1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за да ја најдеме Дениса Маркоска

Дискусија во 'Политика и настани' започната од MorbGoth.666, 19 септември 2014.

  1. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    И мене ми е чудно тоа што на мајка и кажала дека нема да има интернет.Можеби девојчево нешто знаело :^) Дека се самоубила не верувам.Или како што кажавте недај боже е убиена или вмешана во ланци на проституција..
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Ееее да, заборавив на тоа. Со тоа што ѝ го кажала на мајка ѝ знаела дека ќе ја снема. Што и да е, таа била свесна дека ќе се случи. Самоубиство не е, некој што заминува да заработи не се самоубива, ако решил да се убива немало да оди џенем за тоа. А исто така и да е убиство, ако очекувала ќе избегала веројатно. Така да, 99 посто според мене е избегана.
     
    На mynameislove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека 99 % од бродовите имаат интернет, знам едно дете кое беше 6 месеци на брод, и секојден се слушаше со мајка му, после по извесно време 3-4 дена немало стварно интернет и се немаја слушнато.
    Му кажа дека немале интернет и зато не можел да се јави.
    Мене нешто не ми мириса баш океј, како то таа знаела дека немало да има интернет? знаеше на пример дека невреме можи ќе има? Можи Баба Ванѓа е па си гледа на прсти.
    Самоубиство не вервам да е, јас ако сакам да се отепам не ми треба да одам на брод џенемите, ако сакам и дома можам да се отепам. Нешто и се има случено на девојката, али ете никој ништо не видел :?: што е премногу чудно. Жално е како и да е, греота е, да не му си во кожата на родителите. :doh:
     
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Верувам дека е мртва, паднала од бродот. Нема да ја најдат од логични причини. Толку едноставно. Пропустите од небрижност на одговорните за контрола како изговор е залудно, секако ќе помине незабележано, гајле им било каде е во моментот, или пак во следните 2 часа.

    Не верувам дека проституција е вмешана во случајов од причина што не би си дозволиле да се крене толкава фама за само една девојка, за една Дениса. Голем е ризикот, влогот е мал, премногу внимание одвлекува во споредба со малиот профит кој би го остварила. Една девојка во тој голем свет не е од никакво значење, мислам дека целат на големо.
     
    На Bridget, Umbrella22, Kacjushka и 3 други им се допаѓа ова.
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски

    Ловли а кај ќе бега на отворено море ? |(

    Ајде сите што ќе исчезнат да не ги бараме и да мислиме дека заминале во подобар живот...

    Девојчето веќе било заминато од дома, ако сакала на нејзините може да и каже било каде дека е а не да исчезнува не лупетајте глупости..

    Инаку немам работено на брод ама имам патувано со многу поголем и помодерен брод и за тие 2 дена постојано снемуваше интернет морав да се качувам на палубата, бидејки во кабините немаше добар интернет. Може бил слаб интернетот па и кажала за да не се грижат, таа таму работела нема да може да трча за да фати интернет.

    Сеедно не знаеме што се случило, се е заплеткано. Медиумите ќе пишуваат некое време, секое чудо за 3 дена. А нечиј живот можеби завршил а нејзините ќе мора да живеат со тоа .:worried:
     
  6. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    ^ Па бродот застанува на различни места, не плови вечно јас колку што знам. А некој ако ја убил туку така ја фрлил во морето и никој не приметил? Плус нели го бараа телото и во море... Или пак ја сокрил некаде во бродот? Како и да е, јас мислам дека е избегана, ете не мора да е во бољи живот, туку се симнала од бродот бегајќи од нешто можеби. Не мора да значи дека сум во право, ама не може сите да размислуваме исто, со таа цел е и дискусијата. На крајот на краиштата, некој да го знаеше точниот одговор немаше ни да се води дискусијава. А сепак, можеби и оние кои треба го знаат одговорот, не мора да значи дека мора и јавноста да го дознае. Така е и за Малезискиот авион и за многу слични теми.
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    А што и да се случило навистина неможеме да дознаеме, се се само претпоставки.
    До сега ништо чудно не се случило, сега се случило.
    А нели го пребараа бродот? Едино ако некој не ја распалчил, па убаво ги измил деловите па ја сокрил по скафови и фиоки.
    Нема логика, пу пу, не дај боже. Може претходно немало интернет, па мислела дека ќе нема и сега.
     
