1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Само ти си неспокој
    Само ти имаш таква моќ
    Само ти си месечина што грее
    Само ти љубиш па земаш
    Само тебе те проколнувам
    Зошто ги имаш тие привилегии
    срцето да ми го закопаш
    па да го воскреснеш?
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Зошто желбите не ми се исполнуваат

    Никогаш не дознав
    зошто желбите не ми се исполнуваат
    можеби му се исполнуваат
    на некој друг
    зошто среќата е само
    уште едно зграбување со рака
    а баш тоа ми фали
    И никогаш не можам да ја дофатам
    зошто Месецот секогаш ми крои сонови
    волшебни како неговата насмевка
    Потоа доаѓа сонцето
    Спуштајќи се врз мојата глава
    ми краде се' што дотогаш сум сонувала
    о, зошто секогаш кога те очекувам
    во мојот очај, ти ми го правиш уште поголем
    вообичаено си одиш кога не е доволно
    а кога љубиш никогаш не е,
    и се заличува на голема загуба
    Јас ветувам
    Никогаш повеќе нема да се заљубам
    после тебе е крај на амбисот,
    а таму не се потребни
    желби,
    чувства,
    соништа.

    Понекогаш се чувствувам ко големата Депресија..
     
    На ivanchos, Ivy89, fatamorgana123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Случајно така листејќи низ старите тетратки го најдов овој текст,кој ме наврати на едно старо време на кое не сакам да се сеќавам...

    Ти јас,исти НИКОГАШ!

    Ми велиш ти и јас,двете сме исти будали изиграни од иста личност.Се лажеш душо, и тоа многу.
    Ти си таа со која спиеше,јас сум таа која ја сонуваше.
    Ти си онаа со која пиеше дупли вотки,зар сеуште не ти текна зошто? За да ме заборави мене.
    И додека ти мислеше дека те бара бидејќи му значиш,тој всушност ме бараше мене во тебе,само што таму никогаш не ме пронајде.
    Ги знаеш неговите пијани ноќи,лудувања до зори,но дали ги знаеш неговите стравови,желби?..Тоа го знам само јас,неговите солзи ми припаѓаат само мене.
    И кога ќе се разделеше со тебе,се спојуваше со мене..Јас сум девојката која уживаше да ја гледа додека спие,ти си онаа пред која тој заспиваше.
    ТИ БЕШЕ ДЕВОЈКАТА НА НЕГОВИТЕ НОЌИ, ЈАС БЕВ НА НЕГОВИОТ ЖИВОТ..БЕВ И ОСТАНАВ!Е во тоа е разликата меѓу нас.
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Да знаев дека тоа ќе ни биде последната ноќ,никогаш немаше да заспијам.Да знаев дека тоа беше последниот бакнеж,никогаш не би прозборела.Да знаев дека 'Ја имам само ноќва...' не се само обични стихови,цел живот на рипит би ми била 'Сонце за три света'.Да знаев дека таму ќе заврши,би го сопрела времето и би те направила вечност.Да знаев дека крајот толку боли,засекогаш би почнувала одново.Да знаев додека не знаев,би посакала никогаш да не дознаам.
     
    На ivanchos, tirkenbal и blueeparadise им се допаѓа ова.
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Светот се врти

    Некогаш си толку уморен
    доволно
    за да не можеш да заспиеш
    се прашуваш дали светот
    е една голема пита со вишни
    која чека на тебе да биде изедена
    зошто јагодите се само
    сезонско овошје
    Кога се толку добри!
    Се прашуваш зошто
    кога тој ти треба
    никогаш го нема
    одговорот е едноставен
    сеуште не се вратил
    од таму кај што тргнал
    а таа дестинација од оваа перспектива
    Па и не е така важна,
    се прашувам зошто очиве
    ми заличуваат на истискан лимон
    да не е до грипот?
    Не бе чекај..
    Се спушташ и ми шепкаш на уво:
    "Девојче, доста шмркаш
    ќе ти помине до утре.."
    Ама јас и онака не верувам во розови слонови.
    Можда цело време гледам цртан филм.
     
