Девојки како сте задоволни од Неутрогена гел за миење лице, пишува дека е гел - пилинг кој може два пати на ден да се користи. Нели ја суши кожата, и дали ја отстранува шминката добро, два пати да се мие лице со пилинг некако шубе ми е или пак не е толку јак, има ли некој искуство да сподели ?
Ако е таа неутрогена што ја користи братми, ама он ја користи за мозолчиња, му ја препорача дерматолог. се користи за миење на лице и како маска, ама јас знам дека е за мозолчиња. не за отстранување шминка, нз сепак можеш да си прашаш во аптека најубаво ќе ти објаснат
И јас досега го користев овој лосион за отстранување на шминката. Вчера ја забележав мицералната вода од Гарниер, па ќе пробам сега и со неа, гледам добри критики сте напишале за неа. А и економично пакување е, прилично е големо пакувањето за 289 денари... Искуство ќе споделам подоцна
Веќе месец дена користам мешавина од ладно цедено маслиново масло и дестилирана вода. Растворот го чувам во пластично шишенце па пред употреба убаво мешам, ставам на памук од тие пошироките за вадење шминка и на крај користам гел за миење лице. Нормално после ова ставам крема и тоа е тоа. Имам комбинирана кожа и можам да кажам дека сум задоволна од растворот а згора на се...ем природно ем економично.
Што мислите дали е добро да ја отстранувам шминката со Бекутан влажни марамчиња? И дали е добро да се отстранува маскарата со влажни марамчиња? Не знаев со што да ја бришам, а со влажни марамчиња многу ми паѓаа трепките.
Да, можеш да ја отстрануваш со влажни, па потоа можеш со некој лосион за лице па хидратантна крема. Јас ја отстранувам на овој начин И маскарата со влажни ја отстранувам само што мене не ми паѓаат трепките. Tip: фати ги трепките со влажно марамче и триј ги.
Голема грешка ќе направиш ако ја вадиш со влажни марамчиња. Бекутан не се наменети за лице. Конкретно ( нека ме поправи некој ако грешам). Најубаво со лосион за остранување на лице, а и со топла вода. А после негувај си го лицето со креми.
За шминката од очите има многу опции. Ќе ти ги пишам оние поефтините бидејќи секогаш е подобро прво да пробаш дали ќе ти одговара нешто без да мора да потрошиш премногу па потоа да продолжиш со варијанти кои ти сакаш. Bалеа отстрануваш на шминка од очи. Во целосно сино пакување е за неводоотпорна шминка. Можеби треба да ставиш малку повеќе но подобро отстранува ако го измешаш со неколку капки вода на истото памуче на кое ќе ставиш од отстранувачот. Друга варијанта е Alverde отстранувачот на база на невен кој мислам дека сега е на акција - поголема количина по цена на стандардното пакување. Од овој сум забележала дека ме печат очите па прекинав да го користам. Не беше нешто посебно добар, но за секој е различно. Овие се тие кои ги имам користено од претходно, зошто моментално користам природни алтернативи. За отстранување на шминката од лице има многу лосиони за лице. Единствено да внимаваш на тоа за каков вид на кожа се (млада, позрела, сува, мрсна) и одбери си онаков според тоа каква е твојата.
Мене очите ме печат скоро од сите отстранувачи за шминка на очи, што не пробав од најефтино до најскапо и ништо не ми помогна. На крај почнав да си ги чистам со масло, какво имам во моментот такво. Правам раствор во посебно шишенце со масло и малку вода да не биде ептен само со масло и одлично се вади секаква маскара, дури и водоотпона. Пробајте. Вака може и целото лице да се чисти само незнам колку е е фтикасно и колку длабински би исчистило.
Почнав со мицеларна вода на Гарниер, убаво ми ја вади целата шминка, и од очите исто така. Нема пецкање, нема ништо, само вода Задоволна сум. Јас потоа пак го мијам лицето со гел, па понатаму и остали ритуали, ама битно ми е шминката со нешто конкретно да ја отстранам.
Пробав без сапун ама не бива.Прво со Дав сапун(само јас си го употребувам),па млеко за вадење шминка и крема.Ако ми е исфрлено нешто и Дермогал лосион ама не редовно.
Прво ја отстранувам шминката со бекутан влажни марамици, па го мијам лицето со топла вода, и на крај ставам тоник, за да излезе се тоа што само со марамици не се отстранува.
http://www.dm.de/linkableblob/de_homepa ... 7018679000 Ги купив овие влажни марамчиња и задоволна сум Прво го чистам лицето со нив, потоа го мијам со гел за лице ( моментално од Авон), потоа тоник за лице ( Биотен) и на крај хидратантна крема за лице, најзадоволна сум од кремите од Афродита
Мојата постапка е следна: Прво ги чистам очите, па после лицето, со отстранувач за шминка на Авон. Ако во моментот го немам, шминката ја чистам со влажни марамчиња. После тоа го мијам лицето со сапун и вода и ставам крем.
Само маскарата ја вадам со влажни марамици (бебешки) дека најбрзо вршат работа. За останатата шминка го користам гел - кремов за чистење лице. Прво поминувам со памук, па после го мијам лицето со гел против мрсење и готова сум. Уствари и не ставам многу шминка од причина што сум голема мрза за после тоа да ја вадам, а спиење со неа не доаѓа во обзир.