  8. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Како прво, кога веќе постои темата барем насловот да не беше утнат, ќе ја најдете... ќе си играме инспектори на форум. Најверојатно е удавена.
     
    На Kacjushka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Арна е темата.

    Велиш најверојатно удавена? А беше со неа, ја виде како се дави? А како дојде до таквата констатација или само ти текна? Значи според тебе сите тие што ја бараат и оние кои се не се одговорни за истрагата, нели познајници и слично, се инспектори? Тебе не би ти било чудно да исчезне некој, би се замислила ли што им се случува на тие луѓе, патем и нивните семејства, низ кој страв поминуваат? Многу нормално дека секој би се запрашал што можело да и се случи.Мислам дека нема човек што е имун кога некој страда.
     
    На buba4e89, mims-89 и Elena69221 им се допаѓа ова.
  10. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Искрено за девојчето сакам да мислам позитивно....несакам да мислам дека е удавена, несакам да мислам дека имала нешто со проституција, несакам да мислам на било што грозно што би можело да и се случи.
    Сакам да мислам дека сама избегала, дека си нашла некое момче , и дека наскоро ќе ги контактира родителите.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.457
    Само што мислам на случајов ми доаѓаат навистина мачнини, но и тага.
    Ме лазат морници од моментот да не знаеш што се случува со некој близок.
     
  12. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Da navistina,strasna e i samata pomisla,da iscezne nekoj i so denovi,meseci,a ne retko i godini,da ne znaes apsolutno nisto za nego.Sakam da sum optimist,no ne retko vakvite slucai zavrsuvaat tragicno.Od site mozni scenarija,najverno mi e ona deka vo mig na nevnimanie padnala od brodot.
     
  13. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Не знам за темата, знам дека насловот не изгледа во ред. А ти не знаеш ништо повеќе од мене за тоа што и се случило, па тоа не те спречи да пишуваш тука тоа што ти текна.
    Телефонот оставен на палуба, брод на отворено море. Кое е најлогичното објаснување, избегала, се телепортирала некаде?? Не сакав да изгледа нападно, ама претеравте. Безброј сценарија испревртевте, ја најдовте ли? Помогнавте? Го ублаживте стравот на семејствата на сите исчезнати лица? За болдот, вие не ја барате, вие коментирате на форум. Нема потреба нареден пат да ме цитираш.
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Може да објасниш каде прочита дека ние ја бараме во болдот? Се разбира, дека одговорните на истрагата ја бараат и роднините, семејството, сосем разбирливо дека тука кажуваме мислења.Значи , убаво е се напишано, никаде никој не рекол тука некаде дека ние ја бараме.А и самата кажа дека можеби се удавила, значи направи сценарио за кое велиш дека најверојатно е удавена, убаво си е се напишано во темата, кристално јасно.
     
  15. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    168
    Абе девојки темава не е за да ја пронајдеме Дениса или да помогнеме за истрагата, не се фаќајте одма за насловот.

    Темава е повеќе да дискутираме за овој настан (како и за многу други каде не сме можеле да помогниме) како за општествено случување кое сите не потресе, па можеби и да споделиме некои совети или искуства за идните луѓе кои планираат да работат на брод како на пр. на што да внимаваат, како да постапат во некои случаи и сл.

    Мое мислење е дека девојката настрадала како последица на човечки фактор, е сега сите околности се закриваат бидејќи во спротивно ќе следуваат казни за бродската компанија. Покрај обештетувањето кое не би им претставувало проблем, ќе се соочат со лош глас за идните патници кој и те како лошо влијае на работата, а тука е и меѓународното бродско право според кое можна е и забрана за натамошна пловидба, затворски казни и сл.

