1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Јас познавам луѓе што се земаа затоа што други во нивната околина стапија во брак.
    А се изневеруваа на секое ќоше.
    Еве уште дури не ни живеат заедно. Да, убаво прочитавте, не живеат, чекале да се средат, со пари, со работа, со кров над глава...па после...
     
    На GeoDidi, bittersweet, QueenElena и 5 други им се допаѓа ова.
  2. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Верата во доброто да не ве напушта,
    Надежта за светлината и радоста да е во вашата душа,
    а Љубовта да биде во срцето на секој!
    Честит празник и за многу години
     
    На eliesaab, Ivy89, Barbie20 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.992
    Допаѓања:
    166.692
    Пол:
    Женски
    Улогата на принцеза во едно обично секојдневие никогаш не е досадна.. верувам сите девојки би се сложиле. :) Но да бидам искрена, тијарава ми одмара секоја есен... зошто обожавам да си го заметувам дворот, кога под стапалата слушам благо крцкање на жутите лисја.. додека млак сончев зрак ми го гали лицево.. а шоља чај или топло какао ме чека на масичката. :)

    Имаше времиња кога утрото не постоеше во моето секојдневие, зошто најчесто го преспивав.
    Но овие последни години, ми се чини, ако не се разбудам на рано на утро.. сум го пропуштила денот.
    Без разлика кое време ќе се разбудам, неам навика се излежавам во кревет. Чим отворам очи, веќе истата минута сум на нозе. И, секако, ако не треба негде да се иде тој ден, пижамите ми се 24 часовен аутфит. :$

    Деновиве ми се исклучително тивки..освен свадбата на братучетка ми во Арка, саботата... останативе денови.. ми поминуваат баш убаво. Чекам внука од неа. Носела уште една водолија рече, а веќе не има неколку во фамилија. :) Ако. Нека се множат шо би рекла баба ми. :)

    Оваа есен, ми е посебна љубов. Посебна приказна за раскажување..
    Среќна сум. Се што до сеа требаше да остварам - остварено. Чекам на нови предизвици. И тоа што тој се појави од нигде и никаде.. е само бонус. :) Ме смее.. го обожавам...
     
    На Elennaa, eliesaab, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Човек кој добро се познава себе си, никој друг не може да знае каков е тој во карактер.
     
    На eliesaab, elisabeta, MademoiselleB и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Е да, никој :)

    Јаките личности имаат само една слаба страна -жената, мажот што ( ја - го сака) :)
    Нема врска со твоето :) мој дневен престој на темава :P Шо, има време, ден е пред мене :D
     
    На Gordana10 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  6. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Не сакам да се повтори истата приказна од вчера. И нема да дозволам да се случи тоа.
     
  7. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    случајно (читај не знам кој ѓаол ме натера) влегов у подфорум Свадба и читам-текст за покани за свадба, давање збор, веридба, запросуење, како да се истапирам за свадба, на која страна да мочам коа ке станам утрото пред свадба, ако не ја прочитам Пеколот од Данте дали значи нема да бидам спремна за свекрвата пред свадба..... и искрено ми се стужи. не од вас луѓенца, до мене е... Јас не сум спремна за таков ОГРОМЕН чекор. Али ипак мислам пред се....денот коа закажуеш свадба треба да броиш 2 пати. еднаш да немаш добиено на тој ден, и уште еднаш да не си у ПМС тој ден. Да не им излезеш на сватовите со снајпер или калашников. А да. Глеј и деверушите да не се у ПМС -ако случајно се земи некое диазепамче на рефус нека има. Мож ке се најде. Од кај знаеш нели....
     
    На lunicka, Ariel, Daydream и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Весело расположение, ама еден куп обврски кои чекаат да бидат завршени, а мене ме мрзи.
    Сакам да се шетам, да гледам телевизија, да си седам на компјутер, да си пеам, да се смеам, ама од обврски, глава не можам да кренам.
    :)
    Ама ќе помине и ова, а потоа ќе си уживам. ^_^
    Имајте убав ден.
     
    На eliesaab, MademoiselleB, Ivy89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    81.318
    Пол:
    Женски
    Девојки стигна тортата , повелете на едно парче.
     

    Прикачени фајлови:

    На Elennaa, eliesaab, sweet-star и 8 други им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Битно е да се осеќаш сигурна дека со одредена личност сакаш да поминеш низ бура и низ мирно море заедно. Свадбата, комплицираните алишта и фризури и целата таа еуфорија се тотално незадолжителен дел од еден брачен живот. И дел којшто можеш да го одложуваш до моментот кога ќе бидеш подготвена. :*
     
    На lunicka и DigY им се допаѓа ова.
  11. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Многу сомнителна ми е ситуацијата кога се наоѓам пред куп обврски кои си имаат краен рок за завршување, од денес за утре, ме фаќа некоја мала паника, си се чудам како ли ќе постигнам....
    И настапувам....завршувам се...па и време ќе ми остане хмммм. :^) :^) Нешто ќе излезе на грешка од ова, сигурно...некоја буква голтнато, некој документ пропуштен....а можеби па и се навикнав на кратки рокови и притисок при работа, па веќе и малата паника не ми е оправдана. Можеби имам повеќе кондиција отколку што си мислев.

