1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Од наша гледна точка е секогаш лесно да се каже но јас многу добро знам како и е. Јас го имам сличниот нејзин страв а тоа е секогаш проследено од поранешните врсќи и се плаши да не се повтори истото и во сегашната врска.

    И јас сакам да се отворам. Иако пред некој ден се отворив и ме посоветуваа феминкиве овде што да сторам но стравот секогаш знае да надвладее.
    Се плашам и јас,се плашам за личноста што ја сакам се уште. Се плашам да не се повтори она од кое најмногу стравувам. Да најде девојка и да стапи со нејзе во брак. Еднаш го доживеав ова, со личност која и не ја сакав многу а не сакам да се случи и тоа сега инаку како би преживеала? Се обидувам да не мислам на тоа. И знам дека не би издржила многу. Знам дека ќе морам да поминувам низ сето она што го поминував тогаш. Има периоди кога сум весела но кога ќе се сетам на тоа, кога ќе се сетам и на оваа личност што ја сакам многу се тогаш пропага во вода.
     
  2. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    Јас мислам дека и двете само се вртите во круг, додека вашиот живот може сака конечно да појде напред и да ги остави лошите работи во минатото.
     
  3. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774

    А што ако ете јас сум оставила се во минатото а подоцна некоја случка ме подсети на тоа што сум го доживеала?
    Од тој мој страв ја губам личноста што ја сакам, што има неверојатно влијание на мене секој пат кога ќе се појави и сакам да му кажам како ми е а не знам како би ме сфатил?
    Сите имаме личности кои ни се се во животот, за мене овој тип е тоа. И да сакам да заминам од кај него секогаш нешто ме враќа. Слаба точка ми е, за жал. Секогаш е тој.
     
    На Yeeah му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ти сама сакаш душо да се вратиш. Ти! А ако се сакаш себе си, нема да се вратиш. Слаба точка треба да ти бидат твоите дома, а не тој. Самата си го правиш тоа на себе си. Расчисти си со себе си прво, па после размисли и донеси ја правилната одлука.
     
    На JustFun и Miss.M5 им се допаѓа ова.
  5. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    Toa e таа мисла која те кочи да одиш напред. Ти можеби мислиш дека си оставила се зад тебе но не е така, затоа и се вракаш на некој кој не му е гајле за тебе(мислам дека така беше). Верувај, нема да ја изгубиш ако му значиш на некој. Ако да, можеби за тебе е подобро така, после ова искуство ке созрееш, нема да размислуваш вака како погоре, ке научиш да препознаеш дали и на кого воопшто вреди да трошиш време, нерви итн., всушност уште пред да почне истиот облик на однесување ке спречиш, ке речеш - Стоп! Јас заслужувам повеке!.
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.255
    Допаѓања:
    124.735
    Искрено неможам да го разберам ова уживајте додека све сами во слободата,додека не све во врска.Ова би го кажал само немој кој е во врска а не е среќен.Јас ја имам целата слобода иако сум во врска.Имам другарки,колешки со кои излегувам и кога дечко ми не е слободен.На фб не ме ни прашува што правиш,со кого пишуваш,каква врска има фб со дечкото :?: Затоа не уживаш во врската,чекаш само на него,опседната си и најверојатно во депресија.Кога личноста која е во врска е иста и кога е сама и со својот дечко и ја има целата слобода,не е задушена,таа е среќна личност и врската е вистинска.Немој да ми се налутиш ама мислам дека си во погрешна насока.
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    2.822
    Јас морам на сите Вас да Ви се заблагодарам :)
    Конечно се дигнав на нозе и решив да се борам.!
    Ќе бидам трпелива,нема да избувнувам,ќе се научам да чекам и да имам самоконтрола.. :)
    И на крај краева,ако се плашам во оваа врска ќе се плашам и во друга после оваа,доколку раскинам,така да боље да се подобрам :)
    Ми олесна многу од советиве,ве бакнувам и гушкам женски :*
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Страв мора да постои. Сега не знам како ќе ме сфатиш, ама додека те плаши и ужаснува помислата дека тој до тебе ќе го изгубиш, значи постои нешто. Кога се` ќе ти е рамно, тогаш е многу тажно и тешко враќање. Но :!: oвој страв мора да го оставиш во потсвеста и да ти помага во конструктивност во една врска. Односно да се трудиш на наредното видување да си создадете што поубави спомени. Ако ти стане тој страв опсесија и свесно секојдневие, веќе и ти ќе стануваш се` помалку и помалку личноста во којашто дечко ти се вљубил. Наместо во секирации за иднината, трудот, нервите и мислите користи ги во вложување во истата и во разубавување на сегашноста.
     
