1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Мене никогаш моите ме немаат удрено. Никогаш. И кога правев бељи, само ми кажуваа дека можам да се повредам јас самата. Си бев паметна и ги слушав. Е сеа, брат ми, често прави бељи, хоби му е тоа, и си добива онака, еден шамар некогаш од мама. Не е убаво тоа што родителите не можат да се исконтролираат и без размислување веднаш го шлапаат детето. Со ќотек ништо не се постигнува. Сум забележала, кога ќе направи нешто големо и мама ќе го истепа, станува уште полош, почнува да писка, ги треска вратите, се затвара сам во соба. Многу лошо влијае тоа врз него, иако се случува само еднаш во месецот.
    Јас не сакам да го тепам, па што и да е направил. Само го викнувам на совет. Му кажувам зошто е лошо тоа што го прави, му велам да го среди нередот што го направил, па потоа ќе гледаме анимиран филм (ќе играме на таблетот, ќе јадеме или нешто сосем друго). Веднаш станува, среднува се` зад себе и се лепи до мене чекајќи некое убаво изненадување. Затоа сега, мене ме слуша во се` што ќе му кажам, а кога е со мама е непослушен.
    Затоа, ако имам дете еден ден, првин ќе го оставам да размисли што сторило, ќе разговараме, па ќе добиеме награда. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sinorinJa

    sinorinJa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Никако не го одобрувам !!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Големо НЕ за ќотекот . Една пишала дека во Шведска ги воспитувале децата поинаку, тоа и ние треба да го правиме, иако не можеме да се рамниме со нив. А не тој прост балкански менталитет да го применуваме
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со тебе.
    Треба и по малу ќотек, од една воспитна и два тири пати удрени по газето нема ништо да му биде.Чист пример се моите братучеди, тетка ми и тетин ми уште од мали и до ден денес цело време им зборат како треба како нетреба и никогаш ни воспитна не им удриле не ги допреле, па затоа сега се како муви без глави од што се им е дозволено и знаат дека нема ќотек да јадат станот ми го рушат, а дома тетками ќе исчисти една соба а другата веќе е лом и така си се врти жената низ куќа цел ден и собира по нив. :^)

    Мене и братми што ќе не скарале и удреле еднаш двапати денеска сме културни и прибрани деца.Никогаш не сме правеле некои големи бељи и многу сум им благодарна на моите како ме воспитале бидејќи денес мајками не се срами од мојата некутурност и неприбраност напротив се гордее што има ќерка и син за пример на другите.Како што мене ме израснаа и воспитаа така и јас моите деца и точка.

    Со ова не се фалам ама што е право право е :!:
     
  5. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Не мислев за едно две потплеснувања,туку за претерано тепање. Против сум за она тепање за ништо. Видов денес мајка со едно 4-5 годишно дете, таа не го држеше за рака и тоа падна. Таа наместо да му помогне, го навредуваше велејќи му "Будало една!" Како смееш да паднеш,копиле! Ајде пред мене! Но, тоа не е тоа. Таа го изнатепа што имаше модрици. Другарка ми и јас ја гледаме со подотворена уста и си кажуваме нешто меѓу себе за неа. А имаше и други луѓе што ја гледаа и коментираа. А таа кај крива и уште ние сме и криви.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Не сум против ќотекот, ама сега не да се претерува.По некоја воспитна онака лесна по газето.
    Пред се разговорање многу, буквално да им набуташ во то главчето нешто, е кога гледаш дека не бива плес малку. Само тоа некако не иде кога децата се веќе поголемки, да не речам кога ќе влезат во пубертет.
    Татко ми последен пат ме исплеска во 8-мо одд. тогаш го мразев, ама сега сум му благодарана.
    Само има ретард родители кои своите фрустрации ги лечат со ќотек врз децата, како погоре опишаниот пример кога детенцето паднало. На таквите пиштолот во чело.
     
  7. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.946
    Допаѓања:
    30.784
    Пол:
    Женски
    Моите родители мене никогаш рака не ми кренале, секогаш ме учеа дека нема нешто што неможе да се реши со разговор. Зошто ќотек?! Седни, убаво разговарај со него, на родителски начин. Кога ќе зборуваш со детето треба во твоите очи да види дека тоа со љубов му го кажуваш. Секој човек ќе сфати. Нема потреба од ќотек, не е животно.

    Мое мислење. :)
     
    На Lolo5, Someonespecial и Babushka им се допаѓа ова.
  8. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Не го одобрувам и никогаш нема да бидам таа што ќе го одобри .
    Ништо не се постигнува, баш напротив ,само негативен контра ефект.
    Се се постигнува со разговор , со збор. Така ќе сфати каде греши.
    Ова е само мое мислење. Не треба никој да се сложи со мене :)
     
    На Oscar Lady и Arthur им се допаѓа ова.
  9. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Строго сум воспитувана и без ќотек, ама кога ќе грмнеше татко ми по мене одма ко попче си бев.
    Доколку имам деца така би сакала да ги воспитувам во иднина.

