1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Преку глава ми е од барања за игри на ФБ, плс бидете солидарни и поштедете ме од тој момент.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Млада си држи се, имаш уште многу време за да постигнеш тоа што сакаш, како поминува времето едни работи исчезнуваат други се појавуваат, без гајле се ќе биде.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Денот е поубав ако се започне со насмевка и заврши со насмевка.
    Убав збор кажан на пријател, пријателка, испиено кафе и трач муабет. Да зошто да не.
    Животот си го кроиме сами a расположението зависи од самите нас.

    Сдк- 2 со маж на шопиг не се оди,точка, му кажав на мојов ќе си најдам швалер ]:)
    Е сега и швалеров е маж ама на почеток бар нема да се буни :wasntme:
    Утрото е помудро од ноќта :hai: Оди мори спи :)
    [​IMG]
     
    На Elennaa, Lella, ines.h и 19 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Секогаш на овој фб исти статуси,секогаш има некој кој е во депресија,вечно има некој кој е среќен,некој постојано држи свеќа во мрак,а некој продава мачка во џак.Ова џак е ставено за рима не дека не знам како се вика.
    Лека ноќ!
    [​IMG]
     
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.642
    Пол:
    Женски
    Сите можеме да се согласиме дека кога сме под туш е совршено време за решавање животни проблеми и донесување животни одлуки. :drunk:
     
    На Sunshine.Sunshine, eliesaab и joy1 им се допаѓа ова.
  6. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Понекогаш победуваш,понекогаш учиш.
    Добра ноќ феминковци :*
     

    Прикачени фајлови:

    На eliesaab, Someonespecial, makedonkamak и 5 други им се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Нема потреба толку многу да рекламираат и пред и по вестите на Алфа најава за турските серии. Преку „таквото„ ни се тие серии...
     
  8. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Од секогаш сум се задоволувала со малку. Ситници ми биле потребни за да бидам среќна. И сеуште е така.
    Но, пред извесен период добив повеќе од тоа што го барав. Не по мое барање, не по моја желба, туку онака, случајно. Едноставно другата страна сакаше да ми пружи повеќе.
    Го изгубив и тоа. За премногу кратко време.
    И сега размислувам за сето тоа. Зошто до тогаш бев задоволна со малку, а откако добив повеќе, тоа малку, не дека не ме задоволува, ама ме прави да се чувствувам помалку вредно, а сето тоа води кон обвземање на мозокот со депресивни и песимистички мисли? :^)
    Јас, знам дека заслужувам повеќе од она што сега го добивам. И можеби, еден ден ќе го добијам и тоа што го заслужувам.
     
    На Elennaa, SparkyAngel, AziskaStrslenka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Вчера ми тропна минатото повторно на врата.
    Овој пат лично тој, дојде да ми каже дека сега смеел да ми се доближи, поминале 10 години, испувал градите како паун некој кога ми го кажуваше тоа, чиниш добил нобелова награда за мир а не дека поминале 10 години од денот кога ја доби забраната поради претепување на девојката.

    Целиот после збунет зошто не сум ја паметела датата, не знаев како да му објаснам дека немам потреба да се потсетувам на датата, сум го преболила тоа што ми го направил, продолжив да си го живеам животот, за разлика од него не сум заглавена во минатото, животот ми е прекрасен во сегашноста.

    Никако не чувствува вина, ниту се покајува затоа што ми го направи, сеуште и тој и неговите се уверени дека завршил во затвор заради мене а не заради тоа што тој го направил на мене, не умеат некои (не)луѓе да си превземаат одговорност за своите постапки и да престанат да ги обвинуваат сите други освен самите себеси за сите неуспеси и грешки во животот.

    Го боли фактот дека не успеа да ми втера страв во коски од него, дека не му се плашам без обзир на тоа што ми направи, дека не успеа да ме уништи, да ме направи да се плашам од сопствената сенка, не успеа да ми ја одземе способноста да сакам, да верувам во љубов, среќа, да продолжам да живеам и после него да бидам среќна со некој друг.

    Едно време се обвинував самата себеси како сум можела да бидам со таков човек, знаците дека е болно љубморен беа јасни како неонски светла да имаше над главата само што јас знаев дека не правам ништо за да биде предизвикана таа болна љубомора ги отфлав сите негови обвинување со насмевка, сите забрани му ги исмејував и си продолжував како и пред забраните, се додека не почна да ме гуши таа негова состојба и решив да ставам крај, тогаш тој реши дека ќе стави крај на мојот живот.

