Zdravo Jas samo sto doznav deka sum nositel na hronicen hepatit b znaci ne sum bolna tuku samo sum nositel i sega neznam sto da pravam imam bezbroj prasanja ako moze nekoj da mi pomogne na ovaa tema sto da pravam kako da ziveam ke mozam li nekojgas da imam dete i dali nekogas ke go isfrlam virusot od mene Ve mola za pomos bidejki sum mnogu ocajna... [mod-kirilica:1up13bit][/mod-kirilica:1up13bit]
Сакам да прашам ако еднаш си прележал хепатит б дали може повторно да се инфицираш ако дојдеш во контакт со вирусот или остануваш имун засекогаш? Се надевам дека некој ке ми помогне....
А сега може ли да се вакцинирам бидејки партнерот ми е инфициран и ми е страв пак да не се заразам. Ве молам за помош
Мерак, мислам дека за твојата состојба треба добро да поразговараш со лекар од Инфективната клиника. Ако те разбрав добро, вирусот на хепатит Б е присутен во организмот, но ти не си болна односно немаш симптоматологија. Ако си Hbs+, (ако така ти пишува на резултатот), не можеш да се вакцинираш, бидејки вакцината е за оние кои немале претходно контакт со овој вирус. Вирусот на хепатит Б тешко се искоренува од организмот, кај некои тоа успева спонтано, но кај некои е хроничен. Секогаш не оди со упадлива симптоматологија. Прашај за лек на инфективно кој скратено се вика ПЕГАСИС- скап е, лекувањето е тешко, но го уништува вирусот. Но, претходно мораш да расчистиш, дали имаш вирус, или само антитела на вирусот на хепатит. Второво значи дека си дошла во контакт со вирусот а организмот си создал антитела. Во секој случал бид. не сум лекар консултирај се со стручни лица, направи дополнителни анализи. Најдетални анализи за хепатит Б прават во МАНУ.
Фала за исцрпниот одговор.... Само уште да прашам ако организмот си создал антитела на вирусот на хепатит дали тоа заначи оти пак си носител на вирусот или не.
Значи може да си дошол во контакт со вирусот, но твојот имунолошки систем го уништил вирусот, а остануваат само антителата. Тоа е нешто како природен имунитет или имунитет кој се стекнува при вакцина. Ако во резултатот ти пишува Хбс+ тогаш го имаш вирусот. Ако стои само Анти Хбс + тогаш имаш само антитела, но не и вирус. Се надевам дека е ова второво.
Зошто не видиш на нет? Има се за Хепатитис Б . Еве јас да помогнам . http://tormozenje.4ulike.com/t524-topic http://www.miaaids.org.mk/SPB/nekoi_spb/hepatitisB.htm
здраво, дали може да ми кажите колку чинат испитувањата за хепатит б. треба да правам проверка, ќе ми земаат крв и незнам колку парички да приберам со мене хех
Незнам дали е соодветно тука да прашам или можеби да отварам нова тема но ај ке прашам тука. Значи ме интересира како се пренесува хепатит ц ? И дали е можно да се излечи?
@Kukla994 на линков имаш подетална информација: http://www.mhahs.org.au/index.php?option=com_content&view=article&id=510&Itemid=1756&lang=en Кратко е. Прочитај го цел текст.
Вака, хепатит Ц е најлош вирус од сите хепатити. Преносот на пат е најчесто парентерално (со крв), но може и преку сексуален однос и мајка- дете (иако последниве се поретки начини за Ц, а сигурни за Б). Хепатит Ц може да биде акутен и хроничен. Кај 80% е асимптоматска болест (нема симптоми), кај останатите има гадење, повраќање, жолтилото кај овој Хеп е редко. Самата болест се открива случајно при проверка на крвната слика со покачените аминотрансферази (АЛТ и АСТ кои можат да бидат зголемени од 20 - 40 пати над нормалата), кои веднаш побудуваат сомнеж дека се работи за некој хепатит најчесто. Потоа следуваат серолошки испитувања за утврдување на типот на Хеп со маркери, конкретно за Хеп Ц се прави со детекција на ХЦВ РНК со ПЦР. Хепатит Ц е опасен бидејќи со тек на време, според некои литератури после 10 години од експозиција, постои ризик од хепарна фиброза, некроза и хепатоцелуларен карцином, како компликација од истата. Масната храна, алкохолот се контраиндицирани. Терапија која го одложува вирусолошкиот одговор е со пегалиран интерферон и рибавирин. Вакцина за Хеп Ц сеуште нема (за Б има и е редовна, се дава на 0-ниот ден, првиот месец и шестиот месец). Би се изненадиле колку многу е чест овој хепатит во Македонија и колку луѓе живеат со него. Најчесто заболени се хомосексуалците и венските наркомани, како и луѓето на дијализа.
Многу ти благодарам. Јас прашувам за еден мој близок но него тоа му е од раѓање и татко му мислам дека има и така наназад но и браќата. Браќата мислам се излечија со само исчезнување колку е тоа точно незнам ама можеби и не биле толку што знам. А едно глупаво можеби прашање дали со банување се пренесува? Или незнаеш до толку, имам читано но никаде нее спомнато освен сексуален однос ако веќе под тоа се подразбира и бакнувањето.
Вака вирусот на Хепатит Ц го има слабо во спермата/вагиналниот секрет и во плунката, па затоа како што кажав преку нив е ретко заразувањето, за разлика од Хепатит Б кој го има многу и кој освен преку сексуален однос се пренесува и преку плунката. Дали си сигурна дека твојот близок боледува од Хеп Ц, а не од Б, прашувам бидејќи ме зачудува фактот дека на цела фамилија им е како "наследна болест"? Инаку не постојат само овие три хепатити, туку има и Хепатит Д и Хепатит Е. А е сличен на Е, а Б на Д, според начинот на пренос.
Ахам....Инаку да сигурна сум пошто и на лекар тоа му го велат и сега прави контроли на џигерот има закажано во февруари па срце не ме трае што ке биде затоа сакав малку тука да се распрашам. На една контрола му рекоа дека се подобрува па после пак е исто па сега што е биде Господ знае многу се плашам за него инаку има 22 год значи премлад е.
Ахам....Инаку да сигурна сум пошто и на лекар тоа му го велат и сега прави контроли на џигерот има закажано во февруари па срце не ме трае што ке биде затоа сакав малку тука да се распрашам. На една контрола му рекоа дека се подобрува па после пак е исто па сега што е биде Господ знае многу се плашам за него инаку има 22 год значи премлад е.