    На Ivy89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Сега ништо не е исто
    ... отчукувањата на секундарката од ѕидниот часовник тактираа во ритам на нејзиното срце. Пригушена во полузатемнетата соба си мислеше колку може тежината на само еден кажан збор да промени Се. И да не сакаше да се сеќава на тој момент, ќе затвореше очи и го слушаше само тој тон. Тој највисок тон кој некогаш го беше слушнала од него.
    Но имаше и нешто друго. Овој пат, го немаше немирот, сега не чекаше покрај телефон и не броеше до неговото заѕвонување. Сега дури, и беше сеедно дали воопшто ќе го чуе неговиот глас. Гласот со кој заспиваше и се будеше, СЕГА, беше само бледа мелодија. Чудно или не - остана јака. Не се стркала ниту една солза по нејзиното лице. Не се запраша "зошто" . дури и не побара утеха во чоколадата врз масичката, како што правеше секогаш и ја имаше секогаш, тука, при рака.
    Сега, само ги стави слушалките, ја пушти омилената плеј-листа, издиша длабоко, и се струполи врз креветот........
     
    На evil_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. stefiy

    stefiy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    Убиецот на моето срце


    Човекот кој премногу го сакав беше пред мене. Чист како капка вода на која внимавам и ја чувам на мојата рака. Со него бев излезена, на прошетка. Тие мигови беа исполнети со среќа, надеж и се останато. Но, одеднаш ја насочи неговата рака кон мене. Во тој момент ми го извади срцето. Моето срце... Крварев! Не му дадов значење на она што ми го направи едноставно, се насмеав. Потоа го фрли на земјата, почна да го гази. Јас сеуште ладнокрвно стоев и го набљудував. Тој беше среќен. А кога тој е среќен, среќна сум и јас. Се забавуваше со срцето а потоа си замина. Замина без да погледне наназад, без да се сети на мене и на онаа длабока рана и дупка која ја остави на мојата лева страна. Ама ако, сето тоа помина, раната заздраве. Но сепак остана лузната од која не можев да се ослободам ниту да ја сокријам.
     
  8. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    #Usni na Usni
    Ima Denovi koi se pamtat za cel zivoten vek,denovi shto ti budat emocii.Nok,Tishina,Veterot ti ja busavi kosata a mesecinata e na neboto so svojata kralska ubavina.Posebna atmosvera,so edinstvena licnost.Custvo kako da si tri metri nad nebo,usnite poleka se spojuvaat I custvata stanuvaat edno.Togas znaes sozdavas spomeni koi uste dolgo nema da ti izlezat od glava...No,Ne za dzabe rekle sve shto e ubavo kratko trae.Se slucuva neshto shto ke go prekine sve toa I toa ne po tvoja viña.Vo Momentite vo koi letas u oblaci ni na kraj kraeva Ne ti e deka nekogas poradi tie spomeni ke te stega Srce I deka nekogas sve ke dades za tie momenti da se vratat,zatoa sto se nadevas deka ke traat zasekogas.No ne,doagja krajot. Zatoa koristi go Sekoj moment kako posleden ,zatoa shto nitu ednas povekje nema da se poklopi istata atmosvera,mesto I tie usni.Nekoi usni nikogas ne se brisat od sekjavanjata ,zatoa sto ni razbudile custva koi go razranuvaat srceto I ti gi budat peperutkite vo stomakot.Da tie usni I tie zeleni oci koi svetkaat vo nokjta kako malí dzvezdicki na neboto,e toa se pameti!!!
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    ПАТНИКОТ

    Еј патнику.....
    носителу на мојата среќа
    ти што патуваш низ долини и ниви
    ти нкој замислен низ прозорец гледаш
    со твоите очи, блескави и живи.

    Крсти ја тишината по моето име
    кога патуваш таа друшка ти е прва
    и вревата крстија по моето име
    и да ме отфрлиш, јас пак да сум тука.

    Зошто видов сјај во твоите очи
    и светлинска точка над левото рамо
    во тебе видов половина друга
    од друго време од друга младост.

    Патнику.....
    Благословен е мигот кога на мене мислиш
    ангел те штити кога на тебе мислам,
    ангелот секогаш над тебе бдее
    а колку сум јас благословена?

