1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Роденден е денот што го чекаме цела година, целаа годинааа ... :dance: :party: :music: :^:
    Со искрени желби за многу здравје, љубов и среќа во деновиве од слаткава 14-ка. Да славам родендени уште многу, многу години!

    Ако не те издрадуваат пријателите на овој ден, тогаш нема на кој друг ден! ^_^
    Со план, прво ме однесува кај другарка "на кафе", па потоа отидовме кај мене дома "за да ги оставиме" точаците. И ете ти ги излегуваат од гаражата со торта, со свеќи, со пеење на песната среќен роденден ^_^ ^_^

    Туку, повелете сите на торта .. :hug: :hug:
    [​IMG]
     
    На Daleron, IronLady, Sunshine.Sunshine и 13 други им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Најубави ми се деновите во октомври кога надвор времето е ладно, а сепак има сонце :sun:
    Нѐ мами да седнеме на некоја летна тераса и да ги впиваме зраците заедно со некоја топла напивка. Марама во есенски бои околу вратот, а во дланките шолја кафе или чај кои секогаш се послатки ако се пијат на вакво време.

    Денес небото над Скопје беше особено убаво - чисто синило, без ниеден облак. Единствено беше испишано со бели траги од авиони. Колку многу авиони видов денес, ни самата не знам. Престанав да бројам. И додека си ја хранев душата со вкусови на шумско овошје, си размислував за сите луѓе кои денес некаде патуваат. Колку солзи и насмевки денес виделе аеродромите, колку тешки разделби и среќни пречекувања се случиле. Колку избледени фотографии со излитени рабови денес се чуваат на сигурно место - во џебот до срцето. Колку бакнежи и прегратки денес ги обединуваат оние кои не се виделе со години. Некаде во моментов, нечии срца ја собираат сета тага на овој свет. А други вдишуваат радост со полни гради.

    Секогаш кога ги разгледувам моите фотографии и ќе налетам на оваа, се потсетувам на тоа дека разделбите се случуваат секој ден. А јас сум среќна што до мене ги имам сите оние кои ми значат.
     

    Прикачени фајлови:

    • DSCN306748.jpg
      DSCN306748.jpg
      Големина на фајлот:
      15,1 KB
      Прегледи:
      459
    На L-enna, ana-girl, bittersweet и 33 други им се допаѓа ова.
  3. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Правам грешка со тоа што понекогаш луѓето ги проценувам според тоа што го гледам, наместо тоа што го чувствувам и го гледам само тоа што ми го покажуваат. Две личности до сега „ги прогласив за лоши“ само затоа што такви ми се покажуваа и ги гледав само лошите работи што ги правеа и створија некоја одвртаност кај мене и предрасуди што растеа во стереотипи и не сакав ни да ги почувствувам, ни вибрации да примам од нив. И кога веќе видов дека можеби грешам решив да ги видам, ама овој пат користејќи го срцето, а не очите, и видов дека во нив има нешто што е добро. И донесов заклучок дека како што постојат луѓе што изгледаат ладни, а всушност се емоционални, како што постојат луѓе што се смејат, а не се среќни, како што постојат луѓе што се покажуваат добри, а всушност се лоши има и луѓе што се покажуваат лоши, а во едно се добри. И не знам зошто го прават тоа, можеби од страв да не бидат погазени, газат, или за популарност и да изгледат јаки, или за никој да не допре до нив, но знам дека за тоа има причина и дека тоа им е слаба точка и дека оставаат многу лош впечаток.
     
    На Snow-Star, Sunshine.Sunshine, nikolija26 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    [​IMG] :)
     
    На eliesaab и Mahidevranfan им се допаѓа ова.
  5. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Женски
    Ухууу долго време ме немало овде на форумов :tmi: ..
    Епаа имам многу за кажувањее..Последниве неколку месеци беаа прилично интересни,многу промени,излегувања,забави..го живееме најубавиот период од животот.
    За промени ,ги очекував..Пред да почне училиштето очекував промена кај сите во однесувањето,но ваква драстична промена ..не.
    Еве на пример минатиот викенд бев на првата роденденска забава на која имаше алкохол.Искрено не очекував толку рано да започнеме,половина од децата немаат ни наполнето 13 години.Се напија..и што сега?Да не си поминаа подобро од мене?Или пак досадно им беше?
    И никој не ме слушаше,секој по свој памет.Женските не испија многу ,но сепак доволно беше да ти се згади од миризбата.
    Тоа ли беа децата што до пред една година си играа? :D
    Се знае..си има време кога да се пие,кога да се пуши ,сите се узбрзалее...И после јас испаднав заостаната,а тие паметни. :x
    И се откажав со убедување,тие си знаат сепак...потоа тие ќе си плачат по детството,а не јас.
    Имајте убава вечер,ве сакам :* :*
     
