1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање на работа

Дискусија во 'Бебе' започната од leona83, 17 октомври 2014.

  1. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Не видов ваква тема, сите ги разгледав.
    Како се подготвувате за враќање на работа, физички ( во смисла на кратење на подои во текот на денот, за да се намали продукцијата на градите) и психички ( лично за мене потешкиот дел)? Кој ќе ви го чува бебчето, какви упатства оставате и на крај искуства како поминале почетните денови.
    Иако ми е второ дете уште сега се нервирам, не можам да се одвојам. Планирам жена да најдам и се што правам да ме гледа, да учи и недела две пред поаѓање да ги оставам да се учат една на друга ( а и да не ме бара мене за цицање).
    Викаат дека мајката потешко се прилагодува а бебето побрзо, или тоа е за да се тешиме?
     
  2. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Никој нема да почне на работа? :?:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Оф душо мила. Не можам да замислам колку ти е тешко, но ќе ти кажам за мене. Мајка ми морала да започне на работа кога јас сум имала 8 ипол месеци и во тоа есено време, ме пратила во градинка. Уште не сум одела, туку сум ползела по малку. Е предност кај мене било што мојот 2 год постар брат бил тука, па кога првиот ден сум плачела по мајка ми, брат ми го ставиле во истото креветче со мене. Ти велиш дека имаш две а тоа е бар мала предност, зошто бебувчето веќе ќе има познато лице дома.
    Малку утеха. :* :*
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Поголемиот оди во градинка а бебево ќе го чува жена, ама мноогу ми е тешко. Така ми беше и за првото, па некои 4 месеци убаво си плачев секој ден, ете таква сум ;(
    Уште сега ја гушкам нон стоп.....
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Нормално е тоа, мислам дека иста ќе бидам и јас... 9 месеци теоретски му е може доволно на бебето за да не зависи конкретно од мајката, но всушност се додека е малечко ептен (а тоа подразбирам до кај 2-3 годинки) има потреба од мамичка до него, а и мајката најубаво би се чувствувала да е така. Но, тоа е тоа, не може да се бира... :?: Поддршка и од мене, останува да се навикнете и двете, нема друго. :) Да немаше постојана работа и пример маж ти да заработува добро (а не знам дали е така), ќе ти речев можеш да си почекаш... но, претпоставувам имаш стабилна работа што те чека, така да немаш избор. :*
     
    На joy1 и leona83 им се допаѓа ова.
  6. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Lovely имам добра работа по струка ми е, работам веќе 8 години ама денес не се наоѓа лесно работа па и по кејф. Фамилијарно сме добро ситуирани ( форум е, нема потреба од невистини) затоа и жена ќе земам, моментот е дека и после неколку месеци низ истото ќе треба да поминеме а и бебето ќе 'разбира' повеќе, вака само ќе ризикувам да останам без работа ( иако размислував за неплатено отсуство).
    Фала на подршката, не сум ни прва ни последна:) :) :)
     
    На Lovely93 и okcenzi им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.809
    Пол:
    Женски
    Leona јас искрено не се оптоварувам мн со тоа,бар не уште од сега.Јас треба да се вратам во мај на раб .Имам раб време од 8 до 2 ,срека немам дежурства.Мм раб од дома па најверојатно тој ке ја чува за почеток,за после ке видиме зависи како ке се снајдат.Знам дека тоа мора да се случи и нема бегање.
    Првото кога го оставав бев мн досадна.Дома по 500 пати ѕвонев и прашував како е дали јадела.Едина разлика ке биде тоа што првото не го доев а ова да,па може тука малце да имам тешкотија.Но и тоа ке го средам :) не се грижи мн деца се ке се заиграт,дур преспијат ти ке си дојдеш дома.А и мислам дека после 9 месеци константна посветеност на бебето добро ке ни дојде работното опкружување :) бар по мое мислење
     
