1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крај на светот - Последните времиња

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 13 април 2011.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Во светите списи на сите светски религии се вели дека по бурата доаѓа сонце и животот навистина на Земјата ќе стане песна.
     
  2. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    Никој неможе да каже кога и како изгледа кога ке биде крајот на овој свет, Освен Бог, ниту неговите ангели
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Кон темава емисијата:

    Климатски промени: Пропаст на светот или пропаст на Земјата?

    „Една малку провокативна тема: Пропаст на светот, или пропаст на Земјата? Божјиот Дух дава јасни информации за тоа што би требало луѓето да променат за да се отклони промената на климата – или, ако вистински сакате: пропаста на светот„
     
  4. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Не треба да ви каже некој ,зарем не гледате дека е крај на светот ,секој ден се случуваат убиства ,поплави ,луѓето се мразат се повеке и повеќе ,дојде крајот ама никој не го гледа.Сите си го замислуваат крајот на светото како во филмовите
     
    На crazylady, girl-miri и daylight им се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    It's the end of the world as we know it (And I feel fine) :D Светот си е арен, оди напред, само некои одбираат да останат позади :wasntme:
     
    На Bender Rodriguez, BoneMachine, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    imelda кои се тиа што ке одберат да останат позади?оние кои сe bolni ,оние кои загинале во во авионска или која и да било несреќа ,оние кои гинат во земјотреси и поплави и оние кои гинат од секојдневните терористички напади оние ,па сега се појавија и некој џихадисти ,кои се тие ?од каде дојдоја?Светот изгледа си го сватила само од неколку души што успеале во животот а другите како да сакаат да им се случуваат лоши работи во животот.Гледајго светот во глобала, а не арен си е светот .
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Δ
    Аха, само сега во времето во кое ние живееме мрие народ, се убива во име на религијата, и најновото, почнаа да ја погаѓаат планетава земјотреси и поплави. :o
     
  8. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Да некажав дека немаше пред тоа,сега кога ке споредиш сто се случува во споредба со тоа време има ралика,на секој чекор убиства изчезнувања ,дури храната што ја јадеме овошјето зеленчукот се полни токсини ,после секој втор се мрази си завидува ,роднините што си живеел нема повеќе одење идење како порано,болести како еболата што се шири и ги коси луѓето ,нас секој чекор хомосексуалци ,па незнаат дали сакаат маж да бидат или жена све пореметено ,разводи повеќе отколку бракови .Колку и да го споредуваш со минатото тоа е
     
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Назад на, арен си е светот. А вториот мој пост го именувам како две минути време кое би го сакала назад. |(
     
    На Bender Rodriguez, BoneMachine и Abeja им се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Од блиски извори на владата денес дознав дека ни се гледа крајот, се ближи армагедон, опасни работи се случуваат и дека невремето кое ги зафати САД е всушност почеток на крајот на светот и дека истото се очекува и кај нас најмногу за десет дена.
    Си имаа луѓето тезгиче со книги во Автокоманда на автобуската кај Алкалоид, некоја нова вера,нова библија, разбираш, а јас толку невоспитано се насмеав кога го слушав муабетот дури непријатно ми стана од чичкото дотеран во костим, кој дојде да ја замени една од тетките, нешто како трета смена изгледа.
    Уште посмешна сцена беше кога еден дечко,веројатно ром, така убрзан им пристапи, ги поздрави и рече дека одамна не се виделе и ги праша дали имаат некоја нова книга, поразговараа и си отиде трчајќи, како што и дојде.
    А јас останав да се чудам на колку време издаваат книги и дали новата книга ќе содржи некое ново невреме или повторно темата ќе биде снегот уништувач на САД.
    Наредниот пат, ако сум вака добро расположена, ќе им пристапам со прашање-што да очекуваме од нивното ново дело, освен ако не се случи армагедон за 10 дена. Ако не се случи, не знам кој изговор ќе го измислат.
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  11. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Крајот на светот го очекуваат во буквална смисла на зборот ,е тоа се љуѓе.
     
  12. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    Во Библијата пишува: „[Бог] ја утврди земјата на нејзините темели; нема да се разниша довека, за сета вечност“
    КРАЈОТ НЕМА ДА БИДЕ ПРЕДИЗВИКАН ОД ЛУЃЕ ИЛИ ОД НЕКАКОВ АСТЕРОИД.
    Кој ќе го предизвика крајот? Во Откровение 19:11 пишува: „Го видов небото отворено и, гледај — бел коњ. А оној што седеше на него се вика Верен и Вистинит“. Во 19. стих од истото поглавје пишува: „Ги видов ѕверот и земните цареви и нивните војски собрани да водат војна со оној што седи на коњот и со неговата војска“ (Откровение 19:11-21 ). Иако поголемиот дел од овој извештај има симболично значење, можеме да дојдеме до следниов заклучок: Бог ќе испрати војска од ангели за да ги уништи своите непријатели.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Од цитатот очигледно е дека тој се однесува на планетата Земја, не на светот. Треба да се прави разлика помеѓу зборовите „светот„ и „Земја„. Светот е она кое го создале луѓето како структури на владеење спротивни на вечните божествени закони на хармонија и несебична љубов. Оттаму тој (светот) не ни може да трае вечно туку ќе пропадне (пропаѓањето на светот е денес повеќе од очигледно дека е во тек).
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    Не цитирај ме ако не разбираш....ја едно зборам а ти што ми збориш...се знае на што се мисли "светот" - НАШАТА ПЛАНЕТА. и не враќај.
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Барањето не ти се прифаќа. :) Се наоѓаме на форум. :!:

    Темата е „Крајот на светот и последните времиња„. Поради тоа потребно е да се разграничат овие два термина.


