1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали луѓето се потолерантни кон убави жени?

Дискусија во 'Психологија' започната од Nezna28, 13 јули 2014.

  1. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Дали мислите дека лугето се по толерантни кон убави жени без оглед што и да направат?
    Тргнувам од себе, можеби нескромно е звучи но од секогаш сум била поприлично убава девојка, и секогаш сум успевала да се протнам во разни ситуации на конто на убавината, тргувајки од нај баналните за пуштање преку ред па се до оние по комплицирани ситуации.
    Невелам дека нетреба да имаш и други квалитети, но мислам дека лугето се потолерантни без разлика каква глупост ќе направат убавите жени, полесно им простуваат.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Се согласувам до некаде но сметам дека поминува само кај спротивниот пол т.е мажите ќе им попуштат на убавите жени додека жените ќе им прогледаат низ прсти на убавите мажи :)

    Маж може да биде изманипулиран од убава, шармантна жена па уште ако таа почне да изиграва `дама во невоља`, па ронење крокодилски солзи- готов е :D додека кај жена тоа глумење лудило и пренемагање тешко ќе и помине, дури може и дополнително да и ја влоши ситуацијата.
     
    На Lolo5 и daylight им се допаѓа ова.
  3. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Се согласувам да. Се додека има паметни жени кои знаат како ја искористат убавината, ќе има и наивни мажи кои лесно паѓаат на неа :D
     
    На Lolo5, okcenzi и natemila им се допаѓа ова.
  4. differentmkd

    differentmkd Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    35
    Точно, неспорно е дека поминуваат кај спротивниот пол. Комбинацијата на убавина и културното кокетирање ( насмевка, поглед, размена на некој збор...) во поголемиот дел од случаите лесно поминуваат но некогаш знаат да си сносат и последици (не се сите мажи наивни, некои само глумат дека се зошто во моментот и нив им одговара) па да им се бара 'нешто' за возврат или пак да им се закачи некој нападен тип и тн... :)
     
    На Nezna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Не само кон убавите жени, туку истото важи и за убавите мажи. А нема ништо поопасно од маж со шарм. Прост пример е Џереми Микс.
    Сето тоа се должи на нашето неправилно логичко расудување и мешање на етиката со естетиката.
    Според мене трикот е тие треба да се свесни за својата убавина и да го искористат тоа, инаку никој нема да помине само преку убавината ако малку не се придонесе и со однесувањето, тоа :wasntme: однесување :D
     
    На Nausicaa и Nezna28 им се допаѓа ова.
  6. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Секако дека и убавите мажи имаат некаква предност, но во никој случај на друг маж не би му значело ништо во онос на толеранцијата ако условно кажано соперникот во одредеа работа му нагази на живец.
    А, и кај поголемиот дел на жените тешко дека би му било голем плус. Машката убавина е товар, затоа што од убав маж се очекува тој да има поголема толеранција и да биде со добро однесување т.е џенлмен.
    Според мене жената си е жена иако може да се појави некоја љубоморна на која ќе и пречи таа толеранција но нели, секогаш има исклучоци.
    Овој пат не зборуваме за манипулација со убавината и шармот и негова злоупотреба туку за чисто она дали убавите девојки повеќе се толерирани од типот, ако една иста глупост ја каже девојка која е просечна и девојка која е убава, со убава насмевка убаво лице.... секако дека многу по убаво ќе биде прифатена истата глупост што ја изговорила убава жена за разлика од просечната.
     
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Конкретно, кога станува збор за треснење зелени, мислам дека нема дискриминација, дури може и повеќе сеир да и фаќаат на убавата девојка (нели, стереотип на празноглава убавица ;) ) па уште ако е плава...

    Исто така, ако мислиш дека машката убавина не е плус, убаво пиша Summerlover, ѕирни ја приказната за Џереми Микс, да не знае човек дали да се смее или да плаче :|
    http://www.huffingtonpost.com/2014/06/2 ... 22029.html
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Секој има различна перцепција за убавината и ретко кога е тоа универзална убавина. На некого може Адриана Лима му е убава, на некого му е грда, се е во очите на тој што го гледа тоа.
    Доколку некој те смета за убава жена можеби ќе биде по толерантен, меѓутоа тука треба да се вклучи и шарм кој или го имаш или го немаш, а џабе е некој убав кога нема шарм. Без шармантна насмевка ништо не правиме. Не е само кај мажите, и кај жена со жена се случува ова. Кај мажите ова е неизбежно, сите паѓаат на убава жена, додека кај жените е малце по строго. Се случува не дека не, жена да биде по толерантна со друга жена само затоа што е убава, убаво изгледа и е учтива и насмеана. Освен ако не е некоја тешка искомплексирана жена па намерно да и попречува во тоа што треба на убавава.
    Да сумирам би рекла дека да, ретко кој да одолее и не и излезе во пресрет на фина, убава жена. :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    Изгледот е тој кој привлекува, ама не е само убавината пресудна, имало и случаи кога жени/мажи кои што не се убави успеале во истите работи. Ама ете имаат некој шарм,некоја харизма во себе.
    Инаку да земам за пример,машко со автомобил ке застане да пропушти убава жена на пешачки, некоја стара или грда ке ја пропушти ако мора само :D
    Сепак мислам дека кон убавите луѓе се однесуваат потолерантно.
    Како велат србите "Што је лепо и Богу је драго"
     