    На НаталиЛили, eleni27 и leona83 им се допаѓа ова.
  8. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Јас се враќам за месец дена. Супер што маж ти работи од дома па ќе помогне за почеток а и мај е далеку:)
    Емотивна сум по природа па како се ближи времето се 'потресувам'. Најдобро е кога има опција член од семејството да ги чува.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Исплачи се мила само да не те види детето. Плачи во вц или на тераса, или кога ќе заспие.
    Оф што ми е жал, што не знам како да ти помогнам. ;(
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.880
    Помислата дека треба да појдеш на работа е пострашна од самото поаѓање. И јас си мислев така како ќе биде но навистина за 2 дена се беше под контрола и во најдобар ред и со неа и со мене. Гледаш дека таа се прилагодува на новите услови дека и е добро и без тебе ;) и нема потреба од грижи.
    Исто многу се мислев за кратење на подои како да ја припремам, но по совет од д-р од Соба за доење, која ми рече да не и скратувам ништо, дека кога ќе ме нема таа сама ќе се прилагоди и ќе знае дека нема цицање додека ја нема мама. Иако бев скептична во врска со тоа, така направив и потешки беа само првите 2-3 дена додека сфати дека мама се враќа подоцна и тогаш ќе цица. Така правам и сега викенди кога сум дома си цицаме почесто, а кога сум на работа се враќам доцна околу 18 часот, инаку си јаде се без проблем преку ден. Кога појдов на работа 2 недели седеше мм со неа, после тие 2 недели со 10 полни месеци значи од први Септември малата крена во градинка, и нормално на почетокот очекувано со плачење вриштење нејадење неспиење за неполн месец се прилагоди и таму си е супер сега. Брзо се прилагодуваат тие се мали ѓаволчиња :inlove:
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    541
    Викате брзо се прилагодуваат бар да ја утешам сестра ми за :lol: За 20 дена започнува со работа а внука ми ќе има 8 месеци,уште пред месец дена почна да се нервира зошто незнае како ќе биде со малата,за чување ќе ја чуваат од дома ама проблемот е што е алергична на пример од се што содржи млеко,се исфрла на лицето и не смее да и се дава ништо такво што значи ни адаптирано млеко,од другиве кашички и сл и за тоа си прибира повеќе ги јаде овошните :( А за спиење кога беше помалечка ја успивав и јас и некој друг можеше да ја успие,ама како што си растеше така си се навикна само на сестра ми и на гради и заспива,штом примети дека не е она одма се тегне хах...Неможам да замислам како ќе и биде кога ќе почне со работа :(
     
  12. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Имаше ли проблем со градите? Јас мислам дека ако сега не цица од 8-18 часот дека ќе ми пукнат градите. Со првото така направив, проретчував подои за пред да тргнам на работа имаше само едно доење до 18 часот,
     
