Се продаваат во парфимерии по50 денари се јас имам ама никако да си ја погодам бојата. А траат многу па и со влажни марамчиња тешко се бришат.
Долготрајни кармини според мене се lip stain , на Sephora , Bourjois па еве и на Севентин мат кармините , последниве две марки ги има во Мк поточно во дм , космо , па може да одиш да си разгледаш. И не ти препорачувам да земаш некои непознати од 50 денари , немојте свашта да ставате на уста
Овој го добив од некоја акција и ми се погоди. Не се јаде си стои долго време и не ја суши устата. Colour Riche Lip Colour 380 Luminous Coral Се израдував и викам ај да си купам друга нијанса, земав 385-ка, но немаше врска со првиот. Ист бренд, исто се, а квалитет различен, повеќе се осеќа како сјај за усни.
101 Framboise Moisturizing Cream Lipstick е најдолготрајниот кармин што сум го користела, но посоодветен е за вечерни излегувања. Интензивен пигмент, кремаста текстура и дискретен (сатинест) сјај. Спојлер http://en.paperblog.com/yves-rocher-lipstick-in-bright-red-363449/ http://pinkposiesandcupcakes.blogspot.c ... ocher.html http://tanicetalksaboutthings.blogspot. ... d-lip.html
Во секој случај, според мене и моите досегашни искуства, најдолготрајни кармини ми се покажале оние на MAC. MAC Prince Noir - мој омилен кармин сега и во вечни векови. Мојата потрага по совршениот бордо кармин заврши пред некоe време. Исто и кармините на Есте Лаудер се долготрајни, но сепак не се споредуваат со МАС, полесно се бришат од нив. Оди избриши го MAC во еден потег со влажно марамче ако можеш. Имам и светол (Blankety) и потполно иста ситуација е како и темниот, значи не е до бојата, туку до квалитетната пигментација. Од подостапните кармини кај нас, дефинитивно им нема рамен на Bourjois. Rouge edition е најсовршената колекција на кармини со најпрекрасните беж и розеникаво-црвени бои и лека полека ќе ги соберам сите, небаре собирам самолепливи сликички, ама ајде. Ми се допаѓаат и Rouge Edition Velvet во врска со трајноста, но погоре спомнатата колекција ми е ептен при срце. Топло ги препорачувам!
Малку ќе сум офф ама да ве насмеам.Најдолготраен кармин е овој во 80-тите.Оди извади ако можеш.Траеше 48 часа .Иако е зелен даваше една таква џиш црвена боја,ма му немаше рамен Постарите феминки сигурно ќе се присетат.
^Сега кога го видов со боцките ми текна уште на времето тетка ми имаше таков Јас би ги пофалила кармините на Ревлон.
Хит беа на времето,немаше жена која не го имаше на устата,хахахаха... дете бев ,ама убаво се сеќавам кога мајка ми ми рече да не и го дирам карминот,ама јас....си ставив од него и 2 дена шетав како идиот со црвена уста....
Некако не се разбираме на темава... Долготрајни кармини се оние на кои е наведено long lasting, а не секој кармин што ви стои повеќе од 3-4 саати. Гледам сте ги спомнале на Римел, Севнтин итн ама тие не важат за долготрајни кармини, кај нив е индивидуално, на некој ќе му стојат едвај еден саат, на некој цел ден. Лонг ластинг кармините се нешто друго, во течна состојба се и скоро сите се во комплет со сјај за да го убие мат ефектот и сувиот изглед на усната. Лонг ластинг кармини достапни во парфимерииве јас имам приметено од овие марки: Менхетн 500 ден. Макс Фактор 700 ден. Буржоа 600 ден. Овие не одат со сјајче ама не ја ни сушат устата напротив ја прават премека, а изгледаат мат. Прекрасни се и ви ги препорачувам, освен тоа и феноменални бои имаат. Фреш Минералс 300-400 ден. Други немам приметено, а мислам дека не ни има други. За Голден Роуз незнам дали имаат. Инаку од овие што ги наведов ги имам сите и од сите сум задоволна. Повеќе од 24 часа стојат, значи и со влажна марамица едвај се вадат, освен Фреш Минералс тој полесно се вади и помалку трае едно 10 саати сигурно. Есте Лаудер тие во златна амбалажа најверојатно важат за долготрајни бидејќи наведено е дека траат до 8 саати. Другите не се долготрајни. Тоа е тоа што го има на нашиот пазар, можеби има и по Орифлејм и Авон...
Хммм а сите овие што сте ги наброиле , ја зголемуваат малце устата? Зашто имам слушнато дека тие кармини што се долготрајни прават да биде поголема устата
За зголемување уста само ботокс или филери. Инаку јас сум од Менхетен прездоволна. Ставам сабајле и ако не го избришам со отстранувач за трајна шминка сабајле се будам со кармин.