    Не сум за тепање на деца, туку за воспитување ама чим имам слушнато една мајка лудача како образложува зошто го тепа своето аутистично дете со зборовите „боље он да плаче него ја“ тогаш стварно не знам до каде е отиден паметов на луѓево, до каде е светов отиден :tmi:

    Ако немаш живци и трпение подобро без деца продолжи во животот, зошто многу ама баш многу мајки се честопати нервозни и им се дерат на децата, ги тепаат и на мажите им се дерат по улица дур овој турка количка - абе подвижна хистерија и многу лошо за гледање. Да му се згади на човека...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Леле кога ќе ми текни :rofl:
    Како мала памтам кога нешто погрешно ќе направев, еден шамар и толку. Ама јас за инате да се сетат дека со шамар нема да постигнат ништо, за инат повторно правев нешто такво.. И на крај му текна и од тогаш рака ми немаат кренато :lol:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. InLove123

    InLove123 Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Лелее луѓе пооомош.
    Имам 12 години и за најмала ситница дома ме кршат од ќотек, одам на училиште и сите ме прашуваат за модриците, јас секој пат измислувам нов изговор ме прашуваат и наставниците - па кај и да се ќе дознаат сите.
    Се срамам од другарките, нивните родители немаат кренато рака на нив јас ќе умрам поради ова.
    две недели немам зборнато со родителите , ќе зборнам и одма шамар.. И не сваќаат дека со ќотек нема да ме натераат да правам нешто спротивно, од тоа што го правам кога ме тепаат. Моментално на лице имам две модрици, 3 ранички, заклучена сум во соба, ролетните се спуштени и моите мислат дека спијам. Утре сабајле без никаква причина ќе ме натепаат и ајде оди на училиште.. Секој ден на прв час каснам бидејќи морам да се средам од ќотекот, да се измијам исчешлам.. Физички ќотекот воопшто не ме боли, ама психички - премногу! На училиште носам 10 денари, другарките по 100, родителите толку ми даваат ,,За да ме научат да штедам'' Ако донесам четворка дома е смрт - има ѕидови да се кршат од ќотек.
    За нова година тие си излегоа јас сама дома седев и плачев, ич не им беше гајле. Тие имаат ајфони, а мене ни една крш нокиа не ми купуваат.. А пдарок за нова година и роденден ми беше чоколадо од оние најгрдине и 50 денари.. Срам ми е од комшиите, од другарките, од СИТЕ! Смачено ми е од ова, смачено ми е од животот! Почнувам и да д'ткам поради плачењето цели ноќи.. Ако моиве продолжат вака ќе се јавам социјално и ќе им раскажам се, ќе им речам да ме однесат во дом. Така би било 1000 пати поубаво..
    Ехх колку е суров животот.. Сакам моите таканаречени ,,родители'' едноставно да исчезнат од моите мисли и мојот живот. Сакам да се родам повторно и да не ја чувствувам психичката болка која сега ми е нанесувана. Едноставно сакам да почнам одново, со нови родители, кои знаат дека ќотекот не помага..
    ;( ;( ;( ;(
     
  12. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    ^Јас би ти предложила да ги пријавиш.Зошто за без причина да те тепаат?Нервозата врз тебе ја истураат?Па какви се тие родители? :^)

    Навистина ми падан жал за тебе дај боже наскоро се да биде во ред ;(
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    СОС ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ 0800 1 22 22
     
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Δ
    Се надевам не те тепаат, посебно не вака како што опиша, со модринки, со кршење од зидови за четворки и за добро утро. Доколку те тепаат, нема што да ги прикриваш, на наставниците е доста да кажеш зошто ти е модар образот денес, утре другиот и така по ред. Или роднина, тетка, вујко, на нив кажи им што се случува дома, покажи им траги од ќотекот. Крај краева, сама јави се, пријави ги, ќе дојде некој да испита ситуација.

    Доколку ова ти е одраз на годините, и во дом ќе ти дадат многу помалку од ајфон. Искрено се надевам дека не си тепана. Ако си им само лута на родителите за било што, смири се, полека, ќе помине.
     
  15. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774

    Глуп народ, прост и неизживеан. Кутрата ти, којзнае како ти е. :(
    Не е секој за родител бре, го склефта детето и потоа пушти и третирај го како губре. Свашта има по овој свет. Туку бегај од дома кај знаеш и умееш, бегај додека можеш. Снајди се, ако пред тоа не успее со социјалното. Кој знае како ќе реагираат тие чудовишта кога ќе дознаат дека си ги пријавила.
    Туку не можеш да ја кажеш некому вистината? На наставниците? На некој друг кој ти е близок?
    Пробај, разговарај со некого ама нешто направи. Не знам како да ти помогнам освен да ти дадам совет.
    Ама не се предавај туку реагирај додека е на време, за да следен пат не стигнеш до болница претепана од ќотек.

