1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Мразам да не знам.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Каснам со ова малку, ама сакам да кажам колку е прекрасно чувството кога после толку време ќе станеш сама рано наутро, без никаков аларм, едноставно да те разбуди светлината низ дупчињата на ролетната. :sun:

    И конечно ќе станеш наспана и одморена иако сепак стануваш само еден час покасно од вообичаено. Па слегувам долу одејќи на прсти да не разбудам некој, и секако мајка ми се разбудува и ми вели да си легнам, а јас како и обично не си легнувам. :D

    Долу спуштени ролетни, само мали снопчиња сонце се пробиваат низ ролетните. Ми се допаѓа сета таа тишина, кога сите спијат а веќе е разденето. И тогаш само излегувам надвор и уживам во утрото. ^_^ Кој не го почувствувал тоа, нема да ме разбере. Воздухот наутро е некако почист, поубав... Па и надвор маченцата ќе ми се разбудат и ќе дојдат кај мене да се гушкаме. :sun:

    Толку ми се убави овие сончеви утра, кога се’ е тивко, нема коли, нема брзање, нема прозевања, нема влечкање тешки ташни до училиште.

    Сега сфаќам колку многу сум пропуштила од летото, колку топли и пријатни утра сум отспала. :(

    Како и да е, имајте убава вечер, и уште поубава недела исполнета со многу добри вести и насмевки. Се читаме. :call: :)
     
    На Elennaa, eliesaab, ColoursOfTheRainbow и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Отсекогаш мислев дека не сум доволно добар за да ме засака некоја, размислувањето ми беше негативно како и на повеќето луѓе и кога мислиш дека не може да биде полошо бог ти испраќа нешто...се појави таа.
    Во мојот живот влезе онаа малечка, никогаш нема да ми биде јасно зошто толку ја сакав?Мислам дека нејзината насмевка е единствениот виновник за тоа што го чуствував, се сакавме на чуден начин, на начин кој само ние двајцата го знаевме.И двајцата бевме непокорливи,тврдоглави но сепак желни за страст и љубов.Кога тврдоглавоста ќе седнеше на престолот помеѓу нас двајцата знаевме да се разделиме но само на кратко, секоја борба во нашиот живот ни отвараше по една рана, а секоја рана има своја недораскажана приказна...сите тие приказни ги преживувавме заедно!
    Еххх првата љубов е нешто неискусено, територија,простор,бескраен свет во кој влегуваме незнаејќи што не чека таму, очекуваме принцези, бајки...
    Марјан007 заврши, бајката заврши сега останавме само со горчината во срцата...и живот во кој ти ќе бидиш среќна во прегратките на друг, а јас во прегратките на друга...
     
    На Elennaa, eliesaab, ColoursOfTheRainbow и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    83.696
    Пол:
    Женски
    Морав да се надоврзам и да кажам нешто и јас :D

    Бевме излезени, веќе беше 2пополноќ.Се враќавме накај дома а на радио пуштаа наши македонски песни.Јас тие си ги викам песни за пеење :D Значи одеше Врчак,Ерзана,Нокаут,Дарио,Каролина итн...
    И срцката моја да не ми скри ќејф ме возеше уште саат време низ град :D
    Да си ги чуваме таквите луѓе до нас секогаш :wasntme:
     
    На Elennaa, ColoursOfTheRainbow, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Кога имам нешто намислено, се држам до тоа. И никој, ама никој нема да ме предомисли во мојата одлука.
    Голем поздрав до упорните школски :*
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Не барајте совети на форум, ќе се заебете.
    Секогаш ќе се најде некој што се прави многу интелегентен, да јаде бурек за нешто што нема ич право на вас.
    За гревови се. И више памет за друг пат ми е да не пишам нешто на форум.
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Не можам да разберам нешто во врска со свадбите. Зошто ако немаат пари луѓето прават огромна свадба во демек фенси ресторан, со најсиромашното мени? Така ли мислат дека се покажуваат?
    Зошто не си направите колку што ви е долга чергата, во поскромно ресторанче, попристапно, ама со поскоцкано мени?
    Не знам навистина зошто мислат дека се покажуваат со ресторанот кога другото ја дава вистинската слика.
    Друго, опнала невестата огромен балски фустан, па се мршти кога некој ќе ја згазне и се нервира. Па што си облекла толкав фустан? Не може ни да игра асално, ни да мрдне ко што треба, па ја поминува пола свадба во мрштење.
    Ах беее, кога ќе се научиме за нас да си мислиме, да правиме нас како што ни одговара и ни е убаво, наместо да мислиме како да се покажеме пред народот колку ние имаме и можеме...
     