    Зар не виде, душава ми е чиста
    можеше цел живот да мируваш таму,
    а ти навикнат на големи пространства
    љубовта моја ти беше малку.

    А носев тајно копнеж што стега
    невиност чиста ко росна трева
    во мене радост и среќа силна
    отворено срце за допир и лудост.

    Патнику....
    Носителу на мојата среќа
    сети се на мене во мигови тешки
    за љубовта моја,за тагата всрце
    за душата чиста,за спомените....

    Каде се сега очите твои?
    Допирот нежен и насмевка мила,
    во која си сега нестварност луда
    во кое срце во која љубов?

    Ах да можев да те имам барем уште малку
    и добар и суров и нежен и груб
    да можев во ноќи тебе да те барам
    со мојава песна со мојов грув.

    Сеќавања малку и прзнина вгради
    неколку места што спомени будат
    солзи во очи и силна тага
    тоа е се што остана.

    Еј патнику....
    носителу на мојата среќа
    ти кој патуваш низ долини и ниви
    ти кој на мене остави трага
    за животи безброј,за судбини исти.
     
    На mileystar, Night Rider, Annabel Lee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Annabel Lee

    Annabel Lee Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Z.

    Чувствуваш ли?

    Како се топам од само еден поглед твој,
    туткајќи се меѓу твоите убави раце,
    лесно наоѓајќи го моето место,
    во длабнатините на твојата клучна коска.

    Сакаш ли?

    Да се фрлам во твојата коса,
    да го соберам сиот мирис на непознато,
    и да се задушам во зборовите твои,
    кои се повеќе личат на лага.

    Можеш ли?

    Да ме натераш да плачам,
    да плачам ко дете пред тебе,
    од копнеживе што ми тежат,
    на слабото тело мое.

    Слушаш ли?

    Како тишината ми го прави лицето проѕирно и тенко,
    како сенката ги оцртува твоите прсти на него,
    а мелодијата на цветот што се суши,
    ја создава оваа монотона тага.

    Гледаш ли?

    Како те заборавам и памтам истовремено,
    како те имам и немам за момент.
    Како си ми љубов, а не си ми,
    освен онаа вечер во моите сништа.
     
    На Butterfly-Girl, Tumblr.123, Ivy89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Приказни

    Не мислам дека времето лечи се.
    Времето и тоа е заробено во нас.
    Се имаме и пак немаме.

    Што беше тоа слобода?
    Дали разврат, или човечност?
    Една капка и таа е дел од вирот.
    Доволна е и една, да се преполни нели?

    Зошто е потребно толку, кога се може и со малку?
    Ах таа човечка алчност.
    Нема, нема , нема ,како ехо го полни егото?

    Егото пак ткае пранги,невидливи а мрачни.
    но и во мракот има светлина, како инаку би ткало?
    Колку повеќе блеска, тоа помалку ткае .

    Сите приказни имаат крај.
    За кого е добар , за кого лош.
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Мускул,
    ги впива сите болки и среќа,
    прави простор за нови,
    се стега при секоја солза тешка,
    се шири на насмевка.

    Се крши лесно па се регенерира,

    крвта врие а тоа возбудено пулсира,
    чувство на полни гради
    кога радоста кулминира,
    не дозволувај му да атрофира,
    негувај го,
    штити го,
    полетувај со него,
    освојувај и владеј.

    Полно со живот,

    подготвено на предизвици,
    и кога тагата ќе завладее
    а депресијата ќе се вгнезди,
    помогни му да се возвиши
    и да ја допре височината,
    бидејќи тоа е моторот на твојот живот
    а ти подари му енергија за да може да се движи.

    Патувај со своето

    СРЦЕ.

    Додека го гледам досадниов фудбал, се обидувам да бидам поетична :P
     
  13. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Девојки еве една и од мене

    бабиниот двор
    дворот на баба е ко славна слика
    за сите нас добра прилика.
    од него радост и добрина блика
    и секого на добредојде вика.

    во него шета едно маче лина
    мјаукни ваму тропни таму,
    ко лавче е силна и милна.


