BunnyGirl, помината е нејзината свадба ( обрати внимание на датумот кога е напишан постот: 8 јули). Инаку еве во спојлер интересен график со значењето на некои цвеќиња:
Која цена се движат бидермаерите немам врска прашав само цена за еден и ми рекоа 3000 ден. Па незнам тоа дали е скапо или ефтино ? И каде да барам ако знаете ?
Според мене 3000 денри се многу за бидермаер. Јас мојот го платив 1500 денари, а беше прекрасен. Комплет со китенки и виткање на даровите платив 2500 денари.
Nana, цените зависат од цвеќето кое ќе си го одбереш, како и од сезоната, кога ќе ти биде свадбата, затоа што некои цвеќиња, иако се увезуваат од Холандија - ги нема цела година. А зависат и од тоа во кој град си и каде си прашала за цена. Но, сепак и јас мислам дека 3000 ден. само за бидермаер се премногу. Има преубави бидермаери, за многу попристојни цени. Ако те интересира, пиши ми лп - ќе ти пратам линк од каде јас го нарачав мојот, за да не испадне дека рекламирам овде.
Летово бев кума и нели адетот бил кумата да го купува..... невсетата си одбра преубав бидермаер комбинација на оргидеи и рузи во нежно розево со циклама навистина преубав ни го наплатија 1.500 денари од цветен пазар
Девојки има ли некој да ми препорача цвеќара во Велес каде можам да купам бидерамерот на мене и на деверушите... Ви благодарам
Na cveten pazar karsi halk banka ili poranesna nova makedonija. Mnogu dobro gi pravat i ima golem izbor.
Никогаш не стојам во ред да фаќам бидермаер, често мајка ми ми вика да одам да го фаќам, не сакам да се туркам и после сите да ме умараат дека ќе ме мажат и слично. Доколку се мажам сигурно ќе имам некој убав, нежен бидермаер.