Премногу ми фалеше вечерва да знаеш. И кога пиев, тебе те мислев, и кога пеев, тебе те мислев. И најубавиот кога помина до мене, пак тебе те мислев. Ама и да ти го кажам ова, што фајда? Нит ќе се смени нешто, нит па ќе ме разбереш како ми е.
Кај баба ми имаше едно тепалче за муви. Одамна не сум видела такво низ моиве екскурзии по гости. Се сеќавам кога бев мала ми личеше на тресач за килими. И сега некако не сум сигурна дали ги разграничив тотално двата предмети. Е со такво, железно, сакам да те истепам.
Ако ти значам колку што тврдиш, немаше да се однесуваш вака. Или ќе те избришам од фб или ќе те игнорирам. Мерки мора да се превземат.
Ако сакаш да ме слушниш јави се, смачено ми е да се правдам за нешто што не сум го направила. нема да те барам и колку сака нека звучи детски, ме фати инат и нема прва да те побарам.. јас имам многу повеќе причини да се сомневам во тебе, ама никогаш не сум го направила тоа затоа што ти верувам, мислев и ти мене, ама очигледно се лажев.
Не ветувај нешто што и двајцата знаеме дека нема да го исполниш! Не ти верувам повеќе да знаешш не можеш мене да ми кажеш дека си дома а не беше, те видов со свои очи само не сакав да правам скандали таму Овојпат јас ке се лутам и тоа многуу
Многу е интересно кога си ти виновен и самиот си свесен за тоа (можеби и не) и веднаш одиш контра како за се сум јас виновна, како јас имам друг и ред други измислени глупости. Хах, да срце нападот е најдобра самоодбрана. Неможе ти да ме лажеш како си бил на работа, а ти скорз на трето место, дури и не креваш кога ти звонам и си велам ај господинот сигурно има многу работа! Ама ете ти проба да ме излажеш, а мене како за чудо нешто ми дојде на памет и морав да те притиснам за да ми кажеш. Да, на лагата и се кратки нозете, проба да ме направиш будала, но не ти успеа! Да ми кажеше каде одиш верувај немаше да ти се налутам, но вака со лажење? Не, не! Ке се покаеш, ке те боли и тебе верувај. Бидејќи овој пат сум ти мн мн лута! Единствена будала си ти, што проба да ме лажеш.
Чувај го оној што има насмевка на лицето и покрај се, а не оној со цигара во устата и тетоважи по телото.
Ај, ако може сега избриши си ја меморијата и заборави на тоа. Ќе ти текне тебе (ако веќе не ти е текнало), али ќути си, поарно,
Знаев дека нема да биде лесно уште кога се впуштив во оваа врска, а се надевам знаеше и ти! И досега како да покажуваше оти знаеш, ама последниве неколку дена така ми идеш на живци, што утре најверојатно и ќе си го добиеш. Ај, поспиј си вечерва оти многу работиш ... нас ''мрзеливите'' кој не шиша!
Ти мене психички ме уништи. Ме докрајчи, мир немам.. Зошто мораше толкав кретен да испаднеш? Зошто? Толку многу ми фали онаа личност што ја запознав на почетокот.. Толку многу.. Во што ли се претвори? Дали си ти ова истиот оној, за кој животот би го дала? За кој светот би го срушила без око да ми трепне, идиоту еден.. Кретену еден.. Неможам да најдам зборови за да опишам како се чувствувам.. Таман мислев дека барем малце те подзаборавив, дека можам без тебе, зошто повторно се враќаш и тоа како ништо да не се случило? После се што ми направи. Толку многу ме повреди... Зошто ми ги враќаш спомените? Проклетите спомени.. Зар немаш ли малце срам? ДАЛИ ВООПШТО МИСЛИШ КАКО МИ Е МЕНЕ? ДАЛИ НЕКОГАШ СЕ СТАВИ НА МОЕ МЕСТО? ДАЛИ ЗНАЕШ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАМ? ДАЛИ НЕКОЈ ЗНАЕ?!?!?!?! Зошто ме замени со неа? Денес како се погледнувавме... Срцето ме боли кога те гледам онака како денеска.. Вриштам одвнатре ама неможеш да ме слушнеш.. Никогаш не слушна.. А како би ти се фрлила во прегратки.. Да ме гушнеш така силно како некогаш, воздух да немам.. Да ме бакнеш на челото, да ми ја погалиш косата.. Зошто вака ме мачиш? ОДИ СИ, ТЕ МОЛАМ... ОДИ СИ НЕ МЕ ПОВРЕДУВАЈ ПОВЕЌЕ.. Незнам некни како се воздржав да не прснам да плачам пред тебе како мало дете.. Не ми се верува дека ова сме јас и ти..
Тој поглед...таа насмевка...не знам што видов толку посебно во тебе, а што го немаше кај другите, да ме прашаат немам одговор, но во себе си знам... Се појави кога ми беше најмногу потребен, да ми кажеше некој, 2-3 дена пред тоа, немаше да верувам, но сепак многу ми е мило што се случи тоа, а и се се случува со причина. Магично се појави, магично исчезна..којзнае можеби не очекуваат убави моменти повторно некогаш и некаде, а можеби и сепак не, можеби тука е крајот. Времето ќе покаже како ќе биде, како ќе се одвиваат работите.