    На Yeeah и JustFun им се допаѓа ова.
  9. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    Браво за тебе и морам да додадам уште нешто а тоа е дека не ми се допага ставот на дечкото само на тој што го сакаме можеме некогаш и лошо да му кажеме. Не може вака не си ти врека за емоционални отпадоци, очигледно е дека постои бариера т.е. страв и од негова страна. Нека биде фер и тој да ти се отвори и почнете одново без емоцинален багаж од претходни врски.
     
  10. Teen.girl-18teen

    Teen.girl-18teen Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    Бев во врска со совршенство од личност , конкретно во карактерна смисла , сето тоа траеше 8 месеци , но пукна тиквата поради сплет на околности за кои признавам јас сум виновникот. Во меѓувреме за овие 9,6 месеци како не сме заедно , имав нова , прилично добра врска која ме исполнуваше , но нешто секогаш ме влечеше назад , ме тераше да оставам се , само поради бившиот , затоа што во текот на овие месеци во кои сме разделени , секоја наша online конверзација и секој телефонски повик ( бидејќи избегнувавме да се видиме ) , колку и да сме поставени пријателски еден кон друг се сведуваше на нашето минато , и секогаш ги разгоруваше потиснатите емоции , особено бидејќи токму тој ги иницираше таквите емоционални разговори.
    Оваа , сегашна врска прекина , се уште не сум се откажала од идејата дека можеби еден ден повторно ќе бидам со бившиот , но сепак не знам како да го придобијам назад , бидејќи направив грешка со која ја проневерив неговата доверба ( не е неверство во прашање ). Ве молам за помош и за некој совет , од лично искуство што ви се случиле.
     
  11. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    ^ Делуваш како девојка која е прилично „лесна за одржување“. Ретки се оние личности кои за двајца бивши ќе кажат дека биле супер и немале маана. Сигурен сум дека оној кој сакаш да го добиеш назад го знае и чувствува истото кое го зборувам.

    Ако не се работи за физичко изневерување, а ти му кажеш изрично дека се каеш за стореното, сигурен сум дека тој ќе премине преку тоа. Освен ако не е некој строго принципиелен лудак кој ќе испушти добра девојка за свое правило не знаејќи дека личните правила треба да се газат повремено за да имаат смисла.

    Исто така, чим комуницирате, тој не се откажал од тебе, односно лесно ќе го добиеш назад. Чим комуницирате, се гледате, тогаш да го одвлечкаш во кревет е најлесната работа на светот. Две чаши вино, три бакнежи на паркингот и четири оргазми во спалната. Тоа се тие љубовни бројки. :inlove:
     
    На WomanInRed му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки

    А да бидеш едно време сама? Не сериозно, доверба тешко се враќа назад. Заборави го и фати си друг.
     
  13. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Никогаш не можам да ги сфатам коментарите од типот: Фати си друг тој не е за тебе.
    Луге, навистина мислите дека тоа е лесно да се направи? Посебно ова го викаат оние кои имаат успешни и убави врсќи па не осетиле на своја кожа како е да се бориш против чувствата.
    Навистина мислете дека со тоа што доколку некој ќе фати друг магично ќе заборави на бившиот и на сето она што било?
    Не иде тоа така бе луге. У теорија можеме сите да кажеме тоа, во пракса никој не може така лесно да го превземе тој чекор. И секогаш знаеме да трепериме кога и да го видиме бившиот, или кога и да се спомене неговото име.
    Тој следниот колку и да е добар, колку и да е мил, ако не тие при срце џабе е. Џабе! Знам по себе, знам по други, знам по трети личности.

    Инаку Teen.girl-18teen.
    И јас сум во слична ситуација, ќе ти кажам дека не треба многу да го напнуваш. Остави го него да поработи, ти си се потрудила, на него е ред. И многу добро знам како ти е, и нема да ти речам остави го затоа што знам како е да се бориш против чувствата. Разговарај со него, дај му време, потсети го зошто се заљубил во тебе, но за довербата не му зборувај. Не ја отварај таа тема додека тој не ја отвори.
    Ако и тогаш не иде, разгледај ја можноста тек тогаш да се потрудиш да го преболиш.
    Подобро да знаеш дека си се потрудила отколку да се прашуваш што би било кога би било, односно наместо да чекаш сами да се решат проблемите.
     
