1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Јас не сум од оние кои чекаат да дојде некој "совршен ден",кои се радуваат на родендени,имаат без број бессони ноќи мечтаејќи за далечни средби .. Да бидам искрена,мене веќе одамна ми смета тоа што времето минува .. тоа е реалноста .. заглавена сум измеѓу слабоста и инаетот .. |(
     
    На natemila и mal.ecka им се допаѓа ова.
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    За првпат во моево повеќегодишно форумско дружење, се почувствував искористено. И навистина ми е жал што несебично и од срце напишав работи кои мислев дека на еден млад мозок и добронамерно срце ќе му бидат од корист. Ама не. Гадно се излажав, зашто доживеав да ми признае дека станала обична мивка, да ми се придерува преку виртуелен разговор, да ми каже дека јас не знам да живеам, дека среќата се бара во нечиј кревет, а не во љубовта :doh: Па добро, ние глупи сме, еве вие како подмладок повеќе знаете, веќе сте станале инвентар во животите на мажите, па што ако, се за пари. Наместо да бидете единствени, вие преферирате да бидете како сите, покажани со прст... :x

    На децава им требаат жешки шлаканици. Ах бе, родители, не знаете ли што пуштате од дома :x Се повеќе ви го серат образот, ама вас ви е потаман се додека не бара пари од дома, нели? Браво. Се вознемирив бе еј...За срамота! Ќе ви помине животот дури трепнете, а среќа никаде, само материјални ситни задоволства...
     
    На Serafima, bittersweet, Ivy89 и 25 други им се допаѓа ова.
  3. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Добро ни пристигна мила ЕСЕН !!!!!!!!!
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    ^
    Дали тоа значи дека треба да си одам? ;( Ноу, ај рефјус. Summer begins in :~: When i met you in the summer :d: :music:
     
  5. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.358
    Допаѓања:
    83.786
    Пол:
    Женски
    ^
    Стеј Самерке те сакаме и во есен и во зима :D
     
    На Ivy89, MademoiselleB, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  6. bombona23

    bombona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.817
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Ова модерно време ке не уништи како пријатели како роднини како другари ,колку што имаш повеќе можност да комуницираш преку социјалните мрежи толку повеке се одалечуваме едни од други ,немаме време да пишеме :!: а камоли како порано да имаме идими дојдими .Имаме коли ,но не и за да ги посетиш роднините ,имаме куќи но не и за да дојдат роднините ,имаме се но го немаме она што порано го имале нашите претци ,тоа е поштовање дружење со роднини .Сега што остана ?Освен завист ненаситност и злоба во луѓето.Задоволството во животот незнаат каде да го бараат .Кога ке ни текне во што треба да ја бараме среќата ке побараме уште еден живот ама нема .
     
    На Elennaa, eliesaab, Barbie20 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Стомакот знае кога да боли, баш кога имам испрашувања и тестови. :D
    Барем да си поуживам додека сум дома. :tmi:
     
    На sajonaramucaca и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  9. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Толку убаво одамна немам отспиено. Надвор врне,дува,јас свиткана во јорганчето си се топлам и тркалам како палачинка,и си мислам на убави нешта :D Зимски човек сум јас.
    Штом залади,веднаш се чувствувам подобро,и најважно,ми се враќа позитивата. Знам дека си одат депре моментите кога повторно им се радувам на малечките нешта,како јадење бисквити и млеко и слушање рок наутро,и повторно измислувам смотани финтички и самата се смеам на нив. Тоа е старата,добра и весела Ази :D
    Имајте убав ден... :)
     