    На Lella и Mahidevranfan им се допаѓа ова.
  6. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    САкаааааам да ви кажаааааааааам Дека се, абе се, ама баш се ќе зготвам за ручек , и што умеам и што неумеам ќе научам - само не пржен компир |(
    Па луѓе, знам дека не сум единствена , ама како пржам така јадам , и се нема, пак лупи пак сечи, пржи, и кога ќе седнам на маса не ми се јаде, е нема да ти се јаде бе Ivy , изеде колку за двајца, после од каде 3те кг.? ТЕ оттаму, стрвна низаедна.
    СЕ искарав сама- полесно ми е сеа :D
     
    На luci22 и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Знам дека секој факултет има по некои предмети што не се потребни на смерот,ама ова веќе претеризам :D
    Што ќе ми е на мене статистика и тоа таа на Економски што ја учат,а јас на Технолошки?! :^)
    Си предава професорката и си збори некои варијабли,системи,формули,ние сите ко телиња ја гледаме,па и не прашува дали разбираме.Како да разберам,кога прв пат учам вакви термини,какоо?
    Башка тоа,планира да ни даде задачи за компјутер ама да ги полагаме писмено,односно да ја опишуваме постапката рачно.
    Why,God,why? :swear:

    А овие па од Влада,нешто изводуваат здрава храна,вамте тамте.Не оди така драги господа,ако сакате да промовирате здрава исхрана,ќе воведете режими во јавни установи,во мензите.Ќе вработувате нутриционисти во секоја болница,да се прави исхрана за секој заболен.
    А дека здравиот живот не е скап,комплетно се согласувам.Само треба да почнат струката да ни ја ценат,а не да промовираат нешто во што и самите не веруваат,ниту пак практикуваат.
     
    На SV1911 и do-re-mi им се допаѓа ова.
  8. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Вчера се жалев поала работи не сум знаела за писмена,а денес се напишав :$ :P ^_^ Помина добро денот сега малце ме боли глава и така...
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.033
    Пол:
    Женски
    Немав верба во себеси. Мислев дека сум слаба личност.
    Епа, се ставив на тест. И, го поминав тестот. Излезе дека сум посилна отколку што можев да замислам. А ова е дури почеток.
     
    На cresa-jagoda, Ivy89, Mahidevranfan и 2 други им се допаѓа ова.
  10. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Ела одмирисај раце после целодневно печење и лупење пиперки :^)

    Ама затоа па ела одолеј на мирисот додека пржев лутенка послееееее :worried:

    Мојата чудесна земја, саде вкусни миризби :D
     
    На luci22, bittersweet и ristovska123 им се допаѓа ова.
  11. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Мразам лигавешки, буквално ги мразам.
    Се замислува дека е некој и нешто, ако тате има фирма, а мама секој понеделник шета низ Европа, и секој викенд се оди во Грција. Џабе ти е се, немаш ништо во главата.
    За кратко време сите дознавме каква си. Дрска и некултурна, арогантна, и никого не почитуваш. Препотентна си, од километар ти се познава.
     
    На ColoursOfTheRainbow и Lella им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    8.416
    Пол:
    Женски

    Ако, јади си не е штетно.Ако ти се вишок тие килограмите слободно на мене дај ми ги, јас не се жалам :wasntme:
     
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.296
    Допаѓања:
    83.252
    Пол:
    Женски
    eliesaab давај жиро сметка да ти пратам некое кило :D
     
    На MademoiselleB, Ivy89, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    8.416
    Пол:
    Женски
    ^ Решен е тој проблем.Ќе ти дадам сметка и испрати веднаш :lol:
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.094
    Гордост.
    Нешто што ќе ја убие и последната капка љубов што можеме да си ја пружиме.
    Нешто што го пијам како кафе во последниве години.
    Зошто преболно е да кажам дека се качуваме по различни брда.

    Некогаш да свртам еден телефонски број ми е потежок од тоа да растоварам приколка со цемент, мајке ми.

    Двајца глупаци со его до плафон. Двајца идиоти кои засекогаш ќе сакаат да си докажуваат кои се, зошто се и како се... Двајца кои мислат дека со други им е подобро, а знаеме дека еден со друг ни било најдобро. Моите солзи со стравови кои ми излегуваат од под креветот за да ме задават, неговата прегратка и шега која ми ја беси на носот, неговите демони кои не може да ги успие никоја освен јас, неговите слабости зад неговата оштра насмевка...кои се истиштуваат на мојот скут додека бледо гледам во ѕидот и се прашувам како не гледа... И среќата секако... која ја живеевме детски наивно, дишејќи му во гради, тој мене во коса... Некои љубови никогаш не се повторуваат... и не мора да се први за да се неповторени.
    Сакаше да види живот, ме пушти од рака, ми дозволи да бидам нешто што не сум, дозволи да ми биде сеедно... и ми беше, сега пак не ми е сеедно. И голтаме кнедли. Јас сакав да видам живот и видов... и во сечии очи го гледаш него и ќе ти прости...
    Дојди си... ти си ми дом.
    Знаете што мириса на него? Дланки што мирисаат на сапун и печени бадеми.

