1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Соголена пред тебе - Силвија Деј
    18+ Ислчучиво! :lol:
     
  2. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Ангелски повик - Гијом Мисо - Напната и непредвидлива до самиот крај . Започнува на аеродром во Њујорк , каде што маж и жена си ги заменуваат случајно мобилните телефони. Со пребарувањето на телефонот на другиот , тие сфаќаат дека ги поврзала судбината.
    Ја прочитав за многу кратко време и многу ми се допадна затоа што до последните неколку страни не знаев како ќе заврши. :)
     
    На piglet1, Teodora*, macalavica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    1.Во потрага по ѕвезда
    2.Новородена ѕвезда
    3.Тајни амбиции
    4.Ривали

    - Синди Џефрис, Ушилиште за славни

    Не се нешто којзнае што, ама онака тинејџерски и интересни се. И една замерка, секоја книга е премногу кратка. Од библиотека даваат само 2 да земам, и ги читам за 2 дена. Ептен ги развлекла.
    Ќе ги земам и останатите четири дела, па ќе видиме. Досега најинтересни ми беа втората и четвртата, а третата ми е некако вишок. Речиси ништо не се случува.
    Следната, претпоставувам ќе биде за Тара, таа ме заинтересира. Како и да е, кога ќе ја завршам сегашната книга, ќе ги земам и другите. :)

     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    The First Last Kiss - Ali Harris

    Си знаев дека не е my cup of tea уште пред да ја почнам, ама другарка ми ми ја препорача, а и на форумов прочитав позитивни мислења, па си реков ајде ќе ѝ дадам шанса.

    Прво, не ми се допадна временската рамка. Сакам книги кои настаните паралелно ги следат преку два различни периоди, ама овде беа толку испомешани, што ми беше ептен збунувачки. Секогаш кога ќе почнев ново поглавје, морав да пресметувам по колку години имаат ликовите и каде се наоѓаат во тој период од животот. Едно поглавје во сегашно време, следното пред десет години, па после пред 5 години, па пак сегашно, па пред 8 години... Многу беше каша попара.

    Второ, ликовите некако не ми беа убаво комплетирани и на моменти имав чувство дека читам извадоци од дневникот на некоја неодлучна тинејџерка која не знае што сака во животот.

    Трето, мене книгава ми беше ептен предвидлива. Значи уште од самиот старт го знаев крајот. Уште при првите поглавја знаев што ќе се случи со главните ликови. И можеби затоа што очекував таква завршница, бев спремна на тоа што следуваше и некако не ме погодија толку настаните колку што вообичаено би имале влијание кај мене.

    Не очекував дека ќе биде толку чик. Имав малку поинаква замисла. Со исклучок на последната четвртина, некаде сосема при крајот кога книгата добива малку поинаква димензија. Тогаш успеаа настаните малку да ме погодат и да ми остават некоја тежина.
    И само заради последната четвртина и заради некои убави цитати, ќе ѝ дадам двојка.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Малечката Фадета - Жорж Санд

    Искрено, очекував нешто многу поинакво. Не знам зошто, ама мислев дека ќе биде заплеткана, со многу случувања. А, добив нешто сосем спротивно.

    Сепак, ми се допадна. Ептен романтичарски претставен е селскиот живот, идиличен и мирен, со едноставни (да не речам прости) конфликти и проблеми, каде што се чини дека на луѓето најголем проблем им е љубовта. Баш како што си сонувам за ваков живот, ептен се внесов во романот.

    Ама, откако ја прочитав, имам еден проблем со мислењето на повеќе луѓе дека Фадета доживеала некоја голема трансформација. Јас со тоа воопшто не се согласувам. Таа одсекогаш го имала тоа во себе, но само требало да се појави некој кој ќе ја натера да се отвори (Ландри).
     
  6. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    The Forgotten Garden
    Novel by Kate Morton

    Семејна драма, три генерации на три разлицни локации. Девојче на четри годишна возраст е најдено на брод само.........
    Книга со многу емоции која до крајот ке ве држи во неизвесност. Топло ја препорачувам.
     
