Ќе може некој да ми каже дали некаде има да се земат прашања деловна етика, или пак на што да се обврне повеќе внимание ?
Нема многу прашања, а и тие што ги има немаш помош од нив. Инаку повеќе внимание на дефиниции и НАБРОЈУВАНКИ!
Ќе може ли некоја феминка што има искуство со Work and Travel ,да ми пише во лп ми требаат некој информации.Со другарка од др факс планираме заедно следново лето да одиме за америка. И двете сега сме втора.Па ме интересираа условите кои се ,што ни ги наложува конкретно нашиов економски..
Оди на страницава http://www.kouzoncorporation.com/web/ Имаш се што ти треба.Услови, како да аплицираш, кој може и се друго. Ако треба нешто лп.
Кажете ми повеќе за ФПИ... да земам прашања од либро или не се паѓаат? На што да обрнам внимание, лесно ли е?
Не се паѓа ништо, менува професорот секоја година нови прашања и до сега не се случило да се повтори некое Учи го предметот со разбирање, не на памет зошто те очекуваат логички прашања, ако добро го имаш сфатено нема да ти биде тешко Задачите обавезно извежбај ги доста може да те извлечат.
И нешто за Финансиско сметководство кај Љубиша... треба многу да се напнам да учам? Се паѓаат прашањата од либро на прв колоквиум?
Трговско право се само затворени прашања со еден точен одговор? И Вовед до сметководството исто така?
Кажете ми Основи на менаџмент кај Шуклев што да учам? Само набројуванки или и дефиниции? Кажете ми се што знаете пошо морам да го положам првиот колоквиум... Што треба за 6ка... и сл. Фала!!
Дечки доколку има некој што има магистрирано или е во процес на изработка на магистерската, ми треба да ми каже дали сами си ја бирате комисијата или тоа си е стандардна комисија која ја одредува менторот или факултетот?Фала ви..
Јас колку што знам тоа си е стандардна комисија која ја одредува менторот,е сега има и некои професори/ки што немаат комисија туку само пред него/неа си ја браниш дипломската