1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како после него?

Дискусија во 'Разделби' започната од Bitter-Sweet, 7 септември 2014.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.558
    Пол:
    Женски
    Девојки, многу ми е тешко, немам каде да се обратам. Можеби некоја од вас може да ми помогне.
    Пред нешто помалку од 2 месеци ми раскина тој кој беше толку сериозен во намерите со мене. Заедно бевме година и шест месеци, а пред тоа бевме пријатели 4 години. Врската ни беше турбулентна, имаме спротивни карактери, многу препреки поминавме и секогаш се враќавме еден кај друг. Откако ме остави, еден месец плачев постојано, наутро се будев со надеж дека тој ден ќе ми се врати, а вечерта ја дочекував со разочарување бидејќи надежта не се исполнила. Малку јадев, па често ја губев свеста. Размислував да се самоубијам бидејќи веќе ништо не ме врзуваше за животот. Еден ден ми кажа дека постои надеж за нас, а одвреме навреме се гледавме и при тие средби, како и порано, се бакнувавме и имавме односи. Рече дека сме пријатели со бенефиции. Вчера повторно разговаравме и овојпат ми кажа да не се надевам, иако сеуште ме сака. Но како да не се надевам? Ние се сакаме, дали да се борам за него, дали да разговарам повторно? Помогнете ми ве молам, многу го сакам и ако го немам него, не сакам да го живеам овој глуп живот... ;(
     
  2. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.988
    ^ Ова истиот оној за кој си ја отворила темата: Во врска сум со некој што не го сакам? Ако е, решен ти е проблемот или во меѓувреме се заљуби до гуша?!!!
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.558
    Пол:
    Женски
    Не, тој проблем не беше мој, во тој период профилот го користеше моја другарка која сега ете веќе една недела има откако ми го предаде мене бидејќи на неа не и требал а јас имав проблеми со регистрирањето.
     
  4. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    како после него?
    -па шо знам, онака!
    У секој случај еден поздрав до тебе со музичка нумера:
    http://www.youtube.com/watch?v=VkQpfyU7 ... &hl=en
    АЈМОООООООО СВИ НА НОГЕЕЕЕ !!!!!
    Dance, dance, dance.. SEXY DANCEEE !!!!
     
    На goddess1337, buba4e89, AziskaStrslenka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Најдобро прво разговарај со него и кажи му дека сакаш повторно да сте во врска .Ако тој ти даде негативен одговор тогаш најдобро прекини секаков контакт со него и мое мислење е немој да прифатиш да бидете пријатели со бенефиции затоа што така ти уште ќе продолжиш да се надеваш дека еден ден ќе се среди се и дотогаш ќе пропуштиш многу подобри прилики .Дружи се со другарките ,излегувај и забавувај така ќе заборавиш на болката по него.
     
    На Мала плавуша му/ѝ се допаѓа ова.
  6. flower86

    flower86 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    69
    Ајде сега одма да ја кренеш главата високо, да ставиш една насмевка на твоето убаво лице и да ги отвориш очите малце повеке !!!
    Верувај, можеш без него !! 100 %. Такви сме ние жените- храбри и јаки. Ке ти треба малку време, ама верувај, судбината за тебе има нешто подобро од она што си го имала. Можеби сега не ти изгледа така, ама верувај дека е така.
    Размисли сама- ти треба маж кој ке те гледа само како објект за задоволување на страсти :fubar: Он нормален е ?? Другар со бенефиции ?!? Штом може тоа да ти го каже, нема ни грам почит спрема твоите чувства. А таков партнер ти треба? НЕ.
    Мој совет ти е - излегувај, дружи се, и не покажувај слабост. Ке ти биде мака на почеток, али подобро да те гледа како јака девојка него како секс пријателка.
    Не се глупирај со одбивање храна. Он ке излегува, ке се ебава кај сака, ке го живее животот со полна пареа.....а ти? Немој те молам да си го упропастуваш животот сама...
    И нека не те залажува со тоа повремено - Те сакам - го користи само да добие што сака од тебе, т.е да те искористи.

