Не дека се ми е совршено и дека не ми се случуваат лоши работи(има и полоши од тие, не дај боже).. но мислите и енергијата ги насочувам кон позитивни нешта.. Нели се е до психата! Затоа сум среќна..
Не. Никогаш не сум била среќна во вистинска смисла. Секогаш има нешто што ме држи на земја и не ме пушта да полетам од среќа. А деновие, среќата дури и ми делува недостижна.
Среќна сум! И во најмалите нешта умеам да пронајдам дел кој ќе ме исполни и воодушеви. Многу работи се случуваат и поминуваат во животот, остануваат оптимизмот и вербата во себе.Ништо не е идеално и секој го креира својот пат според сопствените убедувања и реалните можности. Она што ме одржува е семејството и вистинските вредности кои никогаш не изумираат, иако се поретко се применуваат.Воспитана сум во тој дух и ги почитувам.
Не! Понекогаш сум се почустувала среќна на одредени моменти но и тие кратко траеле...Скоро целиот живот не сум среќна..не барам премногу за да бидам среќна...едноставно ми е потребно љубов и внимание..незнам зошто целиот живот трагам по тоа..единствено тоа го барам..некои луѓе пред се ја гледаат кариерата и успехот во животот..но јас пред се ја ставам љубовта...можеби поради тоа што не сум ја почуствувала љубовта од моите родители..тие секогаш мислеле само да не порастат..да не нахранат.. никогаш немале време за да седнат до тебе и да поразговараат со тебе..да те прашаат отворено..да не те осудуваат..тие секогаш мислеа дека се е океј со мене.. иако јас тагував..ама не ги осудувам нив...сепак ги сакам многу..тоа се тие што ме родиле и изгледале..се обидувам да ја најдам причината поради која што сум толку многу желна за љубов и внимание..причината поради која што имам голем недостаток на љубов..се надевам дека еден ден ќе ја пронајдам среќата..
Срќна сум што ќерка ми е здрава и права, а и јас за да можам да ја пркнам, па зравје боже и внучиња да дочекам.
http://prntscr.com/4sfx7b Мнозинството е во потрага по совршенството. А според мене, совршенството е само премет на идеализирање, а не цел за постигнување. Беспрекорната среќа е секојдневие. Јас пример, секојдневно чувствувам непоматена, неизгребана, целосна, блескава среќа што навира како бран и се разлева полека, но сигурно и пријатно во најразлични ситуации. Кога ке добијам позитивна оценка, кога слушам убави вести, кога ќе видам некого што ми е драг, некои одредени моменти, среќата е во малите работи хаха.. Знам, секогаш може да си посреќен, се може да е подобро, но забораваме дека сепак е добро, може да биде и полошо. Навистина, самиот здив со кој ја пишувам реченицава е среќа. Среќна сум.
Моментално баш и не сум. Затоа што сум депресивна и ми се случуваат само лоши работи. Ама јас останувам на оптимизмот. Не се предавам. Има да бидам среќна, па макар да ми биде последно!
Да да да... И ми е многу убаво бадијала некој личности се трудат да ми ја расипат среќата ама тоа ќе им остане само пуста НЕОСТВАРЕНА желба
Никогаш посреќна. Прекрасно е чувството да имаш со кого да споделиш убави моменти, да те насмее, сослуша, разбере, утеши. Да го сакаш повеќе од се' и да знаеш дека Тој е твојата најголема среќа...
Не. Местово ме уништува, ме фрла во толкава депресија, што секој ден тонам сѐ подлабоко, и на моменти ме фаќа страв да не останам на ова, да не биде касно после за враќање...
Секогаш да си бидете среќни ( дури и кога не сте глумете дека сте тоа ќе го уништи непријателот) Од СРЕЌА ДА НЕ КУРТУЛИТЕ ,секогаш бидете си среќни и онака на никој не му е гајле ако не сте
Нема поголема среќа од тоа да имаш фамилија, пријатели, и некој што те сака... Дали можам да бидам посреќна, можам... но тоа е желба, а ова е среќа...