1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подготвеноста на телото за следна бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од Vetruska, 28 февруари 2014.

  1. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Моето бебе е скоро 5 месеци и многу се мислам кога е најсоодветно време за втора бременост. Сакам да се блиску со возраста. Чистам најразлични мислења, дека 2 години треба, 3 години и сл. но ме интересира дали знаете телото кога е веќе подготвено после првата бременост? Идеално? Не зборувам за тешко, тешко ќе биде секако со две мали дечиња, но брзо ќе помине :) Битно ми е од здравствен аспект за моето тело и моето здравје.
     
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Јас не знам конкретно да ти одговорам на пеашањево, ама можам да ти дадам пример. Јас и брат ми сме разлика 1 година и 3 месеци. Значи мајка ми забременила со мене по 6 месеци. :)
     
    На Vetruska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Ako si prirodno porodena do 6 meseci treba da se ceka ....inace mozelo da se sluci spontan abor..mene taka mi kazaa na bolnica
     
  4. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Да, природно сум, значи уште најмалку еден месец да почекам :(
     
  5. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    137.168
    Пол:
    Женски
    сигурно бебушот ти е многу мирен штом веднаш размислуваш за второ :) мислам дека треба да почекаш уште малку.во бременоста и по порогајот се црпат резервите од телото а и да се вратат хормоните во нормала.сепак ти најдобро си знаеш .позз
     
    На mar3q и Vetruska им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.873
    Допаѓања:
    102.858
    Пол:
    Женски
    Браво како така се одлучувате за второ :lol: ќерка ми е скоро три години и од кога прооде почнаа бељите и инатите нејзини и не се одлучувам уште за второ иако мм секој ден ми зборува за уште една ќерка :lol:
     
    На mar3q, Eli23 и tessie им се допаѓа ова.
  7. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    И јас се чудам што ссе решив, особено после она хорор породување што го имав. Прво мислев да останам на едно дете, ама жал ми е да го оставам само, па решивме за второ.

    Ама сакам веднаш второ бидејќи годинава правам 34 години, маж ми 35 и не сакам следните 5-6 години да се занимавам со пелени, вака одма наеднаш да поминеме све и да се релаксираме :D

    Башка и за нив подобро помала разлика.
     
    На Eli23, Domakica, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Ја кога прашував лекари , ми кажаа најубаво побрзо, отколку да чекаш повеќе години. Сестра ми роди 2 во 2 години и со второто лесно помина..мајка ми исто така има направено.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Јас немам некој конкретен пример да споделам, но и од мој аспект и што сум слушала подобро е помала разлика. Јас сакам да ми се мала разлика. :) Исто така сметам и дека за телото е подобро, мислам дека би поминал следниот пораѓај полесно и исто така јас сум за тоа до 30 максимум да си завршам со раѓање. Но секако тие што го родиле и првото покасно, за нив не важи тоа до 30 туку во рок од 2-3 години двете и чао пријатно. :lol: Јас сметам дека ова е посебен период во животот и дека би сакала да си го поминам со еден удар, додека имам мали деца имам мали деца, после ново поглавје и така. :lol: Исто така не ми се допаѓа едното да е тинејџер другото уште дете и слично... :) Мое размислување.
     
  10. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Моите деца се три години разлика, сакав и помала разлика да бидат ама ..и ги родив до 30-та година. Напорно е, посебно оти скрос сами ги чуваме ( кои во странство, кои во друг град се) ама и јас се тешам со тоа дека ќе пораснат па ново поглавје. Инаку мнооогу лесно поминав со вториот пораѓај ( а не беше тежок ниту првиот).
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Јас искрено уште отсега размислувам за второ, ама најбитно ми е ова првово да го дојам барем година дена па после тоа ќе видиме.
     
    На Eli23 и MilaP им се допаѓа ова.
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно каква врска има разликата во времетраењето од една бременост до другата со тежината на породувањето, секоја бременост е различна.

    Помала разлика е потешко според мене од поголема, не е лесно да си бремена а да имаш мало бебе, стомакот ти тежи, а малото сака во раце, се учи да оди па си пола ден превиткана итн.
    Можеби добро изгледа на хартија децата на мала разлика ама во реалност е многу мачно, не само за мајката туку и за бебето.