    Престанав да се обвинивам самата себеси, тој е одговорен за неговите постапки, јас само бев наивна и заљубена за прв пат во животот а тој како секој психопат добро си ја криеше темната страна се додека не можеше веќе да се крие и исплива на површината, тогаш и јас престанав да бидам наивна и заљубена, отворив ширум очите, тргнав розевите очила и ставив крај на врската, јас бев храбра тој испадна кукавица кој тепа девојка.

    Овој пат не ми треба забрана за доближување, овој пат страв во коски на него му втера мојата фамилија, кукавицата чекаше додека бев сама да ми тропне на врата, штета за него што сопругот отиде само да ги донесе браќата за да завршат со собата на бебево, кога ги виде овој кога излегоа од кола, сите четворица поголеми од америчкине фудбалски linebakers и тоа овие се толкави без додатна опрема, кога му кажав на сопругот кој е, кога му надвиснаа над глава, маж 39 годишен се измоча во гаќи од страв. :D Не знам што му кажаа, бев зафатена со смеење од кога се подмоча ама видов како пребледе и видно се тресеше од страв и не верувам дека ќе има храброст макар и да ја бара во Оз да ми се приближи веќе, не пак да ми се заканува мене и на децата мои, идиот така и му требаше, да биде понижен и засрамен.

    Знам дека е малку злобно од мене ама кога ми кажаа лани дека е во кома посакав да умре, знаев дека нема така лесно да се ослободам од него и посакав веќе да го нема, за да нема веќе што да ме потсетува на тоа минато, да не дојде до ситуација како вчера, не заради мене колку заради некој од моите кои ако нешто ми направи ќе завршат тие во затвор од кога ќе го убијат а не вреди никој да си го уништува животот заради некој како него.

    Сега единствено што чувствувам за него е сожалување, никогаш поради тоа што му е трула, црна душата нема да почувства или да доживее љубов, никогаш нема да биде сакан, да сака, никогаш нема да биде среќен, нема да доживее да погледне во нечии очи и да види бескрајна љубов и посветеност.
    Јас сето тоа го имам, го живеам секој ден, имам прекрасен човек до мене кој ми е се а и јас нему, имам прекрасни синчиња и уште малку уште еден член ќе го краси моето веќе не толку мало семејство, јас сум сакана, среќна и бескрајно задоволна од животот.

    Ништо не успеа да ми одземе, остана само прашинка од спомен далечен, закопан во минатото каде и што ќе остане, лекција дека после секој пад има издигнување, после дожд доаѓа сонце а моето сонце свети силно, блескаво.
     
    На NoellePage, Elennaa, 2036 и 43 други им се допаѓа ова.
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Хаххах ме изнасмеа, швалерот нема да се буни барем 1-2 пати , е после мисли што ќе најдеш.
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    256
    Очајно сакаме промени, а кога истите конечно се случуваат некако носталгично погледнуваме кон минатото.
    Многу сакав да се тргнам од средината, во нов град, со сосема нови луѓе, во динамичен живот за кој копнеев, за немање слободно време, за мног, многу луѓе и дружења.
    За на крајот кога го добив сето тоа, да сфатам и да си признаам дека тоа не сум јас. Не е дека не сакам дружења, но многу гужви прават да се чувствувам мало и ситно..
    Сега самотијата што ја добивам е луксуз, сега домот и кафе во дворот ми претставуваат идила, гледање серија без некој да се вртка околу тебе е толку недостижно.
    Октомври ме прави меланхолична и тажна, ме прави да се претопувам со мрачните есенски утра, дождови, додека се` што имам од тоа е многу луѓе во неколку квадрати, турбофолкерај на кој мораш си ги изложуваш ушите за да живееш со некого, една неволност која си ја влечкам со мене цел живот.
    Секогаш барам уште, ненастино. Секогаш недоволна.
     
    На Elennaa, Barbie20, sadgirl21 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Само да ви посакам убав ден на сите и насмевка на лицето :)
     
    На Ivy89, mal.ecka, elisabeta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Создадете си сопствена светлина, вашето сонце никогаш нема да престане да свети.
     
    На kala21, Viktorijaaa5, Barbie20 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Види Џули, тоа игнорирање може да биде одбранбен механизам на една личност која не се чувствува доволно сигурна и се плаши да се отвори пред тебе како конзерва од Х причини, а не дека те игнорира туку едноставно треба да ти даде до знаење да се потрудиш малку повеќе ако ти значи нешто бидејќи ова што го правиш очигледно не е доволно за да допреш до неа. Во овој случај, нема потреба да се плашиш од своите постапки бидејќи никогаш нема да бидеш криво прочитан или искористен зашто личноста на која и значиш ја очекува, забележува и цени секоја твоја (не)активност и ја анализира до последен детал, а тука од тебе зависи дали ти значи доволно за да се потрудиш да и укажеш на личноста што всушност чувствуваш, да покажеш сигурност и да ја стекнеш нејзината доверба за да ја отвориш школката каде сигурно ќе најдеш бисер.