    Знам дека ти е тешко сега, ама незаборавај да си се ставиш ТИ самата СЕБЕ на прво место..Неможе никој друг да ти биде побитен во животот. Да си се сакаш прво самата себе!! Те прави несрекна? -Не ти го треба!

    Извини што бев малку по ...оштра...ама навистина ти поскаувам се најдобро :*
     
    На piksooki, Мала плавуша, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Вие не сте еден за друг и самата кажа. Да бил добар не ќе бил бивши ама тоа е друга приказна. А со тоа што не јадеш доволно самата на себе си штетиш и си го уништуваш здравјето. Немој да мислиш дека со тоа ќе го привлечеш неговото внимание, ни најмалку. :?: А од такви размислувања за самоубиство ми се лоши заради машко вреди ли да се убиете бе девојки? Па колку и да е убав добар бла бла колку и да го сакам кој е тој што толку вреди за јас да си го одземам животот, златна младост поради него? Човекот те користел само кога си му требала да сакал да се смирите ќе сте се смиреле а немало да те вика само за секс. Сега сигурно си нашол друга и ти не си му важна. Како вие се сакавте? Да се сакавте ќе бевте сега заедно а немаше тој да те врти како што сака. Те сакам ама нема надеж за нас. Зошто да нема? Ако се сака се се може ама очигледно дечкото не му е гајле за тебе. Ете тоа е вистината ако баш те интересира. И ако имаш 20 години срамота е вака да размислуваш, за машко ќе се убиела бре небива кој знае што е тој |(
    Живеј си го животот еден ден ќе си ја бараш и младоста и годините. Можеш да правиш 1000 работи за да не мислиш на него. Најди си некоја занимација и прави нешто било што, не се врти целиот свет околу твојот лигуш.
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ти кажам вака.
    Главата горе и сврти си нов лист во животот.
     
  9. crazy.you

    crazy.you Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Здраво луѓе... Имам еден проблем, откако му кажав дека сакам да се разделиме тој ми рече дека му е жал, ми пишува, гледам дека има интерес за мене и се, но сепак не можел да смени ништо сега за сега... Не сакам повеќе да разговарам со него, а не знам како да останам до крај доследна на својот став. Често сакам да му се јавам или пишам, а сепак не сакам да го сторам тоа. Еве вечерва ми пиша, ми збори ко да не сум рекла ништо и нема ништо ново да каже. Со тек на време ќе ми помине, но додека да помине, не сакам не знам како да си останам на своето. Некој совет?
     
  10. cinderella93

    cinderella93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    49

    Немој те молам немој со вакво размислување.... ти си имала врска од година и пол, а јас од 4 години и на крај после толку труд особено оваа година оставена сама на себе, да се борам да опстои врска на далечина и на крај да добијам ништо? и некој да се понаша ко идиот и да те остави без да ти рече збогум, после 4 години :^) во многу полоша ситуација сум била, но те молам немој ни на крај памет да помилиш дека немало животбез него, даај не ме заебаај!!! потполно те разбирам дека ти е тешко и дека не знаеш ни самата што да правиш, ама има, сигурно има нешто подобро за тебе, и некој кој ќе те сака вистински и ќе те почитува и ќе знае што уствари сака со тебе, а не преијатели со бенифициии :@ он знае очигледно дека патиш по него и свесен е дека може да те има кога сака и сеа ај ќе бидеме пријатели со бенифиции..ем со тебе ќе можам, ем кај сакам и со која сакам друга да бидам. НЕЕЕЕ!!! те молам немој повеќе да го дозволиш тоа и накрајот да патиш повеќе затоа што ќе сфатиш дека всушност си била искористена.
    Не сакам да те повредам ,само сакам да ти помогнам и едноставно да ја согледаш реалноста.
    Немој ни случајно дома да се затвораш , да плачеш со месеци и веднаш да ги тргнеш тие црни мисли од главата!!! Не знам колку години имаш но без оглед на тоа, излези , прошетај , запознавај нови пријателства, и така ќе го заборавиш, јас веќе 3 месеци тоа го правам и се радувам што тоа ми успева :)
    Обиди се да бидеш позитивна и внимавај на кого во иднина ќе налеташ..
    и пак ќе ти напоменам он да те сака, нема да го крие тоа( а и не може такво нешто да се сокрие) ќе биде до тебе и во никој случај нема да се однесува како недозреан и дека сака да сте пријатели со БЕНИФИЦИИ....
    Седни и размисли дали воопшто ти треба некој кој не те почитува, било тоа што било тие година и пол, сега обиди се да продолжиш понатака со крената глава!!! а и без тоа он веќе ти кажал да не го бараш, што очекуваш понатака :^)
    Ако се обидеш да ги прифатиш советиве од феминкиве, веруј дека ќе успееш, и искрено ти го посакувам тоа од срце!!!
     