  13. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.880
    Па неможам да речам проблеми, првите 2-3 дена ми се полнеа многу, почнуваа малку да се стврднуваат па едвај чекав да отидам дома да ми олесни и на мене, но потоа се намали лактацијата на млеко и телото само си се прилагодува на новите услови, инаку ако ептен ти се наполнат можеш МАЛКУ да се одмолзиш додека си на работа.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    Пред Нова година ми завршува породилното отсуство и планирам да си го искористам одморот па да се вратам на работа во јануари. Имаме време дотогаш психички да се подготвиме на разделбата и се надеам нема да имаме проблем. Предност ми е тоа што работам кај блиски роднини и ќе можам да работам 4 до 5 часа дневно (ќе ми биде напорно додека да завршам со работните обврски но ќе се потрудам да постигнам).
    Инаку додека сум на работа ќе ја чува свекрва ми бидејќи живее поблиску до нас и тој период од денот е слободна и расположена да ја гледа внуката. Јас изминативе две недели веќе започнав да и ја оставам по 1 саат некогаш и подолго, да се гледаат за да започнат да се учат една на друга. А и мм ќе биде дома и плус планирам кај мене да се чуваат, бидејќи бебушката моја е многу поспокојна и помирна кога си е дома отколку на друго место.
    Рано е да планирам точно како ќе биде ама отприлика мислам дека ќе ја дојам пред да појдам на работа, ќе и оставам кашичка и сокче и нека се чуваат... Нема да ме цица 5 часа,си мислам белки нема да имам проблем :?:
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Јас се вратив на работа пред две недели. Како сите мајки се плашев како ќе се навикне без мене, особено без цицето :D . Додека бев дома ,кратко пред да почнам на работа, почнав да не му давам да цица во период кога ке сум на работа, ама тоа ми беше грешка. Прочитав во Соба за доење дека нема потреба, да ретчам подои додека сум дома, послушав и почнав пак да си цицаме кога сака бебуш. Почнав на работа и се е супер. Не ме бара си пие јогурт или ако сака мое меме со лажичка , цуцла не прифаќа никаква, си јаде. Ми велеа сите мајки што почнале на работа ,кога нема да те гледа нема да бара да цица. Навистина така е. Знам дека ви е страв , на мене ми беше огромен стравот дури размислував да не работам, ама бебињата се навикнуваат полесно од нас мајките.
     
    На kankus, bucale и leona83 им се допаѓа ова.
  16. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    За некој ден се враќам на работа (и од таму ќе ве следам и кога можам ќе ви пишувам ;) )... Ми помина и породилното отсутво а и одморот си го искористив,така да време е психички да се подготвам за новата ситуација.
    Ќе се гледаат со баба и дома кај мене, а веќе минуваат по 1 до 2 часа заедно сами и мислам дека добро се снаоѓа свекрва ми. Ќе бидам отсутна од дома 6 часа, за тој период ќе и оставам каша (ќе морам од тегла) и сок... па се надевам дека ќе и биде доволно.
    Подоите преку ден ни се веќе намалени, само 3 пати цицаме во текот на денот и тоа најчесто пред спиење, па мислам дека цицето нема да и недостасува а и за мене не би требало да биде проблем.
    Психички се осеќам спремна да ја оставам, и се надевам дека нема да имаме плачки ама ај ќе видиме точно како ќе биде.

    Е сега едно малце можеби припросто прашање ...ммм:mm:... дури не знам ни како да го формулирам за да не испаднам простичка:$. Туку мислете што сакате јас ќе си прашам. Има ли некаков проблем во тоа што кога ќе си дојдам од работа ќе цица мелко од градите кое подолго време (читај повеќе од 6 саати) не било исцицано?
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    А зошто би било проблем Снегулка? Никогаш не ви се случило подолго време да не цица? Мојава на пример не се буди цела ноќ, значи знае да врзе и 8-10 саати без да побара да цица.
    Млекото си е исто, не менува состав.
     
    На НаталиЛили и snegulkata им се допаѓа ова.
  18. Artemida81

    Artemida81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Jas se vrakjam sredina na juli, i sakam da najdam zena da ja cuva.zasega mi e rano da baram, pa zdravje do togas, ke ve citam vas sto pojdovte na rabota:)...znam deka ke bide tesko ama imam vreme da se podgotvam, zasega uzivame, se guskame...
     
  19. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    од др.Јулија: градата е жив орган така да нема застоено млеко и не е ниту страшно, ниту расипано, ниту ќе му биде нешто на детето. Кај нас ситуацијата беше обратна: малата лесно се навикна без мене ама јас.....ден денес нон стоп ја мислам како прв ден да сум ја оставила.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  20. * Zence *

    * Zence * Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Ние од нареднава недела ке се одвоиме со цуцката моја, мама почнува на работа она има 8 месеци лелееее уште не ми е верно дека нема да бидеме цел ден заедно, ке почнеме во градинка нов период на адаптација па ке видиме како ке биде