    Друго нешто, за што исто имам некое сомневање, е мојата набиена агенда неделава, за социјализација и дружење....Имено, пред некој ден свадба, потоа вечера со пријатели, потоа детски роденден, потоа ручек со претпоставени- неформален, па следи кафе дружење со стари колешки, па уште еден детски роденден, па најава за ручек со гости (мноооооооогу драга пријателка и колешка од страна) и....доста е луѓенца. Се сомневам да не ми се случи некој калчар сосиајлајзинг шок.
    Ама, Можеби имам повеќе кондиција отколку што си мислев. :lol: :lol:
     
    На eliesaab, Sexybaby86, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Дома сум скоро две недели, така нешто ќе му дојде, на интензивна програма составена од спиење, јадење, гледање серии и влечење по кафичи со сите што ги немам видено во последниве три години, не само пред Америка :rofl: .... Со еден збор, на регенерација и полнење батерии сум периодов, како бебе некое, спијам, па ќе каснам нешто, па си преспивам, па малце хаха хихи хуху, таман и сите нови серии ми беа почнати кога пристигна газот мој американски, па додека се свртиш, ајде време за вториот ручек ми дошло. :rofl:

    Е малце ми се пореметија плановите со еден друг план, можам да го споредам тој настан со на пример, си правиш неколку мали планчиња, како куќички. И си се тинтраш, ништо големо, гломазно, ама убавки ти се бе, онака со мерак си ги правиш и чуваш и негуваш. Онака па цвеќенца на нив, па столчиња платнени, па цели мини-градинки пред нив, фонтани и чуда. Наеднаш иде батка од градежна компанија и ти нуди да ти ги земе сите, ама за возврат ти дава цела зграда. И и ии, некако не можеш да му речеш не :tmi: , факт е дека животот се движи напред, сите одат напред, пуштаат нога, мораш и ти. Па така чекам да видам што ќе биде, моите куќички уште си стојат, а сигурна сум дека во иднина ќе бидат и станчиња во таа голема зграда.

    Ако сака, се' се може.
    Така си викам де.
    :?:

    Најдов прееска пикнати, од којзнае каде и од којзнае кога, 10 евра, стуткани во новчаник. Порано мојот лаком газ ќе најдеше начин да ги сплиска на нешто од козметички тип (не дека не спичкав и на тоа :tmi: , работава е вујче од Америка си дојде дома), можеби списанија, ама ДМ немаше да ми избега... Сега гледам крај на месец, отидов, го наполнив фрижидерот дома. Колку што може да се наполни за 600 денари де, ама сепак, некаква помош е да имаш од некоја страна џуџе што ти го рефил (леле во главата уште сум подесена на инглишки, вчера испаѓам и гледам полжав без куќичка и си викам сама на себе, леле slug.... не знам ни како се вика на македонски :( ) фрижидерот, колку за основни продукти.... Всушност, и пред да отидам имав некоја таква навика, ако ми останеа пари на крај на недела обавезно потпомагав, ама сега ќе гледам почесто така. Олеснување големо.

    Мада што, морам да признаам дека со сите повеќе се сакав од таму. :lol: Доаѓа момент во животот кога се презаситуваш, сфаќаш дека и некој да ти недостига е составен дел од животот и од растењето... Оти нема да пораснеш ако седиме дома обмотани со папочна врвца, нема да ми биде животот мед и млеко ако имам 20 луѓе физички до мене... Тие 20 и психички да се со мене е огромен благослов, да не речам, а во оваа ера па на крај краева, кој може да ти фали повеќе од 2 часа, додека не стигнеш дома и не го отвориш компјутерот? Ммм убаво се тешам, ама сфаќаш дека некои патишта мораш сам да ги поминеш за да си го најдеш местото под небото. А веќе сите почнавме да одиме по некоја патека...

    Живот, шта чеш. :talk:
    Одам сега кај ручекот.
    :D
     
    На Elennaa, Adi888, Lella и 27 други им се допаѓа ова.
  13. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Најубаво утро :?: Кога Ќе СТанам Како Што Сум Легнала ! Нити ќебенце нити ништо, ништо подместено, растурено. :lol: А не, станувам и незнам кај се наоѓам, спиејќи сум отишла на другата страна од креветот, ќебиња испреплетени крајот неможе да им се најде, перницата се на иста локација - ПОД :D Абе битка се водела во текот на ноќта еј .
    И како, како освен - Што ли сум сонувала? , да се разбудам со друга мисла, убава некоја, како на пример Денес Иви ќе правиш палачинки мхм ( само на јадење да се мислело бре :wasntme: )
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Ја ќе праам свадба у Апче.Па ко воли нек изволи :$ :*
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    И евтин часовник вреди најскапцено време...
    А времето е навистина тешко кога нешто толку нестрпливо го очекуваш.
    Имајте убав ден !
     