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    А зошто сакаше да се разделите? Ако е така прекини ги сите контакти со него, не очекувај после врска пријателство.
     
  12. crazy.you

    crazy.you Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Се согласувам со последниот совет. На почетокот нормално да ти е тешко, не може да помине преку ноќ, но не треба ни да помислуваш на такво нешто. Луѓето храбро надминуваат и многу посериозни проблеми. Немој толку да го идеализираш. Живееш за себе, не за некој друг. Кас сум сигурна дека После некое време ќе уживаш во животот со подобар човек покрај себе. Бидо трпелива малку :)
     
    На Мала плавуша му/ѝ се допаѓа ова.
  13. crazy.you

    crazy.you Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Eloves, имав пишано претходно. Околу 5 години сме заедно, но нема некои посериозни намери. Сами никако не излегуваме и слично. Цело време како ќе се среди, но никако да се среди. И пак истото како секогаш
     
  14. Princess.A

    Princess.A Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Срце отвори си ги очите :worried: . Дечково глеа дека го сакаш и намерно те манипулира и си прави што сака со тебе. Искрено, дечково ми личи дека нема друга во моментов со која би си ги задоволил потребите и тебе те нашол :x идиот!
    И не биди будалче се поминува со време, ќе видиш ќе го преболиш и заборавиш и ќе дојде нов што навистина ќе вреди и ќе ти ги залечи сите рани, не се откажувај од животот убав е, а болката е само составен дел од него како и среќата. Силна си ке издржиш, само најдобро е да си го тргнеш од животот овој идиот и да оставиш место за да дојде некој кој стварно те заслужува. А со овој мислам секаков контакт да прекинеш, далеку од очи, далеку од срце ;)
     
  15. Princess.A

    Princess.A Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Паметно си направила што си прекинала, само уште да успееш да не пишеш или да не му се јавиш. Доволно долго, дури и предолго си била толерантна со него. Ако навистина премногу те сака, ќе се смени, но, тоа треба само по себе да му дојде не можеш ти да го смениш... Ќе те побара пак сигурно, не верувам дека нема чувства за себе, но немој да попушташ се додека не видиш дека се сменил (а тоа е упорен процес и докази со дела).
     
  16. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам искрена и директна со тебе. 5 години не е краток период и човекот да имал некои посериозни намери со тебе како што е врска верувај ми дека ќе ти предложел. Очигледно е дека нему вака му одговара повремени средби без обврски. И ако за 5 години не се средило не очекувај дека сега ќе се среди. А ти си девојка, невикам дека девојките несакаат со некого да се гледаат повремено ама тоа да трае месец, два па и три јас лично повеќе не би издржала. Секоја девојка си сака стабилен дечко со кој ќе поминува повеќе време во шетање ова она изненадувања и ред такви работи, а не некој кој ќе ја вика кога ќе му свирне.
     