    На bittersweet, Elennaa, eliesaab и 21 други им се допаѓа ова.
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Петте минути кога чекаш да се крене кафето, она утринското. Е тие ме убиваат :D
    Почнав дури и да го ставам кафето прво и да појадувам над рингла
    Lights on me, please :D
    , за кога ќе се најадам да ми биде сварено и да се нурнам во него.
    Вива ла кафе :coffee:
     

    Прикачени фајлови:

    На Lella, Yowannty и Marossa им се допаѓа ова.
  9. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Јас не сум јас ако не ги искомплицирам работите.
     
    На eliesaab и MademoiselleB им се допаѓа ова.
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Ааах колку би бил светов поубав ако нема такви кои едвај чекат да нападнат некој и тоа без причина :)

    Љубов,бајки,принцези,принцови...............еееехх па дали уште ги има и во цртаните филмови а да не збориме за животов¿¡... :tmi:
     
  11. Dreams.678

    Dreams.678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    60
    Ти не си ти ако потполно не личиш на мене во компликациите. |( :tmi:

    Свесно или не, полекаа поолека сите се менуваме....Да, сите, и онаа која најмногу ја сакав. И онаа која секогаш кога ќе ја видев најсилно ја гушкав..најискрено. А сега? Сега е една тинејџерка окупирана со дечкото, модаата..Да, сега е само мој познаник, всушност, неможам да ја препознаам...Ете, тоа е тој период, тие години кога се менува. Од мало искрено девојче, во алчна и себична девојка која...ме повредува. Да, ме повредува, таа ме повредува, сестра ми, братучетка..Ми фали една сестра..Или, доколку неможам да ја имам ми фали една братучетка...Не, вистинска братучетка. Еве што прават тие години на пубертет, ги мразам, тој период ми ја одземаа сестрата, братучетка....Тој период ми го одземаа детството. Се промене пријателке, се промени братучедке.. Ќе ми недостасува, старата ти..Како дете, како невино искрено девојче. Полека, сите се менуваме.
    - Имајте пријатна ноќ девојки, уморна сум.. Од се. |-) ♥♥ Поздрав.:')
     
  12. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Само да ви посакам добра ноќ и пријатна работна недела што следи. Убаво да се наспиете вечер. Нема ништо поиритирачко од понеделничко утро кога не сме наспани. :talk:

    Баба ми сега пече кифлички и ми се шири така пријатен мирис низ дома,што морам да одам и да се почастам со една. :) Порано ми пречеше мирисот на храна што се готви,а сега го обожавам,зошто ме потсетува на дом,на топло огниште. И на љубов. Тоа ми е проблемот и затоа сум на диета цело време. Готвењето и храната ми се сврзани со љубов. И ми се љубов. :$
     
    На Elennaa, eliesaab, Lella и 11 други им се допаѓа ова.
  13. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Можеби некогаш ќе бидеме стари за многу работи,но никогаш за прегратка ..
     
    На Ivy89, ColoursOfTheRainbow, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.981
    Пол:
    Женски
    Јас ...деновиве многу сум чудна.Прво ја скратив косата од под рамена до над рамена.Сега ви имам еден таков сексилав боб да на улица ме нарекуваат еј девојче...Маж ми ме штипка што за предните ,што за задните образи,син ми ме бушави а половина од комшиите останаа со отворена уста.Па луѓе една промена на фризура колку промени ви внесе во животот,особено ако последната драстична промена сте ја имале во минатиот век.
    Истовремено станав смрт за штипки.Абе да не фатам штипка да не ми летне од раката,или да се преполови на половина.Затоа во последно време си купувам штипки.Последниот пат во продавницата видов едни така зелени,опуштувачки,ма поубави штипки не сум видела во животот...ма се вљубив во нив.
    Му велам на овој мојов ќе си земам штипки ,зашто постојано ми фалат ...замисли му велам како е некој да те закачи да висиш само на една штипка.Е луда си...и нормално ми купува штипки.И така јас целата среќна одвај чекам да дојде 10 часот навечер да си ја вклучам машинава...и се израдував на центрифугата како на сонце во зима.Ги вадам алиштатата и како Пепелашка се залетувам накај терасата...добро сега не сум до толку луда да трчам со коритце полно со алишта.Ама ми ја разбирате поентата.И си ги редам алиштата со новите штипки кога цврц за последните два пара нема штипки.Ги нацврскав чорапите на една скршена која ги задржа на жицата...и ми паѓа една мисла ,на маж ми во соседната соба му праќам порака дека би сакала да висам со него на една штипка секогаш и секаде.Овој доаѓа изненаден ...и остатоток не ви го кажувам претпоставувате нели?И така чорапите не споија сега, секогаш и во вечни векови.Амин.
    Го сакам бре,иако тоа не ме спречува некогаш да добивам нагон да го убијам.Нека ми го чува Бог.
     