  7. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Последната песна - Николас Спаркс

    [​IMG]

    Прекрасна книга. :inlove: Оваа ми е прва од Николас Спаркс, а како што гледам нема шанси да е последна.
    Толку е убава, полна со емоции, знае да те чепне... Една од најубавите книги што сум ги прочитала.
    Премногу силна порака која ја прикажува суровата реалност, а и болката на една летна љубов, која не е само обична летна љубов со бркање по плажите и собирање морски ѕвезди.
    Никогаш не сум плачела на книги, но оваа е првата која ми ги насолзи очите. ;(
    Дефинитивно, прекрасно опишано, особено тажните денови, се гледа дека Спаркс е мајстор за тоа.
    Ми се допаѓа крајот, бидејќи не сакам многу тажни краеви, но сепак, ова е една од најубавите книги кои сум ја читала.
    Секакви критики би биле излишни и непотребни.

    Ќе го гледам филмот, но просто не верувам дека ќе биде толку добар како книгата, всушност и не сакам да си ги растурам моите слики од главата, онака како што јас си го замислувам местото, но тоа е. :geek:

    Сума сумариум: Одлична книга 10/10
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Alex - Pierre Lemaitre

    Книга со сите белези на еден типичен трилер.
    Неизвесна, заплеткана и страшно многу брутална. На моменти ми се превртуваше желудникот додека ја читав. Сцените беа толку сурови, а толку реално доловени. Постојано се обидував да ја предвидам, во глава имав неколку можни сценарија, ама ниту едно не испадна точно.
    Имам некои сосема мали забелешки, но во глабала ми се допадна.
    Ја препорачувам на сите љубители на трилери кои сакаат интересни и непредвидливи приказни.
     
    На piglet1 и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Подарок за роденден - Сузан Елизабет Филипс :up:
    Книгата има огромна порака, а тоа е дека животот знае да направи безброј сплетки и дека нештата никогаш не одат по планот :D Тоа што почнува како совршено скроен план со еден подарок за роденден излегува од контрола и се претвора во романса која насмејува. Уште на почетокот знаев дека главните ликови во книгата на крај ќе бидат заедно, ама појма немав како. Пред да се заврши среќно, во книгата се случи еден голем пресврт што ги надмина моите очекувања и дури и малку се посомневав дека ќе има среќен крај. Кога не ја читав книгата размислував што би можело да се случи :D Ова ми е една од омилените книги, прилично е голема, а ја прочитав за брзо време.
    [​IMG]
    Го сакам Вегас - Линдзи Келк :up:
    Книгата содржи многу возбудливи настани што ме држеа во неизвесност до самиот крај. Овој пат не успеав да го предвидам крајот. Додека ја читав книгата секогаш успеваше да ме насмее многу и да ме расположи, затоа и ја обожавам. Едвај чекам да ја прочитам и „Го сакам Лондон“.
    [​IMG]
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  10. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Ќерката на математичарот, од Венко Андоновски. Неблагодарно е да давам критика бидејќи по професија не сум книжевнен критичар но осврт на делото од агол на просечен читател. Па вака, Венко си е Венко, кој веќе ги читал претходните негови дела знае на што мислам. Книгава е као, нели книга во книга-овојпат и материјално така е реализирано, со тоа што демек клучот е во помалата книгичка (книгичка за ликот, карактерот на Тоше наш а всушност за секој кој трага по себеси, кој се преиспитува, кој се фака во костец со Темниот)-а всушност се две зависно-независни дела. Кој ја читал Вештерка, повторно ке ја препознае малата, која Венко ја опишал со така голема љубов, овојпат низ псевдонимот Ема Пил, керката на математичарот, кој тежнее да го одгатне Пи, спиралата на бесконечносто и портата која се отвара зад неговите децимали, а всушност, божественото би рекла, се отвара за оној кој има уши да слуша и очи да го види....Кој разбрал, ме разбира што сакам да кажам, нели? :!:
     
    На babaDara, Marossa и UnordinaryOne им се допаѓа ова.
  11. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    ,,Шума''-Харлан Кобен
    Книгата е криминалистички роман каде на крајот се завршува како што треба освен што Коп ја губи својата љубов.Тотален пресврт.
    На почетокот ми беше малце досадничка,но потоа се внесов целосно во неа.
    Самата книга ме привлекуваше се повеќе и повеќе.
    На крајот,се што можам е вреди да се прочита.
     
