Плескавици од леќа На 1 кг леќа (за отприлика 6,7 луѓе) се става 2 jаjца, 2,5 филџани брашно, 3 главици кромид, 4 чешниња лук, малку магдонос и копар, сол, црн пипер и останати зачини по веус. Леќата jа подготвувам на два начина, зависи од времето на располагање. Може да се стави во вода да стои 24 часа (два пати се менува водата) или пак да jа сварите и веднаш да jа користите. Ако стои во вода, после тоа треба да се измеле со машина за мелење на месо и повкусна испаѓа на овој начин. Исецкаjте ги кромидот, лукот и останатото, додадете jа леќата, брашното и убаво измешајте. Додате ги jаjцата, посолете, додадете зачини. Формираjте плескавици, извалкаjте ги во лебни трошки. Загреjте масло, пржете од прилика по пет минути од секоја страна на тивок оган. Плескавиците да не бидат подебели од пола см.
http://www.surovoivkusno.com/ и http://somelikeitraw.mk/zoo/item/zhiv-humus два блога за ВЕГАНСКА исхрана со интересни рецепти
Едноставна , посна и детална супа. И плус превкусна. Се ренда 1-2 моркова, целер и пашканат. Се пропржуваат кратко на масло. Се додава вода да се варат оклку 1 саат на тивок оган во 1,5 литар вода. Потоа во супата се додава 4-5 супени лажци гриз, сол и црн пипер. Се вари уште оклку 30 мин ( додаека да се свари гризот). По желба може да се стави и сок од лимон и ситно сецка магдонос. Бон апетит. П.С Јас неможам да престанам да ја јадам, превкусна ми е.
Мал миљон рецепти знам. Затоа и сум фрикот во друштво можам од неколку состојки да направам ВАУ оброк. Дури ме напињаат зашто кафето го делам на печено,препечено и кафе со вкус на чоколадо. Вегетаријанска супа 2 коцки супа од зеленчук се варат во 2л вода.сецкани тиквички, морков, грашок,пченка, брокула,карфиол. Вегета, мелено ленено семе и бибер. Оброк за од нога Галети со нискомаслено сирење и црно семе.Мераци Вегетаријанска тава На куп исецкано варен компир,тиквици,морков, црн домат,домат, пиперка. Полиено со вода и зачини -се пече. Уштипците од тиквички и леќа ми се незаменливи,исто така и похован карфиол, но никогашне го поховам со бело брашно туку со пченкарно. Поубави ми се на вкус со тоа.
http://www.therawtarian.com/raw-brownie-recipe Најлесно за правење и многу вкусно!! https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... 854&type=1 Има и други здрави и слатки рецепти на сајтот..
Често го спремам ова, превкусно е. Количиниве се доволни за две особи ако сакате да ви испадне повеќе нормално ке ставите дупло 1 голема тиквица 1 голем модар патлижан 1 страк преж 2 големи свежи пиперки малку масло 1лаж.јаболков оцет или балсамико Тиквиците и модриот патлижан не се лупат. Зеленчукот се сецка на подебели и поголеми коцки, се става маслото,оцетот се зачинува по желба: вегета, бибер , оригано,магдонос,мешани зачини по желба и се става да се пече. Се пече окулу 30 мин ќе видите треба убаво да омекне, на пола печење се промешува. Преубаво е и мн вкусни ,оди со секое јадење.
Јас го ставам во смути, една лажичка во комбинација со други семиња, овошје и јогурт. Го ставам и во супи. Не ти треба некој посебен рецепт за него, можеш да го додадеш во која било течна храна или пијалок, не треба да се готви семето туку само да наскисне малку во течност. Така да ако планираш да го ставиш во супа или некоја манџа стави во чинијата пред да јадеш, една/две лажички.
Во земјена тава се ставаат компири, тиквица, морков, модар патлиџан, пченка, грашок, една рака ориз и кромид. По желба, наместо патлиџан (јас го избегнувам бидејки ми дава киселкаст вкус) можете да ставите доматно пире. Тавата ја печете и при крај додавате кашкавал млечен или растителен, доколку постите или сте вегани.
Пире или супа од грашок. За вегетаријанците без јајца, зашто и без јајца мене ми е убаво. Али јајцата се и секако гарниот така да лесно може да избере и нешто друго. Се блендира грашок по желба може да се додаде и морков малку. Некои додаваат супа од коцка, мене повкусно ми е со малку млеко и путер или наместо путер малку маслиново се загрева за да се згусти смесата. Зачин по избор, мој предлог е само многу бибер. Пријатен апетит.