    На Elennaa, Lella, Barbie20 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Луѓето со раздвоени два заба горе,најслатко се смеат :D :$
     
    На Lella, kala21, mimiiiii и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Осаменоста најчесто не праќа на места каде што не припаѓаме...
     
    На Lella, kala21, eliesaab и 11 други им се допаѓа ова.
  18. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.547
    Da im go fuknam da ludive komsii, sekoj den po cel den tincat so hard rok muzika, iscepana do daska, mislis tendzerina pagat vo zgradata :@ :od niv televizorot ne se slusa @
     
  19. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Барам издувен вентил и можеби темата испукај по се е посоодветна. Мислам дека не го пишувам постот таму од причина што би сакала да наидам на соговорници истомисленици и себеси да си афирмирам дека ваквиот став не е производ на мојата мрзеливост или неволност за работа, дека сум само нормална и сакам не само пари, ами да имам кога и каде да го потрошам сработеното.

    Мачнина добивам кога си имам работа со опседнати луѓе со работата. Онаа категорија граѓани кои се опседнати со работното место до степен одвратност божем заработката е процентуална. Зборувам за своеволно приземање одговорности кои не им се доделени, прекувремена работа без особени очекувања тоа да биде побарано или пак забележано од некој. Сосема излишно и непотребно. Одлучив дека таквите персони не се премногу амбициозни по тоа што немаат дефинирна цел ниту потенцијал за унапредување кое би послужило како валиден изговор за нивното однесување. Под притисок во очите на работодавецот покрај таков робот кој го интересира само кариерата, останатите колеги изгледаат мрзеливи и сиот нивен труд е залуден. Се изгледа очајно паднато во сенката од работата на оној кој искрено и не се труди да остави некој впечаток, импресија па да земе некој денар вишок. Не, ваквите личности имаат проблем сам со себе, од психолошка природа најчесто. Социопати се, неизживеани. Сиот нивен социјален живот се заснова на односите кои ги имаат со не толку блиски пријателства кои почнале и завршуваат на нивното работно место. Колеги, клиенти, таму се луѓето кои им помагаат да го избегнат досадното секојдневие, празниот стан кој ги чека дома, час подоцна да размислуваат за проблемите во несреќниот брак или домашните обврски кои ги чекаат штом си одат од таму. И одлучиле да немаат живот или целиот да го поминат во избегнување на нештата.
    Верувам дека таму некаде и вие познавате некој таков и дека не сум само јас знам да налепам на такви некои, насекаде, постојано. По не знам кој пат, си имам работа со таква хормонално пренесена и сексуално фрустрирана личност која има проблем со тоа да си оди дома, па работи по 3 смени, и покрај неа и јас морам да останам 2 за на крај повторно да имам замерки за недоволна работа.

    Имено, добив понуда за работа со задоволителна позиција во државна фирма. Препораката е испратена од вработените со кои сум во непосредно чести и добри односи, но искрено не и пријателски па да ги наговорам на таков чекор кој носи одговорност сам по себе. Јас би била човекот кој би сакале да го видат таму, ќе се носи правилно со одговорноста која ќе му е доделена и нема да ги изневери нивните очекувања. Поласкана сум од тоа колку е мојот елан за работа забележан и вреднуван. но по се изгледа не секаде.

    Зборов ми е ако бирам да останам на ова работно место или да одам да си ја пробам среќата на интервју, што да носам на разговорот сукња или пантолони ?
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Да ги отворам моите тетратки од основно, ќе најдам само среќни песни.
    За сонцето, птиците, дрвјата, реките, планините, детството, татковината, љубовта...
    Дури и тетратките ми се нацртани со среќни цртежи.

    А сега седам пред компјутер и се обидувам да смислам некоја тажна песна, затоа што 13 годишно девојче има за домашна да напише елегија. Не да најде на интернет или во книга, па да ја препише, туку сама да ја состави. Зошто, ооо зошто? Зошто дете да пишува песни за „смрттта на некој близок, жал за младоста, загубена љубов, осаменост и слично"? - Ми ја чита дефиницијата од учебник и крева раменици.
    И сега јас се чудам како да напишам тажна песна која ќе биде соодветна на нејзината возраст и ќе ги содржи белезите што се дадени во учебникот.

    Деца се! Дајте им да пишуваат песни за среќни работи.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Elennaa, Ivy89 и 22 други им се допаѓа ова.