    Инаку имелда, не треба да те чуди тоа, на освој свет постојат секакви родители, сум видела и со свои очи како ги тепаат своите деца но за жал ништо не можев да направам.
     
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Некој погоре напишал дека со ќотекот само го омаловажувате детето и се согласувам. :) Мене ме има тепано татко ми како малечка, последен пат во основно, не ни памтам колку и како ме тепал веќе но имаше многу тешка рака, и делуваше ко безосетно да мава. Мене отсекогаш физичкиот напад ме повредувал психички, ми создавал чувство на инфериорност, потчинетост, погазеност.. Не сум можела да го избегнам и да си помогнам. И со тоа ми набивале нерационални стравови, а не памет за друг пат ко што велат. Впрочем, повеќето пати било за глупости и ако истепате 2-3 годишно дете што вчера научило да оди и одвај зборува, што ќе ве сфати? Ништо. :) Само ќе гледа закана во вас кога ќе кренете рака. И поубаво ќе сум сфатела да ми објаснеле со зборови, оти вака тоа ќе ме изиритира и на тие години позади нивен грб ќе направам некоја глупост па после чуди се зошто. Ајде, тоа бил детски памет, не дека ја префрлам сета вина на нив, ете сега размислувам и што и да правам, правам за себе.
    Како и да е, само разговор е потребен уште од најмали нозе, ништо друго :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Ќотек како воспитна мерка. Мислам стварно?? :x
    Никој проблем не се решава на ваков начин и ништо, ама баш ништо нема да постигнат тие родители кои ги тепаат своите деца. Напротив, ќе добијат спротивен ефект и сто пати полош исход од претходно.
    Како прво, во целост се пореметува психата на детето. А тоа е најтешко. Може да добие суицидални мисли. Во таков момент, помислуваш на се`, само да се спасиш. Кога ќе сфатиш дека ни од своите родители немаш љубов и подршка, од кој друг би можел да имаш?
    Па посегнуваш по лоши работи. Буквално, се уништуваш.
    После тоа следува и физичката болка, која никако не може да биде полоша од психичката. Раните заздравуваат, но зборовите и делата ( во случајов ќотекот) не можат никогаш да се заборават. Детето може и уплав да добие.
    Познавам дете кое дтка само поради тоа што татко му секој ден го тепа. И кога е во негово присуство седи мирно на едно место и само слуша дали господинот има некаква желба за да му ја исполни. Во спротивно се знае што следува.
    А кога е во друштво, колку толку заборава на тоа и гласот одма му се опушта.
    Значи, родителите понекогаш, не се свесни колку многу можат да му наштетат на сопственото дете и да му остават последици за цел живот, кои и те како ќе го чинат.
    Но, не е за секој родителството. Треба психички да се прегледа секој поединец кој е во план да оформува семејство, бидејќи после децата си патат. Ни криви ни должни.
    Се` може да се реши на мирен начин, со разговор. Никако не одобрувам ќотек како воспитна мерка, посебно не за банални работи. Ни кога има добра причина, ќотекот не е решение, не па за глупости. Некои родители од што не можат и не знаат како да се справат со грижите и нервозите од секојдневието, посегнуваат по своите деца и така ги лечат своите фрустрации.
    Страшно.
    Дете повеќе ќе те разбере доколку на смирен начин му покажеш што треба, а што не треба да прави. Со ќотек или ќе продолжи да го прави истото или ќе почне со полоши работи, но никако нема да се подобри.

    Мене, искрено, за овие 23 години, моите никогаш рака не кренале на мене. Ни кога сум била мала ни подоцна. Се` се решавало со разговор и сметам дека поради тоа сум станала подобра личност.
     
    На Lolo5 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Искрено постов ми е многу чуден, за вас не знам!
    Знам дека има секакви родители, ама овде се претерува и тоа многу, ама не од родителите туку од девојчево.
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.985
    Пол:
    Женски
    InLove123 не знам што да кажам.Мислам дека во училиштето имаш психолог,најпрво обрати се кај него/неа,ќе те посоветува што понатаму.За почеток верувам дека ќе ги викне твоите на разговор а ако продолжат исто има и други начини.Мислам не е нормално тоа да го прават нормални луѓе,а се прашувам како досега никој не ги приметил твоите модринки.Не верувам дека овде ќе помогнат роднини особено ако не си блиска со нив.За жал оставена си сама на себе и само ти можеш да си помогнеш.
     
  20. InLove123

    InLove123 Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Благодарам најискрено за советите :*
    Ќе разговарам со тетками и со психологот во училиштето, ако соберам храброст..
    Заборавив нешто да дополнам:
    Во последно време и родителите меѓусебно премногу се караат, незнам што е причината.. А и имам забележано такоми некогаш се враќа доцна, пијан. :!: Исто ја тепаат и сестрами.. Кога гледам како ја тепаат повеќе ми е жал за неа отколку за мене.. Ама ќе и предожам некако заедно да им се спротиставуме на родителите и да им објаснеме зошто да не не тепаат..
    Ќе ве известам за понатаму, позз :inlove:
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.