Брат ми ме гледа и ми се смее, сум гледала цртан филм, сум била дете како да не, каде е пишано тоа правило дека цртаните филмови се само за децата? ќе си гледам тоа што сакам јас! Покриена со топло ќебенце, цртан филм и чаша топло чоколадо уживанција
Од 60 тв програми на 20 има гатачки кој со свеќа ,кој со грав ,кој со карти ужас.Ајде тие се решиле така да заработуваат ,па да кога нашле овци за стрижење.Гледам јас од чиста радозналост да видам до каде може човек да се изглупира,се јавуваат на таа српска телевизија кај гатачката и оваа му вика на овие што се јавија да се јават уште три пати за да успее гледањето леле бе луѓе нензаев дали да се смеам или да плачам,а најкриво ми беше што најповеке имаше македонци во емисијата.
На 20 програми гатачка, на 10 нешто во стилот на Ѕвезде гранда, и Пинкови ѕвезди, на 20 турски серии, на 5 вести...златен Бумеранг, Картун нетворк, мини ултра и уште некоја де....
Eдна мисла вика: ''Во животот прави се' добро, еднаш направи лошо - лош си, а прави се' лошо и еднаш направи добро - добар си.'' Не можам да се сложам повеќе со ова.
И една мала болка знае да покаже колку сме слаби и колку не го цениме она највредното што го имаме, здравјето. Копнееме по материјално, копнееме по се’, ама таа мала болка, наша или на оној кој најмногу ни значи, кажува се’. Ништо не е повредно од тоа здравје што нажалост не можеме да го стекнеме како се’ друго.
Ја обожувам есента, сувиот студ, слабиот дожд, силниот ветер, разбушавената коса, топлиот кревет, долгите прошетки по златните лисја, силните искрени прегратки, насмевките, неговите бакнежи... Ова време поради некоја ни за мене непозната причина ми влева сигурност. И покрај главоболката успеав да ја носам насмевката. Цел ден сум опкружена со секакви луѓе и за прв пат тоа воопшто не ми пречи, напротив уживам да ги гледам сите тие различни карактери кои кога се оддалечуваат од мене се претопуваат во толпата наречена ученици. Имајте убав ден
Останав јас така занемена. Не знам што да одговорам, ниту како. Дали да бидам лута, или среќна? Барем да ми објаснеше. Сега... сега не знам ни што ми се случува. Каде сум? Во вулкан кој самошто не експлодирал, или на ливада со прекрасни цвеќиња?
Не можам да ги разберам комбинациите од типот - хеланка, црна (по можност скаена, али не мора, може и проѕирна), маица памучна црна исто, или на рамки, или во форма на корсет, памучно и тоа. И да потенцирам, должината на маицата - до ластикот на хеланката. Имате претстава за што зборам? Зошто?
Типична македонска работа ! Те повикуваат на интервју, ти кажуваат услови и се она што треба да работиш, до тој степен во себе да си кажеш, браво, знаев дека џабе не ми се дипломите . За на крај кога ќе ти кажат дека си избран од многуте кандидати, свест да ти се заврти што се треба да работиш, плус многу сосема различни работи, најмалку 10 различни од професијата за која си учел и за која е огласот за работното место, а плата иста !!! Е дури тогаш пак се враќаш во реалноста. Да бе, ова беше МАКЕДОНИЈА .
На нас ни се посреќи есенва.Посакувам радоста и заљубеноста да ни потраат многу долго Ех и јас да се пофалам го променив својот статус,лебдам по облаците,нон стоп се смешкам луѓенцава околу мене мислат дека сум луда, а вушност јас имам некој покрај себе кој ме прави среќна со своето присуство
Изгледа закаснав во животот .. повторно ! Некои ружи се недопирливи .. расцветале во нечии градини само да не воодушеват со своето постоење и гадно да не изгребат со своите трње .. Но,тоа е, сватив дека најголемите грешки во нашиот живот се всушност нашите најдраги спомени ..
За сите оние кои се враќаат од кафиња со одредени особи и креваат одма телефон да ти кажат кој што рекол за тебе, само ова би им го рекла
сдк... не се жалам, стојам цврсто и во најтешкиве денови, но кога ми треба другарка никоја нема. Го мразам она - ако можам да го наречам оправдување, дека сум била до нив и во лошо и во добро, дека јас сум ги барала да се видиме да поразговараме 10/1 пати, ама вистина е ( и џабе се силам пак да се јават пак ќе трчам да им угодам, да не погрешам, да не се налутат) и кога наеднаш ќе ги снема, тие пак чекаат Јас да сум таа што ќе ги побара. Се чуствувам како да постојам само за од корист. Е неможам повеќе, се е јасно Другарство ли е тоа да се гледаш еднаш во годината, а сте поминале толку многу време заедно И не мрчам, само ми тежеше, ете повеќе не.