    Се штитат големите играчи меѓу себе како викаат - врана на врана не вади очи.
     
    На buba4e89, Lovely93, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  16. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Темата не била отворена за да ја најдеме, без разлика што така пишувало во насловот.. добро, нека ви биде.
    И последно нешто... Гордана... јас кога пишав тука за прв пат, никаде не спомнав семејства и познаници, тоа ти се обиде да го подметнеш во понатамошниот тек и затоа ќе те замолам да не се цитираме повеќе, објаснување на нешта кои се веќе јасни не е потребно... освен тоа, не сакам да пишувам поопширно на оваа тема.
     
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Стварно многу сомнителен случај е ова со Дениса!
    Ни мене не ми е јасно како е можно од толкав брод полн патници ама баш никој да не забележи нешто невообичаено!? Значи била видена како пуши цигара, а не е видена како паѓа во морето, а? Епа фак лоџик! Во секој случај, не сакам да шпекулирам, но не е исклучена и можноста да Дениса можеби била и претходно инволвирана во некаков си валкан бизнис. Каков не знам, но чим мајка и ја известила дека нема да има интернет 2-3 дена, а капетанов на бродов (кој исто така ми дава многу сумљиви изјави од типот дека се самоубила или лажела за интернетот), дал изјава дека бродот никогаш не останувал без мрежна конекција. Мое мислење е дека тука Дениса можеби претчувствувала дека нешто лошо ќе се случи, па со тоа сакала да ги предупреди нејзините кога и кажала на мајка си дека 2-3 дена нема да може да контактира со нив по социјалниве мрежи. А и според некоја логика, и да е убиена еве, сигурно не ја убил некој непознат онака од чиста мира, туку мора да е некој со кого таа долго време се познавала бидејќи како што беше наведено на порталите од каде читав, девојката на бродот работела цели 3 години. Како и да е, не сакам да баксузирам но моја реална претпоставка е дека никогаш нема да ја најдат, или ако ја најдат нема сигурно да е жива пошто сметајќи го времето од кога е почната истрагата согласно со околностите во кои е исчезната тешко дека нешто добро ќе произлезе од ова.
    Во краен случај или завршила во ланец за проституција, пазар со бело робје, или се лизнала од палубата и паднала во морето па моторот долу ја сомлел. |(
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Оф сум ти подметнала, веројатно не бомба некоја.Значи, не реков дека некаде си кажала, тоа што го спомнав, е ради тоа што нормално дека семејството, познајниците ќе ја бараат, како што и впрочем се збори за неа на тв, се пишува за неа на интернет кој ја бара.Исчезнала девојката, кој сакаш да ја бара? Некој што воопшто не се интересира за неа? Не ми е јасно што толку се паничиш.

    Вале и тоа што викаш работела на бродот толку време, го продолжила и договорот, што значи веќе им е позната на екипажот на бродот, се сомневам дека тие навистина не ја забележале, мислам нормално да некого ако го знаеш, а да го снема одеднаш, да ти биде чудно зошто го снемало, каде е.
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Башка пази, господава чекале да стасаат до посакуваната дестинација па дури потоа да го пријават случајот, со цел да не ги вознемират патниците! |( Па сега ти рачунај колку време поминало од исчезнувањето до моментот на известување на полицијата. Може да биле 2 часа во прашање, може 3, а и повеќе. Како и да е ова ми изгледа на една добро планско извршена операција, единствено не можам да сфатам со каква намера е, пошто сепак се работи за млада девојка.
     
    На Lovely93, mimiiiii и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Tоа за бело робје... да киднапираат една девојка, само една... Колку и да ни е нам дегутантно, премногу ги има што доброволно улетуваат во таа елитна проституција, или бродска... така што, не знам колку таа самата би им била потребна.