    ав ав лае една лајка
    со крзно чисто и бело како бајка
    повелете тука баба ми арсена зелник ќе ни сука
    на здравје!


    извинете од мобилен е па затоа можда е така неуредно
     
  14. Leonida2

    Leonida2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    Почнувајки со Декември, месецот кој некогаш будеше во неа најтопли чувства сега ја буди нејзината депресија..секавања темни. Знаејки дека некогаш на Бадник својата душа си ја исплачи, си даде официјално збогување на нејзиниот човек. Нејзиниот маж, кој заклучи дека сега е подобра некоја друга. Немаше подобра од нивната љубов, нема ни сега.
     
  15. Andrijana1

    Andrijana1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Баш ова гo напишав денес :
    ~Последниот валцер
    Светлата на градот живнуваа заедно со отсјајот на блескавата месечина која се топеше во секој широкоупатен поглед низ трепки. Одвреме навреме погледнувам накај небото. Сликата од огромното темносино платно ми влева нишки на спокојство, или тоа е можеби фактот дека сум во неговите прегратки. Слушам срцепарателен звук на виолина, носен од невидливите бранови на ветерот, мелодија која го урамнува пулсот и ја смирува душата. Му ја подавам раката и со поглед го поканувам да дојде. Скоро невидливо се насмевнува и во друг миг ние веќе танцуваме под небесниот свод. Во неговите очи можам да видам искри на среќа. Го слушам неговото срцебиење испомешано заедно со моето. И несакам овој миг никогаш да престане, не сакам волшебната мелодија да стивне, не сакам изгрејсонцето да осамне, не сакам никогаш да ја пуштам неговата рака. Сакам секој ден да се пронаoѓам во неговите очи, сакам засекогаш да останам со него , под ова небо , играјќи го последниот валцер.

    Инаку повеќе текстови имам објавено тука http://princezabezkruna.blogspot.com/ и на фејсбук страната https://www.facebook.com/pages/Принцеза-без-круна/226709004019194?ref=aymt_homepage_panel :D
     
    На SunshineYo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Невидлив свет

    Во молкот на малата идила,
    немо се прикрадува една ѕвезда,
    ми ги поткопува мислите и си наоѓа таинствено место.
    Создава невидлив лик од изодената патека
    кој ми го одмерува чекорот.
    Светлосен зрак се појавува во просторот
    и го одмерува ехото.
    Собирам воздишки како потонат предмет,
    паметам приказни од никаде и некаде,
    пулсирам меѓу реалноста и имагинацијата,
    таам моќни чувства во небесата како немирен бран.
    Ме понесува скокотлива енергија во душата,
    од пламенот на мудроста испишувам живот...
    За себе...
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    Многу повеќе од два збора
    Ветрето свиреше помеѓу гранките, а јас останав задлобочена во страниците на дневникот. Чувството на празнина во помала или поголема рака ме обвиваше онака прекорно, речиси потсетувајќи ме на се она што смеам и што не смеам да правам. Таму ги пишуваше моите чувства, моите спомени кои мислев дека можеби сепак некој ден ќе ги заборавам, но која глупавост, зар тоа е можно? Тие сепак имаа посебно место во главата, посебно место во срцето и со секоја воздишка и со секое оттчукување чувствував како дел од нив да бледее, но сепак беа тука, секогаш со мене.
    Ја свртив првата страница и видов дека е за тебе, и втората, и третата и последната. Сфатив дека ти не си само два збора, ни една глава, ти беше многу повеќе од два збора, речиси цела книга. Моја книга, мои спомени кои полека ми го параа срцето, но внимателно пополнувајќи ја празнината која си ја оставил. Никако не заздравуваше, проклето да е. Почнав да гледам низ спомените кои ги остави врз мене, толку специфични и убави, кој би знаел дека и толку безчувствително суштество како мене може да искажи вакви емоции? Ме викаше малечка, ме држеше во раце, и повеќе или помалку, паднав на твојот шарм и магија, верувајќи дека ме сакаш. На момент ме натера да верувам во нешто за кое порано сум се заколнала дека нема да го правам, дека не е добро за мене и дека јас можам да функционирам без таа човечност. Ах, само колку се лажев. Зар би била човек ако немам емоции?
    Сеуште има моменти каде што сакам да ја искористам мојата човечност и да те сакам, и неможам да речам дека сеуште сум ладна кон се што се случи. Сакам да бидам како студен камен, но сепак срцето го прави своето и се што остана е да сум како гладен скитник низ времето кој се храни со силни спомени кои полека, но сигурно повеќе ме уништуваа него што ми помагаа да застанам на своите две нозе.
    Кога ја држам книгата на момент чувстувам како да те имам тебе во моите раце, повторно како еднаш не многу одамна. Сеуште кориците изгледаат топло и некако како да го носи твојот парфем. Се е некако премногу добро како порано и се некако ме навраќа назад кон времињата за кои се заколнав дека нема да ги живеам повторно. За мене ти беше повеќе од два збора. Те сакам.

