1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Rumcokolado не го сакаш не си прави филмови. Ехееее од едно мување да се заљубуваа сите јако ке беше. Овој типов не е заинтересиран (ти гарантирам) туку те гледа тебе наивна па си игра мајтап. Ако толку сакаш да зборуваш пак едноставно следниот пат отворено кажи му дека треба да ти каже на што си и дека не е фер да те држи во неизвесност. Само не му кажувај дека го сакаш аман до кога ке ги слушам муабетиве. Мушкото тоа едвај го чека, кажи му дека ти се допаѓа но доколку не е спремен едноставно нека ти каже и на тебе и себеси нека си олесни. И ако пак не ти дава одговор кажи му дека немаш време за трошење и избириши број фб, и престани да разговараш...

    Anaouou јас сум можеби малку старомодна но во оваа фаза тој би требало да го направи следниот чекор. Не е некое правило, ако сакаш пиши му не е ништо лошо едноставно пробај види како ке тече муабетот. Но мислам и ќе се согласам со Бокче, мислам дека му поминал меракот

    Lola90 добро кај ти беше паметот кога од почеток си знаела се за него? Види, ако ти сметал тоа што е од друга вера од почеток си требала да се одалечиш од него. Ај тоа батали ама добро кај ви е моралот бе луѓе што идете со туѓи и верени и женети мажи???? До толку ли нема слободни бре што се мешате у туѓа врска? И уште пак сте страдале и сте плачеле и двајцата? А да се разбудиш малку од сон и да мислиш со ладна глава не со чувства? Стави си прст на глава и свати дека тоа што го правиш те повредува не само тебе туку и други луѓе. И не знам каков совет бараш од нас. Знаеш дека тоа што го правите не води нигде, знаеш и самата што е чарето
     
    На Anaouou му/ѝ се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ти, можеш ама не сакаш. Горе напиша ви било убаво, ама сама си крива. Си знаела и си продолжила, си се лажела себе си дека има решение. Они имаат други обичаи ако раскинат веридба или свадба. Тоа би било срам за него, голем срам. А ти си македонка, мислиш дека би можеле да ги издржите милионите проблеми што ги имате? И што ќе ги имате? Веруј дека не. Си требала да прекинеш кога ти кажал тој, длабоко во себе си знаела дека кога тогаш ќе бидете разделени. Ама ајде, никогаш не си го слушате второто Јас во себе си.
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски

    Ќе баталам образложуење за вашите разлики у религија и брачен/небрачен статус, ќе преминам директно на природата на вашиот однос, затоа што вакви промени може да се случат во врска во којашто ги нема истите.

    Мене нешто ми падна во очи. Низ цел пост има нагласено за борба којашто треба ти да ја водиш. Љубовната врска ја сочинуваат двајца. Каде е неговата борба? Каде е неговиот интерес за да се борите еден за друг? Кога ти кажа дека е верен дали ти спомна таква алтернатива? Или пак беше она од старт оградување од обврски за нешто посериозно.

    Ако досега не се борел за вас, а сега пак веќе не е ниту таков нежен и романтичен како порано, запрашај се колку вреди сета оваа твоја борба, жртва и слично. Доколку како прав маж застанал до тебе и ти рекол „Отсега во рингот имаш помош“ тоа е веќе друго. Aма да се олади... тоа па баш и не ми изгледа добро.

    За разумот и срцето и нечие предимство во одлучувањето е широка тема и ќе ти препорачам да не се опседнуваш премногу со тоа. Повеќе од јасно е дека треба да бидеме разумни, тоа е дел од името на нашиот, човечкиот вид. Но, одлуките од срце донесени, некогаш и го збогатуваат разумот, ги прошируваат видиците на она што е возможно. Секако тука не зборувам само за љубовта и врските. Зборувам за се` околу нас. Бидете умерени и во едното и во другото.
     