    На Elennaa, Barbie20, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Мрзам да одам на заболекар.
    Надвор ладно, не се жалам, убаво е, ама јас се зафркнав, излегов на куси ракави и тенка јакна. Памет за друг пат:
    Пред да одиш некаде, види какво е времето надвор.
    Додека го пишувам ова излезе сонце. :fubar:
    Ќе си облечам ниски чизми и кожно палто, доаѓа зима. :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • images.png
      images.png
      Големина на фајлот:
      4,2 KB
      Прегледи:
      173
    На sajonaramucaca, ColoursOfTheRainbow и AziskaStrslenka им се допаѓа ова.
  11. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    А зошто луѓето се однесуваат еден кон друг како крволочни животни пред месо – гневни, бесни, едвај чекаат да те раскинат, да ги стават своите заби во твоето месо, твојата душа, да јачиш од болка само затоа што си различен, само затоа што ти си им пречка на нивниот пат кон некаква речиси ништожна цел која тие замислиле дека мора да ја добијат, никогаш не разбрав.

    Никогаш не разбрав од каде потекнува таа потреба послабиот од тебе да го повредиш, да го унакажеш, да го оштетиш за цел живот, да го полудиш. Никогаш не разбрав зошто луѓето имаат толкава потреба да се наречат себе волк, а некој да го наречат јагне.

    Никогаш не разбрав зошто луѓето водат таква борба за опстанок, што воопшто и не е потребна.
    Не, јас не сум слаба. Мене само ми треба повеќе време за да сфатам колку е овој живот суров. Не. Не е животот суров. Сурови се луѓето.
     
    На bittersweet, Elennaa, SparkyAngel и 18 други им се допаѓа ова.
  12. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    На MademoiselleB му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Колку е убаво кога изморена ќе се вратиш од школо после напорни седум часа и гледаш нека нема никој дома. Се заклучувам дома, си отворам пакетче грицки и се фрлам во перниците. :mm:

    Понекогаш навистина ми треба да се излирам од се’ и да се одморам. Вака сама со себе, да правам што сакам. Навистина ми требаше вакво нешто. :angel:
    Прекрасно е кога си сам дома, тишина е и нема никој кој ќе те зарача нешто да правиш, кој ќе ти менува канали и ќе ти зборува. ^_^

    И така, имајте убав ден. :hai:
     
    На Elennaa, Someonespecial, Valerin и 5 други им се допаѓа ова.
  14. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Хмм,мене вака некој да ми даде палтенце сега како што ми е ладно :D [​IMG]
     
    На ColoursOfTheRainbow и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  15. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Се е полесно кога имаш поддршка од партнерот ;)
     
    На Ivy89, MademoiselleB, De-lovely и 9 други им се допаѓа ова.
  16. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    дека ова зиме, на Дедо Мраз, само снег му барам во МК.
     
    На eliesaab, LittlePinky и Hipica им се допаѓа ова.
  17. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Кога сакаш и доволно се трудиш да направиш нешто, секогаш успева. Периодов ми беше доказ за тоа.
    Конечно средив и со факултетот, се гордеам со самата себе :wasntme:
     
    На kala21, eliesaab, mynameislove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Велат, таму каде што има љубов и надеж, со саканите, каде што се чувствуваш удобно и безбедно, таму е дом.
    Кај некоја од другарките и таму се чувствувам удобно, безбедно и сакано, какво и да е надвор времето. Кај роднините исто, затоа што секогаш се трудат да ми угодат и да не ми недостасува ништо. На школо и таму имам љубов од другарките.
    Ама секогаш колку и да ми е убаво на друго место, посакувам да сум дома.
    Секогаш се враќаме дома.
    Што е тоа што толку не врзува за домот?
    Зошто секогаш ми недостасува местото во кое сум израснала?
    Љубов, надеж, безбедност - дали само тоа не врзува за домот? Сепак не. Тоа се спомените. Мирисот, ќошињата, звуците, тишината, исполнетоста и празнината на таа куќа. Што е тоа посебното што не врзува за домот?
     