    Скапоцен камен со висока цена
    Љубов. Ја величиме и воздигнуваме како скапоцен камен со висока цена, дали вреди? Далу чувствата не прават чудовишта или луѓе, или пак само ја кројат нашата судбина безразликаод тоа што не претвораат? Дали сме сами тие што ја градиме или таа не гради нас? Толку нејасна и болна, а толку убава и разнобојна.
    Ја чувстуваме длабоко во себе, полека ме воздигнува од пепелта, а истовремено ме дави на дното. Ми го покажува светот и сите негови сиво- црни бои и се обливаат во црвено. Крвта силно се удира на крвните садови и се возбудувам од самата помисла само на неговото име, но попусто кога сега безнадежно се давам долу.
    Љубов. Некогаш боли, а некогаш те прави да се чувствуваш како еден човек на светот. Ти буди чувства на бунт и дивос, но и на нежност и среќа. Толку испреплетени и темни како стари тврди гранки отпорни на се. Капките дожд удираат по прозорците додека гледам надвор да се ослободам, но не бев ништо освен птица затворена во кафез од кои неможи да излези. Како со синџири врзана за раце и нозе, закована на подот неможам да се помрднам од местото додека крвавам и гледам како срцето ми се крши и бега од мене се по далеку.
    Висока цена, долга поема под зрацие на утринското сонце под нејзиниот прозорец, на мала гитара со зборови редени еден покрај друг толку перфектно, со толку емоции. Ах таа љубов која од луѓе прави будали. Љубов која од разум не води до лудост и таа иста љубов која од чудовишта не претвора во мали кученца жедни за љубов.
    Љубовта беше само скапоцен камен со висока цена, невредна, а сепак тука. Љубовта беше се што некогаш не сакав да го имам. Љубовта беше слабост кој ја доживеав.

    Во сопствената крв
    Секогаш ја замислував реалноста како некој сосем целосно одделен свет во кој не сакам да живеам и некако, одејќи напред по патот посакував да можам да забегам малце лево и да видам дали таму се крие горкоста на чудово. Барав и талкав низ далечините, а не знаев што. Не знаев како изгледа реалноста и прашував која е нејзината суровост. Се напрегав да гледам во далечините, а не се обидував да видам пред својот нос, таа реалност која ми го параше срцето, сурова како најостриот меч кој ми се пробиваше низ кревкото срце и го параше на неколку дела, а јас тонев во сопствената крв. Одев налево, бегав од патот, и не гледав дека назад зад мене оставам капка по капка врело- црвена крв која непрекинато течи, чиниш заборавила да застани. Секој чекор е потежок и се прашувам дали сум ја достигнала реалноста, сеуште не вртејќи се назад да осогледам дека се е целосно моја вина.
    Никогаш не бев човек кој се откажува без да добие тоа што сака и можеби баш затоа сеуште немав забележано дека реалноста ја има секаде и дека секогаш е подеднакво сурова и дека буквално зависи од нас како на тоа гледаме. Беше целосно моја вина зошто продолжував да го барам тоа што беше пред мојот нос, а сакав да го најдам толку далеку од себе. Ни на момент не сфатив дека реалноста е поголем дел своја, него било чија вина.
    Почна да ми е многу лошо и не знаев каде одам. Брзо се свртив назад и паднав на двете раце дишејќи длабоко. Буквално, се давев во сопствената крв која сеуште, капка по капка успеваше да се исцеди. Погледнав кон патот назад и видов дека е целосно крвав и знаев дека реалноста е толку тивка и сегде- присутна уништувајќи не малку по малку додека правиме најневина работа. Таа е како чудовиште кое ти го рие мечот во грбот кога најмалку го очекуваш или како немилосрден паразит кој се храни со тебе до моментот кога нема ама баш ништо останато од тебе. Толку труд да видиш нешто, а тоа толку подмукло би се прикрадило во тебе цедејќи ја и последната капка крв ...