    На LaraSolare, Daleron и lola90 им се допаѓа ова.
  4. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    2.822
    Како можеш бе девојче да се вљубиш во некој од друга вера,а според моја претпоставка најверојатно бил:или албанец,турчин или босанец...
    Од толку наши зошто си се заљубила баш во него?
    Ај радувај се дека не си повеќе со него и дека се завршило..
    Мислиш твоите да дознаат дека си се гледала со дечко од друга вера низ прсти ќе ти прогледаат? Абе ајде.
    Радувај се ти викам,боље сега што се случило,сигурно си убаво девојче,немој да дозволиш некој таков да те мавтосува.!
     
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Ова кога го видов знаев дека првата и најважна причина тебе не ти е мајка ти туку ти е дека ти многу го сакаш, и не можеш да се замислиш без него.
    Не треба да мислиш негативно, и јас сум мислела така, ама зошто да си правам проблем кој го немам? Ќе видиш како со тек на време, ако детето е вредно за твојата љубов како ќе бидеш се посигурна и посигурна во вашата врска. И ќе сфатиш дека па и да се случи нешто не е крај на свет, и дека можеш без секој да живееш, и да го преболиш. Ама нема потреба да размислуваш на раскинување кога немаш очигледна причина за тоа. Фокусирај се на добрите работи од твојата врска и немој да си внесуваш тага, нервоза и стрес во врската. Не е лошо само за тебе туку и за дечко ти, сама рече дека не те ни сфаќа сериозно. Ако сакаш разговарај со него, само немој да спомнуваш нешто за за мајка ти. Само кажи дека размилуваш така понекогаш бидејќи ти е страв да не го изгубиш, и дека го сакаш, и замоли го кога ќе правиш така да те утеши, и да ти каже некој убав збор, нели ;))
    А мислењето ми се потврди кога го прочитав ова
    Јас заглавив многу,неможам никако да се тргнам од овој човек,го сакам со сета душа и срце и колку и да се караме пак нешто не спојува. Неговите очи како магнет ми се.
    И уште нешто да ти кажам за овој дел
    И како опседната да сум со неего,некогаш не извршувам некој обврски,чекам да ми се јави.
    Те молам, немој да го правиш центарот на твојот свет. Не зависи од него, не чекај да ти се јави, пополни си го времето. Не ти велам да не го сакаш, ама колку што излегуваш со него, излегувај и со другарки, за да не останеш без нив на крај :)
     
  6. Luciano

    Luciano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    223
    Ми треба некоја феминка да ми пиши неколку совети во лп ако е слободна... ;(
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    пиши
     
  8. lola90

    lola90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2014
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    9
    Ви благодарам на сите за одговорите :) Го знаев тоа,само најверојатно барав некој да ми кажи,потврди,да чујам повеќе мислења...бидејќи не зборувам со никој на оваа тема,не е за кажување :$
     
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.849
    Вака направив видео со слики од нас и нашата песна и причини зошто го сакам и му ја пратив -без некоја причина ...и ми вика зошто ти е ова ...како би реагирале вие????
    како да не му е гајле до душа немаше што да правам па пробав да направам видео ...
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Се замараш многу. Очекуваш премногу. Ние женските би ти рекле ако убаво за спомени.
    Некое машко ќе ти каже исто, ама ретко машко. Зависи од машко до машко. Он воопшто не се замара.
     
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    SunnyGirl2, нека не те навредува таа негова реакција, ретко кое машко ќе изреагира поинаку, романтиката им е слаба страна. Не дека не му е галје, едноставно му е чудно зошто толку си се трудела без некоја посебна причина.
     