Како сте задоволни од овие на Макс фактор што ги постираше мимс? Ги имам речиси сите можни нијанси, но не ми се по мерак. Кога ќе нанесам од карминот, веднаш се суши станува мат иако најпрво е течен, ама по две минути ми се насобира, и буквално како да се рони. Пробав врз него да го ставам тоа безбојното (кое патем ужасно ми мириса ама нема подобро за суви и испукани усни иако првично тоа не му е намената) ама повторно ефектот е ист. Рокот е во ред, не е до него, до што друго може да е? Вака само со ова ми се случува Инаку не забележувам никаков ефект во однос на зголемување на усните, впрочем не знам од каде тоа дека долготрајните кармини зголемуваат Додека пак презадоволна сум од долготрајните на Дебора, поточно оние во вакво пакување http://www.makeupandbeautyhome.com/2012 ... -long.html Овој што јас го имам e 09, мат, совршен ми е за есенски денови. Иако делува многу темно кога ќе се отвори на уста се добива посветла боја, ако се нанесе само еден слој. Со два слоја се добива баш ваква боја како на сликава Спојлер Севентин имаат исто добри лонг ластинг кармини, само не знам дали ги има и кај нас, јас имам два розеникави, пакувањето е тенко и сребрено
Не знам колку е точно но сум слушнала дека Макс фактор ги прават некаде кај нас, и само им лепат етикети. Јас од кога почнав да се шминкам користам Макс фактор и последниве 2 -3 години квалитетот им е бааги намален. Во странство купен кармин Макс фактор и овде се сосема две различни поими во квалитет а цената е иста.
За овие на макс фактор да си кажам искуство.Нијансата беше супер ама по некое време сјајот доби некој лош мирис како на прегорено масло.И имаше некоја тежина на усните.А рокот си беше во ред.Оттогаш не сум посегнала по таков заради искуството.И не приметив дека си ја оправдуваат цената.
значи морав да се цитирам за да одговорам. Јас ги користам овие од 2004 година и подобар кармин не сум сретнала. Мене не ми се случило сјајот да ми мириса поинаку.Јас само имам мака што сјајот побрзо се троши од карминот, а како распар не може да се купат. Јас овие кармини не ги менувам за ништо и ова е единствениот производ на Максфактор од кој сум задоволна.
Од тие на Макс Фактор всушност има два вида, сега проверив и нормално имам и од двата Едните се врзани сјај со кармин, а другите се тие што ги постирав погоре во кутија што се продаваат. Овие на сликата се поефтини негде накај 400-500 денари. И сјајчињата не им се безбојни како што може да приметите по сликава се со некои светки и ги има во повеќе бои, накај розево, црвено, беж... Јас имам некоја беж нијанса со розеникаво сјајче и овој кармин мене ми се рони. Баш како што кажа Симончелишс. Морам да нанесувам по неколку пати на одредено време затоа што многу ја суши устата и се рони, па само шлапам со сјајот ама џабе и тој се рони. Рокот му е во ред незнам зошто е тоа така, најверојатно не ми одговара на устата, а сум приметила дека состојбата е малку подобра ако пред него нанесам лабело. Како и да е ниту бојата не ми е погодена баш па си стои така за украс. Lipfinity ретко го користам зашто ми е во ептен темно црвена бургунди боја ама сепак морам да кажам дека е одличен. Буквално не се мрда од уста и многу тешко се вади, со денови имам траги иако го тријам со влажна марамица и го вадам со средство за отстранување на водоотпорна шминка. Фајтер пробај со било какво друго безбојно сјајче мислам дека ќе ти заврши работа. Кога прочитав сега се сетив дека и Севнитн имаат долготрајни кармини да, ама немам искуство со нив. Инаку Макс Фактор во Македонија ги увезува Еликсир, може да прочитате на етикетата. Значи сите производи на Макс Фактор што ги има во парфимериите во попознативе мислам Космо, ДМ, Шатци, Еликсир, Плаза... се оргинал, а на Бит Пазар слушнав дека ги имало фејк за многу поефтини цени ама тие сигурна сум дека немаат декларации. Затоа внимавајте од каде купувате и што пишува на декларацијата, ако не пишува кој е увозник или ако е некој друг освен ЕЛиксир (затоа што се официјални увозници) тогаш постои можност производот да не е оргинал. Има и на фејсбук една страна G youth cosmetics што продаваат фејк производи, копии на Мак Фактор, Лореал, Диор, па дури и Шанел, од километар се гледа дека се копии така да не се лажете.