    На awayfromyou и fifi16 им се допаѓа ова.
  14. rumcokolado

    rumcokolado Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    епа вака јас сум 18 и пол години а тој 19 се знаеме од пролета од на фб почнавме да пишиме и се поздравуваме кога ќе се сретневме и се така..се дури не се смувавме и тоа беше во ноќен клуб не беше случајно спонтано туку фино ме повика момчето настрана почнавме да зборуваме и така..другиот ден ме повика да излеземе и тогаш се понашаше баш нормално само јас бев проблемот што малку бев напната нервозна реагирав много лошо на секој негов збор и на крајот тој ми рече сакам подобро да се запознаеме неможиме да бидиме во врска веднаш и јас изреагирав многу налутено но потоа реков добро и јас така мислам.Другиот ден пишувавме на фб и ме праша дали ќе излегувам јас реков дека ќе одам кај другарка :( можеби планирал да излеземе пак.Се беше добро пишувавме на фб и тоа само јас му пишував прва тој се понашаше онака нормално и така дојде петок тој си дојде дома бидејки не учи во мојот град и јас му се јавив зборувамвме пишувавме на фб и рече дека ке зилегува со другарите и јас добро.Таа вечер седев дома и тој ми се јави вечерта кај 1-2 сатот да ме праша кај сум.Другиот ден јас го прашав дали сака да се видиме тој рече незнам ќе видам дали ќе можам добро ајде.Вечерта кога бев излезена му се јавив да видам каде е тој рече дома е не можел да дојди и почна да ми кажува дека ние не можеме да бидеме заедно дека учел во друг град ако сме продолжеле да се гледаме ќе сме се засакале уште повеќе ќе ни било потешко потоа почна дека тој имал една случка од порано од која бил повреден и неможел да засака друго девојче бидејќи бил разочаран јас му признав дека го сакам и а тој рече дека знај дека се чуствува тоа потоа призна дека искрено чуствува кон мене нешто повеќе од другарка ама не нешто многу .. беше касно па јас реков да зборуваме нредниот ден тој рече добро.Другиот ден отворам на фб имав порака дека нема за што да зборуваме повеќе кажавме се јас одговорив на тоа дека не го очекував тоа од него бла блаа дека треба тоа во живо да ми го кажи..на тоа не одговори ништо и по 2-3 часа ми се јави но јас рагирав нервозно и ми рече можи ќе ти се јавам покасно да зборуваме и но не се јави.Замина во другиот град на фак му пишав на фб зборувавме онака општо се смеевме и така и на крајот ми пушти бакнеж а тоа не го правеше порано пред да се смуваме.Дојде викенд се видовме и се поздравивме и ми се насмеа.По неколку дена јас му пишав на фб дека сакам да зборуваме во живо а тој рече ќе зборуваме ама јас мислам дека расчистивме јас му реков јас не мислам така и тој рече дека ќе зборуваме кога ќе си дојди дома и јас добро.Дојде повторни викенд се видовме во истиот клуб и дојде ме баци на лице ама онака чудно ми стоеше така неколку секунди така и јас се тргнав и му реков дека сакам да зборуваме наредниот ден тој рече добро.Другиот ден му се јавив да се договорам и тој бил зафатен бил договорен јас разочарана така реков добро.Другиот ден се видовме но се преправав нека не го видов и толку.СЕГА ВЕ МОЛАМ кажете што да правам навистина го сакам а незнам што да мислам бидејќи реагира чудно кога ќе ме види а на фб вика дека расчистивме...кажете што да му речам да му пишам на фб да му се јавам или било што сакам да правам сериозен муабет значи ако тој навистина го мисли тоа што го кажа на телефон нека го кажи во живо за да верувам ;( иначе не е некој женкар немал девојка до сега..
     
  15. Teen.girl-18teen

    Teen.girl-18teen Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14

    Не знам да бидам злобна и да си ословувам бившите со најпогрдни зборови , колку и да ми згрешиле , сепак разубавиле дел од мојот живот , затоа што живеам со правилото да се заборави лошото , а да се памти доброто. :)
    Не се работи за никаков вид на неверство , ниту физичко , ниту психичко ниту пак емоционално. Сум осетила на своја кожа , сум била изневерена и знам како е да се почувствуваш понижено , затоа не сакам ниту да му предизвикам некому таква болка и да изневерам , ниту пак сакам да бидам причината за нечија несреќа , да дозволам некој да ја изневери саканата со мене. Не сум таков карактер. :)
    И баш поради тоа што не постои никакво неверство сум толку надежна за ситуацијава. Со Господ напред , сакам да го остварам она што сум го зацртала , да го вратам назад човекот кој го сакам.
     
