1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања на интервју за работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од Dijana, 18 ноември 2009.

  1. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    едно од најидиотските прашања до сега:
    -каде живееш(во која населба)?...во стан ли?...со кого?...а станот ваш ли е или под кирија?...
    фирмава кај што бев на интервју во околинава на градов и затоа ме отече газдата од поставување вакви дебилни прашања а врв беше дали ќе ти пречи да патуваш низ земјава и кога на пример ќе си во гевгелија ете да преспиваш по хотел таму на едно 2/3 вечери и дали и на мм тоа не би му пречело? :o
    немеме ние во р.м. деловна култура на нивоу на интервјуата :lol: .
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Значи дефинитивно се согласувам со VICHY, што те боли таквото јас каде живеам, со кого, кој ми ја плаќа киријата, зошто сум дошла да барам работам во СК, катастрофа.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Јас многу одамна на едно интервју во позната фирма кога почнаа да ме прашуваат чични работи и за социјалниот статус убаво им кажав дека вакви прашања не се поставуваат на интервју ( според ниту една книга за тоа како да се спроведе интервју и што се е дозволено да ве прашаат), и замислете разговорот тргна воѓдруга насока. Ама зависи од тоа кој го спроведува интервјуто, зошто ако е голема компанија со посебна дирекција за човечки ресурси не смеат такви лапсузи да си дозволат а ако се работи за мали се е можно.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    Пред да почнам во Клинички пред 3-4 години отидов на интервју во една ординација во Аеродром мислам дека интернист беше докторот(околу 40 години).Прво нормални прашања за школо,искуство ово,оно и после а дечко имаш,заљубена ли си,дали патиш за љубов и слично јас го гледам бледо и он демек тоа ќе влијаело понатаму на работата затоа ме прашува.Не бидна ништо не ми се ни јави после тоа туку ме адна на фб и тоа од профилот на ординацијата педофил,манијак :puke:
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски


    Тоа од што толку се професионални, ти рекол дека ќе ти влијаело тоа на работата, а он како работодавец те прашува за приватен живот, изгледа нему му влијае, штом те прашал.Сосем нормално дека работа и приватен живот не се мешаат, смешно е тоа да прашуваат.Инаку, откачуваат со некои безпотребни прашања, се дешава, ама кој, колку си е професионален.
     
  6. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.623
    Допаѓања:
    8.509
    Пол:
    Женски
    На последното интервју пола саат ме испрашуваше за работата на дечко ми и татко ми , мизерна македонска работа, ми се одмили веќе и апликации да испракам за работа, од интервју на интервју се по мизерни прашања, мешање во приватноста |( .
     
  7. 1slavjanka

    1slavjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    503
    Пол:
    Женски
    За среќа досега не ми се случило да ми навлегуваат со прашања многу во приватноста барајќи информации за тате, бате или љубовниот живот. Кога би се нашла во таква ситуација не би одговорила на тие прашања.
    Ниту е професионално ниту пак треба да ги интересираат такви работи.
    Ако на самото интервју се однесуваат така просто можам да замислам какви ќе бидат како работодавачи или како претпоставени. :x
    Пашањето за платата го сметам како непотребно бидејќи веќе се знае колку е определено за некоја позиција па секако нема тоа да се промени. :D
     
  8. H.a.p.p.i.n.e.s.s

    H.a.p.p.i.n.e.s.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Би сакала да прашам дали некој бил на тестирање во МВР или пак познава некој што бил за да каже како изгледа и каков вид на прашања има?
     
  9. girlf

    girlf Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Пред извесно време бев на интервју во Виталиа, што ја сметам за една успешна компанија во Македонија, но бев изненадена од прашањата што ми ги поставија: Дали живеете во сопствен стан или под кирија? Со кого живеете во станот?Кој ја плаќа киријата за станот? Што работат родителите? Дали имате брат или сестра? Што завршил вашиот брат и колку е постар од Вас? И затоа што не сум од Скопје ме праша зошто не барате работа во Вашиот град? Не можам да поверувам колку приватни прашања поставуваат.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Моето тазе вработување беше вака.

    Стигам јас во фирмата, а ја земав и мајка ми со мене за друштво по пат да имам и газдарицата цела насмеана не пречека. Ми кажува дека работат само за извоз и ме праша дали знам бар нешто од тоа што го работат. Јас само кратко и кажав што имам завршено и таа ми вика аууууу супер, ајде од утре да почнеш. И реков дека не можам од утредента туку од наредна недела ама и мајка ми да ја вработат. И таа цела среќна што нашле некој писмен човек, ми вика да да да секако не е проблем, ако сака уште утре нека почне. Јас го кажав тоа за мајка ми ко на шала, ама ете и се посреќи. Сиротата газдарица од што збунета не ме праша за името, туку само број ми побара. Ама баш ништо не ме праша.
    Излегуваме надвор и таман влегувам во кола, ете го газдата. И тој исто два три реда муабет од типот како сте и дали ви се допадна тука. Ме праша исто и тој дали ми е познато бар нешто од таа раб и нему истиот одговор му го дадов и тој целиот пресреќен ау па ти ни требаш тука. И сеа луѓе едвај зедов два слободни дена да одморам. Платата одна на 1ви ја зедов ( во саботата) и тоа газдарицава ми се јави да ме праша дали сакам да отидам тамо или да прати некој да ми ја донесе во плик. Секако дека ми ја донесоа.
    Инаку во мојов град никогаш не ми се случило да испратам сиви или некое вакво интервју да имам како вашиве. Ама никогаш. Секогаш или бараат преку други работник или пак одам директно и јас сум таа и дојдов за работа. Толку. Инаку сум голем мрчатор на прашања од приватноста.
     