  17. monikamonii

    monikamonii Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    28
    И мене ми е потребна слична помош како насловот,би замолила некоја девојка која има време да ми се обрати во ЛП потребен ми е разговор со личност која ке ме разбере :(
     
    На Gmai му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
     
  19. manuela234

    manuela234 Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Феминки мои најмили се надевам дека вие сте овде да ми помогнете. Мојата приказна е следнава. Пред 2 години започнавме врска. На почетокот глумеше фраер и покрај сите мои обиди дека тој никад не се залубувал и слично но дојде на моето и прв пат во животот беше во врска и ме сакаше. Потоа имав некој испадни на љубомора цела година и смируваше и све но не беа кој знае какви бидејки мн прашував и несакав да го изгубам. За нг се деси нешто па јас си заминав и тој ме врати буквално и рече доста му било од моите драми а затоа што си заминав бев во право бидејки мн непланирани гости дојдоа. следниве неколку месеци се понашав супер буквално све најдборо но тој стана ладен ен згрешив ништо секогаш бев спремна на се и покрај неговото понашање. Пред валентин 1 недела се немавме видено ја му викам ај денес неможел вика за валентин ај утре пак неможел морало за валентин,. Цимерите негови си заминале тој не ме ни покани го прашав и виак па да не те молам ако сакаш дојди. И реши дека нашава одман требало да прекине неможел да помине покрај се требало одамна да завршил дека ме сака и нема друга во неговиот живот но мора да прекинеме. иНАКУ И по моето добро понашање во последно време све јас му вртев све јас му пишував некад имав сеен и чеканје по 5 мин да ми врати . незнам што му се случ . Вике дека порано бил глуп што бил луд по мене а така сум му правела сега и 200 години да се однесувам добро тоа нема да са смени. Но сепак феминки јас моѓе бев љубоморна нио по мала расправија веднап се смирував и се само сакав да ме сака повек еод се на светот. Многу сум скршена го молев плачев викав ништо не допираше до него ... Повеке незнам што да направам и како да продолжам едноставно мн боли незнам како тогаш не се случи ова туку од кога почнав да се однесувам добро без никаква причина ...Незнам што да направам едноставно боли многу и мисалм дека не е тоа причината неможеш ти за нешто од пред 6 месеци сега да се лутиш. Инаку со него ја изгубив невиноста и мисалм дека и нему му бев прва . Најдобро би било сега да не му пишувам да не замарам па ако ме сакал ке ме побара ако не нема овде што да се прави...Го очекувам вашето мисленје . Немам за што повеке да се борам и да живеам
     
  20. sar4e.22

    sar4e.22 Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки! Во врска сум, односно бев во врска скоро 8 години од кои што последните речиси 2 години живеевме заедно. Пред некои си 6 месеци ни започна некоја криза, а откако почнавме да живееме заедно дечково стана толку љубоморен како што не сум можела да помислам а и претходно воопшто не е бил, значи сум ја имала сета слобода и наеднаш се се промени. Се променивме и двајцата, пошто јас не се согласувам со неговите (прилично нови)конзервативни ставови а не сум ни дала повод за никаква љубомора, многу ретко излегував, со другарки многу ретко се гледав итн. Сега дојде време кога треба да се разделиме и буквално значи последниов период не функционираме ама баш никако, не се согласуваме скоро за ништо, али ипак мислам дека и самата љубомора си го направи своето. Јас поминав преку многу работи, имав разбирање и сеуште имам за секои негови екскурзии, идење на журки и слично, додека за секое мое излегување без негово присуство па дури и до продавница сум осудена дека го лажам. Свесна сум дека стварно мора да се разделиме и дека и двајцата заслужуваме подобро, но сепак неможам да се помирам. Не барам помош затоа што знам дека неможе никој да ми помогне, периодов морам да го поминам некако, меѓутоа барам ваша подршка. Поздрав драги феминки.