    [​IMG]
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.054
    Допаѓања:
    76.055
    Пол:
    Женски
    Крајот на светот нема да се случи никогаш.
    На мојот факултет имавме предавање за религијата и политиката, нивниот взаемен однос. На тоа предавање научив многу работи. Нели Исус рекол дека ќе се врати, но постои еден проблем. Сега да го објаснувам сето тоа е многу сложено. Накратко, во Ерусалим постои еден храм, односно џамија, на муслиманите. Се вика Al Aqsa. Претходно, на тоа место постоел еврејски храм, меѓутоа на некој од муслиманските свети лица (не знам како да ги наречам) на сон му се појавил Алах и му кажал дека на тоа место треба да бида изградена џамија. Е сега прогуглајте, еврејскиот храм не е целосно уништен, постои дел од него сеуште покрај џамијата. И сега евреите сакаат да си го вратат својот храм за да си ја спасат својата вера и своите души затоа што има едно правило кај нив - За нивната душа да биде спасена после смртта, треба да се молат и да принесуваат жртви онаму каде што е светиот храм, а нивниот храм е уништен. Муслиманите не попуштаат и не го даваат своето. А Исус ќе се врати на земјата тогаш кога евреите ќе си го вратат својот храм. Тука некаде е замешана и Америка, само не ми текнува на чија страна беше. За подетално, побарајте на интернет, професорот беше Miroljub Jevtic, има негови статии.
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Имајте во предвид дека верници не се само христијани, евреи и муслимани кои веруваат во крајот на светот и повторно враќање на Господ. Има хиндуси, сикхи, џаинисти, будисти, шинтоисти и тн. Повеќето верници не ни знаат за ова ниту пак веруваат дека тоа би можело да има некаква врска.

    На пр. муслиманите велат дека Исус ќе се врател откако сонцето ќе изгреело на запад (научно гледано додуша ова и не е невозможно) за да го победи антихристот и дека наводно тогаш христијаните ќе виделе дека муслиманите биле во право што верувале дека Исус е само пророк. Католичката и православната црква воопшто не ни велат дека Исус ќе се врати на Земјата, туку дека неговото царство ќе се воспостави и на Земјата а по воскресението на мртвите. Јеховините сведоци велат дека Исусовото присуство е забележливо веќе од 1914 год. па навака и дека само е прашање на време кога неговото присуство ќе дојде до потполн израз. Да не ги спомнуваме хиндусите кои веруваат дека крајот на светот и доаѓањето на Господ ќе се случи за околу 427,000 години.
     
  18. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Ova lichno od mene shto mi doshlo na um kako pomlad chitajki za pechatite iako nemora da znachi deka e tochno.
    Za prviot pechat mislam se zboruva za prviot Car Konstantin.
    A sega mislam deka se naogame pomegu chetvrti i peti pechat.
    Chetvrtiot pechat mi nalikuva mnogu na Hitler.I znameto so svastika.I prvata negova borba najnapred protiv evreite potoa i protiv drugite.
    Za petiot pechat poleka mislam deka se mestat rabotite.Sprema pravoslavnite zemji.
    Koga zboruva za lazniot prorok mislam deka toa se odnesuva na lazniot Muhamed.
    Ali ipak moze nishto od toa da ne e tochno,samo eden Bog znae i na nego cela slava!
     
  19. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Се извинувам за големината на болдираното, експериментирав со големината и бојата на фонтот само колку да видам како ќе изгледа.

    Mислам дека @imelda (поправи ме ако грешам) мислеше на оние кои ќе заостанат во школо или воопшто нема да го завршат, со друг збор пропалици-луѓе од апокалипста, луѓе кои пропаднале. Всушност зголемениот број на пропалици ја наговестува Апокалипсата, така пишува во Книгата на Откровенијата. Тука исто спаѓаат луѓе кои завршиле факс со врски ама тоа е веќе посебна тема.
     
    Последна измена: 11 февруари 2016
    На Bender Rodriguez и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  20. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    Јас би сакал да прашам од Христијанска гледна точка некој/а да ми објасни за второто Христово доаѓање, како ќе се случи тоа и што ќе стори Исус откако ќе дојде. Истотака би сакал да прашам дали во тоа време Израел ќе биде светска сила и ќе го владее светот како што било во времето на Соломон?