    Она другото, свесно игнорирање... многу грозна работа е да изиграваш холивудска ѕвезда и изговор да ти биде - многу сум зафатен, ај ќе те разберам ако излегуваш на насловна на Форбс или се наоѓаш на листата топ50 бизнис жени во светот, но нема да те оправдам зашто ниту тие што изгледаат толку недостижни не се однесуваат вака неодговорно и несериозно кон оние кои го побарале нивното внимание, а поготово да глумат некаков занес-потрес, топло-ладно и не разбираат дека игнорирањето не е метода за привлекување туку за одбивање.

    Трчај - ќе бега, бегај - ќе трча можеби има ефект на почеток, а на долги патеки е смртоносно бидејќи на никој не му е интересно цело време да гледа во нечиј грб, а јас лично никогаш нема да се спуштам на тоа ниво да изигравам кутре и упорно да трчкам по некој кој со неговото игнорирање ми дава до знаење дека не сака да има ништо со мене.
    Колку и да ме привлекува некоја личност која мисли дека со своето игнорирање ќе направи да ме привлекува уште повеќе - ќе го постигне баш спротивното, се затварам, повлекувам и ќе почнам да губам интерес за тебе.

    Овие три сценариа на игнорирање не се тешки за распознавање и со мала анализа и проценка на личноста која ти значи, дури и без директно да ја прашаш можеш да донесеш заклучок за што станува збор, а ако некој е сеуште доволно слеп да мисли дека сум рамнодушна и дека ми е сеедно кога и на чело ми пишува колку ми значи... негов проблем, што ми преостанува, да ти нацртам треба ли?

    Не знам колку е разбирливо ова што го напишав сега ама кога се работи за емоции, тешко е логично да се напише бидејќи чувствата се сепак една категорија која е преголема да се објасни со зборови.

    Знаеш, настрана оние мали, слатки финти за игнорирање кои сите ние понекогаш ги применуваме, сеуште не сум видела играч кој постигнал гол, а ја игнорирал топката.
     
    На julie77, kate21 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  15. MademoiselleB

    MademoiselleB Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Фемина форум + нескафе = уживање[​IMG]

    Ај, сречен ден. :D
     
  16. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.252
    Допаѓања:
    124.696
    Убав ден и тебе,многу насмевки,нашите лица го заслужуваат тоа :*
     
    На bubic.k му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Ти Иван Исцелител ли си ? :D :D
     
    На MademoiselleB му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.252
    Допаѓања:
    124.696
    СДК додека на некои работата им претставува измачување за мене е вистинско задоволство...работа и дружење,комуникација,кафе со колешките сериозен муабет за иднината :D сме созреале....И покрај рајот кој ми е дома едвај чекам да одам на работа и да го дадам максимумот од мене,заради себе не за фала :!:
    Кога работиш за себе,тогаш работата е уживање.
     
    На Barbie20 и Lella им се допаѓа ова.
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Абе што да ви кажувам. :rofl:

    Почна школскава година,школо па на кафе прва смена,а втора смена до 8 вечер на часови,да му ибам работа,и тоа у петок 7 часа.Среќа срце професор,па не пушта понекад. :D
    Да ти се скиииииииини чорапот на раскрсница,дечко шо си го праел распоредот!
    Ако е женска,да и се удај швалеро во расолница. :rofl:

    Ммм,да,зборот ми беше,интересни викенди,од коа почна годинава,два пати на sleepover. :D Убавини :D
    Па сум се научила на кафе да глеам бе,се им погодувам,да сибам векот,до точка :lol:

    Како и да е,некни именден,ја болна,дома гости,ја со температура у соба,слушам од дневна Мирослав Илич,од соба Сепултура,абе шта да вам причам када све знате. :D
    Цела недела одморив од школо,утре ќе идам,и така.А планови за викендов веќе скроени,мммммммммда!

    Ај да не зборам многу,ме чекаат 2 лекции историја и состав македонски.
    Со здравје!
     
    На Elennaa, sofijanoka и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  20. MademoiselleB

    MademoiselleB Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Јас само ви посакувам убав ден. :D
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.