1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    бела секој пораѓај е различна приказна, може кај некоја жена било премногу болно природното породување, а кај тебе ќе биде песна, може и обратно... ама факт е дека секоја жена истрпила природно, па ништо поразлично нема да си ни ти, ако се одлучиш за такво породување... е сега јас сум породена царски, прво затоа што сакав јас, а подоцна затоа што и мораше, детето не беше завртено надолу и кога се роди, 2-3 месеци имаше сино на кожата како последица од тоа... јас лично си поминав многу убаво, станав после 8-9 часа, по своја волја, и другиот ден веќе и одев, беше болно не викам не, но ете се издржи таа болка... после само многу ме болеше кога се смеев, ама се минува... се е право на твојот избор, ти како сакаш така :)
     
  2. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Ако се породиш како јас што се породив природно, ќе сакаш уште три да родиш. Шала настрана, станав после 2 саати од пораѓај ( 2 саати мора да се лежи под надзор), сама отидов во собата а после саат време се туширав, излегов од болница после ден и пол на штикли ( 5-6 см).
    Биди јака, не се плаши, како сите поминале така и ти. Јас кога излезе бебето знаев дека заврши мојата болка ( која кога че го видиш бебчо се заборава одма) а после царски опоравувањето не е како спонтаниот пораѓај.
     
  3. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    Искрено и јас сеуште се мислам како е подобро и полесно... Фифи ме замисли. зошто имаше сино на кожата, од царскиот или од што било свртено? Прашувам зошто и моето беше карлично на последниот преглед, ама нели има време да се сврти... Јас па мислам дека ако е царски ќе биде многу полесно и за бебето, нема да се мачи и нема да излезе потечено и сино, нели и тие трпат од пораѓај не само мајката... Ако се сврти нормално мислам дека ќе одам на природно, но со епидурал во секој случај, ако не царски... И вака и така има болки, претходно, отпосле, мислам дека не менува многу... Колку што се сеќавам Белас и ти беше за Систина така? Јас само заради тоа сум малку посмирена, не дека таму нема да ме боли, туку сигурно нема да не остават со многу болки да трпиме и да чекаме и ќе ни го олеснат процесот до максимум :)
     
  4. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    бидејќи од самиот почеток на бременоста син ми беше завртен карлично, ама помина со текот на времето, и сега нема ништо, можеби твоето ќе се сврти до крајот на бременоста, штом има и време, ама моето не се сврти и немав друг избор
     
  5. verba

    verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    193
    Душо и јас се породив во Сиситна ама болка си е болка кај и да си, После царски многу боли и тешко се опоравува.Јас цел месец помина додека скроз закрепнав. Во секој случај се се заборава. Мој совет како ке ти предлози твојот доктор така породи се. Со лесно и убаво нека е.
     
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.827
    Пол:
    Женски
    Моето ни сино ни отечено беше,ниту јас се мачев.И јас бев за царски среќа не ми дозволиа дс бирам.Сега велам фала му на бога.Преспав една вечер и ме пуштија дома.Со царски може и до 6-7 дена да седиш таму.Срекно...
     
  7. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Да за во Систина сум, ама еве и за болницата кај нас ми се врти во глава, иско сите ми велат оди си на приватно дека многу е нечисто и докторите се заникаде, персонал катастрофа па никако не би се нафатила природно без никаква анестезија тука, на живо шијат, пораѓаат се. А за царски нормално ќе стават спинала и подруго е па затоа прашувам. По се изгледа Систина останува природно и јас, зошто да се сечам кога сега за сега се е во ред, и свртено ко што треба и се. Поздравче :*
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.827
    Пол:
    Женски
    Белла од каде си? Обично секаде шијат со анестезија а рагањето е на живо секаде :) и во систина мислам анестезијата ја вадат кога почнуват напоните т.с рагањето за да можеш да соработуваш подобро.Оди си на природно во секој случај подобро е.Со лесно
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Досега искрено, ич не размислував за начинот. Ама се приметувам деновиве откако сум во трето тромесечие и како што веќе се станува пореално, се повеќе се преоптоварувам (дури и несвесно). Се фатив како на два пати сонував дека се пораѓам... а инаку, реално не се осеќам дека нешто посебно се плашам и сл...

    Како и да е, порано, ставот ми беше царски и готово. Да не се мачам, демек безболно.
    Но, кога малку пореално почнав да гледам на работите, и дека на пример царскиот сепак е операција при која после ти треба време да закрепнеш... малце го сменив мислењето.

    После пак, гледав видеа од природни пороѓаи (јас знаете, силна дека сум и многу искулирана и реална), па го натерав маж ми да измисли телепортација до Нова Година. Ако ни успее, ќе Ви дадам бројче, барајте ме... :lol:

    После голготите и осеќаите како да сум во Sophie's choice, решив природно (доколку зависи од мене).

    Сега, останува уште моментот со епидурална или не. Се расчитав по интернетот, па си викам - дали да одам комплет хард кор? (А знам каква сум нетолерантна за болка)... Па прочитав дека кај луѓе со низок притисок можно е да не им дадат (тоа сум јас). Знаела да пролонгира пораѓај...

