Неможеме ние луѓето да дадеме одговор на ова прашање - бидејќи не постои За мене лично универзумот е огромна мистерија,толку многу необјаснива....и не ме терјте на вакви прашања полудувам мислејќи како да решам некои нелогички работи и сл.
Да не звучам чудно,но јас мислам дека секој човек постои со некаква цел.Според мене општата цел поради која е постоиме е да ја видиме убавината на животот,да создадеме нешто во овој живот што нема да биде заборавено,да оставиме печат дека сме живееле и ние некогаш,да ги искусиме благодетите и лошите работи кои ги носи животот и покрај се да си ја оствариме целта
Зошто постоиме? Најверојатно за да оставиме некаков белег во историјата - да напишеме некоја убава песна, да нацртаме некоја слика, да кажеме некоја паметна мисла, да направиме некое добро дело, да создадеме деца кои ќе ја продолжат иднината на човештвото...
Како досега не сум ја видела темата. Ова е прашањето на кое никогаш неможам да си најдам одговор.Кога ке пробам да си го одговорам ова прашање секогаш доаѓам до заклучок дека НИШТО не постои.Прашањево е многу длабоко.Зошто ли?Повеќе сум склонета кон научните заклучоци.Ама...сепак не постои објаснување.Сето ова е многу,многу мистериозно.Нејќам ни да мислам,ке полудам,мајке ми.
Само постоиме.. ништо друго. А зошто постоиме никој не знае. Едноставно тоа прашање нема одговор. Универзумот така сакал. И така некој ден сите ќе умреме, зошто па да се мачам и да мислам зошто постојам? Еве, да се прашаме зошто умираме?!
Едни од појаките мислења Постоиме за да можеме да усреќиме некои личности.За да можеме да го размножуваме човечкиот вид .. И уште нешто затоа што некој пред нас одличил да му се спојат половите клетки кои имаат по 23 хромозоми и да направ зигот со 46 хромозоми.
Се раѓаме и на крајот умираме, како никогаш да не сме постоеле. Која е поентата? И јас често си го поставувам ова прашање. Некој од нас бил направен намерно, од љубов, а некој случајно, несакајќи. Некој ке ужива во луксуз, а друг ке проси .. Како и да е, секој сака да има убав живот. Се трудиме да го направиме нашиот живот поубав, но не успеваме сите. Јас мислам дека постоиме за да научиме како да живееме, како да бидеме среќни, да постигнеме нешто во животот, и на крајот среќно да си умреме
Едни се родени да живеат и да постојат како среќни личности. Другите се родени да живеат и да постојат како борци. Сите постоиме за да умреме на крај.
Постоиме за да чувствуваме. За да ја почувствуваме среќата, љубовта, довербата, надежта, тагата, болката, солзите.
Ова прашања ми се врти во мислите веќе подолго време. И често си размислувам зошто. Се раѓаме, учиме, растеме, работиме, старееме и умираме. Во текот на сите овие процеси, ни се случуваат милион настани, милиони падови и издигнувања, милиони разочарувања и радости. Си велам, кој е поентата, која е целта на сето тоа? Некако, не можам да пронајдам одговор.
За да паѓаме и да стануваме. Да се бориме, да сонуваме, да се надеваме и на крајот да гледаме како нашите соништа паѓаат во вода. Да имаме храброст да летаме, и сила да го издржиме падот поради тежата на реалноста. Да ја разбереме тишината и тежината на зборовите. Да научиме како да се предадеме на некој без да се изгубиме себеси...
Нема одговор на ова прашање оти е индивидуално и секој го пронаоѓа во себе. И не ја наоѓаме причината кога ќе остариме, мислам дека различни пропратни причини се менуваат со текот на животот, растењето и развивањето и сите тие ја создаваат онаа, целосната причина. Моментално, јас сметам дека постојам да осознаам што повеќе нешта и да ги попримам емоционално, да ги почувствувам, да ја пронајдам универзалната среќа и љубов. А сепак, секоја среќа е различна една од друга, а љубовта е исто секоја приказна за себе и ко секоја да е поубава и посилна од претходната.
Случајно налетав на темава и ме заинтересира. Според мене живееме за да можеме промислено да создаваме работи кои би се појавиле во нашето искуство. Живееме за да ја почуствуваме радоста на тоа промислено создавање. Не верувам дека сме дошле овде за да поминуваме низ некои искушенија. Универзумот е пресовршен за да ни даде такво нешто за цел. Лошите работи кои ги трпиме ги создаваме самите бидејќи секој е креатор на сопственото искуство и живееме онака како што самите свесно или несвесно замислуваме дека живееме. Целта на животот е да се надминат сите негативни чуства кои не одалечуваат од сопствениот извор и не спречуваат да ги оствариме своите сонови. Живееме за да бидеме радосни зошто всушност се што правиме го правиме за да се чуствуваме среќни.