  11. Thunder

    Thunder Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Веројатно затоа што сте женски ви поставуваат такви прашања. Гадовите т.н газди, магупи со мали ку*иња се јачаат кога ќе видат женско и мислат дека можат да се играат со интимата на човек. Затоа кога и да ви се случи да ви постават такви прашања одма офикарете ги, писнете им да видите како ќе ве гледаат ;)
     
  12. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Пишувајте ги имињата на фирмите од кој што не сте задоволни, барем друг да не поминува низ истите глупости како вас.
    И кога веќе прашуваат такви несоодветни прашања истото прашајте ги и вие нив, љубовен статус станбено прашање членови на семејството, ако они имаат право да ви поставуваат такви прашања за да видат дали им одговарате и дали би се вклопиле во нивниот тим би требало истото и за вас да важи дали на вас ви одговара да работите со такви луѓе.
    Јас не ни праќав цв на огласи каде што не беше наведена платата и работното време.
    Стандардно интервју бла бла бла бла
    Имаш дечко ?
    Не гледам зошто би ти одговорила на тоа прашање.
    Ама ние сакаме да знаеме со какви луѓе си имаме работа.
    Извинете јас не сакам да си имам работа со вас, ви благодарам извинете за времето што ви го одземав, пријатно.
     
    Последна измена: 7 ноември 2014
    На Elena69221, rainbowec, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  13. sara5

    sara5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    dali nekoj bil na intervju za rabota vo ujp i kako pominal?
     
  14. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Јас бев на тестирање лани. Знам дека прво требало на интервју да не викнат, па после на тестирање, но јас и мн други директно на тестирањето бевме на правен факултет.
    Ќе ти кажам само да не се надеваш мн, доколку немаш некој да ти заврши работа
     
  15. sara5

    sara5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Na testiranje koj te povika,zosto mene me povikaa samo na intervju?
    i kakvo testiranje e toa jas imam zavrseno praven fakultet?
     
  16. f.e.m.i.n.k.a

    f.e.m.i.n.k.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Јас сум била на интервју во ујп, не е ништо страшно прашуваат за образованието кај си завршил,просек и сл. и за даноци нешто што знаеш какви има...од страната на ујп...инаку има многу кандидати а ќе влезе тој што е пратен од партија,секако однапред се знае...поздрав
     
    На sara5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Од УЈП ми се јавија дека ќе има тестирање во просториите на правен факултет, значи само се спроведуваше таму и нема никаква врска образованието ако те буни тоа.
    Тестирањето беше со стручни прашања за даноци. А колку што дознав од другите кандидати некои биле повикани на интервју прво, па на тестирање, ама бевме и многу што не викнаа само на тестирање.
    Бевме многу луѓе од цела македонија и имаше списоци залепени кој каде полага.
    Се на се, чисто ради реда е работава ако немаш некој да ти помогне.
    И да не заборавам, после неколку месеци ми стигна писмо со име и презиме на кандидатите што влегле на работа
     
    На sara5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ми биле поставени голем дел од прашањава и никогаш не сум се осеќала загрозено или дискриминирано. Ако некој почувствува дека треба да те вработи, ќе те вработи.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Најдискриминирачко прашање кое ми било поставено: Дали си мажена и кога планираш да основаш семејство. Тоа е мое лично право, мој живот и моја одлука, која апсолутно нетреба да биде пресудна при носењето на одлуката дали ќе го добијам работното место или не. :punch:
     
  20. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    10.721
    Пол:
    Женски
    Последниве недели одам по интервјуа за работа, некои барем беа доволно фини да ми направат од околу муабет за да дознаат дали сум мажена. На едно интервју толку дирекно ме праша типот што ми ги спои жичките моментално. Минута пред тоа ме праша дали би работела за 5000 денари (да напоменам дека бараат медицински факултет за работната позиција), и кога ме праша дали сум мажена така сум му спуштила, да се осигурам никогаш да не ме побараат од таа фирма. Му реков не е коректно од ваша страна да прашувате такви лични работи, ама ако толку ви е битно, не, не сум мажена. И го реков со таков тон како мајка да ми убил. Барем убаво ми дојде на душичката. После тоа влегов во втор круг во голема фирма каде воопшто не ме прашаа ништо за личниот живот, само ме прашаа дали сакам да се посветам на работата. Значи има и коректни работодавци кои ќе ти дадат поштена плата и ќе бидат фер со вработените. Сеуште чекам да ми се јават од таму, ама сега сум сигурна дека ако некој така безобразно ми се однесува на интервју, воопшто не би сакала да работам со такви луѓе.
    Знам дека сум малце хард-кор со муабетов, ама ако на прво гледање со тоа ме уценува дали ќе ме вработи, можам само да замислам што би ми правел ако ми дава плата. Подобро за помалку пари, ама барем коректен однос да си имаш со шефот.