1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инсеминација

Дискусија во 'Бременост' започната од Maarina, 26 декември 2012.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Јас месецов треба да одам на инсеминација. Имам измешани чувства. Ме фаќа страв од исходот затоа што многу сакам да излезе се најдобро...
     
  2. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    ajde, so sreka... белки кај тебе ке фати од 1ва, само не се премногу надевај, подобро да немаш преголема надеж и да се израдуваш, отколку премногу да се надеваш и разочараш
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MADO

    MADO Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски

    Ajde kukla21 povleci noga,i ne slusaj nikoj,sekoj organizam si e razlicen...ti posakuvam od se srce od prva da se fati bebusot :inlove:
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    сега добро ми оди со кломифенот. Имам уште 2 од 5 апчиња да испијам.
    Се ставив и на режим со цвекло и ананас. Читав убаво било за ендометриумот.
    Фала девојчиња за поддршката. Волшебна, читав на инернет еден куп статии и истражувања. Во просек шансите 20% се. Ама некој мора и во оваа статистика да влезе, па зошто не некој од нас ;)
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lilika9

    lilika9 Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    8
    Кукла, со срека на инсеминацијата, пиши како ќе поминеш. Има девојки на кој им успеало и од прва на инсеминација. Јас бев на една, за жал неуспешна, но многу имав надеж дека ќе биди. Дури во тие 14 денови на исчекување се осеќав преубаво, и не се разочарав дека не бидна, сега едвај ја чекам следната.
    Само да си бидеш опуштена, релаксирана, постапката е многу кратка после тоа одмараш лежиш некој 15 мин до пола час и одиш дома. Се препорачува после инсеминација да сте многу активни ;) ден два после тоа. Кога ќе лежиш таму стави нешто под колковите да биди погоре кренат задникот.
    Јас ништо од ова не направив бидејќи бев уплашена и неспремна. Немавме ни односи после тоа. Ама сега знам за следната.
    па стискаме палци да не израдуваш. Еднаш мора да биде, па нека биде сега :inlove:
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    А каде правевте инсеминација?Ние почнавме во систина на прегледи па најверојатно наскоро ке правиме инсемимација и ние.
     
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Јас сега за сега сум неутрална. Сигурна сум дека адреналинот ќе почне да ми расте како ќе се ближи денот. Утре сум пак на фоликулиметрија и докторот кажа ќе се договараме што се следните чекори.
    Јас пиев само кломифен 5 дена. А како тоа нешто да ставам одоздола? Каде правеше ти инсеминација? Јас во систина одам. Петпоставувам дека се што треба ќе има таму.
     
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Кај кој доктор одиш?
     
  9. lilika9

    lilika9 Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    8
    Плодност Битола кај др. Таше. После тоа изгледа ќе ти дадат вагиналети за ако има оплодување подобро да се вгнезди плодот. Тие се стават 15 дена, и после тоа правиш тест.
     
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Фала ти за насоките. А што ти значеше тоа да се стави нешто одоздола за да бидам поткрената?
     
  11. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    одоздола (под газот) се става перниче, за после однос да бидеш поткрената, ајде со среќа утре на фоликулометријата, мој совет кога ќе ти ја вршат инсеминацијата инсистирај „материјалот“ од маж ти да ти го стават со катетар директно во матката, а не во каналите, затоа што обично така прават, и постапката трае неполна една минута, а кај мене баш тоа бил проблемот, што спермата неможе да влезе во матката, затоа и ми беа неуспешни инсеминациите... сега кај тебе може тоа не е проблем, ама во секој случај така е подобро, или барем разговарај со докторот за тоа
     
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Во Систина самата столица е поткрената, не ни можеш да ставиш нешто одоздола :) Ќе те остават после 10-15 мин да поседиш и толку е работата. Со среќа, јас знам две жени што забременија со инсеминација, па ти посакувам и ти да влезеш во процентот на успешни.
     
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Како тоа во каналите а не во матката?! Зарем е полесно да се дојде до каналите а не до матката? Оплодувањето се случува во каналите, а се вгнездува на ѕидот на матката.
     
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Јас така и очекував. Не дека треба перница да носам со мене?!
    Ќе видиме што ќе излезе. Прво да видиме уште еднаш денес со фоликулите што ќе биде, па после ќе му ја мислам за другото. Во право си, некој треба да влезе и во процентот на успешност, што па не ние?! :)
    Му верувам на Лазаревски - сигурно ќе ми каже се што треба и како треба.
     
  15. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    И најбитно е да му веруваш на докторот, и да не мешаш мислења од страна, само ќе се збуниш повеќе. Тргни од тоа - еднаш ќе биде секако, само не се разочарувај ако тоа случајно не бидне од прв пат. Јас си плачев после првата неуспешна инсеминација, после е полесно. Сега сум веќе 6ти месец - верувај и ти ќе успееш, на било кој начин. Лазаревски знае што прави.
     
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Ти се воодушевувам на упорноста! Знам дека 5 пати си правела инсеминација. Мислам дека јас не би можела толку?! Јас веќе го прашав Лазаревски за ивф (приватно), ама рече дека нема потреба одма со толку инванзивна постапка да се оди. А и многу е смирен човекот, ептен ми е супер :)

    Фала ти многу!
     
  17. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    И мене тој ме убеди... Начелно четвртата ми беше успешна (тоа што не бидна е друга приказна) и затоа и ја правевме петтата... Сега кога гледам наназад и јас си викам дека баш напорен беше патот, но предност секако беше што бев решена и на приватно ивф и не се држев до распоред секој втор месец, туку првите четири наеднаш ги пројдов. Се надевамм нема да дојдеш до толку, инаки и ќе видиш - кога имаш цел и врба, плус осеќаш дека нешто правиш, и на психата и е полесно, одошто ова чекањето претходно.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Ова за психата како јас да сум пишала. Откако почнавме со се, некако поубаво се чувствувам :)
    Фала ти!
     
  19. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Кај Дракулевски.Не е специјализиран за стерилитет но ми го кажаа како добар па....како Господ никој не е
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Ќе биде! Само верба и трпение.