1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.652
    Допаѓања:
    95.751
    Пол:
    Женски
    Кокиче, да бидеме искрени, а ти да покажеш малце иницијатива сама од себе, да не го чекаш маж ти? Обиди се, што те кошта. Легни си до маж ти, гушни го, почни ти малку па да видиш и он како ќе сврти. Нема маж кој ако жената му се сврти и го предизвика нема да одговори на предизвиците, сигурна биди. Остави ги изговорите, премлада си за да се изгубиш во ваква глупава игра, да го одбиваш маж ти. Денес утре ќе го одбиеш и ќе побара на друго место тоа што дома не го добива, биди сигурна. Е тек тогаш ќе биде вистинскиот проблем а не сега. Не знам што чоек си ама мене утринскиот секс ми е најубав, набрзинка ама цел ден сум весела после, утрински секс ти е институција бре, и нема врска со овој навечер со сите можни пози и нежности. Опушти се и превземи ги работите во твои раце, остави ги проблемите на страна, бракот не смее да трпи заради инает. Проблемите со поширокото семејство ќе ги решиш на маса, а не во кревет ;)
     
    На tessie, kate21, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Хмм, не знам што да ти кажам мила, освен дека не мора да значи дека не те сака, едноставно може типов си се опуштил дека во брак, па го мрзи предигри, смета дека не треба да кажува „те сакам“, дека се подразбира тоа..... Не велам дека е тоа во ред, но има многу такви случаи. И за некое чудо ете ни тоа не значи дека тој помалку те сака од порано, можеби само му треба некој бум за да го сфати тоа. Ако го сакаш не се откажувај лесно, не е мала работа да ти пропадне брак доколку може да се спаси. Пробај на разни начини да му ставиш до знаење, е ако не успееш а се чувствуваш се` полошо, ќе му ја мислиш. Колку време е вака?

    Почни да си седиш на компјутер до покасно, да не му обрнуваш ти внимание, ќе видиш како ќе реагира. Штом веќе си му кажала а не те разбира..... Но упорно повторувај како ти фали внимание и почни да не му посветуваш ти воопшто. Мислам дека секој маж би се загрижил.
     
  3. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.142
    Допаѓања:
    25.091
    Пол:
    Женски
    маж ми мој е ист многу ме сака но не ми искажува јас веке го научив каков е и нему се лутам, ти на.ситници му гледаш кусури, и јас почетокот така му правев и се полошо стануваше нонстоп се каравме, треба да му го научиш табиетот и да нњ му се лутиш за ситници кокино
     
  4. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Токму ова е типичен пример како нетреба. Зошто да му го научи табиетот и да си се помири со фактот дека тој е таков и готово, зошто тој не и го научи табиетот нејзе?
    Како може да знаеш дека многу те сака ако никогаш не ти кажал?
    Точо е дека треба љубовта да се докаже на дело, но исто така убаво е да се слушне зборот те сакам нели? Иако сум машко мислам дека вие жените самите си ги спуштате стандардите и се враќате на она од пред 500 години добар маж е само ако не ме тепа друго ништо не е битно.
    Дури мене како маж ме нервираат вакви ставови и затоа реагирам. Зошто да се помири со тоа, зошто да неможе и она како и секоја нормална жена да го добие потребното внимание и да ужива и таа во сексот а не да биде робинка да чува деца и да биде сексуален објект во кој мажот ќе се испразни и ќе почне да хрчи.
    Мој став е, ако жената не се чувствува убаво за време на сексот, ако се чувствува искористена тогаш воопшто нетреба ниту да се случи сексот. Нека се лути, се додека не се научи како се постапува со жена нетреба ниту тој да ужива. Никогаш вие жените немојте да се ставате себе во втор план и да велите, тој е маж и се му е дозволено, што повеќе се цените и почитувате себеси толку повеќе ќе ве почитуваат и они.
     
    На fallenangel, okcenzi, Hipica и 11 други им се допаѓа ова.
  5. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.142
    Допаѓања:
    25.091
    Пол:
    Женски
    не се разбравме добро , не реков дека се ставам во втор план и дека него се му е дозволено,туку зборувам за дела он ми докажува секој ден а толку не спомнува, на почеток се жалев се карав со него зошсто неми споменува дека ме сака , таков сум јас во себе држам неможам да искажам и то е то, и сега што треба дасе оставам со него? А сексот ни е добар немам проблеми со тоа
     
  6. lobenickaa97

    lobenickaa97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    38
    знаеш што да направиш ? земи купи си неколку парчиња долна облека танга и земи така пали го малце знаеш како нели? онака влечи му се и он ако несака незнам совет каков да ти дадам нема спас од таков маж :lol:
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Последниов проблем не е сексот во брак. Сакам, ама не сакам, вака ми прави, вака не ми прави, сакам вака не како он сака. Врската е проблемот каква е тука, не сексот.
    Чудо, еднаш го немам фатено маж ми на порн да се пали па мене да ме бара. Се знае како одат тие работи. Му треба порн за сам, повели и уживај. Ако сака со мене не му треба порн. Во брак барем фетишите си ги знаете(се надевам) без да се срамите.
    Секоја жена сака да е заведена до секс, секој маж сака ××××× во кревет. Или менувајте тактика на база 50-50 кога како или златна средина. Оти еден да е и иницијатор, и заведувач, и главен задоволувач цело време цели кон досада и изгубен интерес.
     
