Понекогаш помислувам дека сме премногу мали за ваква љубов, дека се уште не ја сфаќаме љубовта. Но, секој ден поминат со тебе, секој момент кога сме заедно сакам да трае цела вечност. Јас со тебе учам што значи љубовта. Вистинската љубов. Те сакам.
До пред некое време,на рингтон ми беше Mouth for war од Пантера. А последниве неколку месеци ми е Since I've been loving you од Цепелин. Размисли што ми правиш...
Ги сакам твоите сјајни очиња.Ги сакам деновите во кои утрото ми започнува со твојата насмевка, а ноќите завршуваат со бакнеж. :hug
Прости ми што немав храброст да заминам вчера,порано. Да те оставам да спиеш. Ме попречуваше твојата прегратка каде се почувствував заштитено,љубено за прв пат. Бев немоќна на твојот допир. Сакам да лежиме,гушкајќи се. Твојата глава да биде сместена на мојот граден кош. Моите нозе да бидат испреплетени со твоите. Со дланките нежно да го гушкам твоето тело кое трепери на мојот допир. И да те љубам,гледајќи те како спиеш. Да спиеме така,гушнати. Можеби не си свесен за сето ова,но би го дала цел живот да знам дека ќе го поминам во твоите прегратки. Веќе ми недостигаш...
Знам дека оваа ноќ ќе биде долга за мене,знам дека нема да склопам око. Спремна сум за неа.Спремни се и моите мисли да почнат да ги режисираат филмовите. Знаеш...понекогаш се прашувам што криеш толку во себе,што ме натера да се заљубам ?
Ти го дадов моето невино и чисто срце на дланка, но ти го фрли, го уништи ... Дали знаеш што значи да и ги украдеш соништата на една млада девојка? Не не знаеш, ниту некогаш ќе дознаеш.. Дали имаш воопшто совест, помисли ли барем некогаш на мене, да се запрашаш како сум, дали ми е потребна помош, подршка... ? Но, не се каам што бев твоја, ниту некогаш ќе биде така, во моите спомени секогаш ќе останеш таков каков што беше навистина, бидејќи оваа не си ти. Ти, мојата прва вистинска љубов, засекогаш ќе ми останеш длабоко во срцето. Колку и да бев добра, не ти чинеше, но веќе е доста! И немој некогаш да си дошол да ме прашаш како сум е тогаш ќе видиш што значи скршено срце на девојка, гнев.. Не само кон тебе, туку и кон сите оние кои ме повредија, ме уништи, ме прегази. Но, сепак не сум таква да мразам некого со кој сум била и да сакам да заборавам. Само незнам дали се плашиш од оној кој не гледа сите, еден ден сите ќе си платат за своите грешки и ќе осетиш како е да бидеш среќен да туѓа несреќа и колку навистина боли! Само знам дека ќе те сакам и покрај се.
Немам повеќе солзи алоооо....немам и овие што ми се незнам од каде ми се. Сите резерви се потрошија. Не спијам на вечер заради тебе јас,глуп си ? будала си што си ? На ништо не личи ова нашево повеќе.На ништо Секој почна да си прави тоа што сака........ Ех да можеше само да си заминам од тебе така лесно и тивко,и никогаш да не ја почувствувам празнината што те нема.
Сакам цел еден ден само за нас Да си лежиме гушнати во креветот,додека гледаме некое интересно филмче и грицкаме чипс или нешто друго благо Има да те здробам од гушкање и бацување! Секој момент со тебе ми е совршен,секоја секунда ми е најсреќна. Фала ти што постоиш. И да, не постои подобар чувар од тебе на светов ! Те сакам најмногу!
Те сакам најмногу и многу сум среќна за тебе, што се се реши и испадна во најдобар ред. И постојано ќе ти доаѓам овие неколку дена дома да те посетувам, како вчера и денес. Најубаво! Те гушкам пак и бацуфкам
Не си ми дечко, не сум те ни бакнала, можеби си ми другар зошто земајќи ги околностите во предвид, не ни можеме повеќе. Сфаќам дека ти требаше да бидеш на неговото место и жал ми е што не го искористив повеќе времето со тебе додека бевме заедно. Не ти го памтам баш лицето веќе, ама убавината ти ја пронајдов во психата. Знам дека самиве размислувања се погрешни и дека го претерав со моето кокетирање, згрешив и можеби ќе си го носам туѓото мислење на грб. А желбата е голема...
Средувајќи ги сликите во компјутер, го здогледав фолдерот со нашите слики. Се сеќавам кога ги префрлав сите тие слики, се надевав дека еден ден тука ќе има безброј многу слики, безброј многу спомени... А душата ми се исполнуваше од среќа, од самата помисла на тоа колку убави денови не очекуваат и колку многу можеме да постигнеме заедно и да бидеме засекогаш среќни. Премногу се надевав. И премногу очекував. Но, никогаш не помислив дека ќе заврши толку брзо и дека крајот ќе биде толку лош. Никогаш не помислив дека човекот кој премногу го сакав и со кој конечно ја пронајдов љубовта, човекот за кој мислев дека е најдобар на свет,човекот кој се грижеше за мене, ме чуваше, ме мазеше, ќе ме остави без око да му трепне и ќе продолжи да ги гради своите спомени и сите мои замисли за иднината со друга личност. Ти продолжи да градиш спомени со друга и продолжи да го исполнуваш твојот фолдер со слики на кои моето место ќе го завземе друга. Местото каде што јас требаше да бидам и за кое од секогаш сонував. До тебе... Во мојот фолдер секогаш ќе останат тие слики. И секогаш ќе се сеќавам.