не сум машко ќе ти кажам дека им годи ако прва го направиш тој чекор, единствено ако не е некој закоравен па ќе си рече, види оваа сака кекс со мене. Има ги разни душо моја, затоа ако некој ти се допаѓа слободно пријди му, па баш ти е гајле што ќе мисли.
     
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Чекај, веќе се гледате некое време и ти го прашуваш дали сака официјално да бидете во врска?
    Или немате ништо и ти му приоѓаш и го прашуваш дали сака да има врска со тебе?

    Ако е првото, тогаш мислам дека тоа се случува во 90% од врските. Мажите никогаш не форсираат обврска. Секогаш девојките се тие кои ги наметнуваат тие прашања.

    Ако е второто, тогаш веројатно за милисекунда ќе му се сврти, брак, бебиња и крајот на животот, па ќе летне да бега и низ ѕидови ако треба, како Каспер. :lol:
     
    На Daleron и fallenangel им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.982
    Допаѓања:
    166.584
    Пол:
    Женски
    Дали е нормално да се чуваат слики од бифшите девојки, и девојките со кои сте имате "нешто"? Ок, знам дека најчесто сите имаат(ама не зборат за тоа), но јас немам навика да чувам слики ниту од бифши дечковци, па дури ни од пријатели со кои повеќе не сум во контакт. Сите тие места, луѓе, спомени се дел од мене, и секогаш ќе останат како дел од мене.. но мене не ми е неопходно да ги имам и на слики на лаптоп..
    Тој вика дека тие не му значат ништо.. но ако е така зошто сеуште би ги чувал?
    Со мене поминуе највеќе време и ми докажува дека јас сум таа шо му е битна.. но.. збунета сум...
    Знам дека немам право да барам да ги брише, ниту сакам да го барам тоа од него.. ниту пак би побарала такво нешто ниту од него ниту од некој друг... само ете не ми се допаѓа таа идеја.. шо и моите слики идат у ист фолдер.. или различен ама.. тоа некако исто ми е..
    Ме убедува дека тоа ништо не му значи.. но не знам што да мислам...
    Треба ли да бидам загрижена?
     
  10. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Јас лично за мене знам дека чувам слики само додека ми значи тој некој, после тоа ги бришам без око да ми трепне.
    Јас функционирам така, ама од друга страна ако се работи за убави спомени па зошто да ги избрише. Не секоја врска треба да заврши лошо.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Апсолутно не треба да бидеш загрижена, освен ако сликите не му се ставени на десктоп и си ги клика на дневна/неделна база.

    Јас на пример, чувам илјадници слики уште од 2005 наваму, распоредени по години и фолдери. Не ги кријам, тоа е моето минато, тоа е она кое направило да бидам ваков човек и не гледам причина зошто би требало да седнам и да го бришам тоа?! :x
     
    На natemila и Hipica им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.982
    Допаѓања:
    166.584
    Пол:
    Женски

    И тој ми го кажа истото, дури и со истиве зборови како тебе. :)
    Од друга страна, јас бришам се што било минато, и убави времиња со драги луѓе, не чувам ништо што не успеало да се одржи... значи бришам од пц, патем никој не може да избрише ништо што некогаш се десило нели? И за мене е несвојствено да чувам нешто што повеќе не ми значи апсолутно ништо...
    Но, ете, секој си е своја индивидуа...
    Ти благодарам, на некој начин ми олесна што скроз истото и од тебе го прочитав. :)
     
    На NovusOrdoSeclorum и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.220
    Допаѓања:
    124.246

    Сите имаме минато, и никој следен не може и не смее да ни го избрише минатото. И јас имам слики од бивши, ама од себични причини, многу си се свиѓам како сум излегла на сликата. Понекогаш ги гледам и гледам колку сум се сменила од тогаш и колку сум посреќна сега. Тоа не значи дека не си го сакам дечкото.

    Минатото не треба да се заборава, постои да не научи за старите грешки. АКо го напнеш, ке ти каже дека ги избришал, а ако сака ке ги стави во скриен фајл. Туѓото минато е туѓо, и не можеш да влезеш и да го избришеш.
     
    На Hipica и Yowannty им се допаѓа ова.
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Забораваш дека има девојки што прашуваат каква била бившата/бившите така да мора да се има евиденција :D.

    Шала на страна, чувам и јас чуваат и повеќето што ги знам, немаат никаква вредност или значење фотографиите туку не осеќам никаква причина да ги бришам.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Второто беше.
    Прво бевме другари па решив да го прашам и прифати. Врската ни беше веднаш официјална. Денес ми кажа ти си ја бараше љубовта и си ја најде. И јас Како сум ја барала? И тој Па ти ме праша се сеќаваш? :) :$
     
  16. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    После прв состанок очекувате девојката да ви се јави за повторно да се видите или осеќате обврска вие да бидете пак иницијатор (ако сте биле првиот пат)? Имате ли некои „правила“?
     
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607

    Јас другчије размислувам од другите. Не е проблемот дали да му се налутиш или не. Туку дали тој сака да си ги чува тие слики или не? И јас сум како тебе, си расчистувам со бивши и не им чувам ни број а не па слика. Кога сум завршила со тој човек и кога ке бидам со нов сигурно немам потреба да гледам негова слика или пак ако ми затреба да му ѕвонам. Не, кога расчистувам расчистувам..
    Инаку мене дечко ми ми фати слики на ПЦ ама искрено јас не ни знаев дека постојат тие слики, којзнае во кој фолдер биле, башка сега поретко и префрлам слики на ПЦ порано да ама сега во телефон ми стои се. Инаку он се налути и ме праша зашто го чувам но навистина не ги чував за да ги гледам или спомен. И нормално ги избришав, бидејќи немаат никакво значење за мене се додека сум го завршила тоа поглавје од мојот живот.
     