    Дали е време да оставам и да отерам по ѓаволите...? Со спакуван куфер пред врата... ете ми живот, нов, сјаен, блескав и тап нож во гради, онака да ми оди на чевлите. Сериозно филмски си посакуваш да ти рече, еј, чекај, остани или еј еве доаѓам... Сакам да му удрам бокс.
     
    На cresa-jagoda, mims-89, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  16. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.902
    Допаѓања:
    30.639
    Пол:
    Женски
    Пред 2 години го запознав најпрекрасниот човек на овој свет.

    Од тогаш, па до сега, со него се смеев, ми беше рамо за плачење. Се сеќавам на денот кога првпат го видов. Знаете како беше? Како бог да ми го испратил само за мене. Со неговите кафеани очи и најубавата насмевка која може да го осветли целиот свет кога е темно. Многу ми е тешко што баш денес неможеме да се видеме, но така испадна. Ќе си надокнадиме викендов.

    Нека ни е среќна годишнината најмило мое, те сакам. :l:
     
    На cresa-jagoda, Lella, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.296
    Допаѓања:
    83.252
    Пол:
    Женски
    Нема ништо поубаво од топла прегратка пред спиење,насмевки и искрени зборови за добра и убава ноќ :angel:
    Колку и да сте имале лош ден и сте биле лути не дозволувајте лутината да ја држите во себе и да се повредувате да се полнете со горчина.
    Да заборавиме на се,да ја извадиме сета горчина од себе и на спиење да заминуваме со убава мисла.
    По дождот секогаш доаѓа сонце а и утрото е помудро од ноќта :)
    Некогаш мора да ја заборавиме гордоста која ја имаме и искрено да се извинеме и да признаеме ако навистина сме направиле грешка. Извини секогаш создава убаво чуство кога е кажано од срце :wasntme:
    Вербата е најважната работа која што човек може да ја има во себе но и во некој друг.Чуството на сигурност е незаменливо.Нема ништо поубаво кога до себе имаш човек на кој што можеш да му кажеш се,човек со кој што можеш да ја поделиш секоја добра и лоша вест,човек кој живее за твојата насмевка и сонува за вашата заедничка иднина,човек кој е искрено заљубен и сета своја љубов ја дарува без да бара ништо за возврат. :angel:
    Духовнот богатство е преубава работа.Затоа и малите нешта,малите изнадувања се најслатки и незаборавни.
    Правењето добро за некој друг секогаш се враќа дупло а тоа се случува кога ти е најмногу потребно и кога најмалку очекуваш :)

    Да научиме повеќето работи да ги решаваме со голема насмевка на нашите лица,да шириме позитивна енергија и местото каде што живееме да зрачи со позитивна енергија :sun:
     
    На cresa-jagoda, Ivy89, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  18. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Започни сам да си го градиш животот и себеси ,зашто утре никој нема да ти биде крив туку самиот ти.Започнав да се сакам себеси повеќе од порано ,да не се гледам секогаш на второ место како што правев,прво за другите после за мене,самодовербата пред се таа го прави она вистинското ...почнуваш да растеш духовно ,почнуваш да ги сакаш духовните работи кои се безценети кои не ги јаде црв,она што го јаде црвот на крајот душата ке ни ја изеде ,но за среќа имаме избор ,јас ја избрав љубовта која е нај јакиот столб на мојот живот кој ги крепи сите други работи ,ако се распадне тој столб ке остане само пепелта и малце надеж колку да почнеш све одново .
     
    На Ivy89, Lella, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.094
    Кој ве учи дека вака нацртаните веѓи изгледаат природно, пропорционално и пред се убаво?
    Како драг квинови сте... Поужасен и кич изглед на веѓа и да не постои на светов...
     

    Прикачени фајлови:

    • Вегја.jpg
      Вегја.jpg
      Големина на фајлот:
      4,9 KB
      Прегледи:
      195
    На cresa-jagoda, mims-89, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Мразам да прават будала од мене и на моменти посакувам воопшто да не ве запознаев, и да немав ништо со вас. Треба ли на сите поединечно да ви кажам, да се случи што се случи со другар ви од одмор, да уште контактираме - само да ме оставите на раат.
    Можеби и згрешив што воопшто направив нешто со него, ама моментално сакам да зборувам само со него и да не се плеткам со ниеден од вас.
    И ко за беља.. Тој од ден на ден е се почуден. Баш ќе ми биде мило ако и тој има вмешано прсти во сево ова. Не знам што се случува, ама знам дека ме излудува. Не можам ли и јас, еднаш во животов да бидам потполно среќна и на раат од се што се случува околу мене? Зошто секогаш мора да има нешто што ќе пречи и ќе ствара нервози?
    Би се откажала од тебе уште одма и би ве отерала сите онаму кај што не треба, ама јас глупава ко и секогаш, се приврзав!
    Епа нек' ти е на здравје бричење. Сама си го бараше, ајт.