    Форма на среќа
    Млада и убава како и утринската студена роса која го покрила патот под темните облаци. Бел фустан, како во деновите кога бев мало дете, весело и безгрижно, кога не се плашев да истрчам надвор во дождот и да скокам сосем радосна и безгрижна. Знам дека и ти имаш искусено таков тип на среќа. Сум го видела светот како гори и сум го видела како се радува. Сум видела како ангели слегуваат, а демони се качуваат и не знаев дали сонувам или се е една сурова вистина.
    Сакав да се чувстувам пак како дете и истрчав надвор. Имаше вир во кој скокнав, валкана и среќна заедно со малото кутре кое беше радосно што по толку многу години, прв пат го виде својот сопственик сосем среќен. Знаев дека тоа ќе ме сака сега и секогаш. Велев дека го сакам дождот, а се криев внатре и читав книги со шолја топол чај или плачев под постелите, а сега почнав да уживам во тоа што нуди денешницата. Викав и трчав. Бев целосно мокра, речиси алиштата се лепеа на мене. Шминката беше почнала да се лизга долж лицето и чувствував милион мали бакнежи од капките дожд. Ти беше најдобар. Дождот имаше специфичен мирис и вкус, беше малце киселкаст вкус а мирисаше на ослободување или можеби само сега јас се чувстував среќно и слободно.
    Дождот беше само една форма на среќа која научив да ја уживам. Научив да бидам слободна птица која леташе заедно со останатите галеби и пееше најдобро од било која песнопојна птица, а тоа беше зошто можеби прв пат не се плашев да правам тоа што сакам и тоа што можам. Прв пат не се плашев да легнам на улица и да извикам дека не ми е страв и дека навистина сум среќна. Бев на врвот и само имаше мал страв дека ќе бидам срамната со подот ...

    Ова се најновите неколку. :):$
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pelegrina

    pelegrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    36
    Тој знаеше секогаш да ме насмее. Јас одсекогаш сакав дечко кој ќе ме сака, почитува, ќе прави да се чувствувам како единствена девојка на светов. Да побарам прст ќе ми ја подаде целата рака. Знаев дека е таков. Таков и барав. Но, јас понекогаш посакував да имам друг. Сметав дека не беше доволно добар за мене. Па и не е нешто посебно. Не е толку убав. Не привлекува. Не е висок. Ниту црн. Но има добро срце. Секогаш е тука за мене, и најважното од се- ме сака. Во тоа сум сигурна и никогаш не сум се посомневала во тоа. Тој може да се посомнева само. Јас сум таа што не знае да сака. Не знам што сакам. Убаво ми е но... тоа "но" е она што ја расипува врската. Таман кога ќе помислам дека се ни е совршено... тогаш ќе се случи нешто и јас повеќе не ја чувствувам љубовта со таков интензитет. Можеби јас погрешно сум ја сфатила љубовта. Можеби тоа што го мислам јас не е љубов. Можеби љубов не е она чувство на заљубеност со пеперутки во стомакот кога мислиш дека леташ- баш она чувство што трае само неколку дена и толку- повеќе нема ништо. Тоа што знаеш дека тој е секогаш тука за тебе е она што ти дава сила. Но можеби ако знаеш дека го имаш на располагање во секое време е баш тоа што ти создава одбивност и помалку љубов. Убаво е кога знаеш дека нештото што си го добил со повеќе труд вреди и повеќе го цениш. Вака кога не те привлекол од почеток и само прави бесценети работи за тебе а ти немаш помрднато со прст прави да се запрашаш од каде тој таква љубов кон мене. Дури и понекогаш се прашувам со што сум заслужила да ме сака. Во што се заљубил тој?? Дали во мојата убавина? Но јас сум лоша како личност. Тој тоа не го знае. Му кажав, не сакаше да слуша. Дали јас сум единствената што се заљубува во карактерот а не во убавината? Дали вреди да бидеш со некој само затоа што е добар, а не убав затоа што убавите се лоши и злобни а добрите се најдобри личности на планетава кои знаат да сакаат искрено? Што ќе се случи кога двајца убави ќе се заљубат? Па тоа не е љубов, тоа ќе биде изневерување. Дали може љубовта да трае засекогаш? Тоа е прашањето на 21ви век. Одговорот е сеуште непознат. Би сакале да биде позитивен одговорот но има многу случаи кои го тврдат спротивното. Како може 14 годишно девојче да тврди дека тој е љубовта на нејзиниот живот. После два месеци ја сретнува својата сродна душа, после неколку години вистинскиот со кој ја губи невиноста а после 20тите години на животот има само случајни партнери за една вечер. Така не се гради љубовен живот. Дали дојде такво време да немаш доверба во никој? Дали е изборот тоа што го направи животот ваков? Знаеш дека ако има само една малечка маана можеш да го оставиш и за два дена ти се пушта друг. Па каде ќе одиме вака? Со милион бифши? Ќе дојде време кога нема да имаш избор само затоа што сите се пробани.

