1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што е според вас квалитетно поминато време?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од lola90, 25 октомври 2014.

  1. lola90

    lola90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2014
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    9
    Феминки што е тоа што сакате да го правите,ве исполнува, што за вас претставува квалитетно поминато време..?
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    11.241
    Време поминато со вистинскиот партнер, со вистински пријатели, со хоби кое не исполнува, со патувања, со студирање, учење итн.
     
    На joy1 и lola90 им се допаѓа ова.
  3. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Според мене... хммм

    можам да кажам дека се случки,пријатни моменти кои ќе ги помтам засекогаш со мојот партнер,пријателите,семејството,патувања-одмори...Студирањето и работењето на работата што ја сакаш и да бидеш задоволен/задоволна од неа..таа да те исполнува бидејќи пола ден секогаш оди во работата...

    Исполни ги годините со живот,не животот со години
    Имајте пријатен ден исполнет квалитетно ;)
     
  4. Ketnis

    Ketnis Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Женски
    Времето во кое се чувствуваш исполнето, без разлика дали само слушаш музика и читаш книга под ќебе со топол чај во рацете, или пак си на некоја журка.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Најквалитетно поминато време, е времето кога учам. :D
     
  6. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Квалитетно поминато време за мене е секој момент поминат во разговор со моите деца и сопругот!!! Времето лета незапирливо, настаните се нижат еден по друг, а децата ми пораснаа пребрзо - како вчера да беа деновите кога беа бебиња, првачиња, основчиња!!! Заради овој пребрз ритам на животот се трудам секој момент што ќе го зграбам со семејството да ми биде исполнет со забава, смеа, љубов...:):music::)
     
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Квалитетно поминато време... пред се` ме асоцира на моментите во пријатна атмосфера со најблиските, зачинета со бескрајни муабети и смеа. :f: И секако тука е и времето поминато во омилените хобија, активности и секакви ситници кои не` исполнуваат на било каков начин. ^_^

    [​IMG]
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  8. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Кога учам :D:D
     
  9. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Според мене квалитетно поминато време е она кое си го поминал уживајќи во нешто. Дали ќе биде тоа прошетка, читање на некоја книга, за некого можеби и учење, за некого гледање филм, фудбал или било кој друг спорт.
    Квалитетно време е она време кое си го потроши на извршување на нешто кое те исполнува, смирува и те релаксира.
     
    На Tanjamm, Someonespecial и SwanMay им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.579
    Пол:
    Женски
    Квалитетно поминато време за мене е времето кога се вложува во нешто. Тоа значи, времето поминато во некоја работа, во учење, време поминато со некоја личност, време вложено во помагање на некој, време само за себе кое е искористено да се направат планови, да се размисли, да се донесат одлуки и решенија, па и времето на релаксација кое ни е потребно.
     
    На edna_malecka, Lady*Bug, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.671
    Пол:
    Женски
    Квалитетно поминато време е секое време кога на овој или оној начин, се чувствуваш исполнето и среќно. Без разлика дали си сам или со некого, дали работата е банална или не, кога ќе застанеш за момент, па ќе си дадеш оддишка, а внатре се чувствуваш задоволно, е тоа е тоа.
     
    На Lady*Bug, teteks и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.803
    Пол:
    Женски
    Целосно пополнето време каде што се прави нешто корисно кое има позитивен удел врз животот, безразлика дали е тоа воспоставување на длабоки, интимни врски или учење и работа, па дури и хоби, се тоа има влијание врз нас како личности и врз нашата иднина.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Времето поминато во самонадградување и времето поминато со блиски луѓе.
     
    На Kimberly11, Moon.Girl, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Времето поминато во градење трајни вредности.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  15. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Времето поминато во нешто што те прави среќен, а од друга страна имаш и придобивка корисна некоја.