ти бегаш јас секоја ден трчам да те фатам се изморив веќе ..али ај има уште неколку недели пред да изгубам надеж
Не си свесен колку ми е тешко да се сконцентрирам на она што го зборувам кога сме со многу луѓе околу нас. Целото внимание ми го одземаат твоите очи, гестови, изрази на лицето, погледи. Полека ми влезе под кожа за овие 6 месеци идиоте. Со ниту еден не сум се чувствувала вака. Никогаш не ме оставај.
Твојата прегратка ми е најсигурното место на светов каде што можам да се засолнам, а твојот глас мојата најомилена песна. Твојот мирис е мојот најдобар парфем што уште долго се сеќава после топла прегратка од тебе. Те обожавам будалче
Да имаше барем малку храброст и да не дозволеше 4 прекрасни години да заминат без збор... Да им се спротивставеше на сите оние кои ме омаловажуваа во твоите очи, на сите оние кои злобно сакаа да не видат разделени... Ама не, ти испадна полош од нив, бидејќи ТИ дозволи да влијаат на тебе, а знаеш дека само јас ти го мислев најдоброто. Како и да е, знам дека сега се каеш, но нема назад. Веќе 7 месеци чувствата кон тебе ми се на тенката граница измеѓу љубовта и омразата. Но знам дека со тебе веќе никогаш нема да биде исто...
ако не дојдеш за 10 дена ко што рече има у плик да те доставам назад онда коа ќе дојдеш мва и ја те сакам тебе!
Октомври е наш месец душо моја, октомври ме носи во твоите прегратки повторно после месец и половина. Официјално од денеска започнува одбројувањето за денот кога повторно ќе делиме се.
Знаеш дека ти си мојата најголема слабост. Знаеш дека колку и да не сакам на крајот попуштам, секогаш било така. Ти стоиш во основата на сите мои успеси во последно време. Има многу работи што ме исполнуваат, но само кога сум до тебе се чувствувам доволно живо. Нема да кажам дека ако ме оставиш ќе умрам бидејќи знаеш колку работи имам преживеано, но тврдам дека мојот живот без тебе во него нема да е целосен. Убаво си знаеш ти си Тарзан, а јас Џејн. Јас сум комарецот, а ти крвта. Ти си мечето, а јас медот. Ти си лавот, а јас лавицата. Ти си Мујо, а јас твојата Фата Секогаш кога ќе ми текне на ова се смеам како идиот. Те сакам.
Секогаш сум била прекомплицирана за тебе, а јас секогаш сум можела да те прочитам... доволно ми бил еден краткотраен поглед или едно обично издушување за да знам што мислиш и чувствуваш.
Ахххх бе љубовче бе... Ми се врати после 6 месеци пак Али јас не заборавив како ме остави минатиот пат, не заборавив како ме оставаше и предходно. Како ме мачеше цела година само затоа што имаш страв дека јас ќе те оставам. Амииии сега се сврте кругот бе љубов... Во моето срце има друг , моите очи гледаат друг. Иако се обидувам да го сокријам тоа само за да не те повредам. Сам си крив за се љубов!!! Те изневерив али воопшто не се каам. Порано не ни помислував на друг али сега Знам дека кад - тад ќе ме оставиш пак. Сменет си Те гледам по понашањето. Од еден крај на друг доаѓаш само за да ми праиш друштво за цигара И јас сум сменета сега нели??? Ладна сум , недостапна... Не си ми веќе битен. Кога ти давав се не ценеше , сега ќе цениш трошки што остануваат Криво ми е вака што испадна али многу сум разочарана од тебе... Како и да е се сврте кругот иако не сакам да те повредам али неможам ни да те оставам кога гледам дека си на дното... Сепак љубовче останато е нешто од минатото... Некоја топлина
Љубов моја! Не знам дали можеш некако да почувствуваш колку страдам за тебе, за твојот поглед, глас, насмевка. Но знам дека само ти си вечно во моето срце, дури и кога не си до мене ти постоиш во мене, и затоа ќе се борам за тебе. Те сакам најмногу!
Кога си лош си ... заникаде, но кога си добар си најдобар. Не те сакам лош, па затоа пиши и биди најдобар како и секогаш. Ми фалиш многу. Со една прегратка во моментот би заборавила се, и ке ми биде подобро. Не знам ова каде води, но навистина не ми се допаѓа. Што ти се случува? Зарем една мала кавга ке дозволиме да расипе нешто толку големо? Уште малце остана љубов...