  10. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Кон убави жени секако дека се потолерантни, во прв ред мажите. Жените не се толерантни една спрема друга, секогаш се конкуренција поготово ако и двете се убави. А ако едната е пример убава и се тоа, другата просечна-тука настанува љубомора и секако се јавува нетолерантност во секој случај :)
     
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Мажот е толерантен со секоја жена што сака да има секс со неа , дали било убава или неубава....

    Али во овој случај да , убави жени се повеќе толерантни , се иде на тоа ако сум добар со нејзе може ќе се заинтересира за мене и повеќе ....
     
    На Lolo5 и 1209 им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.843
    Пол:
    Женски
    Јас се согласувам со искрениот дечко над мене, секако дека е така, јас никогаш не сум се ни посомневала дека машките така функционираат, мислам ова не е навреда да не ме сфатиш погрешно.Инаку не сметам дека луѓето се потолерантни на убави жени, во голем случај ако оној кој треба да толерира е жена, може и да биде љубоморна и злобна кон ваквите жени, а и да не е жена, сметам дека шармот и културното однесување е побитно отколку убавината.
     
    На Insatiable13 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Толеранцијата е човечка особина која секој од нас ја применува во различни ситуации.
    Но,убавината е нешто што го привлекува погледот,а тоа што може да го задржи вниманието е шармот кај една жена.Културните манири и харизмата се предуслов за потолерантен пристап кон женскиот пол од страна на мажите.Со оглед на тоа што жените имаат поинакво гледање кон истоимениот пол,ривалството е неизбежно за да се потисне една шармантна жена со убави манири.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Зависи дали толерантниот е маж или жена. :rofl:

    Шега. Немојте одма „ти реков-ми рече“, дијагнози од ракав, ставање зборови у уста од типот на „не` направи сите грди“ и слично. :D

    Моето видување и моето искуство вели дека харизматичните жени ... и мажи добиваат поголема толеранција без разлика дали имаат совршени црти и облини.

    Taка било во школо, така е на работа, така е во друштво и во животот воопшто...

    Ова го зборам пошо има луѓе кои се убави според некои стандарди, преубави, но немаат некоја мила ѕвезда и неретко повеќе го “кркаат“ од оние исто толку (не)харизматични, без некоја забележителна убавина. Харизмата е тука клучна. Не само за толерирање, туку и за преферирање на одредени луѓе.
     
    На WarriorAngel, Sanjichka007, nevermet18 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Како беше она - Тоа што жена може со насмевка, маж не може ни со солзи :)
    За убавина не знам, ама мене лично љубезноста многу често врати ми отвора.
     
    На Gerbera, tessie и Artemission им се допаѓа ова.
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Човек пречекај го по оделото, а испрати го по акалот.
    Пред се се забележува физиономија, а потоа шармот, харизмата.
    Се сложувам дека луѓето се потолерантни кон убави жени, ама не секогаш.
    Ако некој криво е насаден, ма ако сакаш Џоли биди ќе те одј*бе.
     
    На Gerbera, ♡BuBaLe♡, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    И тоа многу, штом ќе видат згодна мома на се забораваат.
     
  18. natasa-natka

    natasa-natka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Дали лугето се по толерантни кон убави жени?

    Да..тоа е факт! Жално но вистинито...:/
     
  19. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Дали лугето се по толерантни кон убави жени?

    Да. Луѓето секогаш имаат повеќе толеранција спрема некој што е убав или згоден. Многу полесно им простуваат на убавите девојки, отколку на тие, да речам помалку убавите. Доколку две жени направат прекршок, гарант таа што е убава ќе добие помала казна, а таа што не е убава ќе добие поголема казна.
    Но, постојат и луѓе што не ја ценат убавината. Тоа се луѓе што најчесто и самите не се толку убави физички, или не се сметаат за такви. Таквите ќе направат се за да им наштетат на убавите луѓе.
     
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Дали лугето се по толерантни кон убави жени?

    Убавината физичка е важна, ама духовната уште поважна со ова мислам на насмеаност, духовитост по некоја шега и многу полесно ќе поминеш секаде.