    На SparkyAngel, Ketnis, Ivy89 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Луѓето го менуваат карактерот според сезоните...
    Нo, некои од нив се константно толку површни, и сакајќи таа болна површина да не излезе на виделина натрупаат лажни ,,крпчиња'' врз себе само да го прикријат голилото што вреска од нивните души ако воопшто ги имаат. Нејсе, најлесно може да ги препознаете преку тоа што секоја реченица ја започнуваат со заменката ,,јас'' Па сакајќи да ви го искриволочат стекнатиот впечаток, најчесто низ нивното говорење ќе се сретнувате со фрази од типот ,,јас чувствувам'' ,, јас знам'' ,,јас можам''. Моја претопоставка е дека на овој начин си билдаат некаква лажна надеж дека некогаш ќе станат подобри. Патем, ваквите луѓе главно може да се поделат во две групи. Првите се богатите синчиња и ќеркичиња кои ќе ги затекнете со YOLO став за животот. И втората - онаа средната класа, јадни женчиња како туфкаат по шалтери бутаат се живо и диво пред себе, драмат за скршен нокт, или потчукнат автомобил. Тоа што животот им се распаѓа на сите можни полиња не е битно, ма нема никаква врска со нивните постапки тоа! |( И пре светот би доживеал колапс отколку да го дочекате нивното признание. Е, таквите според мене не се ништо повеќе од обични самобендисани егоистични социопати жедни за внимание, кои кукавички ја чуваат таа трула празнина како скап сувенир на полица. За ваквите интровертни ѓубриња кои се на врвот од пирамидата - асоцијалност, а глумат wanna be social, треба да се најде посебно место во пеколот! :swear: Оти лицемерието нивно плени толку што дури се прелева како зовриена вода од лонче чим зинат. Ма, ни сезоните кои ги спомнав претходно не може да ги стасаат во менување расположение, карактер, стил...Но, јас со тек на време научив како да го елиминирам влијанието од таквите емоционални вампири кои на крајот од денот и те како знаат да ти ја исцицаат и последната капка енергија. Башка, сфатив дека кад тад времето ќе ги прегази со што автоматски ќе им помине и рокот на траење. Всушност истото тоа време ќе ни биде и единствен показател за тоа на кого може да се потпреме во тешките периоди кои следуваат. Или поедноставно кажано се` дур бурата не затропа на вашата врата нема да ги дознаете одговорите на овие прашања, и сфатите колку вистински пријатели сте имале уствари. А колку од нив биле како горенаведениве, или само случајни минувачи по тротоарот на животот, кои ете барем малку допринеле да закачите по некоја колоритна фотографија плус во портфолието сеќавања колку да не е без ич. И да, се чудам на таквите кои знаат со какви личности се плеткаат но и покрај се свесно се впуштаат во нивните подли игри каде на крај испаѓаат жртви.

    Следствено на ова ќе се надоврзам и со мојата дамнешна соученичка од основно училиште - Летка. Сите 5-ки, државни натпревари само први места. Не ликовно, математика, музичко... Саде најдобра на свет, чиниш генијалец! А во карактер дрска кобила која не може да сврзе две просто проширени реченици. И се ова заедно траеше дур татичко не падна од работната функција како директор.:wasntme:
    И знаете каде е сега Летка? Во Прибилци мажена за некој ашљак со 5 деца.. Ете таму.

    Патем Летке ако читаш и дознаеш која сум, еве ти .!. на!! ;)
     
    На SparkyAngel, AziskaStrslenka, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Никогаш не го сфатив она кога мајка ми или баба ми сакаа да ми удрат ќотек кога јас кутрата ќе се здробев на улица :D
    Шала на страна, ова е глобално сериозен проблем на денешницата.

    Колку само жени, мажи и деца трпат ментално и физичко насилство од своите партнери и родители (да, да, и мажи). Колку само патат за грешки кои никогаш не ги направиле и плаќаат за лошите навики на злоставувачите и за нивните трауматични искуства од детството.
    И што е најстрашно од се‘, не се осмелуваат никаде да се обратат за истото зашто се воспитувани и растени во едно глупаво угнетувачко општество каде мажот има пријател во полиција, а жената ќе пролее три солзи и ќе добие старателство на суд.

    СТОП за насилството!
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, Elennaa, atala и 11 други им се допаѓа ова.