    На WarriorAngel, bittersweet, Buttterfly и 25 други им се допаѓа ова.
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам оти умирам за спиење, а утре на работа. Добра ноќ зависнички од фемина што останувате без сон како мене. :* :*
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    Знам дека еден ден ќе се каам за тоа што не го живеам денес, но не е битно, зошто и онака мислам дека луѓето кога ќе остарат повеќе се каат за спомените што ги немаат да ги раскажат, него за работите што не ги проживеале..... на крајот на краиштата, епилогот е ист, од земја сме створени во..........
     
    На JoVaSt, eliesaab, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.983
    Допаѓања:
    166.601
    Пол:
    Женски
    Деновиве лебдам... не сум ни на небо, ни за земја...
    Во средата го завршив и последниот проект - успешно. Единствената незавршена работа во животецов, конечно ја решив. Пијам у тоа име. Сама. Што да не! :d: :)

    Мојата неуморна талкачка душа, верува дека ништо не се наоѓа само така.. туку се ствара, со взаемно делување на сите сетила кои се најосетливи и најзасегнати од она што ни е потребно во моментот..
    Пробувам да си ги скротам емоциите, и истовремено ми се чини дека да пробам да скротам бик во шпанска корида е уеј мор полесно.... ал шта чеш... :)

    Добра Ви ноќ, и убав почеток на новата недела. :)
     
    На Elennaa, Ketrin.Moon, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Не можам, а да не мислам како им е на оние сам-против-свих љубови.
    Премногу статии, премногу филмови, премногу песни, премногу емоции... за да не си ја побараш и најдеш патетиката длабоко во себе.

    http://www.youtube.com/watch?v=ZcjObzvElJc

    Добра ноќ.
    М, :makeup:
     
  19. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Бидете постојано свесни за вашите постапки и за изборите што секојдневно ги правите во животот! Бидејќи, во природата не постојат ни награди, ниту пак казни. Постојат само последици.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Некој, некогаш рекол дека она што носи краткотрајно задоволство, по дефиниција носи болка на долги патеки и за да се наречеш себеси хедонист, резултатот од чинот кој задоволува одредена наша желба, мора секогаш да се мери преку неговите евентуални попратни дејствија и последици кои на ваше големо разочарување, ги вклучува и луѓето околу вас кои се лично засегнати од вашите постапки.

    Прост пример, ти се јаде чоколадо, одиш и купуваш 500грама и ги јадеш сам одеднаш, а она што следи е лошење и повраќање или сакаш да се забавуваш, одиш се препијуваш и мортус пијана цела ноќ пееш опера над ВЦ школката, а во полошо сценарио, повраќаш врз твојата пријателка.
    Тоа не е хедонизам туку блесавост, безумност и егоизам, а на таквите задоволства хедонистите не би ни плукнале, затоа што сметаат дека чинот кој носи задоволство на краток рок е безначаен во споредба со чинот кој носи поголемо, помоќно задоволство на подолг рок.
    Уште повеќе и многу поважно, за хедонистите уживање не претставуваат само сетилните задоволства, всушност тие се многу ниско на нивната скала. Она што се вреднува кај нив се нештата како пријателство, верност и лојалност, уметност и слично, а меѓу најважните се прибраноста, воздржаноста и смиреноста на духот, и баш тие нешта најмногу помагаат да се избегне болката.

    Значи, под хедонизам не се подразбира безглав, хаотичен и себичен нагон за задоволување на личните потреби туку една рамнотежа и умереност во се, за да можеш да бидеш среќен и најважното - да ја избегнеш болката, а штом вашето задоволство, т.е. вашите постапки причинуваат незадоволство или болка на оние до вас кои додека вие уживате во тие краткотрајни задоволства, нивните лица полека се изобличуваат од љубомора, тогаш според мерилата на хедонистите, вие сте на погрешен пат и многу е смешно и патетично да се нарекувате хедонисти, размислете малку и запрашајте се дали воопшто заслужувате да го носите овој епитет кој сами си го доделивте.
     
    На Abeja, Barbie20, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.