  8. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно ти си таа што го тера мм да се одалечи од тебе. Хмм покрај мене до него да дозволам тој како што ти кажуваш рачно да се задоволи, јас би се почуствувала не доволно секси. Зашто не пробаш ти да му ја дадеш него таа нежност, да се спремиш прво за себе, а после и за него. Па да смислиш некоја предигра што тебе те возбудува и да му предложиш заедно да си поиграте. Како што ти сакаш нежзност, така и тој сака возбуда. Пробај, не го гледај сексот како нешто што мора да го имаш, фантазирај, почуствувај дека сакаш да го имаш, покажи емоции и чуства и едноставно препушти и се на страста. Верувај ништо не губиш, можеш само да добиеш.
     
  9. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Браво, сексот ви е добар и тоа е најбитно нели?
    Зошто да не ти кажува и покажува секој ден дека те сака? Толку ли е тешко да те гушне и да ти каже те сакам? Треба да скокаш од среќа ако еднаш во 10 години го изговори тој мкагичен збор?
    Навистина имам многу прашалници но за жал одговорот твој ке биде јас знам дека ме сака и тоа ми е доволно. За жал на многу жени тоа им е доволно што они ќе се убедат себеси дек партнерот ги сака. Но исто така е точно дека колку човек може сам да се понижи и омаловажи никој друг неможе тоа да му го направи. Девојки, верувајте ми нема ништо повредно од вашето достоинство, се додека вие не решите дека треба да сте рамноправни тоа нема да се случи, се додека ја виткате кичмата се дотогаш ќе ве газат.
     
    На newmami и Glasna им се допаѓа ова.
  10. kokino

    kokino Нов член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    Можеби таа едноставно несака и прифатила да не го слуша тоа , но јас сакам да го слушам тоа ТЕ САКАМ . Зошто сум јас виновна што се вртам?Бидејки мм сака да гледа порнич да се возбуди и да дојде да се лупни во кревет и да сака секс без воопшто да ме возбуди? битно е само тој да се испразни ? А каде е нашето задоволство тука?
     
  11. kokino

    kokino Нов член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    извинете за постираното едно под друго. Погоре кажав зошто е така .
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892

    Си кажа таа дека и покажува постојано само поретко на зборови. Какви заклучоци извади од тоа што луѓе во брак не си велат те сакам секојдневно, од нерамноправност, понижување до виткање кичми и газење. Жити се, и мене не ми кажуваат секој ден -те сакам па не знаев дека сум толку за жалење. Ќе треба да бараме по секоја цена првичната страст и возбуда да е присутна секојдневно без оглед на се, инаку развод.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kokino

    kokino Нов член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    мм те сакам не е ми кажал 1 година ма може и повеке и што не треба да сакам да м и каже . Каков маже лкога не вели те сакам воопшто. И ако му кажам јас те сакам тој да вели Добро?
     
  14. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Проблемот со сексот е проблем со бракот... Не е важно дали некој кажува дали другиот го сака, туку дали покажува дека го сака. Ако нема секс во бракот, значи има сериозен проблем во бракот. За да се врати сексот во бракот, треба да се најде па да се надмине проблемот во бракот. А брак без секс е како ручек без храна, река без вода, зима без снег, лето бе сонце...
     
    На zuzu82 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. belosija

    belosija Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Друштво

    Не знаете какво е чуството да си повторно слободен. Јас предходно пишев на темава. Мојот совет за секој е следниот. Пробај се што знаеш и умееш да средиш и секс и брак, за да подоцна не ти е криво, а ако не оди разводот е најдобар за сите и за жената и децата. Никој не е должен да трпи последици ако не знаете да живеете во заедница. Џабе било реализиран човек не си ако немаш спокој во душата. И пари и се е фарса само. Јас не глумам и сега искрено да кажам ми е многу лесно да минам низ разводот. Важно е само да пробате да разговарате двајца. Еден не може да реши. Ако не оди секс не оди разговор од било која причина тогаш се знае, секој на своја страна. Еден е животот. Не чекајте да се освести некој. Оти тоа му дојде како лото, чекаш милиони а можеби ќе добиеш на стари години. Што ќе ти се пари тогаш. Поуката е пробајте се што умеете и ако не оди не чекајте другиот да му се свести оти може касно да ви е. Ако вие отворено говорите а партнерот од свои мушички или кој знае што не се отвара тогаш тој е себичниот, не чекајте заминете си од таков брак кај што себичноста царува. Ако останете бо бракот децата повеќе ќе страдаат одколку ако заминете.
    Поздрав до сите
     
    На Daleron, Ariel и imelda им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Aх бе belosija, досега ли се мачевте? :worried: Ништо, тоа е сега, се надевам И ДВАЈЦАТА ќе бидете среќни и немој вината само нејзе да и` ја префрлаш. За танго двајца се потребни. Според тоа колку лесно ти беше да ја наречеш „себична“ мајката на твоите деца со којашто сигурно не било толку лошо штом толку време си поминал со неа па и деца си и` направил, донекаде ми е јасно и какво било тоа твое однесување коешто интимно ја оттргнало жената од тебе. Не дека секогаш е така, но постојат жени коишто се нежни до таа мера (иако се силни, реализирани и самоуверени) што првите индикации на такво однесување ги ладат кон партнерот со брзина на светлината.