  16. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.247
    Epaa vaka ,prvo se izvinuvam sto pisuvam latinica no nemoze nesto da se smeni ..
    Mi treba soveet ...
    Znaci so dechko pisuvame 4 meseci , jas go znaev od izleguvanje aa toj mene od facebook. Prv pat se sretnavme onaka lice v lice vo eden restorant toj tamu rabotese a jas so drustvo izlezena ii edna od moite drugarki go dovede decko da se slikame ama dotogas ne se ni znaevme ne mi se ni dopadjase ni pak toj mene me znael tolku za da mu se svidjam ii taka... Iii posle nekoj den tooj mi pisa na fb i mi ja pobara slika da ja vidii ..ii taka prodolzivme da kontaktirame.I taka 4 meseci ii posleden mesec pocesto pocnavme da se srekjavame po diskoteki ..iii konacno dogovorivme kafe . Izlegovme na kafe iii onaka bezveze muabeti si pravevme... Posle toa ne pisuvavme 2 dena no se sretnavme vo diskoteka , i se pozdravivme najnormalno i tooj mi rece koga planiras da si odis zvoni mi da se vidiime,i jas taka i napraviv ii taka izlegovme nadvor i bidnaa sto bidna se smuvavme , porazgovaravme i me isprati do taksi i mi rece kje se vidime utre noo tooj od togas ne mi ni pisa ne se ni jaavii ...
    iii sega neznaam sto da pravam ne sakam nitu jas prva da mu pisaam aa vekje pominaa 5 dena ..
    Heeeelp :*
     
  17. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Изгледа си го направил меракот? Незнам, почекај уште некое време. Ако не пише немој и ти.
     
    На Anaouou му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lola90

    lola90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2014
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    9
    Ме привлече на прв поглед :) Но не само физичкиот изглед,туку осетив некоја енергија,некоја хемија..Јас му пријдов да се запознаеме,јас бев иницијатор,го поканив да излеземе..Се почесто почнавме да се дружиме,секојдневно да се гледаме,се развија силни чувства еден кон друг,се трудев,се заљубивме еден во друг..Тоа траеше 2-3 седмици..Но,не е се така совршено..тој е од друга вера, :| и дури,имал вереница ;( Тој беше фер и ми го кажа тоа уште на почетокот)..,свесна бев,но едноставно не можев да ставам крај со него кога ми го кажа тоа,иако тоа беше најдобро,слепо и вљубено продолжував да се гледам со него...но ете ,решив,нормално, да се тргнам од него..Заминав на одмор,но воопшто не заборавив на него,баш напротив,цело време мислев,нерасположена,ни за момент не можев да се опуштам и да уживам..многу лошо се чувствував во душата :doh: ,тој е најпеколниот одмор,што се каев дека заминав,а не останав со него,да се борам..да се најде некое решение,имаше навистина силна љубов...Додека бев таму,пишував со него,бевме на тоа дека е готово со нас,ми призна многу работи,се отвори,иако воопшто не е таков по природа,дека никогаш се немал приврзано кон друга како кон мене,многу многу се врзал за мене,и така преку нок сум заминала,сум го повредила,разочарала..2-3 дена не излегувал од дома бил навистина лошо само пиел и слушал песни(и другар му ми кажа дека никогаш го немал видено таков)...да,двајцата страдавме..разделени..Но што вие би направиле на мое место..друга вера е и +свршен !!! Се вратив од одмор,тој беше веќе оладен,јас не..јас сеуште страдав по него..не можев така...го побарав..и..го вратив! И тоа му објаснив како се чувствувам,му побарав втора шанса,почнавме пак... но,повеќе не беше истиот,не беше тоа тоа,како на почетокот,беше сменет,ја немаше таа искра како на почеток..Можеби беше моја грешка,не се трудев,не го мотивирав,можеби и јас бев ладна.. едноставно не вредеше да се борам за битка што веќе ми е изгубена :worried: ..немав волја...Така престанавме да се гледаме..за ништо..целта се оствари,најдоброто решение се постигна..Но,без него,си одам сама против себе :( :sweat: ;( и после месеци не можам да го преболам,заспивам во солзи мислејќи на него..исто се разбудувам..повремено контактираме пишуваме но онака,само формално..Знам дека би ме советувале да го заборавам,паметна сум и сама знам што е најдобро,но ете,разумот едно кажува,срцето друго
    Ве молам за мислење,совет..но земете ги и во предвид чувствата
     
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Батали ги чувствата ќе исчезнат, залудена си само затоа што не можеш да го имаш. Самата си си дала одговор на прашањето за кое што бараш одговор. На крај за што да се бориш? На какво решение се надеваш? Битката е изгубена и пред да започне.
     
  20. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Јас незнам какво мислење бараш од нас? За што сакаш? Дечкото си е верен, па и сакал да си шара на друго место.