    Кај мене измеѓу првото и второто има 22 месеци разлика, тоа и не ми беше толку тешко ама сега измеѓу второто и третото само 14 месеци разлика, многу ми е мачно, цела бременост малиот во раце ми помина, почна да патка, да оди, си сака внимание а мене тешко ми е кога ме боли грб или нешто и не можам да го земам во раце како да му скратувам љубов. :worried:

    Првата и втората бременост лесно ги поминав, освен при крај кога натежнаа момците а породувањата ми беа тешки само поради големината на синчињата ама третата баш поради малата разлика имам чувство како да не се вратило се во првобитна состојба а веќе повторно се растегнува, малку потешка ми е третата бременост, болки во грбот имам константно, некако по летаргична сум, поуморена а и обврските со другите две си го прават своето.

    Како и да е не се каам за три деца за три години само кога би ги планирала тогаш би направила малку поголема разлика, чисто да уживам во секое бебе повеќе време.
     
    На Eli23, danichap, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Како што рече bitter, секоја бременост е различна. Гледајќи го сето пазење што сега го правам во тек на оваа (прва), немам кренато ништо потешко од 2-3 кила уште од почетокот, по дома освен прашина бришење и средување на кујна ништо за чистење немам фатено, секој ден после работа лежам 20тина минути, па дури потоа ручек и се останато...тешко дека тоа би можело со мало бебе кое плус и прета и клоца, и си бара внимание. Не дека не би се нафатила - на моја возраст и немам опција да чекам многу години за да останам бремена со второ, но ако би имала избор, разлика од 3-4 години некако поедноставна ми се гледа.
    Да не збориме дека тие породени со царски рез имаат и дополнително ограничување.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.167
    Допаѓања:
    105.728
    Пол:
    Женски
    Кај мене разликата е меѓу прво и второ 2години и 2 месеци, меѓу второ и трето ќе биде 2 години и 4 месеци, во просек после година и пол од породување останувам бремена за наредното:D Три доста се! А сум два пати со царски, и третиот пат исто ме чека, досега ме караа докторите дека многу рано било за со царски, требало повеќе да чекам..... се надевам ќе биде во најдобар ред!!
     
    На Eli23, Mariangel и MilaP им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.672
    Допаѓања:
    72.569
    Пол:
    Женски
    Мисија исполнета :D Колку имаше бебчо кога остана сега со второво? :)
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    14 месеци имаше. А го доев цели 17 месеци.
     
    На irenna и mariz им се допаѓа ова.
  17. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    25.077
    Пол:
    Женски
    Спремно телото или не јас родив две,разлика ми се година и еден месец, природно без проблеми ни во бременост ни во поројгај, колку е штетно за телото незнам можеби покасно ке се покаже тоа
     
    На zuto и danichap им се допаѓа ова.
  18. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Здраво. :D
    Темава е за да се споделат искуства. Како се породивте: природно или со царски рез и после колку време ви беше препорачано од гинеколог дека можете да планирате следна бременост? Дали го запазивте тој тајминг и како ви се одвиваше/одвива втората/третата бременост? Според вас, кога е подобро да се направи тој чекор за второ/трето дете? Да се почека малото да потпорасне, да наполни 2-3 години или додека е уште помало?
    Се надевам на дружба и тема полна со споделени мислења. :hug:
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ice&Fire

    Ice&Fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    88
    Јас се породив царски со двете деца. Од гинеколог ми беше препорачано дека треба да поминат најмалку две години до следна бременост. Јас си го запазив тајмингот па децата ми се разлика 3.5 години. Инаку, според мене, подобро е да потпорасне првото па после второ/трето. Ама сепак кој како си се чувствува така :)
     
    На Bebac, ..barbie.. и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    После природен пораѓај, се препорачува да се почека 18 месеци.
    Од прилика толку време му треба на организмот да се опорави од претходната бременост.
     
    На ..barbie.. и cresa-jagoda им се допаѓа ова.