    Зашто не би можело да имаш само една љубов, еден партнер, една симпатија во текот на животот? Зашто да не помине животот само со една личност? Некој што го знаеш од мал, некој на кого му ги знаеш сите доблести и маани, некој што знаеш како дише и како размислува? Што би бил наредниот подобар од бифшиот? Ќе знаеш каде била грешката и ќе се однесуваш подобро. А можеби не заслужил. Можеби е друга личност во прашање. Што кога партнерот ќе почне да го привлекува друга? Како да се задржи? Како да се заведе повторно? Или да се пушти да оди? Што е најдобро да се направи? Дали можеме да живееме како порано? Родителите да ти одберат партнер. Се погодил, не се погодил ќе го поминеш животот со него. А сигурна сум дека имало мнооогу повеќе љубов од сегашните. Ќе живееш 2 години заедно па потоа ќе се венчаш. Или ќе раскинете кога ќе сфати дека не знаеш да готви или не ти се допаѓа неговата чистота и како расфрла низ домот. Епа тоа е мамино синче кое никогаш нема да порасне. Сака да биде модерен ама сеуште мисли дека жената е таа што треба да готво и чисти и пере. И да биде вработена секако дека со неговата плата не може да биде "мажот во куќата". А кога жената е поуспешна во кариерата во мажот? Дали тој би седел дома и би гледал деца? Денешните мачо мажи не би можеле да го поднесат тоа. Тие се сметаат себеси за алфа мажјаци на кои никој не смее да им пререче збор.


    Вљубена сум во тебе

    Иако си ми другар, и ништо немаш направено да помислам дека можеби чувствуваш нешто кон мене, знај дека јас тебе те сакам. Кога ќе подразмислам подобро одсекогаш сум те сакала. Се запознавме на интернет и секогаш со душа сум чекала да пишуваме. Те имам видено 2 пати во животот. Тие 2 пати беа прекрасни за мене. Сеуште многу јасно се сеќавам иако поминаа неколку години одтогаш. Ти си прекрасен. За тебе имав мислење дека си најдоброто дете што постои на планетава. Ти полека но сигурно го освои моево срце.

    Те познавам повеќе од 5 години, но ми се чини дека те познавам одсекогаш. Ти никогаш си немал посериозна врска, но мислам дека ако најдеш и ако дознаам ќе ми биде многу криво. Да се биде твоја девојка сигурно е прекрасно, да се биде во твоите прегратки е сигурно волшебно, да се биде сакана од тебе е чудесно, да мислиш на мене е привилегија, да ме посакуваш е непроценливо.