    А инаку да, во времето на напони мислам дека се тргаат сите анестезии за да може жената да осети напони и да може да „турка“ заедно со нив. Досега, стравот не ми е од таа фаза... стравот ми е од болките на отворањето кои што биле најболни од целата фаза на чинот.

    Од друга страна, си велам - сите родиле, што па не и јас... уште па и на второ отишле! :?: :D

    Се извинувам за пасив - агресив моментиве, но веројатно сето ова е многу нормално....
     
  10. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    Дека епидуралот го одолговлекува пораѓајот е сосема неточно, дури и обратно, може да го забрза отварањето затоа што ги опушта мускулите на цервиксот, ова го имам читано во книги од анестезиолози. За нискиот притисок не знам но не верувам дека е предуслов за да не добиеш анестезија. А да, иако не мора, мислам дека е пракса да се намали анестезијата при туркање иако пак се чувствува напон. Пак ќе кажам, немам искуство но читам стручни мислења а не се што може да се најде на интернет :) Според некои најубаво е во ливада да си се породиш, и на бабите наши не им фалело ништо па си раѓале по 3-4 :lol:
     
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Ако можеш да си дозволиш епидурал, немој да се мислиш.
    Јас баш сакав да се правам херој без анестезија, ама совет од анестезиологот беше да ми стават епидурал за да имам сила на финишот. Тоа не се болки, тоа е агонија што трае со саати, уште ако ти стават провокација.... :x
    Кај многу трудници се случува да се исцрпат од болките па кога ќе треба да туркаат на крај немаат сила.
    Јас после епидуралот кафе им побарав, тоа беше како да ме пратиле на Малдивите на одмор :lol:
    .... и да ја скратам приказната завршив на итен царски, кога дојдов при себе си реков, која жена родила второ со царски треба за херој да ја прогласат, мислев никогаш нема да станам од кревет.
    Три недели откако се породив почнав да мислам на второ :lol:
    Кога ќе си дојдете дома, па ќе почнете да се гушкате, да се смешкате ќе ти се стопи срцето и се ќе заборавиш.
     
    На Mrs.Bass, MacenceEna, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. bruno.com

    bruno.com Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2014
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Mamicki moze li da stavam pojas za povlekuvanje na stomakot da ne I smeta na ranata stegnato? Ima 3 nedeli od koga sum operirana :)
     
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.827
    Пол:
    Женски
    Како да не агонија што траела со саати.Не ги плаши трудниците .Јас за 45 мин се породив со провокација ни шиена ни ништо.
     
    На heppymom му/ѝ се допаѓа ова.
  14. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Почекај додека на гинеколог не ти потврдат дека раната е скроз зарасната, не смееш да се стегаш дотогаш.
     
  15. bruno.com

    bruno.com Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2014
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Go nosev pola cas no pocna da me zaboluva ranata pa go izvadiv.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Jas ne mozev gakite da gi trpam,a ne pak da se stegam so pojasi :tmi:
     
  17. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Фино си поминала Џој, камо и јас така ама бе беше.
    Ова ти е прв пораѓај? Велат второто полесно излегувало.
    Има некои работи што не ти ги кажуваат додека си бремена.
    Боли упм, немам намера да се објаснувам, јас вриштев, пцуев- најмногу маж ми и на една сестра( а може и хигиеничарка да беше :^) ) и ги дислоцирав сите ковчиња на раката се додека не ми ставија епидурал.
    Ако мислевте дека сте плачки во бременоста, почекајте да се породите, два дена после пораѓај се утепав од плачење.
    Дали е ова моето бебе- дилема што да ви кажам, демек да не ми донесат погрешно бебе.
    Дали дише ?.....
     
  18. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    хахаххахаха Ирена ме пресмеа, за дилемата :)
    не за друго, и јас многу пати си помислив, леле да не ми дадат друго бебе од кај ќе знам дека е моето :D
    од премногу мислење на крај глупости само ни се вртат низ глава. Сега се мислам што ако епидуралот не ми фати :lol: Ако воопшто одам на природен, не зависи од мене...
    Вака или така ова бебе мора да излезе надвор, најважно е да сме живи и здрави, па и да боли ќе помине, сигурно не трае вечно болката...
     
  19. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Хахаха како може да ги заменат бебињата... во филмови да :lol:. Инаку јас сега сум повеќе за природен порагај, бебчето е свртено супер, со главчето надолу, имам ок карлица и не сум поправена многу и докторите ми велат природно дефинитивно.
     
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Искрено, после овој царски стварно би сакала да родам природно. Болките си ги истерав секако до крај, видов дека без проблем можам да ги издржам. И дупло да боли од тоа кога излегува бебето, мислам дека нема да ми биде страшно како кога се вртиш првата вечер после царски, или првиот пат кога стапнуваш со двете нозе доле, или што и да е. Пукнав и доле кога ја враќаа ќерка ми назад, имам рана колку за две кончиња. Искрено, поим немам каде ме болеше повеќе, и налет си викав нека оди. Ама, ми остана пуста желба за природно да се породам, иако мислам дека мојата конституција нема тоа да го дозволи. :(