  12. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Лавиринт - Кејт Мос
    Не, книгава не ја напишала познатата манекенка!!! Кејт Мос е британска авторка, а по содржината на ЛАВИРИНТ е снимена мини серија!!!
    Еден летен ден на француските Пиринеи Алис Тенер случајно ја открива пештерата која што е затворена осум века... Влегувајки во ладната и влажна просторија го открива симболот на лавиринт и со тоа зачекорува во минатото - во мрачното време на Европа, кога Алаис Пелетије де Мас се обидува да ја спаси Трилогијата за лавиринтот и тајната на Светиот Грал...
    ЛАВИРИНТ е приказна за животот на Алис во 21 век и животот на Алаис во 12 век... Двете жени ги разделуваат векови, но ги спојува судбината и борбата помегу доброто и злото!!! Ова не е приказна само за Светиот Грал, туку и за вистината, љубовта, пријателите... За генерациите кои оделе по земјата многу време пред нас, но и за генерациите кои доаѓаат!!!
    Интересна книга, страните ке ги вртите со исчекување што следно ќе се случи!!! :)
     
    На plava.90 и SV1911 им се допаѓа ова.
  13. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Пред да заспијам-Стивен Ватсон
    [​IMG]
    Книга која ќе ве држи во неизвесност до последните неколку страни. Станува збор за жена која има редок вид на амнезија и помни само 24 часа. Секое утро се буди и не се сеќава на ништо од претходниот ден, се додека не заѕвони телефонот.
     
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.974
    Допаѓања:
    8.734
    Пол:
    Женски
    „Неочекуваниот гостин“ - Агата Кристи

    Густа магла го напаѓа селскиот пат во јужен Велс и истата вечер се случува убиство.
    Секоја наредна страна носи нови неочекувани настани, нови прашања кои самиот си ги поставуваш.
    Ги добиваш одговорите, но има уште голем број прашања кои лебдат неодговорени.
    Всушност, секој од семејството има свој мотив за да го убие Ричард.
    Но, кој е вистинскиот убиец?


    10/10
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    "If I Stay" - Gayle Forman
    [​IMG]
    Ја читав во пдф, па претпоставувате дека беше во ептен скратена верзија, а тоа го мразам кај книги и жими се‘ веќе не читам книги во пдф.
    Никаков впечаток не ми остави, освен тоа дека се чувствував како да читам сценарио од филм, а не книга.
    Лесно се чита, а и предвидлива ми беше. Има доста елементи на класична музика и рок-панк музика од 80-тите, па да ми е жив и здрав ЈуТјуб, иначе никаква претстава ќе немав за ништо.
     
  16. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Јас ќе го гледам филмот. Многу интересно ми се виде.
     
  17. Roshalde

    Roshalde Нов член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Топ книга трилер е Снежана мора да умре.Исто така се од Elif Shafak е одлично.
     
  18. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Јас го гледав краткото видео и сакав да ја прочитам книгата прво после филмот.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Соло ѕвезда - Синди Џефрис

    [​IMG]

    Од целиот серијал досега, оваа најмногу ми се допадна. Не знам зошто, некако најприродна е. Најубаво опишана и најинтересна. Интересни ми беа деловите за Клои, па така и овој. Едвај го чекам делот за Тара. Сестра ми ми ги земала следните две, се надевам дека е и Тара во нив.

    Поп дивa - Синди Џефрис

    [​IMG]

    Досадна, стварно досадна. Сите делови за близначките ми се такви. И двата. Веројатно бидејќи сум опркужена со такви како Поп на почеток, вообразени фуфици кои мислат дека ако се славни, цел свет е нивни. Сепак овој беше поинтересен од првиот за близначките.
     
  20. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Владетел од сенка - Донато Каризи
    Книгава е продолжение на прекрасната “Шепнувачот“ и верувајте во ништо не заостанува од неа!!! Настаните се нижат со голема брзина и Ве држат во неизвесност до самиот крај, а и после него - затоа што авторот или напишал трето продолжение или ќе го напише во иднина...
    Книгава е за чиста 10 - ја препорачувам и ја ставам на списокот прочитај по втор пат (после 10-20 години)!!!