Јас правев царски пред две недели, со спинална...си ги видов бебушите одма, само што излегоа, го слушнав првиот плач! Ич ама ич да не се секираш, самиот царски нормално дека не е болен, осеќаш само тегнење на стомакот кога го вадат бебето ама тоа не боли (исто како на забар, кога вадиш заб со анестезија, осеќаш дека го вади ама не те боли), значи за време на операцијата слободно можеш да си пееш и уживаш Ќе бидам искрена, боли и е тешко првото станување после операцијата (после 24ч) ама и тоа е издржливо и зависи од психичката спремност на најката за издржување на болка, а штом си била спремна за природен пораѓај, верувам дека без проблем ќе станеш и првиот пат, а после тоа секој следен е се полесен и полесен. Немај гајле, јас и пак и пак и пак да раѓам, ќе го одберам пак царскиот како опција. Со лесно нека ти е и не се плаши, ништо не е страшно и тешко и гледај да бидеш со спинална, само поради тоа што полесно се освестуваш и не ти е лошо како кај целосната.
Moj izbor ke bide Dali sakam spiralna ili celosna jas bi odbrala spiralna harem vednas ke si ja vidam.Fala ti me ohrabri malku a ke mozam Li pravo da ja dojam i do koga ke me boli ranata
Со царски малку покасно доаѓа млеко, тоа значи за максимум 24ч ќе надојде (за разлика од природниот кај што доаѓа одма), значи првите 24ч нема да доиш и после веќе кога ќе станеш млекото ќе си дојде и ќе можеш и да доиш, прво во лежечка позиција ќе ти ги наместат, па после некој ден и во седечка. Јас после тие 24ч имав и млеко и ги доев. Лежев 5 дена во болница, а веќе на третиот четвртиот ден бев исправена за шетање. Само упорност во станување и шетање низ ходници и нема да имаш гајле. Од болница ќе си отидеш како нова раната ќе те наболува и после тоа ама незначително, како нелагодност. Мој совет ти е, после тие 24ч упорно станување и шетање и се ќе биде полесно и полесно. Јас една недела после царскиот шетав во сити малл
Јас сум спремна дека кога ќе дојде време (далеку е) ќе ме пораѓаат со царски - нема да барам самата, туку ради возраста, ради инвитрото, плус во Систина лесно се решаваат на тоа... Здравје, само до тогаш се да е во ред (прво да ги преживеам уште овие неколку дена до резултатите од амниоцинтезата)
Darcy јас и ти исто сме и др и ин витро и близнаци, сигурен царски Баш те мислев и сакав да те прашам како помина кај Гордана? Задоволна си?
Не носам близнаци, ама друго тоа е Иначе баш сум задоволна од докторката, навистина ми обрати и внимание, веднаш ми препорача амнио додуше, ама ме уверуваше колку во денешно време тоа е безбедно, и цело време додека траеше процедурата ми објаснуваше и ме смируваше. Сега треба да ги добијам во понеделник (ќе се јавам за секој случај и во петок ) резултатите, а да и се јавам за следниот скрининг, се надевам следната недела...
аморче2 а колку време трае царскиот? И јас сум со индикации за царски а и сакам тоа само не знам дали ќе можат да ми стават спинална пошто имам сколиоза Пред некој ден пуштив видео на ју тјуб гледав царски и се исплашив многу страшно изгледа за разлика од природниот, ако ми е кога гледам што не треба
Сум згрешила за близнациве )) Ама како и да е да е живо и здраво Баш ми е мило што си задоволна од др, зошто стварно е супер и стручна, темелна, објаснува, не паничи за џабе, не не испраќа на триста дополнителни прегледи ако е сигурна (јас се на се направив еден скрининг, ни една приска, ниту брисеви...) супер, слушај си ја неа и се ќе биде во ред не се секирај за ништо
И јас гледав а не треба, ништо од тоа ти не го гледаш и не го осеќаш, и не се замарај и ти како мене, ссе да знаеш Мојот царски дека со две бебиња траеше 40мин, од влегување во сала до излегување. Во 9:15 почнаа да ми ја ставаат спиналната, во 9:35 двете бебиња излегоа, во 9:50 веќе бев на интензивна и зборував на тел со сопругот. Твојот со едно не би требало повеќе од 20-25мин да трае. А тие минути нас ни се гледаат ко 5м не се секирај одма ќе помине. И не гледај на интернет видеа, зошто ништо не е како тоа што го гледаш и не читај на интернет за царски, зошто и јас прочитав се можно од форум до статии и ништо не е така како што е прикажано, напишано..
Па му земаа мерки на бебето, докторкава ми рече се е во ред од тоа што е гледа, и бев на приска (во гинекологија долу). Таму ми земаа крв и ме прашаа неколку екстра глупи прашања, па резултати во петок. И брисевите ги оставив на микробиологија (веројатно). Сега малку сум напната, до петок треба резултати да чекам, со приската не се отеретувам толку, ама брисевите Плус и незнам што да очекувам од брисевите, дај боже да се негативни !!! И за крвната слика ме искара, дека била слаба крвта... ме прати и на уринокултура за секој случај... Али бебуш ми е многу убав, малку успан беше вчера, едвај го разбуди докторката, ама кога го разбуди не претана да мафта и да прета И уште повраќам секој ден, да се пожалам. И од се ми се гади.
Devojki edno prasanje do vas kazete mi dali smee da se pie nekavka terapija koga ste bolni pa makar i paracetamol za temperatura fala vi ...
Женска, смееше парацетамол ако имаш температура а ако си омааксана и те болат коските тогаш аналгин, се разбира на растојание.. Јас исто толчев лук со ладна вода и киселина и сол и го сркав со лажица, носот кога ми беше затнат, над пареа стоев, и секој ден некогаш по еднаш некогаш два пати мм или свекрвами иили мајками кој ќе беше слободен со ракија ме мачкаше по цело тело, и секако, дома кога ќе имаш некој истуширај се подолго ама не со жешка вода, заради пареата, да не ти се слоши, затоа и ти реков да имаш друшто барем во другата соба додека се капиш..
мешина како сте ние денес на контрола поминавме добро и одлично напредуваме...сме покрупни ама добро е.мислам малечката е покрупна,јас само 5 кг од почеток еве сме 33 недела .малце тешко навечер ама ќе издржиме бакнежи до сите