  12. monikamonii

    monikamonii Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    28
    Девојки мене ми е потребна ваша помош
    Имав дечко кој го сакав,и тој мене ме сака,го знам тоа,но постојано кога е нешто изнервиран тој гледа да се скара со мене и нормално да ми раскине,сношти се случи истото се јави изнервиран и јас видов дека тој сака да се расправа,па му реков дека тоа не го сакам и дека ке се слушниме подоцна ( со намера дека ке се смири малку ) кога му се јавив потоа тој изнервиран ми се развика ( што некогаш и претерува со некои работи кои ја ги сметам за навреди ) ми кажа дека не сака да биде со мене повеќе дека сака крај ми исклучи рече да не сум го барала повеќе,потоа кога пробав да му звонам забележав дека имам забрана за повици а на пораките кои му ги пишувам на Viber и сл. не одговора само ќе прочита,ме нервира тоа што се расправа за глупости без некоја посебна причина за тоа,да напоменам дека пред некое време тој истиот сакаше да се одмори малку да го оставам некое време и потоа кога се смиривме видов дека тој постојано го крие мобилниот му го побарав и има што да видам,некоја девојка му пишувала пораки и девојчето го бара,но тоа го приметив откако го зедов мобилниот бидејки беше ставен на нечујно ( режим ) го прашав за истото ми рече демек незнаел дека сакале да прават проблеми што ти знам и го имам приметено како скришно разговара,претходно незнам дали се случувало истото бидејки јас немам намера да земам туѓи работи,и не сум пребарувала по телефонот но незнам зошто го прави ова..се извинувам за рефератот шо го напишав се надевам дека ќе одвоите време за да го прочитате и доколку некоја девојка мисли дека е имала некои сличен проблем,би ја замолила да ми се обрати во ЛП бидејки сакам да споделам уште нешто а истото несакам овде да го напишам.Барам искрено мислење ве молам..И да напоменам дека врската е прилично долга :)
     
    На wonderful1, peperutkaniki и zekzeki им се допаѓа ова.
  13. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Си имала причина да се сомневаш и си сакала да провериш за да ги расчистиш сомнежите. Наша единствена грешка е тоа што секогаш се враќаме на оној кој ни е најголема слаба точка. Ти си се вратила а тој знае дека може да ти се врати кога и ќе посака, дали грешам?
    Престани да му пишуваш колку и да звучи тешко, сепак знам како ти е, јас се соочував со сличен проблем извесно време. Не го напнувај, сврти му грб да види како е. Сигурна сум дека по некој ден кога ќе си ја свати грешката ќе те побара.
    Не знам зошто ама никогаш не можам да сфатам што е тоа што не тера да се враќаме кај оние кои не повредуваат? Зошто ги сакаме? Зошто едноставно не ставиме крај колку и да е тешко?
    Знам дека некој ќе каже дека треба да бидеме силни и да не потклекнуваме. Но ние баш тоа го правеме и затоа така ни се враќа.

    Ти пишав лп.
     
  14. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Ако сакаш пиши ми мене.

    Иначе мислам дека типов, си бира начин како да те откачи. Незнам зошто, но се ми вика дека таа недела што сте била на пауза, он си се гледа со некоја. Иако може нема никад да ти каже. со која и да збори, му е поинтересно со неа него ли со тебе.Пробај малце да не го бараш, да видиш дали ќе ти пише или не, знам дека ќе биде тешко но..така ќе знаеш на што си. Сепак, мислам дека типчево нема муда да ти каже што е
     
  15. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Јас би играла на карта ако ја бара да му каже да бира помегу нив две. ;) Мислиш ќе упали?
     
  16. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Нека проба. Или да и каже, зошто така се однесува кон неа,
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anniah

    Anniah Нов член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    значи имам само 12 години. знам дека ми е рано и дека ќе ми се смеете,(ми работат хормони) но имам голем проблем. значи сакам едно момче, ама тој сака друга. многу сакам да сум со него. но тој не сака да си ја напушти другата. како да го натерам да ме сака? прашањево изгледа глупаво , ама за мене е голем проблем. ве молам не ме исмејувајте, не сум трол и искрено ве замолувам. фала однапред.
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Никако!
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Луѓе мои, како можете свесно да натерате човек да ве сака? Ако некој воопшто го умее тоа, нека сподели формула, па да земеме сите да бираме кој да не` засака, да се засватиме со грофовски фамилии. :D Со Г-6 финти или магии на пример :rofl: , само свекрвата на којашто не и` се бендисува снаата може да си мисли и да си се теши дека може да се натера маж на сакање. Бидете свои и бидете несебични и не калкулирајте во љубовта. Оној којшто треба да ве засака, ќе ве засака без да мислите за тоа ни ден. :)
     
  20. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки

    Мислам дека си многу многу себична.