За Сикрет ке кажам дека и јас не би трпела да подмирувам туги долгови,туку ке гледам мене да ме биде,а не да вадам некого кој што е во кал до гуша,па и родител да ми е има раце и нозе ке се препоти малку и ке се извади.Затоа се вика дека е родител,тој се жртвува за детето,а не децата за нив.
Џабе се прскате тука кога утре вие сите ќе ја преземете улогата на свекрва, па ќе бидете бетер Шега на страна, живеење во заедница, тесен простор, повеќе деленици, повеќе семејства, цела градинка на 30м2 си го дава својот данок. Тој менталитет да живееме во заедница е всушност и нашиот проблем зошто има кавги, поделби, прост менталитет и се останато. Тука доаѓа и до израз судир на генерации. Такви ќе бидеме и ние што се залажуваме. Јас не можам да сфатам како може 3 семејства да живеат во една куќа, а притоа имале пари да живеат одвоено? Демек на мајката сите синови да и се на број. Која глупост. Разбирам да живееш така поради услови за кои не си крив ( слаб економски стандард), но да ги имаш сите услови и пак да делиш куќа со некого е тоа не го сфаќам. Затоа кај нас на една куќа има 50 деленици.
Е тога ќе биде - додека бев снаа не чинеше свекрвата, а сега како свекрва не чини снаата Генерациски разлики, две жени во една куќа рат... оди најди го крајот. Докторе, балкан је куќа тесна али бесна
epa ni gi snema Kokino i Vishy i odma ni stana zdodevno vo temava.Sega cekame da se pojavi nekoj nov fantomski lik so svojot 'neresliv' bracen problem.
Е од цела ноќ читање на темава,едно и единствено мислење да прочитам,а во него да бидат разгледувани и двете страни! Браво,мислам дека објасни малку повеќе
Женички абе нема ништо во меѓувреме? Нови снаи, свекрви, повуци потегни, сите арни по дома, еве и јас арна со мојана (свекрва) мајка, уште малку ножеви ќе почнат да фрчат низ куќа. Се ујдисале со малиот член да можат очи ќе ми извадат, е 3 генерации под ист покрив тешко е. Малку сум офф ама да ја размрдам темава.
Не ни памтам последен пат кога сум била на темава, ама имам само едно прашање за претходните неколку страници со проблеми... Каде ви се бре мажите??? Какви луѓе се тоа, што дозволуваат шиканирање на венчана жена (ако е во право, се разбира), и тоа во некои случаи кај ВАС дома? Не дека кај нив дома би било побезболно, до душа... Додека живеевме заедно, среќа не се заколивме. Откако се иселивме пробуваше душа да ми вади, ама маж ми бре е тука! Не дозволува кој и да е да вреѓа кој и да е. Колку пати јас сум претерала, па без размислување ми кажал каде ми е местото (не сум од тие што се убедени дека се цветчиња за мирисање), ама и застанал исто толку пати зад мене. Еднаш дојде кај нас дома да ми соли памет за домаќинлук, мајчинство, финансии и што ли не, јас пререков, долг ми е јазикот ама мм беше тој што и кажа каде и е местото, низ врата надвор. Од тогаш не е добредојдена во нашата куќа, и ние во нејзината. Тоа сама си го направи, без нас да остане. Не сме цвеќиња, и двајцата сме лимон табиети ептен. Посебно јас со мојата тврдоглавост, ама он е тука да ме спушти на земја кога ќе претерам, јас да му кажам до каде е границата. Бракот ни е таков, гласен, бучен, викаме, се смееме, се радуваме, плачеме, се караме пати на ден, ама секоја вечер гушнати спиеме. Ни една мајка/татко/надворешна варијабла од било кој вид не не допира!
Чек, да се навикнеме на платформава, па ќе се распуцаме по поозбилните теми. Вака дупли шок му доаѓа.