    На NovusOrdoSeclorum, Daydream и Yowannty им се допаѓа ова.
  18. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Па мислам дека ние треба да си јавиме за втор состанок. Може и девојката.Нема некоја обврска, но види он дали ќе го направи тој чекор, после ако сакаш, јави му се и така кажи му, имаш ли у план да ме викнеш за втор состанок. Не многу трчај по него. Секој со свој правила, ама ни годи женското да се јави за втор состанок, некој си го креваат егото со тоа, некој се среќни поради тоа, зависи до типот.
     
    На IvanovskaM му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.982
    Допаѓања:
    166.584
    Пол:
    Женски
    Не научив како се копираат поише мислења во едно, па почнувам нов пост. :$
    Околу моето прашање... јас всушност никогаш не чепкам по туѓи лаптопи или мобилни или шо и да е. Можам да останам со саати сама со нечив лаптоп или мобилен, но ниеднаш нема да подлегнам под искушението да истражувам.. ја почитувам туѓата приватност.. а и за волја на вистината секогаш можеш да откриеш нешто што всушност не сакаш да го знаеш(а ако сакаме да откриме такви ствари, богами сите сме махери за тоа)... Исто така, можеби кога би ми дал причина да се сомневам, би прибегнала кон истражување.. не викам не.
    Осети потреба во текот на муабетот да ми каже за постоењето на тие слики, кои биле собирани десетина години, дека тие биле дел од неговото минато, дека тие го напраиле она шо тој е денеска, дека истите апсолутно ништо не му значат, но дека сеуште ги чува и дека не би да ги избрише. Не се распраавме, не се каравме, беше скроз смирен муабет, јас само кажав дека мене не ми се допаѓа истото. Толку. Неам намера да влијаам на било каков начин да ги брише или не знам шо...тоа си е само негово, негови одлуки, кои јас ги почитувам.
    После тој муабет, јас си се напнав самата, (никогаш претходно не соочена со ваква ситуација) правејќи паралели со тоа како јас постапувам со слики на луѓе со кои не сум повеќе во контакт.. но на крајот на краиштата тоа сум само јас, и не можеме сите да бидеме јас.
    Ми форсира искреност и сметал дека јас треба да знам за тие слики, но да бидам искрена ќе бев малце посреќна ако не знаев за истите, ниту сакам да ги видам, ниту на било кој начин ме интересираат и засегаат.
    Од една страна мило ми е што слушнав мислења баш како неговото со тоа што ми помогнаа да погледнам кон ситуацијата од негов аспект, но од друга страна мене лично таа идеја на чување на тие слики не ми се допаѓа воопшто.. но како шо кажав, тоа си е само негова ствар.

    Во секој случај, Ви благодарам на сите, шо издвоивте време и споделивте мислење. :)
     
  20. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Ќе се сложам целосно со WomanInRed.

    Јас сум личност која кога става крај на нешто, навистина е крај од секој аспект. Сум имала само една слика во компјутер со еден дечко со кој не ни бев во врска, ништо сериозно, ама тогаш ми значеше прилично многу, немаше љубов, ама ми значеше. Тогаш таа слика ми беше најголемо богатство. :D

    Ставив крај на таа приказна, го избришав од секаде, избришав негов број, после кратко време го запознав дечко ми и ја избришав и сликата. Сметам дека кога раскрстувам со некоја работа тоа треба да биде навистина така. Ја избришав таа слика прво заради себе, зашто не ми значи повеќе апсолутно ништо, немам никаква потреба ниту причина да ја имам, а да ја гледам па уште помалку, не ми буди ни болни, ниту среќни чувства, а второ и заради дечко ми. Почнував нешто убаво, нешто толку чисто и невино и сметав дека нема потреба тоа да се валка со спомени од минатото кои повеќе не се дел од мене. Сметав дека сегашниот дечко заслужува многу повеќе. Не знам, јас не можам да градам нешто, ако не сум расчистила со тоа од порано.

    Искрено, сега да му најдам на дечко ми слика од бивша, нема да се почувствувам убаво и тоа ќе отвори многу прашања. Да, сите сме имале минато, сите имаме бивши, тоа е јасно, и мене лично тоа не ми смета, нит па сум љубоморна, ама не мора тоа баш пред нос да ми го става. Мислам, слика од бивша, заедно со моите слики па и не е баш пријатно чувство. Еднаш така низ муабет, општо за ова, дечко ми ми спомна дека не постои ниту една слика од негова бивша во неговата куќа. Сам си кажа, без јас да прашувам, дека тоа го направил по своја волја зашто штом завршил со минатото и со мене планира иднина, нема потреба да чува слики од бивши кои не му значат и со кои раскрстил неколку години пред мене да ме запознае.

    Сметам дека доколку навистина сме раскрстиле со минатото тоа треба да постои само во нашето срце, или во нашата глава како сеќавања, како настани кои не' промениле, не' направиле вакви или онакви, а не да постои и како физички доказ дека тоа нешто било некогаш. Посебно па ако секогашноста нема никаква допирна точка со тоа некогаш.
     
    На WomanInRed и Yowannty им се допаѓа ова.