    Очигледно си бил ориентиран кон тоа да добиеш редовен и по твоја желба интимен живот, т.е. тебе да ти биде се` комплетно во бракот, а не кон тоа да ја усреќиш жената покрај себе, во тебе да види потпора, страст и желба, па да престане на интимноста со тебе да гледа како на брачна должност, туку како на задоволство, како на чин на меѓусебно поврзување. Во вакви ситуации, да добиеш интимност не треба да биде цел, туку резултат. Затоа што кога потребите на партнерот ќе значат усреќување за тебе, е тогаш си во една здрава и зрела брачна заедница. Кога партнерот служи за се` да ти биде тебе комплетно, тогаш не станува збор за функционален брак. Немој да мислиш само тебе те посочувам, на овој тест и двајцата сте паднале.

    Значи ќе си признаеш, ниту ти не си бил совршен сопруг кон неа, како што ни таа не ти ги задоволила твоите очекувања. Ама со став „сакам се` и го сакам тоа сега“ не се гради цврста брачна заедница која би требала да преживее бури и да е среќна кога има мирно море.

    Сега труди се да бидеш добар татко. Да не те натера таа трка да ти биде се` комплетно во животот да ги запоставиш децата, за коишто рече дека премногу ти значат. Тоа што не си во брак со мајка им, не те ослободува од родителската одговорност. И внимавај во иднина. Не прави деца на жена којашто мислиш дека е себична. Сега си веќе поискусен и подобро знаеш да процениш една личност.

    Не сакам ова да го сфатиш како напад само затоа што не гледам само еден виновник во приказната, туку да ти помогне да се преиспиташ малку и себеси и сопствените желби, ставови и мотиви за да бидеш среќен во иднина. Затоа што првото скалило кон несреќен живот е да мислиш дека не си виновен за ништо и дека се` си направил.

    Секое добро.
     
    На stetoskop, Ariel, anggell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Тоа ти е ко привезок да имаш. За нишо не ти служи буквално.
    Ако веч се мажам бар сум задовоЉена :$
     
    На Ariel и tessie им се допаѓа ова.
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    Ех, па не е за нишо сега... ќе се најде, сијалица да смени, да се оправа со мајстори, евентуално ѓубре да фрли... до душа ако размислам дека за привезок имам УСБ и доста често го користам, почесто од менување сијалици и викање мајстори... па во право си! :D

    Шега на страна, белосија, мило ми е што сте донеле некаква одлука и што се чувствуваш ок во сопствената кожа. Статус кво е најлоша опција, а тоа што се чувствуваш ок веројатно значи дека одлуката била на место.
     
    На imelda и tessie им се допаѓа ова.
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Мое мислење, ако не оди разговор не оди ни секс оти не е*е алатот туку мозокот.
     
  20. belosija

    belosija Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Само на кратко

    tessie - Лесно или тешко сум кажал себична и стојам на тоа дека е така. Ако е мајка на моите деца не значи дека тука е крајот на светот, дека се започнува и завршува со тоа. А што тоа е олади сега и не е важно. Дека до крај не се изјасни. И одговара тој статус нејзе. Бев ориентиран кон тоа да бидеме фамилија во која има љубов. Ништо повеќе или помалку. Децата за тоа имаат сенс повеќе од нас верувај ми. А дека сум пробал да ја усреќам не знам колку пати е пробано. И далеку од тоа дека сум бил совршен ама барем пробав да бидам. А за татко се знае каков треба да биде. За во иднина ќе биде напорно ама вака е подобро за сите најмногу за децата да не не гледаат напнати секој ден. Ќе се потрудам да им објаснам. И не го сватив како критика само се уште не ми е јасно како кога гледаш дека ти тоне бродот не преземаш ништо. Можеше да каже не сакам повеќе и без да каже причината. А не да продолжува агонијата и да чека чудо да се случи. Мене пасивноста ме убива во поим. Од една страна да си пасивен а од друга да обвиниш некој е пред се срамно. А еден е живот да чекам не сакам сакам да го живеам. Сакам да остарам со некоја со која може на стари години муабет да имам а не да биде едносмерна улица.

    Поздрав до сите

    П.С Дали некој од вас имал нирвана кога си со некој седиш дома или надвор во кафич, и без многу разговор ти е прекрасно и се разбираш одлично, само со поглед? Тоа од дамнешни времиња го немам доживеано. Па вие проценете си самите.