Преубава е Деновиве ќе биде доста топло и зошто да не ја носиш. ...А и да залади можеш со убаво,едноставно сако да си ја носиш
^ И јас мислам дека поубаво би изгледало ставена во фармерки, со ниски чизми и кожно палто. Ама сепак, побарав мислење.
Внатре дефинитивно ! Поубав впечаток добивам така, и јас така ги носам најчесто.Ем прибрано, ем стилски.
Јас почнав да си носам, од оние инфинити. Не знам дали е време, јас измрзнав. Да ве прашам јас, најдов хеланки налик плиш, и многу ми се убави . Ама појма немам како да ги искомбинирам. Темно крем боја се, сакав со темно крем чизмички и нагоре со тексас кошула и кожна јакна Дали?
А јас да си прашам дали е океј за beanie капче,иако рано ми се чини, ама ептен ме болат ушите и на ладново некако не ми се искача така без ништо
Веќе е октомври , а кај и да е , за некој ден и ноември.Ако ви е ладно посеако нема да трпите студ, и да чекате календарски да дојде зима, нели ? Пред се треба тие кампчиња да имаат намена, а после се друго. Па,побогу не би трпела ладно , само затоа што би се мислела за сите чудни погледи и озборувања околу мене. На тој што не му студи нека не му студи, јас едноставно сакам кога ќе излезам надвор да сум комотна без ладното да ми пречи во извршување на било кави обврски надвор од дома.
Тоа ти е релативно. Ако на пример живееш на јужната полутопка или во некоја од земјите низ кои се протега екваторот тогаш ноември-декември е идеално време да се носат овие сандали. Во друг случај чувај си за од јуни до септември. Извини што се пошегував, ама прашањево ми е исто ко да прашам дали е се носат бикини за на градска плажа во ноември-декември. No hard feelings
Ако не ти студи и не ти се квасат прстињата коа во декенври ке падне снег или дожд евентуално, ја мислам дека се носат. Ту бе луѓе озбилни ли сте со сандаливе сред зимо ?!? Не ви ли студи ,нели ви се кваси ногата во нив ?!? Минатиот петок колку беше ладно со капут и салонки измрзнав ноќта во град а не па да искочам во сандали.Едвај дочекав да се приберам од диско и до печка да се стоплам. А не викам не, имаше "јунаци" што на тој дожд глумеа мода со сандали.Се прашувам утредента колку температураа имаа кренато и колку фервекси мавнато за да се опраат .
@SuperGirl24 модерно е да се носат сега сандали во волнени чорапи, а не на гола нога, така да кога ќе видиш некоја во град така облечена одма да и кажеш дека направила непоправлива модна грешка!
Не бе луѓе, далеку од тоа дека за излегување носам сандали или штикли , туку поради истата причина која ја спомна SuperGirl24, имаше вакви јунаци минатиот викенд, башка и лани за нова година, скролам на фб по почетна и имаше еден мал милион девојчиња кои носеа сандали. Јас чисто онака да си прашам.
Се мислам дали да ја купам сукњичкава. Баш е некако за зимно време зашто е ко плетена, од дебел материјал. Ама не знам со што да ја комбинирам, би одговарала ли со тексас кошула? На моменти ми е убава на моменти не Па сакам ваши мислења
@anastasijaki мене лично ми е океј, симпатична е, а и доста убави комбинации имам гледано со неа.Е сега зависи од стилот што го имаш, може да изгледа убаво и со тексас кошула, секако со еднобојни топови и доколку мешаш принтови мене убаво ми изгледа и со цветови.Еве ти во прилог неколку комбинации па се надевам дека барем некако ти помогнав во дилемава.