    Иако не би знаела каква би била мојата врска со тебе, јас без двоумење би се одлучила на тоа уште веднаш, без многу мислење. Јас сум сигурна дека ти би ми го пружил она што никој не може, ти би се грижел за мене, ти би ме сакал како што никој не сака никого на светов.

    Дали судбината ќе одлучи нашите патишта да се спојат засекогаш, исто како што одлучила да се сретнат и да ја имам таа чест да те запознаам тебе- најсовршеното суштество на планетава, дете кое ми оставило многу голем впечаток, а сега си изграден маж, со свои ставови и со свој стил, би сакала да останам со тебе засекогаш, вечноста ќе биде малку да ја поминам со некој таков како тебе.

    Но сега ти си заминуваш далеку, болка во гради чуствувам. Не знам зашто, ние никогаш не сме ни биле блиску еден до друг, секогаш далеку, во други градови, различни животи живееме. Но сега ја чувствувам таа болка во моето срце како да е скршено, а ти не ни направи нешто. Зашто се чуствувам вака за тебе? Ти не ми го скрши срцето, ти ми го излекува, ти беше тука за мене толку кога ми беше најпотербен, но сепак јас сега те чуствувам како да ми бегаш, како да бегаш од мене, одиш во подобар живот. Но дали тој живот ќе ти биде подобар? Никогаш не се знае судбината што носи, но јас секогаш ќе се надевам дека можеби ќе се сретнеме повторно.

    Зашто не може да биде едноставно? Јас не барам да бидеш мој засекогаш. Не велам дека сум најдобра, сигурно има подобри од мене. Но би сакала да пробаш со мене, јас без двоумење би се согласила на се со тебе. Можеби не сум најдобра, но има ли некоја што би те сакала повеќе од мене? Некоја што би те гледала со очиве како што те гледам јас?

    Ти си еден и единствен на светов, ти си моето срце, мојот сон, мојата помош, ти си ми се.

    Ти си единствена надеж која ми помага да не бидам депресивна, доказ дека не се сите машки исти, дека сепак постојат такви како тебе на кои можеш да сметаш во секое време.

    Знам дека не сум ти единствена пријателка, имаш многу, сигурно и премногу и не сум те замарала мене да ми посветиш повеќе внимание, но сепак би сакала да ме погледнеш во вистинското светло. Онаква каква што сум. Каква што сакам да ме видиш. Дури иако сум совршена тогаш кога ќе ме видиш, дали би ме одбрал мене? Тоа е единствено прашање во моите мисли сега.

    Земи ме со тебе, ајде двајцата да избегаме. Сама не би можела, немам никој таму, немам зашто да живеам толку далеку. Но ако си ти со мене, би одела и подалеку. Затоа што ќе знаам дека ќе бидеш со мене, дека ќе сум заштитена, тоа би ми било и повеќе од доволно да знам.

    Ајде заедно да заминеме во потрагата за совршено место за живеење, би го нашле. Јас и ти. Колку убаво тоа звучи. Заедно да бидеме, заедно да градиме иднина.

    Ако одиш сега и ме оставиш сама тука, мислам дека не би можела да издржам. Би те чекала... колку што е потребно... само врати се...
     
    Последна измена од модератор: 21 декември 2014
  19. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    I am too tired my dearest.
    If i wasn`t i would have broken the seal of silence
    to tell you the things i always wanted to tell
    to you, my love that never faded, the place we never made it

    Just a stupid wish that i could kill the silence
    and bring you any old thing in the world you wish
    for being here,
    tonight of all nights

    If i wasn`t so tired my dear
     
  20. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    32.734
    Пол:
    Женски
    ’’Тие сини очи’’
    (посветено на машки што имаат сини очи,бидејќи обожавам плави)

    Тие како да го собраа цело небо
    во едно две споени мориња,
    тие се беа договориле
    да скријат две сини птици,
    тие така пастелно се насликале
    на тоа твое АХ лице,
    тие си се договорени
    со сина магија да мамат воздишки,
    да вртат погледи преку рамења,
    а и да ти влезат во мозок
    и остават во хипнотизирана мисла...

    Дали се песна без рефрен
    или здив што полека се одзема?
    Тие сини очи слатко убиваат...
     
    На Someonespecial и Valerin им се допаѓа ова.